Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Тејлор Грин, која го напушти американскиот Конгрес по конфликтот со Трамп, објави на платформата X дека САД ќе платат висока политичка цена ако се вклучат во нова војна на Блискиот Исток. „Ако испратите американски војници во Иран, ќе има политичка револуција во Америка. Доста ни е. Рековме крај на странските војни и мислевме на тоа. Коалицијата ќе се обедини и ќе биде незапирлива. Ќе се погрижам за тоа. Запрете ја оваа војна. Глупо е“, ...
Андриј Јермак, поранешен шеф на претседателскиот кабинет на Володимир Зеленски, осомничен за перење пари во голема истрага за корупција, денеска е пуштен од притвор со кауција од 140 милиони гривни (3,1 милион долари). Јермак, поранешен заменик на украинскиот претседател Володимир Зеленски, е пуштен откако помина четири дена во притвор, по судската одлука од 13 мај со која му беше одреден дводневен притвор до неговото евентуално пуштање на ...
Маж од покраината Лиаонинг, во североисточниот дел на Кина, живеел осум години со сериозен проблем кој му го отежнувал секојдневниот живот. Сè започнало во 2018 година, а дури неодамна побарал помош од лекар кога болката станала неподнослива, пренесува „Унилад“ (Unilad). Мажот, на возраст од 46 години, познат по презимето Ванг, првично ја одбил хируршката интервенција која лекарите му ја советувале по првиот преглед. Стравот од операција го ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно имаше серија бизарни објави на својата социјална мрежа Truth Social, преплавувајќи ја платформата со слики генерирани од вештачка интелигенција на кои се прикажани вонземјани, ракетни напади и вселенско војување. Во текот на неколку часа, Трамп сподели околу 25 објави додека тензиите меѓу Вашингтон и Техеран продолжуваа да ескалираат по месеци конфликт на Блискиот Исток. Меѓу нив е и слика ...
Крузерот „МВ Хондиус“ (MV Hondius), на кој изби епидемија на хантавирус, пристигна денеска во холандското пристаниште Ротердам за дезинфекција. Со тоа заврши патувањето кое ги крена меѓународните здравствени власти во состојба на тревога. На бродот за крстарење што доплови до Ротердам се наоѓаат 25 членови на екипажот и медицински персонал, бидејќи сите патници слегле на други места. За сите од бродот веднаш започнува карантин. Од ...
Очекувано, веднапш вниманието на јавноста го привлече неговата партнерка Нара Баптиста, со која е во врска од крајот на 2023 година. Винсент Касел и неговата 29 години помлада партнерка Нара Баптиста, која го роди неговиот син минатата година, се појавија на црвениот тепих на Канскиот фестивал 2026. Тој пристигна во Кан по повод премиерата на филмот „Паралелни приказни“ во кој игра една од главните улоги. Двојката предизвика големо внимание ...
За време на викендот полицијата регистрирала 1 026 сообраќајни прекршоци на територијата на државата, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде додаваат дека од слобода се лишени 34 лица поради безобѕирно управување воизило. Сообраќајните прекршоци, според МВР, се регистрирани во рамките на редовните контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава. Од ...
Општина Центар воведува нов модел за паркирање со кој, како што велат надлежните, јавниот простор ќе се користи пофер и порационално, а жителите полесно ќе доаѓаат до паркинг место во близина на својот дом. Со зголемувањето на бројот на возила и ограничениот простор за паркирање, особено во Дебар Маало, Капиштец, Буњаковец и централното градско подрачје, од Општината нагласуваат дека досегашниот систем создал нерамномерна распределба и ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словенија, денеска во Љубљана беше пречекана со највисоки државни и воени почести од словенешката претседателка, Наташа Пирц Мусар. Предвидено е претседателките да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација. Во рамки на посетата Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со претседателот на ...
Иран во неделата упати остра закана до Соединетите Американски Држави поради нивната поморска блокада, а главниот воен советник на врховниот лидер предупреди дека Оманскиот Залив би можел да се претвори во „гробишта“ за американските бродови доколку продолжат тензиите. Генерал-мајор Мохсен Резаи, член на Советот за проценка на целесообразноста на Иран, рече дека Иран ја смета поморската блокада за воен чин. Резаи: Блокадата е воен чин „Мојот ...
