Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Челзи го објави назначувањето на Чаби Алонсо за главен тренер на тимот. Шпанскиот тренер ќе ја преземе должноста на 1 јули. Алонсо потпиша четиригодишен договор. „Неговото назначување ја одразува довербата на клубот во неговото богато искуство, тренерски квалитети и играчки модел, лидерски квалитети, карактер и интегритет, кои беа клучни фактори во одлуката да го замолат да помогне во водењето на следната фаза од развојот на Челзи“, се вели ...
19-годишниот Луи Бен Фархат наводно бил избран за составот на Тунис за Светското првенство, но таткото на играчот не му дозволил да оди на СП, вели селекторот на Тунис, Сабри Ламуши. 19-годишниот Луи Бен Фархат, кој моментално игра за Карлсруе во Втората Бундеслига, требало да биде дел од тимот, но неговиот татко не сакал тој да си оди на Мундијалот, потврди селекторот на Тунис. „Добив повик од таткото на Луи Бен Фархат. Ми рече дека е ...
Иран, како победничка страна во конфликтот со Израел и Соединетите Американски Држави, ги одредува условите за идното решавање на конфликтот, порача Мохамед Салех Џокар, претседател на Одборот за внатрешни работи на иранскиот парламент, наведувајќи дека планот од 10 точки е „црвена линија“ за Исламската Република. „Условите ги одредува земјата која победила на бојното поле, а не владата на земјата која пропаднала, која не успеала да ги ...
Силни полициски сили, вклучувајќи ги и припадниците на Специјалната полиција, интензивно го бараат 50-годишниот Кристијан Алексиќ од Дрниш, осомничен за убиството на 19-годишно момче за достава на пица. Момчето беше убиен синоќа околу 23 часот на терасата од семејната куќа на Алексиќ, каде што беше застрелан неколку пати од огнено оружје. Пребарувањето трае цела ноќ и утро, но засега без успех, пишува Слободна Далмација. Полицијата го ...
Коалицијата СДС-ДУИ, освен во политиката продолжува беспрекорно да функционира и во судско обвинителскиот систем. Тандемот Ислам Абази – Катерина Коларевиќ, едниот како шеф на ОЈО ГОКК, другата како обвинител во тоа обвинителство кои треба да ги гонат и сузбиваат криминалот и корупцијата, во стилот на коалицијата СДС и ДУИ, прават се само да ги спасат од одговорност лицата блиски до овие партии, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Овој коалициски тандем, ...
Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, ќе ја напушти функцијата откако самостојно донел таква одлука, наведува британски „Дејли мејл“, повикувајќи се на извори во британската влада. „Кир Стармер им кажал на своите блиски пријатели дека има намера да го напушти местото премиер“, се наведува во статијата на „Дејли мејл“. Според зборовите на неименуваниот соговорник на британскиот дневен весник, премиерот сфаќа каква политичка ситуација е ...
Светската здравствена организација (СЗО) денес ја прогласи епидемијата на ебола во Демократска Република Конго и Уганда за „јавноздравствена вонредна состојба од меѓународен интерес“, пренесува Би-Би-Си. СЗО соопшти дека епидемијата, предизвикана од вирусот Бундибугио, не ги исполнува критериумите за пандемиска вонредна состојба, објави Ројтерс. СЗО во соопштението наведува дека до саботата во покраината Итури во ДР Конго се пријавени 80 ...
Планината Водно денеска ќе биде во знакот на спортот, рекреацијата и добрата атмосфера, каде ќе се одржи 14-тото издание на традиционалната манифестација „Sparkasse Life – Прв до врв“. Настанот и оваа година се очекува да привлече голем број љубители на активниот живот, кои ќе се натпреваруваат или рекреативно ќе учествуваат во неколку дисциплини. Во програмата се вклучени планинско трчање, друмски и планински велосипедизам, Е-bike трка, ...
Кристијано Роналдо ги изненади навивачите со тоа што не се појави на церемонијата на доделување на медалите откако загуби во финалето од Азиската Лига на шампиони 2. Тој синоќа го претрпе четвртиот последователен пораз во дресот на Ал-Наср во четирите финалиња во кои играше. Станува збор за понискиот ранг на Лигата на шампионите во Азија, а победник е Гамба Осака, која славеше со резултат од 1-0 во Ријад. По натпреварот, Роналдо беше снимен ...
Фудбалерите на Расинг Сантандер се вратија во Ла Лига по 14 години, откако го победија Ваљадолид со 4-1 (1-1) на домашен терен, со што стекнаа недостижна предност пред третопласираната Алмерија. Расинг е лидер на табелата во втората шпанска лига со 78 бода, Депортиво Ла Коруња е на второто место со 71 и натпревар помалку, додека Алмерија е на третото место со 71 бод, две кола пред крајот на првенството. sportmedia.mk Фудбалерите на Расинг ...
