Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
СДСМ, на чело со актуелното раководство кое е олицетворение на криминал, рекет и бугарофилски политики, повторно се обидува преку лаги иполитички памфлети да ја дефокусира јавноста од сопствениот распад и паниката што ја тресе Бихачка. Венко Филипче и актуелното раководството се обидуваат да глумат борци за правда, откако токму тие ја претворија државата во симбол на корупција, криминал и национално понижување. Истите тие што ја распродаваа ...
Напливот и маркетинг кампањите за вештачката интелигенција се во полна сила но, ефектот од бомбастичните најави е многу помал од рекламираното. Практична употреба на вештачката интелигенција има само во воената индустрија и неколку богати и финансиски моќни научни центри. Се останато е во рамките на забава и прераскажување на веќе познати и објавени информации спакувани во нова форма. Главен проблем на серверите за обработка и поддршка на ...
„Кир Стармер им кажал на своите блиски пријатели дека има намера да ја напушти функцијата премиер“, се наведува во статијата на „Дејли меил“. Според неименуван извор за британскиот дневен весник, премиерот ја разбира политичката ситуација што се развила во земјата и сака достоинствено да ја напушти функцијата, но сè уште не е јасно кога точно ќе биде објавена оваа одлука. Во мај, речиси стотина пратеници го повикаа премиерот Стармер да ...
Од 12 часот се одиграа пет натпревари од 37.коло во Серија А. Се разбира дека за нас најинтересно беше на мечот Пиза – Наполи 0:3, со оглед на тоа што кај гостите стартер беше нашиот Елиф Елмас. Дијамантот беше одличен, посебно во таа 27.минута кога прекрасно, од корнер, асистираше до Рахмани за 0:2. Претходно МекТоминеј погоди за 0:1 во 21.минута, конечните 0:3 беа дело на Хојлунд. Инаку Дијамантот во 38.минута имаше супер шанса за гол, но ...
Цела јавност веќе сфати дека некои „студенти“ влегоа во валканата игра на ДУИ. Овие не ги претставуваат студентите, туку агендата на ДУИ. Ги користат како алатка за да ги вратат во живот Бујар Османи, Блерим Беџети, Талат Џафери и другите фотељаши од ДУИ, кои народот ги избрка на избори. Овие не се гласот на студентите. Овие се гласот на ДУИ. Политички инструмент на партија што 20 години си тераше луксуз, функции, тендери и агалук, а сега се ...
Од утринава нема веќе дилеми. Чаби Алонсо и официјално ја презема клупата на Челзи. Разочарувањето кај навивачите на Ливерпул е огромно. Можеби не толку од Алонсо, туку од раководството на клубот, кое одлучи да го задржи Арне Слот по разочарувачката сезона, а за ова свој коментар има поранешниот капитен на „црвените“ Стивен Џерард. Легендата на клубот од „Енфилд“ истакна дека разговарал со Алонсо пред да се согласи да дојде во Челзи, ...
Двете страни постигнаа прелиминарни договори за тарифи, земјоделски прашања и воздухопловни прашања, објави во саботата Министерството за трговија на Кина. Понатамошните преговори за деталите сè уште се во тек. Трговскиот совет како нова рамка Според Пекинг, Кина и САД се согласија да формираат совет за трговија и инвестиции. Тој совет, меѓу другото, ќе служи за дискусии за намалување на царинските давачки за одредени производи. Исто така, ...
Во политиката постојат два модела кои се применуваат за да се добие доверба и поддршка од гласачите: вербален и материјален. Вербалниот, речиси постојано гледан кај левицата и СДСМ се големи зборови, комплицирани теории за возвишени цели кои никако да се видат и достигнат а животот тече и замнува во празни муабети, дефукиусирања од главните потреби со измислени скандали, оговарања и монторвки за политичките противници кои треба да бидат ...
Крушево се подготвува за уште една силна туристичка и спортска сезона, со инвестиции кои двојно ќе ја прошират параглајдинг инфраструктурата во градот. По обновата на познатото полетувалиште на Мечкин Камен, градот наскоро ќе добие уште две нови полетувалишта на локацијата Црн Врв. Ова е дел од новиот проект за прекугранична соработка со Општина Елбасан, Албанија, насловен како „Крушево и Елбасан – патување и авантура“. Со овој проект, на ...