Како што објави британската Амбасада на својата Фејсбук страница, таа ќе ја преземе должноста во август годинава од досегашниот амбасадор Метју Лосон, кој беше на должност од 2022 година. Според нејзината биографија, Сиванјанам има 25-годишно искуство како професионален дипломат, а во кариерата извршувала повеќе должности, меѓу кои и служба во Британската амбасада во Анкара, Турција. Од 2023 до 2025 година ја извршувала и функцијата заменик ...
Здружението за превенција на кардиоваскуларни заболувања Здрава иднина испрати остра реакција по повод најавата дека ќе се формира комисија за кардиоваскуларни операции, за која вели дека е опасна за правата и здравјето на пациентите. Нивната реакција ја пренесуваме во целост: „Како кардиоваскуларни пациенти и директно засегнати од квалитетот, достапноста и навременоста на кардиоваскуларните услуги во државата, јавно предупредуваме дека ...
Во услови кога бројот на возила во општина Центар постојано расте, а јавниот простор останува ограничен, прашањето за фер распределба на паркинг местата станува едно од клучните урбани прашања за жителите. Токму затоа, со последните одлуки на Советот на општина Центар, се воспоставува нов систем на паркирање во кој јавниот простор ќе се користи порационално, а жителите полесно ќе можат да дојдат до паркинг место во близина на својот дом, ...
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, и официјално се договорил со Реал Мадрид, потврди инсајдерот Фабрицио Романо. Реал Мадрид и португалскиот специјалист усно се согласија за условите на двегодишниот договор, а документите сè уште треба да се потпишат. Мурињо ќе пристигне во Шпанија по натпреварот на Реал Мадрид против Атлетик Билбао на 23 мај. Мурињо веќе го тренираше Реал Мадрид (2010-2013) и со клубот ја освои Ла Лига, Купот на Шпанија и ...
Полицијата во изминатите два дена изрекла 1.026 казни за сообраќајни прекршоци низ државата, а 34 лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување со возило. Најголем дел од санкциите се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, дури 316 возачи биле фатени како возат побрзо од дозволеното. Во истиот период, полицијата уапсила девет возачи кои управувале под дејство ...
Околу 80 нуркачи од Македонија и неколку земји од регионот учествуваа во голема еколошка акција за чистење на дното на Охридското Езеро, која викендов се одржа со централна локација во автокампот Градиште. Акцијата беше организирана од Нуркачкиот Центар „Амфора“, а во неа учествуваа нуркачи од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, со заедничка цел – заштита на едно од најстарите и највредните природни богатства во Европа. Во ...
Од 18 јуни возачите кои возат во Грција ќе треба да поседуваат нов комплет за брза помош, информираа од Макам- транс. Комплетот содржи 16 специфични предмети меѓу кои и специјализирано изотермално спасувачко ќебе и облоги за изгореници. Наједноставно е купувањето комплет со ознаката DIN 13164-2022. Фармацевтските материјали кои се во кутијата за прва помош мора да бидат со рок на траење, во добра состојба и означени со CE, во согласност со ...
Вистинска драма се случувала изминатата ноќ околу 2 часот по полноќ во Нов Белград, кога голем пожар целосно проголтал еден стан, а оштетил неколку околни објекти во станбена зграда. Во моментот кога избувнал пеколот, во станот спиеле баба, дедо и нивните две внучиња. За среќа, тие успеале да се разбудат навреме и да побегнат од огнот без повреди, но претрпеле огромен шок. Поради силината на пламенот, на терен итно излегле 15 пожарникари со ...
Лоши вести за фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина пред Светското првенство ова лето. Имено, еден од стартерите во репрезентацијата, Харис Табаковиќ поради сериозна повреда нема да игра на претстојното Светско првенство. Табаковиќ заработи сериозна повреда на глуждот на последниот натпревар од сезоната против Хофенхајм, кој неговиот тим го доби со 4:0. Тој се повреди во 72-та минута од натпреварот по дуел со противничкиот ...
Антоан Гризман изјави дека љубовта што ја чувствува во Атлетико Мадрид вредела повеќе од освојување на Лигата на шампионите или Ла Лига, откако го одигра својот последен домашен натпревар за клубот во победата од 1-0 над Жирона, и уште еднаш им се извини на навивачите што замина за Барселона. Атлетико одржа емотивна церемонија на стадионот „Метрополитано“ во чест на Гризман, кој ова лето ќе ја продолжи кариерата во МЛС, каде што се сели во ...
