Петмина италијански државјани загинаа во несреќа при нуркање на Малдивите, потврди италијанското Министерство за надворешни работи. Се верува дека нуркачите загинале на атолот Вааву „додека се обидувале да истражуваат пештери на длабочина од 50 метри“, според соопштението. Италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка го потврди инцидентот и ги контактираше семејствата преку Кризниот штаб, но причината за ...

Првиот човек на Основниот суд во Гостивар и еден судски администратор се под мерки за претпазливост, по истрагата за корупција отворена од Обвинителството за организиран криминал. Случајот го отвори Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а двајцата се гонат за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Според информациите од Кривичниот суд, обвинителството побарало мерки на претпазливост, а ...

Полицијата презема мерки за утврдување на идентитетот на лицето што го чувало волкот заловен пред неколку дена во скопската населба Козле. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се работи на откривање на локацијата каде што животното било чувано, како и на лицето одговорно за неговото заробеништво. Според законските прописи, чувањето диви животни без соодветна дозвола може да донесе сериозни казни, а во одредени случаи тие ...

Јавен повик за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, со кој се обезбедени 11 милиони и 340 илјади денари, објави денеска Министерството за економија и труд. Ќе се кофинансираат 40 отсто од докажаните трошоци за набавка на нови машини и алати, но не повеќе од 200 илјади денари по барател. Поддршката се однесува на инвестиции реализирани во текот на 2025 и 2026 година, а право на учество имаат микро, мали и ...

Да се биде прв човек на градот е чест, но уште поголема одговорност. Одговорност пред граѓаните. Пред мојот народ. Пред секој човек кој ја дал својата доверба со надеж дека конечно ќе види работа, ред и резултати, посочува градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. ‒ Јас не сум дојден овде за да живеам на грбот на граѓаните. Дојден сум граѓаните да го почувствуваат бенефитот од нашето работење, она што со години, со децении ...

Нови Правила за сајбер безбедност за објектите за производство, складирање и системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со овие правила РКЕ ја засилува својата улога во областа на сајбер безбедност со што се очекува да се обезбеди повисоко ниво на сигурност, стабилност и доверба во енергетскиот систем, во интерес на ...

На предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Владата донесе одлука за отворање на Амбасада на Република Македонија во Република Литванија, со седиште во Вилнус. Воспоставувањето постојано резидентно дипломатско присуство во Вилнус ќе придонесе за зајакнување на директниот политички дијалог меѓу двете земји, поефикасно застапување на нашите национални интереси и унапредување на билатералната соработка со оваа ...

Си ја опиша тридневната посета на Трамп, прва на американски претседател за девет години, како „историска и револуционерна“, додавајќи дека двете страни „поставиле нова визија за градење конструктивен кинеско-американски однос на стратешка стабилност“, објави Синхуа. „Постигнавме важни меѓусебни договори за одржување стабилни економски и трговски врски, проширување на практичната соработка во различни области и соодветно решавање на ...

Полицијата на Манчестер го бара за да го врати во затвор откако ја прекршил судска наредба за спречување на сериозен криминал, соопшти Националната агенција за криминал на Велика Британија. Датон претходно бил осуден за неговата улога во шверц на големи количини кокаин и перење пари. Британските медиуми објавија дека тој бил осуден на 14 години затвор во 2016 година откако со години бил во бегство и бил уапсен во Грција во 2015 година. ...

Во соопштението се вели дека трагедијата се случила на атолот Вавау, каде што групата се обидувала да истражи низа подводни пештери на длабочина од околу 50 метри. Не се објавени детали за идентитетот на жртвите или точната причина за несреќата. Министерството за надворешни работи соопшти дека е во тек истрага и дека италијанската амбасада во Шри Ланка работи на воспоставување контакт со семејствата на жртвите и обезбедување конзуларна ...

Финалето од плејофот на Чемпионшип за промоција во Премиер лигата можеби нема да се игра како што е планирано на 23 мај, бидејќи Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) го истражува скандалот „Спајгејт“ во кој е вклучен финалистот Саутемптон. Сослушувањето пред независниот дисциплински панел ќе се одржи најдоцна до вторник, 19 мај. Саутемптон е обвинет за кршење на правилата откако наводно го гледал Мидлсбро како тренира пред првиот натпревар од ...