Иако пораснаа со паметни телефони и социјални мрежи во рацете, припадниците на Генерацијата Z (родени по крајот на 1990-тите) сè поактивно се обидуваат да го намалат времето поминато пред екраните. Низ светот со голема брзина се шири нов социјален тренд, забави без мобилни телефони. На овие собири, гостите уште на самиот влез ги оставаат своите уреди со цел максимално да се посветат на вистинското дружење во живо. Многу млади луѓе отворено ...
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга е крајно разочаран од одлуката да не биде вклучен во составот на Франција за Светското првенство во 2026 година. Ова ја зајакна самодовербата на 23-годишникот во потребата од нови предизвици и најави заминување од Мадрид. Според информациите од Шпанија, Камавинга активно го истражува трансфер пазарот и преговара со клубови. Се нагласува дека минатата недела Манчестер Јунајтед и ...
Се уште траат консултациите за ребалансот на Буџетот за 2026 година, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој беше на пуштање во употреба на пазар во Виница. -Го работиме. Се уште траат консултациите помеѓу Министерството за финансии и ресорите. Тешки се времињата. Гледате што се случува во светот. Имајќи предвид каква е состојбата во другите држави кај нас ударот не е толку голем и врз самиот Буџет, но генерално ќе гледаме да ...
„Технологијата“ на московската рафинерија за нафта не е оштетена во нападот во текот на ноќта, додека три куќи се оштетени, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, додавајќи дека повеќе од 120 беспилотни летала се соборени во претходните 24 часа. The fact that some drones over Moscow can make these turns without being impeded speaks volumes. More than 300 drones were used for the operation against targets in Moscow, Russia, and ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави почеток на активности за реализација на нов инфраструктурен проект, експресниот пат Кочани–Виница–Делчево, кој, како што рече, со години бил ветуван, а сега влегува во фаза на подготовка преку изработка на физибилити студија и предпроектно решение. „Ја користам оваа прилика да најавам уште еден значаен проект, тоа е експресниот пат Кочани-Виница-Делчево. Следната недела ќе биде распишан, јавен повик за ...
Американскиот печат објавува дека наводно се откриени четири различни вида вонземски живот на местата на пад на неидентификувани летачки објекти (НЛО). „Њујорк пост“ го објави ова на 16 мај, цитирајќи го поранешниот истражувач на програмата финансирана од ЦИА, д-р Хел Путоф. Во подкастот „Дневник на извршен директор“, 89-годишниот научник објасни дека добил информации од учесниците во операциите за опоравување по несреќите. Според него, ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека од македонска страна целосно се завршени сите подготовки за граничниот премин Клепало, во координација со надлежните институции, додека одложувањата ги лоцира на бугарската страна. „Во однос на ГП Клепало, од наша страна целосно се завршени работите во координација со релевантните институции, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и останатите институции ...
Преспанскиот регион крие фасцинантни и досега непознати слоеви од историјата, покажаа најновите истражувања во рамки на меѓународниот проект „ACT4PRESPA“. Повлекувањето на нивото на Преспанското Езеро им овозможи на археолозите да извршат сондажни истражувања на копно во близина на селото Наколец, каде е откриен првиот и засега единствен пример на благороднички имот во македонската археологија, датиран меѓу 13. и 14. век. На локалитетот, кој ...
По половина година интензивна работа граѓаните на Виница конечно добија нов затворен градски пазар лоциран на површина од 1810 квадратни метри со дуќани за продажба на овошје и зеленчук, млечни и месни производи, административна просторија, санитарни јазли и 87 тезги. За негова изградба беа потрошени 24 милиони денари обезбедени од буџетот на Општина Виница. Покрај тоа извршено е и партерно уредување на просторот околу градскиот пазар за што ...
Владината коалиција ВЛЕН упати нови сериозни обвинувања до Демократската унија за интеграција (ДУИ), тврдејќи дека протестите на дел од студентите воопшто не се автентични, туку се директно диригирани од партиското седиште во Мала Речица. Според ВЛЕН, опозициската партија користи семејни и партиски врски за да ги инструментализира младите во обид за дестабилизација на политичките процеси. Во соопштението се нагласува дека ДУИ намерно го ...
