Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
За прв пат во својата историја, фудбалската репрезентација на Украина има странски селектор. Тоа е искусниот стратег Андреа Малдреа. Тој пак пристигнува на местото на легендарниот Сергеј Ребров кој што замина по неуспешниот обид Украина да ја одведе на Мундијалот во САД, Мексико и Канада. Мора да се напомене дека Малдреа пет години беше помошник на Андриј Шевченко кога легендата на украинскиот фудбал беше селектор од 2016 до 2021. Овој ...
Бројот на рецепти за антипаразитски лекови ивермектин и фенбендазол значително се зголеми кај пациентите со рак во САД во текот на 2025 година, откако актерот Мел Гибсон во подкастот на Џо Роган тврдеше дека тројца негови пријатели биле излечени од рак со лековите. Овие резултати се прикажани во нова студија објавена во списанието JAMA Network Open, а подкастот е прегледан на YouTube повеќе од 13 милиони пати. Според истражувачите, иако нема ...
Целта е да се задоволи побарувачката за работна сила во клучните сектори и да се искористи потенцијалот за вработување, а воедно да се подобри квалитетот на работните места, објави Ксинхуа. За да се стабилизира побарувачката за работна сила во клучните сектори, планот предлага развој на производствениот сектор во согласност со локалните услови за да се апсорбираат повеќе работници. Во исто време, Пекинг планира да ја зголеми поддршката за ...
Ветеранот Нејмар е дел од експедицијата на Бразил која што ќе настапи на претстојниот Мундијал во САД, Мексико и Канада кој што ќе се одржи летово. Денеска селекторот на Бразил Карло Анчелоти, го објави конечниот список на репрезентативци кои ќе ги поведе на Мундијалот, а на огромно задоволство на бразилската јавност Нејмар се најде на истиот. Тој пак, во присуство на огромен број на членови на неговото семејство, и пријатели, го дочека ...
Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за дрон и ги повика жителите во близина на руската граница да останат во своите домови. Латвиската војска соопшти дека во областа е испратен авион на мисијата за надзор на воздушниот простор на Балтикот на НАТО. Латвиската влада се распадна минатата недела Украина ги засили нападите со беспилотни летала на долг дострел врз Русија во последните месеци, вклучително и во балтичкиот регион. Од ...
Откако стана јасно дека Пеп Гвардиола нема повеќе да биде менаџер на тимот на Манчестер Сити, секако дека светот е во искечување на неговиот наследник. Според медиумите во Англија, тоа е неговиот некогашен помошник Енцо Мареска. Италијанецот наводно веќе има усмен договор со менаџментот на Сити, и имал неколку состаноци на темата. Во игра е тригодишен договор, кој што секако ќе има еден куп опции, и клаузули за евентуалниот успех или пак ...
Објавувањето на списокот на бразилската фудбалска репрезентација под водство на тренерот Карло Анчелоти се претвори во вистински медиумски спектакл. Прес-конференцијата траеше еден час и вклучуваше забавна програма, додека вистинска еуфорија се појави откако италијанскиот стручњак го прочита името на Нејмар. Телевизискиот пренос со нетрпение го следеа милиони Бразилци, а посебни емоции владееја во домовите на играчите кои се надеваа дека ќе ...
Младиот македонски фудбалер Георг Стојановски продолжува да ги освојува симпатиите на навивачите во Бугарија со своите одлични настапи во дресот на Спартак Варна. 22-годишниот напаѓач беше еден од клучните играчи во големата победа на Спартак на вчерашното гостување кај Монтана со 2:0, во важен натпревар од бугарската efbet Лига. Стојановски го отвори резултатот во 25. минута, покажувајќи голгетерски инстинкт и одлична реакција пред ...
Трофејниот италијански тренер Антонио Конте не успеа да го одбрани Скудетото со Наполи, што покрај прилично турбулентната сезона, обележана со скандал по есенскиот пораз од Болоња и недостатокот на авторитет во случајот со Ромело Лукаку, влијаеше врз преиспитувањето на неговата иднина во клубот. Најрелевантните италијански новинари како Фабрицио Романо и Џанлука Ди Марси објавија дека по неодамнешната средба со претседателот Антонио Де ...
И официјално е објавен составот на репрезентацијата на Португалија, кој што ќе настапи на претстојниот Мундијал кој што летово ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Во него секако на чело се наоѓа сега веќе 41. годишниот Кристијано Роналдо кој што за последен пат ќе настапи на еден Мундијал. Од друга страна пак, португалците се сетија и на трагично загинатиот Диого Жота, кој што постхумно е сврстен во составот кој што патува на овој турнир. ...
