Париското обвинителство отвори истрага за вкупно 84 предучилишни установи, 20 основни училишта, како и десетина градинки, по бројните сведоштва и пријави за можно насилство за време на воннаставни активности во овие установи, објави денеска обвинителката Лор Беку. Во моментов се покренати три истраги, а издадени се и пет покани“, рече таа, додавајќи дека еден наставник е приведен до почетокот на судењето. Беку нагласи дека овој случај е ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва би можела да го продолжи дијалогот со Европа во врска со војната во Украина, објави украинскиот весник „Киев Индепендент“. Песков вели дека Кремљ е заинтересиран за продолжување на комуникацијата и изрази надеж дека на крајот ќе се постигне „прагматичен пристап“. Руската страна ќе биде подготвена за тоа“, вели портпаролот на Кремљ. Песков ја критикуваше високата претставничка на ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го посети македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ во Крањ. Како што истакна претседателката, ова друштво повеќе од три децении е македонско катче во Словенија, во коешто, со песна, оро, поезија и културно творештво се негуваат и чуваат македонскиот јазик, традицијата и чувството на припадност кон матицата, пренесувајќи ги на помладите генерации. Низ годините, од фестивалот „Етнофолк“ и ...

Тестовите на британското борбено возило „Ајакс“ во Шведска не успеале бидејќи војниците што учествувале во маневрите, наводно настинале, објави „Тајмс“. Според изданието, во есента 2021 година, тестовите на оклопното возило биле прекинати кога од 20 до 80 луѓе одеднаш се пожалиле на „силна настинка“. Симптомите на „настинката“ ги принудиле екипажите и десантната сила да се менуваат на секои 1,5 часа, бидејќи се пожалиле на ужасни вибрации и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно му се закани на Иран дека ништо нема да остане од земјата доколку неговите лидери брзо не преземат одредени чекори. Времето истекува за Иран и подобро да побрзаат или од нив нема да остане ништо. Времето е од суштинско значење“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“. Трамп објави видео клип на платформата во кој се гледа како наводно наредува воен напад на ирански авион. Видеото ...

Земајќи во предвид дека руско-украинската војна што трае над четири години и дека таа и оваа година не губи на својот интензитет, Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) пресмета дека повеќе од половината од сегашниот број украински бегалци ќе останат во Европа до крајот на 2029 година. Проценката се темели на неколку претпоставки: дека Русија ја задржува контролата врз териториите и дека статусот на привремена заштита на ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека целта на американско-израелските напади врз Иран била ширење несигурност во земјата преку поддршка на терористичките групи, додавајќи дека тие не успеале во тоа. За време на состанокот со пакистанскиот министер за внатрешни работи, Мохсин Накви, Пезешкијан исто така кажа дека овие планови не успеале благодарение на „соработката и одговорноста на соседите на Иран да спречат каква било ...

Македонската ракометна репрезентација со две победи и вкупна гол-разлика од 22 гола во баражот ја совлада Словачка и по десетти пат избори пласман на Светско првенство. Сакам да им честитам на момците за денешните 15 гола разлика, таа разлика не се постигнува туку-така. Мора да бидеме задоволни без разлика на нивото на ривалот Словачка. Презадоволен сум од пристапот на двата натпревара од сите играчи. Во претходните 1,5 година успеавме да ...

Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата собрале бројни основи за апсење на сопругата на Володимир Зеленски – Олена Зеленска, информираат за „Спутник“ членови на руските безбедносни агенции. НАБУ и САП во моментов ја завршуваат истрагата против сопругата на лидерот на киевскиот режим, Олена Зеленска. Антикорупциските агенции имаат доволно основи да ја притворат ...

Јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп за резултатите од неговата неодамнешна посета на Кина и самитот со кинескиот претседател Си Џинпинг, објави јужнокорејското претседателство. Телефонскиот разговор беше договорен на барање на Сеул за да може јужнокорејскиот претседател да слушне информации за самитот САД-Кина што беше одржан неделава во Пекинг, пренесе Јонхап. ...

Девојка од Киев која порано работела како еротски модел, по име „Фреја“ можеби била вмешана во саботажата на гасоводите „Северен тек“, пишува „Билд“. Според германскиот весник, „Фреја“ порано водела активен ноќен живот во Киев и позирала за списанија за возрасни, што ги изненадило германските истражители за време на истрагата за терористичкиот напад врз гасоводот. Позадината на „Фреја“ требало да биде искористена како маска – во случај да ...

