Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Американски воени авиони вчера пресретнаа патнички авион, кој го нарушил воздушниот простор над резиденцијата Мар-а-Лаго на американскиот претседател Доналд Трамп. Северноамериканската команда за воздушна одбрана (НОРАД) потврди дека воени авиони „Ф-16“ вчера пресретнале авион кој навлегол во зона со привремено ограничување на летови, зона што се воведува кога претседателот е во одредена област. НОРАД изминатите месеци регистрирал десетици ...
Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна на аеродромот во Будимпешта. Мицкоски на Фејсбук напиша дека повторното воспоставување на линија Скопје – Будимпешта претставува значаен чекор кон подобрување на регионалната поврзаност, економската соработка и развојот на туризмот. Македонските граѓани можат слободно да патуваат, што значително ќе ја олесни мобилноста, ќе поттикне културна размена. Ваквите иницијативи се важен ...
Заедно со претседателот на Владата, Hristijan Mickoski сме на првиот лет од новата авиолинија Скопје – Будимпешта, која започнува од денеска.Ова е линија која отвора нови економски, туристички и пријателски односи меѓу Македонија и Унгарија,објави вицепремиерот Николоски. Скопје – Будимпешта создава нова можност за патување, студирање, водење на бизнис и полесно поврзување со останатите европски и светски центри.Ова ја потврдува политиката на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од него тврдејќи дека тој спречил неколку големи војни во целиот свет. „Без разлика дали луѓето го сакаат Трамп или не, јас решив осум војни. Големи. Некои траеја 36 години, 32 години, 31 година, 28 години, 25 години. Некои сè уште не почнаа, како Индија и Пакистан. Осум авиони веќе беа соборени. И го решив тоа многу бргу, ...
Советот на јавните обвинители на денешната седница едногласно ја одби иницијативата на јавната обвинителка Ленче Ристоска, која тврдеше дека врз нејзината самостојност имало надворешни влијанија и притисоци, особено поради нејзиното постапување во предмети против ВМРО-ДПМНЕ. Во иницијативата Ристоска навела дека нападите кон неа потекнуваат од политички структури на ВМРО ДПМНЕ, а како пример навела изјави на премиерот и објави на ...
На 3 април 2026 година, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини – едно од најпознатите и најомилените дела од оперскиот репертоар, кое со својата духовитост, динамика и препознатливи музички моменти со децении ја воодушевува публиката. Изведбата е под диригентската палка на Бисера Чадловска, режијата е на Урсула Хорнер (Австрија), сценографијата на ...
Регулаторна комисија за енергетика ги намали цените на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто, при што најголемо поевтинување има кај бензините, додека дизелот останува со непроменета цена. Одлуката стапува на сила од 31 март од 00:01 часот, а како клучна мерка за амортизација на ценовните шокови на светските пазари, Комисијата го намали и трошокот за складирање од 1,70 на 1,20 денари по литар. Согласно новата одлука, бензинот ЕУРОСУПЕР ...
Лошиот рејтинг на СДС од 4,9% и 3,6% на Филипче поради новиот ПР шеф на СДС Зоран Башановиќ, не го допира Филипче, бидејќи тој живее во свој паралелен универзум.СДС и Филипче со месеци ги лажеа граѓаните дека новите анкети ќе покажат пад на довербата на граѓаните кон ВМРО-ДПМНЕ, а таа доверба кон СДС ќе се зголемела. И ова секојдневно го повторуваа со месеци на прес-конференции, напоменуваат во владејачката партија. Но, со последната анкета ...
Со хит-претставите „Куршуми над Бродвеј“ на 31 март и „Болва в уво“ на 2 април, Драмскиот театар ќе учествува на петтиот Театарски фестивал „5РЕ“ во Велес. Театарскиот фестивал се одржува од 27 март до 8 април 2026 година, во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, под покровителство на Општина Велес и Министерството за култура и туризам, а во организација на 3Г Плус Публика. Претставата „Куршуми над Бродвеј“ што ќе се игра утре ...