Немања Ѓуран, поранешен началник на Управата на криминалистичката полиција на Србија, е приведен и сослушан на информативен разговор во врска со убиството на Александар Нешовиќ – Баја, кое се случи на 12 мај во ресторан во белградската населба Сенјак, пренесува „Нова“. Според неофицијални информации од истрагата, Ѓуран по разговорот бил пуштен, а приведен е бидејќи во ноќта на убиството се слушнал со осомничените, а тоа не го пријавил во ...
Педесетгодишниот Кристијан Алексиќ е уапсен како осомничен за убиство на 19-годишниот Лука М. што се случило во саботата во хрватскиот град Дрниш, пренесуваат тамошните медиуми. Алексиќ бил уапсен утринава во близина на неговата семејна куќа до локалната пекарница. Поради убиството во градот Дрниш денеска не работат училиштата и градинките. Убиството се случило во саботата навечер кога 19-годишниот Лука М. дошол на адресата на Алексиќ за да ...
Астролошките прогнози за летото пред нас најавуваат период на изразени промени кога станува збор за парите. Додека многумина и понатаму ќе чувствуваат финансиски притисок и нестабилност, за три хороскопски знаци се отвораат врати кон поголеми можности, нови извори на приходи и долгоочекувана стабилност. Клучното влијание доаѓа од Јупитер во лав кон крајот на јуни, што носи поголема видливост, похрабри одлуки и ширење на деловните можности. ...
Целиот екипаж безбедно се катапултирал од авионите на американската морнарица кои изведувале воздушна демонстрација кога се урнале, изјави портпарол на американската морнарица за Би-Би-Си. Драматичниот инцидент се случи вчера , за време на вториот и последен ден од воздушната манифестација „Ганфајтер Скајс“, 3,2 км северозападно од воздухопловната база „Маунтин Хоум“ во Ајдахо. NOW: US Navy jets collide mid air and explode during Gunfighter ...
Венко Филипче исто како и Зоран Заев, не постои барање од Бугарија кое тој не е спремен да го исполни без никаков приговор, само за да дојде на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: „Како пиун на Румен Радев, уценетиот Филипче уште од опозиција си кажува на што е спремен и што се може да прифати и спроведе само за да има можност да седне на премиерската фотелја. Така, Филипче стана главен лобист за прифаќање на бугарскиот диктат ...
Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар очајно сакаше да докаже дека е достоен за повик во репрезентацијата за Светското првенство, а секоја минута на теренот за Сантос е многу важна за него. Сепак, бизарна судиска грешка го принуди да го напушти натпреварот против Коритиба. Сантос, кој се бори за опстанок во бразилското првенство, губеше со 3:0 дома од Коритиба во 65-тата минута, четвртиот судија Бруно Мота ја крена таблата за резервни играчи, ...
Некои песни не се пишуваат за да станат хит, туку затоа што душата предолго молчела. А можеби едноставно и не се создал вистинскиот момент. На Бобан Рајовиќ, едно од најпрепознатливите музички имиња од соседството, конечно му дојде токму тој момент и по 26 години кариера ја сними песната што, како што вели, долго му лежела на срцето. „Ружа са југа“ е неговата најлична приказна досега. Тоа е песна посветена на Македонија, на луѓето, емоцијата, ...
„Пролетта си зеде продолжен одмор.“ Ова е најчестиот коментар ширум Балканот, откако по серијата нагли заладувања стана јасно дека мај оваа година реши да ни приреди вистински временски ролеркостер. Иако сме во втората половина на месецот, наместо предвечерие на летото, секојдневието ни носи утрински температури кои паѓаат под 10 степени, силен северозападен ветер и постојана закана од дожд. Што велат прогнозите? Скопје останува во „ладна ...
„Подобро да се движат, брзо, или нема да остане ништо од нив“, напиша тој на својата платформа Truth Social. Пораката дојде додека претседателот разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата, објави „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на канцеларијата на Нетанјаху. Во меѓувреме, иранските медиуми објавија дека САД не успеале да направат никакви конкретни отстапки во својот одговор на најновите предлози на Техеран за ставање ...
Катерина Коларевиќ, обвинителката која ја стопираше истрагата за случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра, според ВМРО-ДПМНЕ е дел од мрежа на блиски релации меѓу СДСМ, ДУИ и обвинителско-судскиот систем. Дали Коларевиќ по насока на шефот на ОЈО ГОКК Ислам Абази и насока на Венко Филипче, Зоран Заев и Али Ахмети ја стопирала постапката, прашува ВМРО-ДПМНЕ. Партијата обвинува дека таткото на Коларевиќ е еден од „семејните кадри“ унапредени во ...