Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) беше споделена петиција со која се бараат потписи за суспендирање на новиот Ценовник на ПОЦ и јавна расправа со жителите. Во објавата, профилот со име „Иво Антов“ вели дека градоначалникот на Општина Центар наместо да гради паркинзи, тој на местото на старите одобрувал изградба на нови згради. „Градоначалникот на Центар наместо да гради паркинзи, тој на местото од старите одобрува изградба на нови ...
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријави дека околу 14:30 часот во средно училиште на подрачјето на Карпош, неговата 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзин соученик, кој според пријавеното подолг период психички ја малтретирал. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријави дека околу 14:30 часот во средно училиште на подрачјето ...
Вчера во 17:30 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена С.Ј.Т.(33) од Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повредите околу 13:30 часот на работното место во Гинеколошко-акушерска болница Чаир во Скопје при пад од скали. За настанот е известен трудов инспектор, велат од МВР. Вчера во 17:30 часот во СВР Скопје, од Ургентен ...
Ноќва во 01:45 часот во СВР Скопје, Н.Ш.(41) од с.Кондово, скопско, пријавил дека на 18.05.2026 околу 21:30 часот пред неговиот дом Б.И.(18) физички го нападнал, го удрил со кундак од пиштол и му нанел повреда. Според пријавеното, претходно во текот на денот неговата малолетна ќерка имала расправија со друга малолетничка. Откако забележал дека во наведеното време Б.И. со уште едно лице ја држат неговата ќерка за врат, се обидел да ги спречи, ...
Вчеравечер во 22:18 часот на автопат А1 кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30), соопшти МВР. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко возило „ауди а6“ со косовски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена ...
Сто и педесет години од камбанаријата на црквата „Св. цар Константин и царица Елена“ во ова мало место, одекнува името на непокорот што никој не успеал да го замолчи. Сто и педесет години Разловци стои исправено над македонската историја и трае како највисок пантеон на македонскиот опстој. Овде, во 1876 година, македонскиот народ го разгоре жарот што подоцна ќе прерасне во силен ослободителен бран низ цела Македонија. Разловечкото востание е ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска ја обвини опозицијата предводена од СДСМ и лидерот Венко Филипче за, како што рече, „неодговорен и неодржлив пристап“ со кој се блокира работата на Комисијата за финансирање и буџет. Според Стојаноски, опозицијата со „банални оправдувања“ избегнувала да започне расправата на Комисијата, иако на дневен ред се наоѓале прашања директно поврзани со функционирањето на државата. Со денови Венко, ...
Вкупно пет кандидати аплицирале на огласот за избор на шеф на Вишото јавно обвинителство, пренесува ТВ21 според чии информации во трка се обвинителите Артан Ајро, Фатиме Фетаи, Енџелуше Кадриу Леши, Теута Бедиу Рамадани и Јасмина Костеска Здравеска. Рокот за поднесување на апликациите истече минатата недела, а конечната одлука за изборот ќе ја донесе Советот на јавни обвинители. Во моментов функцијата вршител на должност шеф на Вишото јавно ...
На 26 мај (вторник) во 10 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе биде домаќин на официјалната посета на претседателот на Владата на Република Хрватска Андреј Пленковиќ во земјата. Согласно агендата, предвидено е пречек на премиерот Андреј Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Потоа, предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и премиерот Пленковиќ, владина билатерална средба, ...
Во рамки на Светскиот урбан форум во Баку, на покана на генералниот секретар, Чемил Арслан, како и Бурчухан Шенер, директорка за меѓународни прашања, го посетив штандот на Marmara Municipalities Union на Urban Expo, напиша на својот фејсбук профил министерот за локална самоуправа, Златко Перински. Разговаравме за можностите за продлабочување на соработката, размена на искуства и добри практики во делот на локалниот развој, урбаното планирање, ...
Најостро реагирам на обидот, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата. . Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок, стои во ...
