Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Гонзало Гарсија Торес може да се пресели во Германија. Напаѓачот на Реал (М), според германски извори, стана главна летна цел на Борусија Дортмунд. „Милионерите“ ги интернзивираа своите трансфер напори и веќе разговарале со играчот. Шпанецот е отворен за можноста за таков трансфер. Реал Мадрид бара 60 милиони евра за 22-годишниот напаѓач – повеќе отколку што германскиот клуб може да си дозволи. Сепак, постојат и други опции, вклучувајќи ...
Поднесено е првото обвинение за наводни измами со лажни Трамп пари, картички, и монети креирани од велешани, но не во земјава туку во САД. Американското Министерство за правда објави дека двајца велешани 25 годишен Г.С. и 39 годишната велешанка К.Ј. се обвинети за измама на голем број американски граѓани. Во соопштението се вели дека тие со други учесници во шемата во 2023 година продавале лажни Трамп картички преку канали на Телеграм и ...
Петмесечна истрага на „CLIP“ идентификуваше 13 претходно непознати жртви на американските напади врз бродови во Карибите и источниот Пацифик во кои загинаа речиси 200 луѓе, а исто така се наведува дека нема докази дека некои од жртвите биле шверцери на дрога, пишува Гардијан. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека целите биле „наркотерористи“, но истражувачите проценуваат дека многу од жртвите потекнуваат од ...
Селекторот на Белгија, Руди Гарсија, го состави списокот од 26 играчи за Светското првенство во 2026 година. Во тимот има голем број докажани имиња, а Белгија ќе игра во група со Египет, Иран и Нов Зеланд. На списокот на Руди Гарсија се наоѓаат голем број искусни играчи кои со години се дел од „Црвените ѓаволи“. Меѓу нив се напаѓачот Ромелу Лукаку и играчот од средниот ред Кевин де Брујне, како и неколку играчи со богато меѓународно ...
Претседателот Зоран Милановиќ вечерва на прославата по повод 35-годишнината од основањето на Втората гардиска бригада „Громови“ изјави дека Хрватска може да постигне големи цели само со сопствена сила и сопствени одлуки. „Хрватската армија, во секое време, каде и да е, каде и да се бори доколку е потребно, мора да биде командувана од нашиот народ кој се заколнал на хрватското знаме и на хрватскиот Устав“, рече Милановиќ. „Со сојузници од ...
Дури сега се гледа колку Луис Енрике бил во право во врска со Килијан Мбапе. Додека сите во ПСЖ тагуваа по заминувањето на својата ѕвезда во Реал Мадрид, само Луис Енрике беше радосен и вети големи нешта. И, да, тие големи нешта дојдоа во ПСЖ и тоа без Мбапе. Токму во моментот кога Париз е во идила поради шампионската титула и пласманот во второто последователно финале на Лигата на шампионите, во Мадрид владее сосема поинаква атмосфера. ...
Сегашната блокада на клучниот воден пат, која сега е во 11-та недела, ги зголеми цените на енергијата низ целиот свет и ги оптовари економиите на земјите од Заливот. Пред војната со Иран, теснецот пренесуваше 20 проценти од светската трговија со нафта и течен гас, објави „Гардијан“. Удвојување на извозниот капацитет Принцот од Абу Даби, шеикот Халед бин Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, ѝ нареди на државната нафтена компанија да го забрза ...
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, планира да се сретне со Килијан Мбапе, објави „Ас“. Раководството на мадридскиот клуб сака да го дознае ставот на Французинот за иднината и како тој ја замислува следната сезона. Неодамнешната размена на јавни изјави меѓу Мбапе и главниот тренер Алваро Арбелоа додаде чувство на итност на состанокот. Клубот е загрижен поради честите скандали околу Мбапе. Реал Мадрид верува дека тој се оддалечил ...
Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи. По цела деценија, „Реплек“ останува единствена ...
Повеќе од јасно е дека раководството на СДСМ води политика што создава сомнеж во јавноста дали воопшто партијата ги застапува македонските национални интереси или работи во полза на туѓи агенди и наративи – изјави на прес-конференција портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов. – СДСМ со години наназад води политика на национални отстапки, релативизирање на македонскиот идентитет и поткопување на државните позиции. Се започна од интервјуто на Зоран ...