Бугарија е победник на 70. издание на Изборот за песна на Евровизија, кое се одржа во арената „Винер Штатхале“ во Виена. Во драматично финале со голем пресврт по гласањето на публиката, бугарскиот претставник освои вкупно 516 поени, зацврстувајќи ја лидерската позиција што претходно ја доби и од стручното жири. На второто место заврши Израел со 343 поени, додека третопласирана е Романија со 296 поени. Во првите пет се пласираа уште и ...
Напаѓачот на белградска Црвена Звезда, Даглас Овусу, ќе направи трансфер во чешка Викторија Плзен. Како што објавија српските медиуми, Ц. Звезда за него ќе заработи 4,3 милиони евра. Вкупната вредност на трансферот ќе биде 4,3 мичлиони евра, од кои 3,3 милиони ќе бидат платени веднаш, а еден милион евра преку бонуси. Ова ќе биде најголемата сума пари што Плзен ќе ја потроши во својата историја за еден играч. Младиот напаѓач од Гана наводно ...
Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, преку видео-порака на социјалните мрежи го поздрави новиот Закон за игрите на среќа. Меџити вели дека овој закон го исполнува ветувањето за „заштита на семејствата од ова проклетство“. Тој најавува дека ќе бидат преземени мерки и за регулирање на прашањето со брзите кредити. „Несреќата од игрите на среќа подалеку од нашето општество. Денес започнува нашата правна борба против коцката и комарот. Ветивме ...
Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, ја заврши сезоната 2025/26 со 58 постигнати голови. Англичанецот постигна 36 гола во Бундеслигата, 14 во Лигата на шампионите, 7 во Купот на Германија и еден во Суперкупот на Германија. Денес напаѓачот постигна хет-трик во последното коло од Бундеслигата против Келн (5:1). Кејн го урна рекордот на Роберт Левандовски за најмногу голови во една сезона во Бундеслигата во сите натпреварувања. Поранешниот ...
Реал Мадрид и Жозе Мурињо постигнаа устен договор за соработка. Сите детали се финализирани, а Португалецот денес ќе го има својот последен натпревар како тренер на Бенфика. Лисабонскиот тим ќе игра на гостински терен против Есторил во последното коло од португалското првенство. На крајот од сезоната, Реал Мадрид ќе ѝ плати на Бенфика откупна клаузула од 3 милиони евра за својот тренер. Португалскиот клуб, пак, веќе го избра наследникот на ...
Актерката се појави на црвениот тепих во блескав фустан без прерамки кој ја нагласуваше нејзината витка фигура, што ја натера Кели да даде низа остри коментари. Остри критики за нејзиниот изглед Фустанот дополнително ги истакнуваше нејзините раце, што особено ја вознемири водителката. „Таа е шокантно слаба. Искрено, изгледа анорексично... само кожа и коски“, рече таа во нејзината емисија во среда. Кели конкретно се осврна на фотографиите на ...
Роналдо загуби уште еден трофеј со Ал-Наср. Тимот на Саудиска Арабија вечерва беше поразен од јапонскиот тим Гамба Осака со 1:0 во финалето на Азиската лига на шампиони 2. За Роналдо кој се приклучи на Ал-Наср во зимата 2023 година, никако да дојде еден голем пехар во неговите раце. Тој не освои ниту еден официјален трофеј со клубот од Ријад. Вкупно, пропушти 14 шанси да освои кое било натпреварување. Единствениот успех на Кристијано е во ...
МВР информира дека во врска со видео објава споделена на социјалната мрежа Фејсбук, на која се забележува лице кое управува скутер на едно тркало и со таквото однесување ја загрозува безбедноста во сообраќајот, полициски службеници веднаш презедоа мерки и активности за идентификација на лицето. -По преземените активности, од страна на СВР Штип утврдено е дека на 11.05.2026 година околу 21.00 часот, на раскрсницата помеѓу улиците „Сремски ...
Владата ги продолжува мерките за ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Одлуката била донесена денеска на вонредна владина седница, на која се продолжени мерките за цените на горивата. Намалените акцизи и повластеното ДДВ остануваат во сила и наредните две недели. За бензините акцизата е скратена за 2 денари, а ДДВ-то и натаму ќе биде повластено и ќе изнесува 10%. Кај дизелот, ...
