Проектот за изградба на канализација во Зајас - Другово ќе се заврши со пари од државниот буџет, бидејќи претходната власт поради неодговорно работење го изгубила грантот од ИПА-фондовите наменет за оваа цел, изјави премиерот Христијан Мицкоски за време на неговата посета на Кичево. Мицкоски најави дека и покрај изгубените европски средства, новата Влада ќе го реализира проектот, но и дека ќе се бара кривична одговорност за сите инволвирани ...

Вечната дилема на многу жени – дали вагата покажува премногу, премалку или токму колку што треба – според мислењето на експертите, има многу посложен одговор отколку што мислиме. Идеалната телесна тежина не е статичен број што треба да остане ист од дваесеттите до шеесеттите години. Таа се менува со возраста, хормоните и природните процеси во организмот, пренесува Metropolitan.si. За жени високи 170 сантиметри, експертите нагласуваат дека ...

Повеќе од 100 пауни прават хаос во италијанскиот крајбрежен град Пунта Марина на јадранскиот брег, што предизвика поделби меѓу мештаните околу тоа што да се прави со сè побројната колонија. Според некои проценки, речиси 150 пауни слободно шетаат низ градот, прават бучава и покажуваат агресивно однесување кон луѓето, автомобилите и урбаните градини. Почетокот на сезоната на парење оваа пролет дополнително ги засили тензиите, а гласното ...

Во Македонија тоа е Тиквеш, а во Србија тоа е Ц. Звезда. Каков срам за српскиот и балкански гигант и некогашен европски и светски првак. Имено како што ексклузивно објави „СпортКлуб.рс“, ФИФА и забрани на Ц. Звезда регистрација на нови играчи. Казнената мерка важи до летото 2027 година, или до намирување на долгот поради еден од случаите завршени пред Судот на ФИФА. Одлуката е донесена пред неколку дена во Мајами, седиштето на Дисциплинската ...

Со звуците на државната химна, во свечена и достоинствена атмосфера во Собранието, започна настанот посветен на оддавање почит на поранешниот претседател на Републиката, Борис Трајковски, државник чиј лик и дело оставија длабока трага во современата македонска историја. На свеченоста присуствуваа членови на семејството на Трајковски, негови пријатели и соработници, пратеници и бројни гости, кои заеднички му оддадоа признание на претседателот ...

Реформите не се само промени на Уставот. Ние сме фокусирани на суштинските работи, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за исполнувањето на реформската агенда по посетата на општина Кичево. Тој вели дека се оптимисти за испорачување на сите од десетте точки во реформската агенда. - Имавме состанок со господинот Герт Јан Копман, кој во рамките на Европската комисија тоа го турка. Сите сме оптимисти дека од ...

Родителите на децата кои се однесуваат насилно во училиштата ќе се соочат со парична казна од точно 250 евра, а истата санкција ќе важи и доколку родителот одбие да соработува со училиштето или со другите надлежни институции. Ова денеска го потврди министерката за образование и наука, Весна Јаневска, појаснувајќи го напредокот на процесот за измени на Законот за основно образование. Според министерката, измените во моментов се дооформуваат ...

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од 10 до 20 мај спроведува контроли во сите синџир-маркети. Ако утврди дека има зголемувања на маржите, ќе бидат преземени соодветни мерки - соопшти денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Како што рече Дурмиши, 30 тима се на терен, а неофицијално, од информациите по првите четири дена од почетокот на надзорите, забележано е одредено поевтинување кај овошјето и зеленчукот. Засега, рече ...

Македонскиот здравствен систем е целосно подготвен за евентуално справување со хантавирус, андес варијанта, иако ризикот од појава и ширење на овој вирус во земјата е оценет како исклучително низок. Ова е заклучокот од последната седница на Комисијата за заразни болести, на која детално се разгледуваше состојбата со појавата на глобален кластер на оваа специфична варијанта на вирусот. Институтот за јавно здравје веќе располага со сите ...

Во соопштението се вели дека трагедијата се случила на атолот Вавау, каде што групата се обидувала да истражи низа подводни пештери на длабочина од околу 50 метри. Не се објавени детали за идентитетот на жртвите или точната причина за несреќата. Министерството за надворешни работи соопшти дека е во тек истрага и дека италијанската амбасада во Шри Ланка работи на воспоставување контакт со семејствата на жртвите и обезбедување конзуларна ...

