Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84% во однос на одлуката од 11.5.2026 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за ...

Даночно затајување во износ од 7.426.323 денари утврди Управата за финансиска полиција, која до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две лица управители на правно лице и едно правно лице. Како што соопшти Управата, пријавените М. Ш. и Ж. Р., како управители на правното лице, се сомничат дека во повеќе наврати, свесно и со намера да стекнат противправна имотна корист, не пресметале, не пријавиле и не платиле ...

Денес претседателот на Владата Христијан Мицкоски одржа работна средба на која присуствуваа копретседателите на ВЛЕН Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговараше за темата со употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит. Беше нагласено дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија кои ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко чекорење кон иднината. Соговорниците се согласија ...

Како кардиоваскуларни пациенти и директно засегнати од квалитетот, достапноста и навременоста на кардиоваскуларните услуги во државата, јавно предупредуваме дека последните најави за формирање комисија или стручно тело кое ќе одредува кој, каде и кога ќе се оперира, претставуваат сериозен чекор назад во заштитата на правата на пациентите, велат од Здружението за превенција од кардиоваскуларни заболувања „Здрава иднина“ во соопштението ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словенија, денеска во Љубљана беше пречекана со највисоки државни и воени почести од словенешката претседателка, Наташа Пирц Мусар. Предвидено е претседателките да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација. Во рамки на посетата Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со претседателот на ...

Да се говори вистината во време на опресија, исполнето со цинични лаги и лажни реалности, бара смирена храброст и бистрина на умот. Тоа е мечот на духовниот воин. Тоа е моќта на поезијата“, изјави познатата естонска поетеса Дорис Карева на отворањето на третото издание на манифестацијата Денови на поезијата, што се одржа во Скопје, во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“. Годинава се одбележаа бројни јубилеи на основоположници на ...

Мечка нападнала и усмртила 10 овци во импровизирана штала во месноста „Душки“, на патот кон селото Јеловјане, информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово. Според полицијата, случајот бил пријавен вчера околу 14:30 часот во Полициското одделение Камењане од страна на Ф.Р. (69) од селото Камењане, сопственик на стадото. Нападот се случил во место викано „Душки“, над селото Камењане, во правец кон селото Јеловјане, каде мечката влегла во ...

Во рамките на 54. издание на престижниот меѓународен фестивал „Мајски оперски вечери“ на 20 мај со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини – едно од најемотивните и најизведуваните дела на светскиот оперски репертоар. Станува збор за музичка драма со силна човечка приказна, во која љубовта, надежта и предавството се испреплетуваат во трагична судбина. Диригент на ...

Тандемот Катерина Коларевиќ и Ислам Абази се коалиција во обвинителството, како што се СДС и ДУИ во политиката. Катерина Коларевиќ, моминско Маркова, ќерка на Павле Марков, државен правобранител избран од владата на СДС во 1998 година, и на Вера Маркова, уставен судија во 2004 година, избрана од коалицијата СДС и ДУИ. Фамилијарни кариери во обвинителството на услуга на СДС, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -За Абази и да не говориме, ...

Стопирањето на постапката за случајот „Мазут“ за криминал тежок 167 милиони евра, уште еднаш ги извади на површина конекциите на СДС и ДУИ со судско обвинителскиот систем.Кадрите поставени и унапредени во професионалната кариера лично од Зоран Заев и Али Ахмети, по потреба се активираат и одработуваат за да ги спасат од кривична одговорност луѓето од и блиски до СДС и ДУИ,објави ВМРО-ДПМНЕ. И во случајот со милионскиот криминал за набавка на ...

Неделата на турската кујна се слави секоја година во периодот од 21 до 27 мај, а манифестацијата се организира под покровителство на првата дама, нејзината екселенција Емине Ердоган. Годинешната тема на Неделата на турската кујна е „Трпезата на наследството“ и ја претставува турската кујна како живописно, споделено културно наследство, кое се развивало со векови преку миграција, ритуали, колективен придонес и долгогодишна традиција. Неделата ...

Агенцијата за филм ја поздравува одлуката на Владата на Македонија, донесена на седницата одржана на 12 мај, со која е усвоен Предлог-законот за игри на среќа и за забавните игри, кој понатаму ќе биде проследен во собраниска процедура. До 2015 година дел од надоместоците со кои се финансираше Агенцијата за филм вклучуваа и процент од приходите од игрите на среќа. Оваа одредба беше укината со Одлука на Уставниот суд во 2016 година, кога беа ...