Во свет доминиран од машки лица и гласови, појавувањето на Џузи Мелони на италијанската спортска сцена е вистинско уживање. Иако нејзината актерска кариера беше ветувачка, Џузи стана вистинска ѕвезда дури кога влезе во светот на спортското новинарство. Нејзиното телевизиско деби се случи на каналот Sportitalia, каде што ѝ беше доверена необичната задача да презентира спортски вести на англиски јазик, пионерски потфат за радиодифузерот. Во ...

Сè поголем број луѓе ширум светот опишуваат како, користејќи го ChatGPT, започнале да „тонат“ во опасни заблуди. Овој нов феномен, кој експертите за ментално здравје забрзано се обидуваат да го разберат, кај корисниците создава илузија за сопствена генијалност или длабока емотивна поврзаност со компјутерски код, што често завршува со катастрофални последици по нивниот реален живот. Илузија за генијалност која уништува животи Канаѓанецот Том ...

Американскиот претседател, исто така, рече дека на разговорите со неговите домаќини го покренал прашањето за Виза, која бара поголем пристап до пазарот на кредитни картички во Кина. Трамп во интервјуто рече дека нема да биде многу потрпелив со Иран, а воедно го повика Техеран да постигне договор со Вашингтон. „Тие мора да постигнат договор“, изјави американскиот претседател. Тој, исто така, нагласи дека добивањето збогатен ураниум од Иран е ...

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, ја коментираше изјавата на Килијан Мбапе дека неговиот тренер го сместил на четвртото место меѓу напаѓачите во тимот. „Навистина би сакал да имам четири напаѓачи. Сепак, немам толку многу и никогаш не сум му рекол нешто такво на Мбапе. Можеби не ме разбрал правилно. Дури и не знам што да кажам. Никогаш не би му рекол дека е четвртиот напаѓач“, објасни Арбелоа. „Јасно е дека не може да игра ако не го ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека разговарал со кинескиот претседател Си Ѓинпинг за војната во Иран, наведувајќи дека и двајцата се согласиле оти не сакаат Техеран да поседува нуклеарно оружје и дека Ормускиот теснец треба да биде отворен за пловидба, пренесуваат светските медиуми. Трамп и неговиот домаќин Си утрово го започнаа последната сесија од разговорите во Пекинг, откако американскиот претседател изјави дека ...

Венко Филипче, кој место со победа на избори на власт сака да дојде со предавства и отстапки за националниот идентитет, стана поголем негатор и од најголемите негатори на Македонија, бугарските власти, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: „Филипче го фатил патот на Зоран Заев и како пиун на Румен Радев е спремен да потпише нови капитулации за Македонија и македонскиот народ, во надеж дека така некој друг ќе го ...

Вршителот на должност претседател на Основниот суд во Гостивар, Елјеса Алији, остана без пасош и доби забрана за напуштање на државата, откако Обвинителството за организиран криминал го сомничи за примање поткуп. Исти мерки за претпазливост му се изречени и на второосомничениот во случајот, кој работел како судски администратор. Двајцата се гонат за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, односно за сомнежи дека барале и ...

Доналд Трамп во завршните зборови по средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг американскиот претседател заблагодарувајќи му се порача дека имале „навистина одлични неколку дена“. Тој рече дека „станале пријатели со сите нив“. Тој објави дека кинескиот претседател ќе ги посети САД во септември и додаде дека се надева дека ќе си замине „многу импресиониран, исто како што сум многу импресиониран од Кина“. Автомобилската поворка на ...

Барселона тргна во офанзива и го сака Жоао Педро како замена за Роберто Левандовски. Доверливи извори од Каталонија и Бразил денес објавија дека спортскиот директор Деко ја започнал операцијата „Жоао Педро“, бидејќи е сигурно дека Роберт Левандовски ќе го напушти клубот на крајот од сезоната како слободен агент. Хулијан Алварез беше најголемата желба на Хоан Лапорта, но Барселона е свесна дека Аргентинецот е речиси невозможна мисија. Прво, ...

По втората полуфинална вечер на Евровизија, синоќа, познати се сите 26 земји кои ќе се натпреваруваат во големото финале. Десетте нови финалисти се Бугарија, Украина, Норвешка, Австралија, Романија, Малта, Кипар, Албанија, Данска и Чешка. Покрај нив, директен премин имаат и Обединетото Кралство и Франција, како и Австрија како земја домаќин. Овие три земји настапија и на втората вечер.По првото полуфинале, во вторникот, во финале се пласираа ...