Вчеравечер во 22:30 часот во СВР Тетово, З.Б.(49) од Тетово пријавил дека на крстосница меѓу улиците „Борис Кидрич“ и „Јане Сандански“ околу 09:00 часот, неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца негови соученици, при што употребиле и метален предмет. Се работи на документирање на случајот во координација со родители и претставници од Центарот за социјални работи, велат од СВР Тетово. Вчеравечер во 22:30 часот во СВР Тетово, ...
Да ја чуваме и да ја градиме државата. Да не дозволиме никој да ја понижува. Нека биде вечен споменот на хероите од Разловечкото востание. Нивната жртва нека биде наш завет. Нека биде вечна Македонија, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето по повод 150 – годишнината од кревањето на Разловечкото востание во село Разловци, Општина Делчево. Во говорот тој повика на обединување околу државните и националните интереси, затоа ...
Доајенот на македонската народна песна и едно од најзначајните женски вокални имиња во поновата историја на нашата музика, Блага Петреска ја доби Наградата за животно дело на „Фолк фест Валандово 2026“. Како што велат организаторите на фестивалот, Петреска е пејачка која со децении ја носи македонската песна со достоинство, препознатлив глас и искрена емоција. Додаваат дека со особена чест ѝ ја доделуваат оваа награда, затоа што нејзините ...
Зголеменото ниво на холестерол често не укажува на јасни симптоми, но значително го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар. Според кардиолозите, исхраната игра улога за негова контрола. Една од намирниците која го контролира холестеролот е оревот, пишува „Параде“. Контролата на холестеролот преку исхраната не значи дека треба да јадете помалку, туку попаметно, изјави д-р Алан Голдберг. Додека пак, според д-р Џон Хигинс една од најдобрите ...
Две лица загинаа, а четири други, вклучително и две мали деца, се повредени во пукање во јужна Шпанија, соопштија денеска локалните власти. Инцидентот се случил во текот на ноќта во општината Ел Ехидо, во близина на Алмерија во јужниот регион Андалузија, пренесе ДПА. Осомничениот сторител ѝ се предал на полицијата по неколку часа, јавуваат радиодифузерот RTVE и други медиуми, повикувајќи се на полициската единица Цивилна гарда (Guardia ...
Со долг и искрен аплауз скопската публика ја поздрави екипата на претставата „Татко“ на Никшиќко позориште која синоќа гостуваше на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ). Претставата според текст на францускиот писател Флорија Зелен ја режираше нашата Натапа Поплавска, која по завршуваше на претставата излезе на сцената заедно со екишата. Оваа претстава ѝ ја посветувам на мојата 88-годишна мајка, која се уште пишува, твори, кажа ...
Друштвото на филмските работници на Македонија ја поздравува одлуката на Владата на Република Македонија, како и заложбите на Министерството за култура и туризам и Агенцијата за филм на Република Македонија, за усвојување на предлог-законот за игри на среќа и за забавните игри, кој влегува во Собраниска процедура, а со кој се предвидува Агенцијата за филм да добива 3% од уплатените давачки од игрите на среќа. Ваквиот потег на Владата ...
За мене, главното прашање останува уделот на пазарот, ако се намали вкупниот „колач“, ние треба да бидеме земјата што ќе биде најмалку погодена од оваа криза. Очигледно живееме во конкурентна средина. Денес веројатно постојат дестинации на Блискиот Исток кои де факто во моментов не се популарни. Ова може да создаде и некои дополнителни можности за грчкиот туризам, посочи премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис говорејќи на Генералното собрание ...
Процесот на издавање лични документи во управните служби на Министерството за внатрешни работи е целосно оптимизиран и овозможува брзо и едноставно закажување на термини за фотографирање, минимално време на чекање пред шалтерите и експресно изготвување на документите во законскиот рок, а честопати и порано. Управните служби при МВР апелираат до граѓаните навремено да ги подигнуваат своите готови лични документи. Благодарение на спроведената ...