Украина и Унгарија се договорија да спроведат консултации во врска со унгарското малцинство, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха. Тој денеска соопшти дека за време на викендот имал „конструктивен и содржаен“ разговор со својата унгарска колешка Анита Орбан. Двајцата се договориле оваа недела да се одржи круг унгарско-украински консултации на експертско ниво, „за да се најдат практични и одржливи решенија за ...

На Сумскиот фронт, украинските позиции се соочуваат со нехигиенски услови, појава на глодари и паднат имунитет кај војниците, што доведува до ширење на хантавирусот меѓу единиците на терен. Како што пренесува новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на свои извори за состојбата на боиштето во Украина, загрижувачката здравствена состојба со вирусот е веќе евидентирана во повеќе региони. „На Сумскиот фронт, украинските позиции се мачат со ...

Пазарот на криптовалути влегува во фаза на продолжена корекција под влијание на острата реторика на Федералните резерви на САД (ФЕД), растот на геополитичките тензии и прелевањето на капиталот во акции на компании од секторот за вештачка интелигенција, што би можело да го доведе биткоинот до тестирање на нивото од 70.000 долари до крајот на мај. Ова го изјави Александар Баришников, управник на фондот „Мајнинг“ во УК „Рекорд капитал“. „За ...

Општина Центар воведува нов модел за паркирање со кој, како што велат надлежните, јавниот простор ќе се користи пофер и порационално, а жителите полесно ќе доаѓаат до паркинг место во близина на својот дом. Со зголемувањето на бројот на возила и ограничениот простор за паркирање, особено во Дебар Маало, Капиштец, Буњаковец и централното градско подрачје, од Општината нагласуваат дека досегашниот систем создал нерамномерна распределба и ...

Францускиот институт во Скопје го организира предавањето „(Дез)информации: историјат и предизвици”, кое ќе се одржи во четврток, 21 мај 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Europe House – Скопје. Предавањето ќе го одржи Фабрис Д’Алмеида, познат историчар и истражувач, предава историја на медиумите и пропагандата во Францускиот институт за печат (ФИП) при Универзитетот Париз II Пантеон, каде е и раководител на мастер студиите „Медиуми и ...

Нова амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија ќе биде Маја Сиванјанам. Како што објави британската Амбасада на својата Фејсбук страница, таа ќе ја преземе должноста во август годинава од досегашниот амбасадор Метју Лосон, кој беше на должност од 2022 година. Според нејзината биографија, Сиванјанам има 25-годишно искуство како професионален дипломат, а во кариерата извршувала повеќе должности, меѓу кои и служба во Британската амбасада ...

Кога бугарската поп-ѕвезда Дара беше избрана да ја претставува Бугарија на Евровизија 2026, реакциите дома беа далеку од едногласна поддршка. Денес, само неколку дена по историската победа со „Bangaranga“, истата таа Дара е славена како национален херој и првиот бугарски победник во историјата на натпреварот. Бугарија ја освои 70-тата Евровизија во Виена со убедливи 516 поени, триумфирајќи и кај жирито и кај публиката – редок подвиг што ...

Еве кои се можните противници на Македонија на СП по победаата над Словачка. ПРВ ШЕШИР Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет, Аргентина. ВТОР ШЕШИР:Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија, Фарски Острови, МАКЕДОНИЈА. ТРЕТ ШЕШИР Грција, Полска, Бразил, Бахреин, Тунис, Зеленортски Острови, Чиле, САД. ЧЕТВРТИ ШЕШИР Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај, Вајлд-карта 1, Вајлд-карта 2. Ждрепката ...

Под мотото „Без граници, без препреки“, Музејот на Народната банка го одбележа Меѓународниот ден на музеите со големо виртуелно едукативно патување што обедини десетици деца од повеќе земји во светот, кои преку интерактивна дружба го запознаа македонското нумизматичко културно наследство. Музејот на Народната банка оваа година го одбележува Меѓународниот ден на музеите ‒ 18 мај, организирајќи големa виртуелна едукативна дружба со деца на ...