Познатиот данско-норвешки евроденс состав, кој стекна планетарна слава на крајот од деведесеттите години, се огласи во понеделникот, 18 мај, преку социјалните мрежи и ја потврди одлуката која натажи милиони обожаватели ширум светот. Членовите на бендот истакнаа дека сега е „вистинскиот момент за збогување“ и дека сакаат да стават точка на нивната приказна додека спомените се сè уште свежи и убави. Крај на една ера Групата која во 1997 ...
Јакуб Јан Конкел (40) во понеделникот беше осуден на 13 години и шест месеци затвор, бидејќи криел големо количество дрога во камион што превезувал 28 палети облека од „Skims“ од Холандија, соопшти Националната агенција за криминал. Конкел, кој е од северна Полска, бил запрен од граничната полиција во пристаништето Харвич во Есекс, Англија, додека пристигнувал со траект минатиот септември. По рендгенска проверка на возилото, истражителите ...
Да се живее долго и да се остане што е можно поздрав е речиси универзална желба, а познато е дека, освен гените, за тоа придонесува и начинот на живот кој вклучува здрава исхрана, вежбање и социјални контакти. Меѓутоа, ова истражување за првпат го поврза факторот на благодарност со долговечноста. Истражувачите од Harvard T. H. Chan School of Public Health открија дека факторот на благодарност го намалува ризикот од смрт за дури девет ...
Новата соработка на Своч (Swatch) и луксузната куќа Одемар Пиге (Audemars Piguet) предизвика вистинско лудило ширум светот. Колекцијата „Royal Pop“, инспирирана од легендарниот модел Royal Oak, се продаваше по цена од околу 400 евра, но пред продавниците уште првиот ден се создадоа огромни редици, тепачки и беа забележани интервенции на полицијата. Колекција која предизвика светска хистерија Своч и Одемар Пиге ја претставија колекцијата ...
Ресторан под името „Dogstronomy“ (Догстрономи) е отворен во Лион, Франција, и е токму онаков како што му кажува самото име: комплетно искуство на фина храна (fine dining) осмислено исклучиво за во него да уживаат – кучињата. Ресторанот има мени кое вклучува палачинки со пилешко, гурмански колачи прилагодени за кучиња и сладолед со вкусови како банана и сардина. Ресторанот е замислен како место каде сопствениците можат да ги донесат своите ...
На германскиот сериски убиец Мартин Неј, кој веќе издржува затворска казна за убиство на три деца, во вторникот во Франција му започна судењето за киднапирање и убиство на десетгодишниот Џонатан Кулом во 2004 година. Неј, познат како „човекот во црно“, е обвинет за исчезнувањето на момчето за време на училишна екскурзија во летен камп во западна Франција, пишува „Евроњуз“. Цимерите на момчето наутро го затекнале неговиот празен кревет во ...
Голема меѓународна операција на Европол отстрани повеќе од 14.200 онлајн објави, сметки и линкови поврзани со Корпусот на исламската револуционерна гарда (IRGC) на Иран и ја суспендираше главната сметка на групата на платформата „X“, која имаше повеќе од 150.000 следбеници. Акцијата доаѓа откако Европската унија ја означи „IRGC“ за терористичка организација во февруари, објави „Euronews“. Операцијата беше спроведена од Единицата за интернет ...
Фински нуркачи денеска ги извлекоа телата на двајца Италијанци кои настрадаа длабоко во подводна пештера на атол на Малдивите, изјави официјален претставник на таа земја. Спасувачите на Малдивите вчера ги лоцираа телата на четворица од вкупно петмина италијански нуркачи, за кои се веруваше дека се наоѓаат длабоко во внатрешноста на подводна пештера на еден атол. Тие исчезнаа во четвртокот. Телото на петтиот Италијанец, кој бил инструктор по ...
Затворањето на Ормускиот Теснец, кое трае повеќе од два месеци, го доведе економскиот мотор на Катар во состојба на целосен застој, откако иранските проектили сериозно го оштетија и клучниот индустриски центар Рас Лафан. Иако земјата располага со суверен фонд од моќни 600 милијарди долари, долгорочната штета врз имиџот на Доха како глобален деловен центар и реалната закана од масовен егзодус на странската работна сила будат сериозна ...
Претседателот на Словенечката демократска партија (СДС), Јанез Јанша, денеска е предложен за мандатар за состав на новата словенечка влада, со поддршка од 48 пратеници. Кандидатурата на Јанша, покрај пратениците на СДС, ја поддржаа и пратениците на Нова Словенија (НСи), Словенечката народна партија (СЛС), Фокус, Демократите на Анже Логар, како и членовите на движењето „Ресница“ (Ресина), кои формално ќе останат во опозиција, јави ...