Голема американска студија покажа дека дијагнозите на рак на дојка во стадиум 4, кога болеста се проширила во телото и повеќе не може да се излекува, се зголемиле за речиси 18 проценти во последната деценија. Причините за ваквата ситуација засега не им се јасни на научниците, но наведуваат неколку можни фактори. Мистериозниот пораст на неизлечивиот рак на дојка кај помладите жени предизвика тревога кај експертите. Една голема американска ...
Денешната работилница во Едукативниот центар во Музејот на Македонија помина во прекрасна атмосфера исполнета со радост која се создава низ заедничко творење, велат од Музеј на Македонија. Преку моделирање и боење на глина нашите пензионери уште еднаш ни покажаа дека љубопитноста, талентот и креативната сила на уметничкото изразување не познаваат години. Благодарност до сите учесници – со нетрпение ја очекуваме следната средба! Денешната ...
Во пресрет на првиот „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026“, помеѓу Македонија и Грција, претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски и директорката на Извршната канцеларија на МАСИТ, Елена Петрушевска, остварија средба со амбасадорката на Република Грција во земјава, Софија Филипиду. На средбата беше потврдена заедничката заложба за продлабочување на економската и технолошката соработка меѓу Македонија и Грција, со посебен фокус на ...
Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечерва во 19.30 часот ќе се одржи концертот „Квартет саксофони“. Ќе настапат изведувачите Горан Кавраков, Славица Деспотова, Никола Темелков и Даме Камчев. Горан Кавраков (Штип, 1984) дипломирал и магистрирал на инструментот саксофон на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Од 2002 до 2007 година работи како саксофонист во Биг Бендот на Македонската радио-телевизија. Од 2007 работи како ...
Угледните инсајдери Фабрицио Романо и Дејвид Орнштајн потврдија објава на „Дејли мејл“ дека менаџерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, ќе го напушти клубот по последното коло од 38. коло од Премиер лигата против Астон вила. Според двата извори, одлуката е донесена пред неколку месеци, кога раководството на Сити постигнало договор со Енцо Мареска, кој ќе го замени Гвардиола. Италијанецот, кој беше еден од помошниците на Шпанецот во ...
Илон Маск ја загуби судската битка против „ОпенАИ“ и нејзиниот извршен директор Сем Алтман, откако група граѓани во Калифорнија ја отфрлија нејзината тужба со образложение дека била поднесена по истекот на законскиот рок.Одлуката била донесена едногласно, по тринеделно судење во кое граѓаните разгледувале интерна електронска комуникација – деловни документи и сведочења на повеќе истакнати личности од технолошката индустрија. Според ...
Златна плочка проценета на 4,5 милиони денари е запленета во акција на царински службеници на излез од државата на граничен премин Богородица. Како што информира Црариснката управа, случајот е откриен откако автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Истанбул е издвоен за контрола, по што, поради основани сомневања, е извршена детална контрола на патник, македонски државјанин. При претресот, во едниот негов чевел е пронајдена златна плочка ...
Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи и овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи, објави на социјалните мрежи вицепремиерот Александар Николоски. Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи. Ова е реализација на договорот што го ...
Венко Филипче продолжува со политиките на понижување и распродавање на националните интереси. Филипче продолжува со поданоста и измеќарството на туѓите агенди, и уште еднаш се докажа како прв антимакедонец и побрза да ја слави победата на Бугарија на Евровизија.Еуфоријата на Венко Филипче за победата на Бугарија на Евровизија и слугувањето на бугарските интереси како послушен пиун на Румен Радев, се доказ дека Филипче е спремен на се само за ...
На предлог на претседателот проф. др. Христијан Мицкоски, а со одлука на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, ја добив честа, но и одговорноста да бидам портпарол на најголемата и најорганизирана партија во Македонија – ВМРО-ДПМНЕ, вели Валентин Манасиевски, кој упати благодарност до претседателот на партијата и нејзиното раководството за довербата. Ова не е само позиција, туку обврска. Ќе бидам гласот што транспарентно ќе ве информира, ќе одговара и ќе ...