Реформите во правосудството мора да бидат суштински, добро анализирани и креирани преку широк и инклузивен дијалог, рече министерот за правда, Игор Филков на стручната расправа посветена на измените и дополнувањата на Законот за судовите. Во своето обраќање министерот нагласи дека измените на Законот за судовите се дел од поширок реформски процес, чија цел е создавање побрз, поефикасен и подостапен судски систем, што ќе обезбеди поголема ...
Градината ќе биде сместена во паркот Вест Потомак на бреговите на истоимената река, откри тој во објава на социјалната мрежа „Truth Socia“l. Тој изјави дека во паркот ќе бидат подигнати споменици на основачите на нацијата, воени херои, религиозни водачи, борци за граѓански права, спортисти и истакнати уметници и забавувачи. Како дел од прославата на годишнината од Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави во 1776 година, ...
Обвинителката спинувала искази на вработени во ЕСМ со правдање од нивни технички наводи за да ја затвори истрагата за мазутот и паушално го спровела вештачењето на доказите, реагира ЕСМ со напад врз обвинителката во ОЈОГОКК , Катерина Коларевиќ иако не ја спомнува со име во своето писмено обраќање во јавноста. АД ЕСМ најостро и во целост ги отфрла наводите кои немаат допирна точка со реалноста, туку служат исклучиво за евтин политички ...
Се чини дека на “Олд Трафорд“ немаат дилеми. Мајкл Карик останува на клупата на Манчестер Јунајтед, но сега со перманентен договор.Раководството на Манчестер Јунајтед започна преговори со Мајкл Карик за преземање на позицијата главен тренер на трајна основа, според британските медиуми. Како што е наведено, клубот од “Олд Трафорд“ подготвил почетна понуда за двегодишен договор, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона, до ...
Повеќе од една милијарда (долари) се инвестирани во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година – рече премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали активно се работи на патно поврзување на Кичево. – Па ние пред некој ден имавме со новинарите, посета на градежните активности коишто се случуваат на автопатот, најпрвин Гостивар-Букојчани, а потоа ...
Рускиот претседател Владимир Путин во среда, на 20 мај, ќе престојува во еднодневна посета на Кина, објави порталот „South China Morning Post“. Иако посетата се третира како рутинска и без свечен пречек, се шпекулира дека кинескиот лидер Си Џинпинг ќе му пренесе на Путин порака од американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека подготовките се завршени и дека ...
Зборувајќи со новинарите во претседателскиот авион, Трамп го употреби терминот „нуклеарна прашина“ за да се осврне на 440-те килограми високо збогатен ураниум за кој Вашингтон верува дека е под урнатините на нуклеарните постројки на Иран, објави Скај њуз. Сателитските снимки од јуни 2025 година покажуваат багери на влезовите во тунелите на нуклеарниот постројка Фордоу. Иран инсистира дека неговата нуклеарна програма е исклучиво мирна и ...
Управата за хидрометеоролошки работи издаде портокалов метеоаларм за источна и за западна Македонија и жолт аларм за централна Македонија за силен дожд и силен ветер. Времето утре ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд во количини над 20 литри на квадрат, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува засилен до силен ...
Одлуката следеше по состанокот со военото раководство, разузнавачките служби и Службата за безбедност на Украина, објави Зеленски на X. Руски планови за операции од белоруска почва „Снимивме нови контакти меѓу Русите и Александар Лукашенко со цел да го убедиме да се придружи на новите руски агресивни операции. Русија конкретно разгледува планови за операции јужно и северно од белоруската територија - или во правец на Чернигов и Киев во ...
Манчестер Јунајтед е во силна позиција да обезбеди две клучни засилувања во средниот ред ова лето, во вкупна вредност од 152 милиони евра, додека Мајкл Карик треба да биде официјално назначен за нов постојан менаџер на клубот. „Црвените ѓаволи“ планираат да бидат амбициозни во летниот преоден рок. Тие се охрабрени од фактот дека ќе играат во Лигата на шампионите следната сезона, што им олеснува да привлечат врвни играчи. Зајакнувањето на ...