Полицијата во Барселона го уапси четириесет и петгодишниот Џонатан Андик под сомнение дека го убил својот татко, милијардерот и основач на познатиот моден бренд „Манго“ (Mango), Исак Андик. Трагедијата се случила во декември 2024 година за време на заедничко планинарење, кога седумдесет и едногодишниот моден могул загина по пад од карпа висока речиси 150 метри. Џонатан Андик, кој од самиот почеток тврди дека е невин, е приведен во судот во ...
Македонија има претрпено многу промени на својот Устав на патот кон ЕУ, но спорни или наликуваат на уставен инженеринг се оние кои се иницирани однадвор, како тие од што призлегоа од Рамковниот договор, потоа и од Преспанскиот, за кои нè убедуваа дека се последни. Вака изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која денеска одржа предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или ...
Барањето на албанските студенти за полагање на правосудниот испит на мајчин јазик се решава институционално. На работната средба со претседателот на Владата постигнат е конкретен договор институциите да најдат решение и веќе активно се работи на тоа решение, кое ќе биде во интерес на граѓаните, соопшти Вреди. „Студентите побараа правосуден испит, но Вреди самоиницијативно ја мапираше целата соодветна проблематика. Нема да застанеме само ...
Да ја чуваме и да ја градиме државата. Да не дозволиме никој да ја понижува. Нека биде вечен споменот на хероите од Разловечкото востание. Нивната жртва нека биде наш завет. Нека биде вечна Македонија, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето по повод 150 – годишнината од кревањето на Разловечкото востание во село Разловци, Општина Делчево. Во говорот тој повика на обединување околу државните и националните интереси, затоа ...
Граѓанин, маж од Чачак во Србија (44), го тужеи хотелот каде што ја поминал ноќта заедно со пријател и две други жени, бидејќи персоналот на хотелот детално ѝ открил на неговата сопруга со кого ја поминал ноќта. Случајот стигна до суд бидејќи постапките на вработените во хотелот резултираа со обид за самоубиство на неговата сопруга, убедена дека нејзиниот сопруг ја изневерил. Имено, на почетокот на октомври минатата година, човекот отишол во ...
Сезоната на Близнаци трае од 21 мај до 20 јуни и носи потполно поинаква енергија од помирниот период на Бикот. Ова е период кој носи одлични можности за Близнаците, Вагите и Водолиите. Сезоната на Близнаци започнува со влегувањето на Сонцето во овој воздушен знак, со што најавува побрзо темпо на живот и засилена комуникација. Комуникација и патувања Ова е време на комуникација, нови познанства, кратки патувања, флерт, пораки и ненадејни ...
Советниците на американскиот претседател Доналд Трамп стравуваат дека Кина ќе го нападне Тајван во следните пет години, објави Axios по посетата на американскиот претседател на Пекинг. Висок претседателски советник изјави за Axios дека Си Џинпинг „се обидува да ја помести Кина на нова позиција каде што вели: Ние не сме сила во подем. Ние сме ваши рамноправни. И Тајван е мој“. Советникот додаде дека „ова патување сигнализираше многу поголема ...
Карла Бруни, поранешна прва дама на Франција, топ модел и пејачка, се појави на овогодинешниот Кански филмски фестивал и „прошета“ во три различни фустани во текот на еден ден и покажа зошто се смета за една од најелегантните дами. Карла во Кан беше „уловена“ од фотографите веќе наутро при напуштањето на хотелот. Таа има интересен аутфит , пред сè, многу шарен, а тоа беше тесен, долг фустан во црна, бела и розова боја, преку кој носеше ...
Рускиот нафтен гигант Лукоил бара три милијарди евра отштета од Бугарија откако државата ја презеде контролата врз локалните операции на фирмата, според Румен Спеков, специјалниот администратор кој ги надгледува бугарските средства на групата. Барањето, поднесено преку швајцарската подружница на Лукоил, Литаско, сè уште не е конечно, додаде тој. Барањата на руската компанија произлегуваат од интервенцијата на бугарската држава во бизнисот по ...
Управните служби при Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните навремено да ги подигаат своите готови лични документи. Благодарение на реорганизацијата и зголемениот капацитет, управните служби моментално работат со максимална ажурност и ефикасност. Процесот е целосно оптимизиран и овозможува брзо и едноставно закажување на термините за фотографирање, минимално време за чекање пред шалтерите и експресно изготвување на ...