Масивен, досега неоткриен астероид се движи кон Земјата со брзина од околу 32.000 километри на час и утре (18 мај) ќе прелета покрај нашата планета на растојание поблиско од орбитите на некои сателити, пренесува „LiveScience“. Ова несекојдневно блиско среќавање ќе може да се следи и онлајн, дури и за оние кои немаат професионална опрема за набљудување на ѕвездите. Астероидот, именуван како 2026 JH2, беше откриен неодамна, на 10 мај, од ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која престојува во официјална посета на Република Словенија, денеска во Љубљана ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ и оствари средба со членовите на Сојузот на Македонските културни друштва и Црковните одбори. Во црквата македонската претседателка присуствуваше на неделна служба. По нејзиното завршување на барање на црковната заедница таа се обрати пред присутните ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во врска со новиот закон за игри на среќа рече дека се става ред и дисциплина во во игрите на среќа и дека не може државата да наликува на Лас Вегас. Смета дека нема да има нелегални приредувања на игри на среќа и дека ќе се изгубат работни места. -Имаме чувство дека државата полека но сигурно наликуваше на Лас Вегас. Буквално на секој чекор гледавме дуќани во кои со силни светлечки реклами се ...
Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт. Додека бугарските власти не нарекуваат „северномакедонци”, Филипче вели дека Бугарија не го негира нашиот идентитет. Филипче не гледа проблем во тоа да не нарекуваат „северномакедонци” затоа и гласаше за промена на името, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска на прес-конференција изнесе два податока со кои, како што рече, се докажува поврзаноста на и блискоста на обвинителката Коларевиќ, моминско презиме Маркова, со партиите СДСМ и ДУИ. -Таткото на Коларевиќ, Павле Марков, е избран за државен правобранител од владата на СДС во 1998 г. Мајката на обвинителката Колеревиќ, Вера Маркова, во 2004 од коалицијата СДС и ДУИ е избрана за уставен судија. ...
Со длабока тага ја примивме веста за смртта на д-р Јордан Пачков, поранешен претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово, истакнат лекар, публицист, општественик и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, објави кумановскиот комитет на партијата. Д-р Пачков беше човек со визија, достоинство и неизмерна љубов кон Куманово и Македонија. Својот живот го посвети на медицината, науката, пишаниот збор и ...
Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека вчерашната одлука на Владата за продолжување на мерките за намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за дизелот и за бензините до 1 јуни ќе значи дека и понатаму ќе имаме горива со најниски цени во регионот. -Вчера имваме вонредна онлајн седница на Владата на која до 1 јуни ги продолживме мерките што значат намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за бензините и за дизелот. Со тоа ние како држава ...
МВР информира дека рано утрово во 00:50 часот во с. Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б.(19) од с. Бојане поради основано сомнение за сторено кривични дело „убиство“ по член 123 од КЗ. Претходно, на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15. овој месец во шума во околината на с. Сарај со пиштол го усмртил Б.Д.(18) од Бојане. Од ...
Која е бугарската претставничка Дара? Дарина Николаева Јотова, професионално позната како Дара, е 27-годишна пејачка родена во Варна, третиот по големина град во Бугарија. Таа стана позната на јавноста во 2015 година, кога стигна до финалето на бугарската верзија на шоуто „The X Factor“. View this post on Instagram A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision) Таа е најпозната по хитовите „Thunder“, „Call Me“ и „Mr Rover“, кои беа ...
Прво Христијан Мицкоски призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Потоа Тимчо Муцунски призна дека НАТО е феноменална работа. Сега и претседателката Гордана Сиљановска Давкова призна дека прашањето за македонскиот јазик, култура и национален идентитет е апсолвирано. Сите тројца, еден по еден, ја потврдија вистината што СДСМ ја зборуваше години наназад. Останува уште да им признаат на граѓаните за сите лаги, лажни ...
Планината Водно денеска ќе биде во знакот на спортот, рекреацијата и добрата атмосфера, каде ќе се одржи 14-тото издание на традиционалната манифестација „Sparkasse Life – Прв до врв“. Настанот и оваа година се очекува да привлече голем број љубители на активниот живот, кои ќе се натпреваруваат или рекреативно ќе учествуваат во неколку дисциплини. Во програмата се вклучени планинско трчање, друмски и планински велосипедизам, Е-bike трка, ...