Искреноста во астрологијата зависи од елементите: огнените знаци се импулсивни, земјените се прагматични, воздушните вешто комуницираат, додека водените знаци се подложни на расположенија. Секој карактер има специфичен начин на обработка на информациите, поради што поимот вистина често се толкува низ призмата на личните убедувања и мотиви. Тоа што некој не ви ја кажува суровата вистина, не значи дека сака да ви наштети, туку можеби само се ...

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај и водач на УЧК изрази целосна поддршка за најавениот протест на албанските студенти во Македонија, оценувајќи дека албанскиот јазик не е „опционален“, туку автохтон јазик на ова подрачје. Харадинај во објава на социјалните мрежи наведе дека студентите не бараат привилегии, туку достоинство, еднаквост и почитување на нивниот идентитет. „Со срце, душа и гордост сум со вас“, порача Харадинај до ...

Дали нередовните менструлни циклуси значат дека сум во перименопауза/менопауза? Дали ќе се здебелам? е првото прашање на жените во перименопауза и менопауза кои доаѓаат на преглед во амбулантите на Универзитетската клиника за гинеккологија и акушертво (ГАК) во Скопје, вели во интервју за „Република“ доцент д-р Ива Малахова – Ѓореска, гинеколог и акушер на ГАК. Викендов што измина Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) ја ...

„Вториот протокол ни наложува бугаризација на Македонците и себеукинување како народ и држава со свој идентитет, континуитет и историја. А бугаризацијата треба да започне со навидум, безопасно внесување на Бугарите во Уставот и усогласување на целото важечко законодавство со измените. Вистински преседан е, еден подзаконски акт, па уште и незаконски донесен и правно невалиден, да наметнува измена на преамбулата на Уставот и на целото важечко ...

Некои песни не се пишуваат за да станат хит, туку затоа што душата предолго молчела. А можеби едноставно и не се создал вистинскиот момент. На Бобан Рајовиќ, едно од најпрепознатливите музички имиња од соседството, конечно му дојде токму тој момент и по 26 години кариера ја сними песната што, како што вели, долго му лежела на срцето. „Ружа са југа“ е неговата најлична приказна досега. Тоа е песна посветена на Македонија, на луѓето, емоцијата, ...

Под мотото „Сите на Водно!“, викендов се одржа 14-тото издание на спортската манифестација „Sparkasse Life Прв до врв“, која и оваа година го претвори Водно во најголемата спортско-рекреативна сцена во земјата. Со повеќе од 4.500 учесници од Македонија и од странство, настанот уште еднаш ја потврди својата позиција како најмасовно организирано планинско искачување во регионот и еден од најзначајните спортски настани на отворено кај нас. Во ...

Европската Унија мора да биде флексибилна и способна да ги преиспита своите односи со партнерите кои ги поддржуваат Русија и Иран, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, пред почетокот на состанокот на европските министри посветен на прашањата за развој. – Доколку сакаме да бидеме геополитички фактор, мора да дејствуваме постратешки во однос на хуманитарната помош и трговијата, и да ги ...

– Кливленд кавалирс ноќеска на гостински терен го победи Детроит пистонс со 125:94 во седмиот натпревар од четвртфиналето на НБА плејофот. Најдобар стрелец на натпреварот беше бекот на Кавалирс, Донован Мичел, кој постигна 26 поени, Ален и Мерил постигнаа по 23. Во поразениот тим најефикасни беа Џенкинс (17 поени), Канингем (13) и Робинсон (13). Кливленд ја доби серијата подобар од седум со 4-3. Тие ќе се соочат со Њујорк во полуфиналето – ...

Свеченото врачување на наградата „Роман на годината“ за 2025 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ќе се одржи во среда, на 20 мај, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, цо почеток во 19 часот. Годинашен лауреат на ова престижно признание е романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Либрис“. Оваа одлука ја донесе петчленото жири во ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.53
75%
1019
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
1.39
58%
1019
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.12
69%
1017
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.07
70%
1020
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.07
46%
1018
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
0.49
90%
1018
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
1.34
55%
1016
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.29
70%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.74
73%
1018
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
0.24
48%
1018
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
0.89
48%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
4.5
84%
1018
Currency

61.6417

Currency

53.0919

Currency

71.324

Currency

37.5436

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.35

Сребро

2263.61

Калај

54.89

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Паладиум

42889.10

Бакар

13.02

Платина

57581.99

Злато

139701.84