Европа минува низ драматична промена на времето, при што силен студен бран се пробива низ срцето на континентот, носејќи значително поладен воздух длабоко на југ и создавајќи услови за повеќедневен период на опасно време. Судирот на оваа студена воздушна маса со топлиот и влажен воздух над Средоземјето претставува класичен рецепт за појава на силни бури, град и обилни врнежи. Метеоролозите предупредуваат дека постои сериозна закана од ...

И дефинитивно Челзи и Чаби Алонсо се поблиску до договор. Еден од порелевантните англиски весници – „Гардијан“, објави дека играчите на Челзи се возбудени околу идејата да соработуваат со Чаби Алонсо и дека се едногласни околу неговото назначување. Од многуте кандидати поврзани со Челзи во последните недели, соблекувалната верува дека Шпанецот е најдоброто решение, но тоа не е сè. Сигурни извори пишуваат дека преговорите одат во вистинската ...

Во речиси секоја канцеларија постојат симпатии и привлечности меѓу колегите. Иако многу парови се запознале на работа, впуштањето во врска со колега носи ризик. Ако се борите со чувства спрема некого од работа и не сте сигурни дали е добра идеја, порталот Vice советува како да ја надминете таа привлечност. Одвојте ја фантазијата од реалноста Многу луѓе фантазираат за луѓе кои не можат да ги имаат, што е вообичаено на работа бидејќи врските ...

Њујорк пост повикувајќи се на податоци од едно истражување од 2026 г. од Институтот за бихевиорални и социјални науки од Виена, објавува дека и мажите се „ловци на богатство“. Истражувачите, предводени од психологот Ленарт Фрејт откриле дека мажите со левичарски политички убедувања имале највисоки стапки за „лов“ на побогати партнерки, дефинирајќи го ова како „социјална тактика делумно поврзана со психопатијата“. Поврзаност со психопатијата ...

Објаснувањето што ѝ го дал на полицијата било... необично! 40-годишниот Тревис Лестер се изјасни за виновен за обид за убиство од втор степен во април, неколку месеци откако ги нападнал своите родители во нивниот дом со кујнски нож. На 8 мај, Лестер бил осуден на 11 години затвор, при што 245 дена под надзор биле пресметани во неговата казна. Според кривичната пријава разгледана од „Лоу енд Крајм“, нападот се случил вечерта на 5 септември ...

Ова е негово второ влегување во тоа свето место за помалку од една недела. Бен-Гвир со знамето во кругот на Ал-Акса Се појави видео на кое се гледа како Бен-Гвир крева израелско знаме и танцува со група десничарски доселеници во комплексот, со џамијата Купола на карпата во позадина. Бен-Гвир постапил слично во неделата, кога во придружба на доселеници во дворот на џамијата, тој изведувал талмудски молитви. Друго видео го прикажува членот на ...

Дали вечерва Килијан Мбапе заврши со Реал Мадрид? Се разбира дека ова е големо и значајно прашање, ама кога мега – ѕвездата влезе во игра на мечот со Овиедо, цел “Бернабеу“ со невидени свирежи го “поздрави“ Французинот во таа 70.минута. Такви свирежи кон еден свој играч одамна не се видени, поточно слушнати на култниот стадион во Мадрид. Ова доаѓа по “одморот“ на Мбапе во време додека беше повреден и за се она што се “врзуваше“ со него во ...

По тесен земјен пат, скриен меѓу густи дрвја, еден минувач забележа нешто што изгледаше како незначаен метален сјај. Она што следеше се претвори во една од најважните археолошки приказни во Данска во последните децении. „Богатството на Ролд“ Во следните денови, областа околу Ролд во регионот Химеланд стана центар на интензивно истражување, под будното око на експертите од Музејот на Северен Јитланд. Со секое ново најавување за детекторот за ...

Екипата на Интер е освојувач на двојната круна во италијанскиот шампионат сезонава. Покрај титулата која што беше веќе освоена, синоќа е освоен и Купот на Италија. Среде Рим на Олимпико, Интер со 2:0 го совлада тимот на Лацио, а потоа во соблекувалната следуваше фешта. И тоа каква. Се славеше колективно, а индивидуално се покажуваа „денс“ способности. Убедливо најдобар Барела, кој што изведе перформанс достоен да го види целиот свет. Barella ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.63
45%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
3.61
90%
1016
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.21
81%
1014
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.88
50%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
6.65
61%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.99
85%
1014
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
0.89
59%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.8
49%
1014
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.51
55%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 21ᴼ
4.92
69%
1011
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
2.24
51%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
3.12
60%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Калај

53.60

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97