Централниот совет на Македонците во Германија со седиште во Берлин поднесе формална жалба до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поради тешки повреди на основните договори на Европската унија во рамките на преговорите за пристапување на Република Македонија. Македонците во Германија бараат бришење на упатувањата кон Протоколот од 17 јули 2022 година во преговарачката рамка за пристапување на Република Македонија, ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присустуваше на традиционалната средба на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, која се одржа во Манастирот „Пеленица“ во Драчево. -Настанот помина во духот на заедништво, почитување на вредностите што не обединуваат и пријатно дружење со долгогодишни пријатели и поддржувачи. Чест ми беше што бев дел од оваа средба – објави Мицкоски на Фејсбук. За средбата свој пост објави и скопскиот градоначалник Орце ...
Кралот бил „многу шокиран“ и „тажен“ кога дознал за смртта на војникот , изјави портпарол на Бакингемската палата. Војникот бил дел од кралската трупа, кралската коњска артилерија и паднал околу 19 часот синоќа откако излегол од арената. И покрај тоа што му била укажана итна медицинска помош, војникот се здобил со сериозни повреди и починал на местото на настанот, соопшти полицијата.. Кралот и членовите на кралското семејство биле во арената ...
Мајкл Олисе е прогласен за играч на сезоната во Бундеслигата. Крилниот напаѓач на Баерн победи на гласањето, во кое учествуваа навивачи, претставници на клубот и експерти. Тој ја доби наградата по денешниот натпревар против Келн (5-1). Минатата сезона, Олисе одигра 32 натпревари, постигна 15 гола и имаше 19 асистенции, станувајќи најдобар асистент во лигата. sportmedia.mk Мајкл Олисе е прогласен за играч на сезоната во Бундеслигата. ...
„Иран ги смета за пријатели и браќа со години, но тие однапред ја продадоа својата независност, па дури и ги ставија своите земјишта и домови на располагање на непријателите на Палестина и Иран“, рече Мокбер. Тој исто така рече дека одговорот на Исламската Република на она што го нарече „изнајмени упоришта на ЦЕНТКОМ“ за време на неодамнешната војна не бил целосен. „Но, оваа воздржаност сигурно не е трајна“, додаде тој. Иран постојано тврди ...
Мануел Нојер ќе се врати во германската репрезентација како прв голман за претстојното Светско првенство, објави новинарот Флоријан Плетенберг. 40-годишниот голман на Баерн постигна договор со главниот тренер Јулијан Нагелсман и спортскиот директор на националниот тим Руди Фелер. Конечниот состав на германската репрезентација за Светското првенство ќе биде објавен на 21 мај. Нојер се пензионираше од репрезентативниот фудбал на 21 август 2024 ...
Сопственик на биткоини и љубител на марихуана, по повеќе од една деценија пребарување, успеа со помош на асистент за вештачка интелигенција да пристапи до крипто-паричник што содржел пет биткоини купени по многу ниска цена. Маж, кој на социјалните мрежи се претставува под псевдонимот „cprkrn“, успешно го врати пристапот до својот стар крипто-паричник, кој содржел пет биткоини. Според неговото сопствено признание, тој го купил овој ...
Француски истражен судија од одделот за злосторства против човештвото отвори официјална истрага за тоа дали Саудиска Арабија и престолонаследникот Мухамед бин Салман се поврзани со бруталното убиство на новинарот Џамал Кашоги во 2018 година. Оваа одлука доаѓа по повеќегодишни правни расправии, а веста за агенцијата AFP ја потврди и Националното обвинителство за борба против тероризмот на Франција. Процесот беше покренат уште во јули 2022 ...
„Поголемиот дел од операциите се уште се во тек, па затоа ова видео прикажува само дел од нашите резултати. Беа погодени хидроавионот амфибиски Бе-200, хеликоптерот Ка-27, товарен брод со муниција, ракетниот систем земја-воздух Панцир-С1 и артилерискиот систем, како и ракетниот систем земја-воздух Тор, комуникациската единица Редут-2УС, беспилотни летала и многу други цели“, напиша Зеленски покрај видеото. Тој додаде дека украинското оружје ...
Баерн Минхен го победи Келн со 5-1 (3-1) на „Алијанц Арена“ во последното, 34-то коло од Бундеслигата. Баварците веќе ја имаа обезбедено титулата пред овој натпревар, па натпреварот се одржа во славеничка атмосфера пред традиционалниот туш со пиво. Доминацијата на шампионите беше очигледна уште од самиот почеток, а прашањето за победникот беше решено веќе во првото полувреме, кое Баерн го доби со резултат од 3:1. Натпреварот имаше и емотивна ...
По автомобилскиот гигант Фолксваген, и германскиот производител Мерцедес размислува за префрлање на дел од своите капацитети кон воената индустрија, пренесуваат германските медиуми. Претседателот на управниот одбор на Мерцедес-Бенц, Ола Келениус, во интервју за „Волстрит журнал“ истакна дека светот станал уште понепредвидлив и дека Европа мора да го прошири својот одбранбен профил, при што компанијата е подготвена да одигра позитивна улога во ...