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека Русија и Соединетите Американски Држави на Алјаска, за време на разговорите меѓу лидерите на двете земји, претседателот Владимир Путин и Доналд Трамп, постигнале „јасни договори“ за основните принципи на украинското решение. Рускиот министер за надворешни работи изјави на самитот на БРИКС во Њу Делхи дека разговорите во Анкориџ на 15 август минатата година ги вклучиле ...

Компанијата негира каква било намерна злоупотреба и тврди дека ја добила фотографијата од трета страна која ја уверила дека сите потребни права се правилно обезбедени. Според судските документи поднесени во федералниот суд во Калифорнија, Дуа Липа го обвинува Самсунг за користење на нејзината слика на амбалажата за телевизори што се продава низ САД без нејзино знаење, дозвола или финансиска компензација. Во тужбата се тврди дека ...

Македонија се најде на 52-ТО место според Индексот на просперитет за оваа година кој го изработува објавува Атлантскиот совет. Според Атлантскиот совет, овој индекс не го разгледува БДП-то на една земја, туку ги зема предвид здравството, образованието, социјалната еднаквост, положбата на малцинствата и заштитата на животната средина. Вистинскиот квалитет на живот е во фокусот. Просперитетни земји, според овој индекс, не се оние со силна ...

На денешната пре-конференција, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот Антонио Милошоски обвини дека главниот обвинител во ОЈО ГОКК, Ислам Абази, има „лична и политичка концесија“ кон Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче, кои според него се „ментори на неговата кариера“. На прес-конференција, Милошоски рече дека случајот „Мазут“ доживеал „тивка амнестија“ со одлуката на Обвинителството да ја прекине истрагата за предметот. Тој посочи дека ...

Дијамантот „Оушн Дрим“ е продаден за речиси 13,6 милиони швајцарски франци, вклучувајќи ја и провизијата, „поставувајќи нов светски рекорд на аукција за сино-зелен дијамант“, изјавија за новинарите од „Кристи“. „Едноставно е извонреден. Го продадовме овој камен во 2014 година за 8,5 милиони долари. Го купи приватен азиски колекционер кој го ценеше многу и го носеше“, изјави за АФП Макс Фосет, меѓународен раководител на одделот за накит во ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва истакна дека лично верува оти премиерот Христијан Мицкоски никогаш не би влегувал во какви било незаконски комуникации или пак би влијаел врз некој обвинител за да постапува на одреден начин. Тошковски ова го истакна во „Само интервју“ на Канал 5 на прашањето за телефонскиот разговор на Мицкоски со јавниот обвинител Ненад Савески за случајот „Мазут“, за што опозициската СДСМ обвини дека ...

Binance, водечката светска крипто берза според обем на тргување и број на корисници, овој викенд носи посебен настан во центарот на Куманово. На 16 и 17 мај, во периодот од 11:00 до 16:00 часот, Binance „Камионот со ќебапи“ ќе биде поставен на плоштадот „Нова Југославија“, каде посетителите ќе можат да уживаат во бесплатни ќебапи и во исто време, во опуштена и отворена атмосфера, да се доближат до светот на криптовалутите. Во текот на двата ...

Петмина италијански државјани загинаа во несреќа при нуркање на Малдивите, потврди италијанското Министерство за надворешни работи. Се верува дека нуркачите загинале на атолот Вааву „додека се обидувале да истражуваат пештери на длабочина од 50 метри“, според соопштението. Италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка го потврди инцидентот и ги контактираше семејствата преку Кризниот штаб, но причината за ...

Првиот човек на Основниот суд во Гостивар и еден судски администратор се под мерки за претпазливост, по истрагата за корупција отворена од Обвинителството за организиран криминал. Случајот го отвори Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а двајцата се гонат за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Според информациите од Кривичниот суд, обвинителството побарало мерки на претпазливост, а ...

Полицијата презема мерки за утврдување на идентитетот на лицето што го чувало волкот заловен пред неколку дена во скопската населба Козле. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се работи на откривање на локацијата каде што животното било чувано, како и на лицето одговорно за неговото заробеништво. Според законските прописи, чувањето диви животни без соодветна дозвола може да донесе сериозни казни, а во одредени случаи тие ...