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Како што соопштија од Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, таа ќе го пречека црногорскиот претседател со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила Водно. На 1 април претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Јаков Милатовиќ ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан ...
Преживеаните и повредени лица од пожари се соочуваат со сериозни психолошки последици, потенцираше проф. д-р Славица Арсова, директорка на Универзитетската клиника за психијатрија, на втората Научна конференција на Универзитетската клиника за дерматологија, што се одржа викендов во Скопје. Ова го покажа истражувањето на Универзитетската клиника за психијатрија спроведено кај 50 повредени лица во трагичниот пожар во Кочани – испитаници кои ...
По завршувањето на Саемот во Лајпциг, делегацијата од македонската Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје , предводена од директорот Јовица Никчевски го посети македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, каде оствари работна средба со директорката на македонскиот КИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска. Во рамките на средбата македонската Национална и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски од Скопје на ...
Успешното органодарителство и трансплантација бараат врвна медицинска подготвеност, мултидисциплинарен пристап и силна координација меѓу институциите и стручната јавност, истакна д-р Жан Митрев на јавната панел-дискусија „Органодарителството во Македонија“, која се одржа во организација на Мултимедијалниот центар при Економскиот факултет при УГД – Штип. Тука сме да ја поддржиме оваа иницијатива, бидејќи сме една од болниците каде што најчесто ...
Народната банка и во иднина ќе биде целосно посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, со јасна подготвеност за справување со сите предизвици што произлегуваат од надворешните ризици“, истакна гувернерот Трајко Славески во интервју за емисијата „Трилинг“. Тој посочи дека институцијата внимателно ги следи економските движења, особено во услови на зголемена светска неизвесност и засилени ризици од надворешното окружување. ...
На 16 април во 20:00 часот во Националната Опера и Балет, 𝐀𝐥𝐚𝐢𝐧 𝐏𝐞́𝐫𝐞𝐳 заедно со Националниот џез оркестар и осумчлената ритам-секција La Orquesta ве носат на незаборавно патување низ салса, тимба и џез. Овој април, Скопје станува дел од европската турнеја 𝑳𝒂 𝑭𝒊𝒆𝒔𝒕𝒂 𝑻𝒐𝒖𝒓 на Alain Pérez – музичар кој со децении ја пренесува енергијата на кубанската музика на светските сцени. Alain Pérez е мултиинструменталист, пејач, ...
На 04 април во 20:00 часот во Џебно Кино – МКЦ, ќе одржат концерт Maiah Ttakun, како дел од нивната Балканска концертна промоција на неодамна излезениот албум “Ehortzi ezazue ene bihotza / Erre ezazue ene gorpua”. Нивната музика е импресивно drone/blues аудио искуство што ги спојува звукот, емоцијата и просторот за прв пат во Скопје. Организаторите најавуваат вечер за длабоко слушање и целосно препуштање. На 04 април во 20:00 часот во Џебно ...
Шпанија го затвори својот воздушен простор за летови вклучени во операцијата „Епски бес“, што САД и Израел ја почнаа против Иран – објави шпанскиот весник „Паис“ повикувајќи се на неименувани воени извори. Шпанија не само што забранува користење на воздухопловните бази Рота во Кадис и Морон дела Фронтера во Севилја од страна на борбени авиони или авиони за полнење гориво кои соработуваат во нападот, туку и забранува прелети на американски ...
Иран добил пораки преку посредници што укажуваат на подготвеноста на Соединетите Американски Држави за мировни преговори, но американските предлози се „нереални, нелегални и прекумерни“, изјави денес портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багеири. „Нашиот став е јасен. Изложени сме на воена агресија. Затоа сите наши напори и сили се фокусирани на самоодбрана“, рече Багеири на прес-конференција, како што објави Тасним. ...
За цела општина Аеродром останува да важи старото правило, според кое секој резидент (физички и правни лица) може да се паркира на сите зони на територијата на општината, без да плаќа надоместок како што беше најавено за од 1 април. Ова е директен одговор на барањата и реакциите на граѓаните и доказ дека нивниот глас не само што се слуша, туку и се почитува. Нашиот народ е секогаш во право, објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на ...
Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. На истата седница Советот го прекина дисциплинскиот предмет против поранешниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, бидејќи тој претходно поднел барање за престанок на функцијата. Во изјава за медиуми по седницата, претседателот на СЈОРМ, Башким ...
Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна во целата држава. Контролите, како што соопшти, се насочени кон сите сегменти од синџирот на храна – производство, преработка, дистрибуција и продажба – со цел да се спречи пласирање небезбедни производи и да се ...
Агенцијата за филм денес промовираше значаен проект за доближување на домашната кинематографија до публиката, под мотото „Македонски филм. На големо платно.“ Проектот се реализира во соработка со Cineplexx и предвидува бесплатни кино-проекции на македонски филмови секој понеделник, со што македонскиот филм повторно се враќа таму каде што припаѓа – на големото платно. Секој понеделник во 18:00 часот, љубителите на седмата уметност ќе имаат ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска беше во посета на Разловци, каде што заедно со стручната екипа од Националниот конзерваторски центар изврши увид во активностите за непосредна заштита на Спомен-домот на Разловечкото востание, еден од најзначајните симболи на отпорот на македонскиот народ за слобода. Денеска сум во Разловци, каде што заедно со стручната екипа од Националниот конзерваторски центар извршивме увид во ...
На 31.03.2026 и 01.04.2026 (вторник и среда) во официјална посета на Македонија ќе присуствува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. -Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, информира МВР. На 31.03.2026 и ...
Fashion Weekend Skopje во своето 32 издание не се обидуваше да биде релевантен. Тој едноставно покажа дека веќе е. Последниот ден на FWSK powered by UNIBank не донесе изненадувања, туку потврда. Потврда дека модната сцена во Скопје функционира како екосистем, каде образованието, технологијата и авторството не постојат одвоено, туку се надоврзуваат. Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ ја отвори програмата со колекции реализирани од ...
Неколку стотици американски командоси за специјални операции пристигнаа на Блискиот Исток, придружувајќи им се на илјадниците маринци и армиските падобранци, изјавија двајца американски воени претставници. Функционерите, зборувајќи под услов да останат анонимни, изјавија за „Њујорк тајмс“ дека пристигнувањето на специјално обучените единици има за цел да му даде на американскиот претседател Доналд Трамп дополнителни опции за проширување на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од него, тврдејќи дека тој спречил повеќе големи војни низ целиот свет. „Без разлика дали луѓето го сакаат Трамп или не, јас решив осум војни. Големи. Некои траеја 36 години, 32 години, 31 година, 28 години и 25 години. Некои штотуку започнаа, како Индија и Пакистан. Осум авиони веќе се соборени. И јас го решив тоа многу ...
Втората вечер на 32. Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank ја помести сцената од писта кон систем, каде креативноста, економијата и културната дипломатија престануваат да бидат одвоени категории. Денот започна со UNIBank Fin Talk, под модерација на Ирина Михајлова. Разговорот ја отвори темата за контролата како предуслов за избор. Луна Стефановска зборуваше за создавање вредност во дигиталниот простор и за моментот кога трудот почнува да ...
Мајката на починатата Ивана Јовановска денеска пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека нејзината ќерка со години живеела во страв од сопругот Стојанче Јовановски, со видливи модринки, под постојана контрола и со страв дека ќе ѝ биде одземена ќерката. Сведочејќи хронолошки за нивната врска, таа рече дека Ивана и обвинетиот на почетокот живееле под кирија, дека кратко се познавале пред бракот и дека нејзината ќерка на почетокот гледала ...
Стојанче Joвановски се изјасни за виновен за тоа дека ѝ нанел физички повреди на сега починатата сопруга Ивана, но не се чувствува виновен за наведување на самоубиство, но Судот констатира дека признанието на вина за двете кривични дела не е дадено доброволно и не ја прифати изјавата за признание на вина, пренесе „Плусинфо.мк. Обвинителката Адела Бојчевиќ во воведниот збор го појасни обвинителниот акт што му се става на товар на Јовановски. – ...