Точно е дека овие видови не се ретки на Јадран цо Црна Гора, но туната од 82 килограми е несомнено капитален примерок за кој зборува рибарите деновиве, но и оние кои се помалку стручни - воодушевени од големината на вистинските морски чудовишта. Зад уловот на џиновската риба од 82 килограми стои вештината на Душан Вукчевиќ, роден во Подгорица, кој е член на црногорската репрезентација во подводен риболов, но и вистинска осумнаесетминутна ...
Во одредени делови од главниот град граѓаните остануваат без струја и до 22 часа дневно. Кубанските власти велат дека американската блокада на испораките на гориво предизвикала сериозна состојба во енергетскиот систем. Министерот за енергетика призна дека државата речиси целосно останала без дизел и мазут. САД од почетокот на годината ги ограничуваат испораките на нафта кон куба, а санкциите беа дополнително заострени во јануари. Од ...
Иако, исполнета со куртоазни пораки, традиционални кинески јадења и со многу историја, деталите за најчувствителните прашања како она за Тајван, војната во Иран и трговската царинска војна остануваат докрај непознати. Сепак двајцата лидери беа едногласи дека самитот бил повеќе од успешен. -Вашата посета може да се нарече пресвртница зашто поставивме нова визија за изградба на конструктивни односи. Се согласивме за многу работи за да ги ...
Милан е на раскрсница, а иднината на клубот би можела да има три многу различни форми. Во зависност од исходот од борбата за моќ на врвот на клубот, Џорџо Фурлани, Златан Ибрахимовиќ или дури и легендарниот Адријано Галијани би можеле да бидат на чело. Во сите комбинации, се чини сигурно дека повеќе нема место за спортскиот директор Игли Таре во клубот. Скај Спорт Италија известува за превирањата зад сцената и конфликтите што го тресат ...
Иранскиот воен претставник нагласи дека транзитот и натаму е забранет за сите пловни објекти поврзани со „непријателски држави“. Иранската новинска агенција Тасним објави дека дел од бродовите што минале пловеле под кинеско знаме. Инаку, Иран го блокираше Теснецот на 28 февруари, кратко по почетокот на американско-израелските воздушни напади, а потоа САД воведе блокади на целиот поморски сообраќај од иранските пристаништа. Иранскиот воен ...
Началникот на Полициската управа во Белград, Веселин Милиќ, приведен е по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, во рамки на истрагата за околностите под кои на 12 мај 2026 година исчезна Александар Нешовиќ, пренесе Нова. Како што соопшти Вишото јавно обвинителство во Белград, апсењето го извршиле припадници на Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање на криминалот и Службата за борба против организираниот ...
Според украинските медиуми, спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнати под урнатините на уништена станбена зграда, додека десетици други лица се хоспитализирани. Украинскиот претседател Зеленски претходно изјави дека во нападот биле употребени над 1.500 беспилотни летала и 56 ракети. Од Кремљ обвинуваат дека украинските власти самите придонеле за трагедијата, бидејќи ветиле дека ќе ја запрат војната, но го направиле спротивното. Двете ...
Министерството за внатрешни работи за претстојниот летен период подготвува посебен план за постапување и засилени контроли насочени кон возачите на мотори кои ги прекршуваат сообраќајните правила, најави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. „Сакам да кажам дека оние што се вистински моторџии, а такви познавам лично многу, никогаш во град не ги прекршуваат сообраќајните правила. Вистинските моторџии, особено оние што ...
Вистински “земјотрес“ предизвика последниот прес на првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино. Тој ги обвини сите, буквално сите, па дури и медиумите кои секогаш беа блиски до Реал, за тоа дека го уриваат клубот и дека работат против него. Ако една “Марка“ искочи со сериозна критика кон Дон Флорентино, што останува за другите. Инаку она што го кажа Перез за судиите во Ла Лига, поточно дека на Реал Мадрид му се украдени најмалку седум титули, и ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска информираше дека МВР е посветено на модернизација и професионализација на полицијата, со употреба на современа технологија, „боди-камери“, аналитичка поддршка и мобилни полициски единици. – Кога говорам за ова, говорам од аспект на максимално професионализирана полиција со максимално добро опремени возила кои што практично би биле полициски станици во движење, со употреба на ...