Јавен повик за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, со кој се обезбедени 11 милиони и 340 илјади денари, објави денеска Министерството за економија и труд. Ќе се кофинансираат 40 отсто од докажаните трошоци за набавка на нови машини и алати, но не повеќе од 200 илјади денари по барател. Поддршката се однесува на инвестиции реализирани во текот на 2025 и 2026 година, а право на учество имаат микро, мали и ...

Да се биде прв човек на градот е чест, но уште поголема одговорност. Одговорност пред граѓаните. Пред мојот народ. Пред секој човек кој ја дал својата доверба со надеж дека конечно ќе види работа, ред и резултати, посочува градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. ‒ Јас не сум дојден овде за да живеам на грбот на граѓаните. Дојден сум граѓаните да го почувствуваат бенефитот од нашето работење, она што со години, со децении ...

Нови Правила за сајбер безбедност за објектите за производство, складирање и системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со овие правила РКЕ ја засилува својата улога во областа на сајбер безбедност со што се очекува да се обезбеди повисоко ниво на сигурност, стабилност и доверба во енергетскиот систем, во интерес на ...

На предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Владата донесе одлука за отворање на Амбасада на Република Македонија во Република Литванија, со седиште во Вилнус. Воспоставувањето постојано резидентно дипломатско присуство во Вилнус ќе придонесе за зајакнување на директниот политички дијалог меѓу двете земји, поефикасно застапување на нашите национални интереси и унапредување на билатералната соработка со оваа ...

Си ја опиша тридневната посета на Трамп, прва на американски претседател за девет години, како „историска и револуционерна“, додавајќи дека двете страни „поставиле нова визија за градење конструктивен кинеско-американски однос на стратешка стабилност“, објави Синхуа. „Постигнавме важни меѓусебни договори за одржување стабилни економски и трговски врски, проширување на практичната соработка во различни области и соодветно решавање на ...

Полицијата на Манчестер го бара за да го врати во затвор откако ја прекршил судска наредба за спречување на сериозен криминал, соопшти Националната агенција за криминал на Велика Британија. Датон претходно бил осуден за неговата улога во шверц на големи количини кокаин и перење пари. Британските медиуми објавија дека тој бил осуден на 14 години затвор во 2016 година откако со години бил во бегство и бил уапсен во Грција во 2015 година. ...

Во соопштението се вели дека трагедијата се случила на атолот Вавау, каде што групата се обидувала да истражи низа подводни пештери на длабочина од околу 50 метри. Не се објавени детали за идентитетот на жртвите или точната причина за несреќата. Министерството за надворешни работи соопшти дека е во тек истрага и дека италијанската амбасада во Шри Ланка работи на воспоставување контакт со семејствата на жртвите и обезбедување конзуларна ...

Финалето од плејофот на Чемпионшип за промоција во Премиер лигата можеби нема да се игра како што е планирано на 23 мај, бидејќи Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) го истражува скандалот „Спајгејт“ во кој е вклучен финалистот Саутемптон. Сослушувањето пред независниот дисциплински панел ќе се одржи најдоцна до вторник, 19 мај. Саутемптон е обвинет за кршење на правилата откако наводно го гледал Мидлсбро како тренира пред првиот натпревар од ...

Во свет доминиран од машки лица и гласови, појавувањето на Џузи Мелони на италијанската спортска сцена е вистинско уживање. Иако нејзината актерска кариера беше ветувачка, Џузи стана вистинска ѕвезда дури кога влезе во светот на спортското новинарство. Нејзиното телевизиско деби се случи на каналот Sportitalia, каде што ѝ беше доверена необичната задача да презентира спортски вести на англиски јазик, пионерски потфат за радиодифузерот. Во ...

Сè поголем број луѓе ширум светот опишуваат како, користејќи го ChatGPT, започнале да „тонат“ во опасни заблуди. Овој нов феномен, кој експертите за ментално здравје забрзано се обидуваат да го разберат, кај корисниците создава илузија за сопствена генијалност или длабока емотивна поврзаност со компјутерски код, што често завршува со катастрофални последици по нивниот реален живот. Илузија за генијалност која уништува животи Канаѓанецот Том ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.05
64%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
0.04
92%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.64
88%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.81
76%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.51
93%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
88%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.89
68%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.96
72%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.91
65%
1014
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 17ᴼ
4.02
86%
1009
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
62%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
1.97
100%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97