Геополитичката криза на Блискиот Исток предизвикува неочекуван несакан ефект – враќање на поморското пиратство покрај брегот на Источна Африка. Проблем што изгледаше решен пред 10 години повторно ја загрозува светската трговија. Така, на почетокот на мај, група вооружени луѓе го запленија танкерот „Еурека“, што пловеше под знамето на Того. Сценариото на нападот е идентично со оние што светот ги виде за време на „златното доба“ на пиратството ...

Македонија и Словенија се две земји чии односи ги карактеризира традиционално пријателство и длабока соработка во сите области, вклучително и во економијата. Словенија е еден од нашите најдоследни поддржувачи во евроинтеграцијата и петти најголем инвеститор“, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето пред присутните на средбата на Македонско-словенечкиот бизнис клуб во Љубљана. Според Сиљановска Давкова, она што нè прави ...

Иранските власти објавија воведување нови процедури за премин на бродови низ Ормутскиот Теснец, според кои сопствениците на бродовите мора да поднесат барање за дозвола преку министерствата за надворешни работи на нивните земји, објави иранската државна телевизија ИРИБ. Според медиумските извештаи, по приемот на барањето за дозвола, иранското Министерство за надворешни работи ја проследува документацијата до морнарицата на Иранската исламска ...

Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи, по информацијата дека била спроведена евакуација во трговскиот центар „Ист Гејт“. Во СВР Скопје нема дојава за поставени експлозивни направи во било кој трговски центар – се наведува во информацијата на МВР. Претходно денеска трговскиот центар „Ист гејт“ беше за кратко евакуиран. Како што објавија дел од медуумите евакуацијата, се ...

Наместо Мицкоски, Филков и Максим да ја дефокусираат јавноста од Реформската агенда со секојдневни бесмислени кампањи, подобро е да ги испратат документите за екстрадиција на Никола Груевски, стои во партиско соопштение на СДСМ. Не можете повеќе да бегате од вистината. Време е, откако признавте дека НАТО е феноменален, дека Преспанскиот договор е „ремек-дело на дипломатијата“, дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет се ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Љубљана денеска се сретна со пратеничката во словенечкиот Парламент, Сандра Газинковски. Со Сандра Газинковски, пратеничка во словенечкиот парламент, разговаравме за улогата и сè поголемото влијание на македонската заедница во словенечкиот општествен и политички живот. Посебно ми е драго кога гледам луѓе кои, и покрај тоа што семејните судбини ги однеле ...

Шеј Гилџес-Александер ја доби МВП наградата како најкорисен играч сезонава во НБА лигата. Тој стана 14. играч во историјата на НБА лигата, кој ова признание го освојува две сезони една по друга, пренесува ЕСПН. Најдобриот кошаркар на Оклахома Сити, ја доби наградата пред другите двајца финалисти Виктор Вембањама од Сан Антонио и од Никола Јокиќ од Денвер. Гилџес-Александер е првиот бек по Стеф Кари, кој ја добива наградата. Во текот на целата ...

Македонската ракометна репрезентација избори учество на уште едно Светско првенство откако и во реваншот од баражот ја совлада Словачка, овојпат со убедливи 38:23. Во прекрасна атмосфера во исполнетата сала во СЦ „Борис Трајковски“ македонските ракометари одиграа пред сè за македонските фанови. Македонските ракометари бодрени од навивачите по десет минути игра водеа со пет разлика (7:2). По водството од 9:3 словачкиот селектор побара тајм аут ...

Бахреин им го одзема државјанство на 69 лица и нивните семејства поради „изразување поддршка за иранските напади“, објави Министерството за внатрешни работи на кралството. Кралството беше меѓу земјите од Персискиот Залив кои беа цел на ирански ракети и беспилотни летала како одмазда за воздушните напади на САД и Израел врз Исламската Република што почнаа на 28 февруари. Бахреин е домаќин на Петтата флота на американската морнарица и помогна ...

Индискиот премиер Нарендра Моди ги повика граѓаните на Индија да се префрлат на јавен превоз за да заштедат пари поради недостиг на гориво Пријатели, мора да ја намалиме употребата на бензин и дизел. Во градовите со метро системи, мора да одлучиме да користиме само метро. Ќе патувам претежно со метро“, порача Моди на митингот во Хајдерабад. Индискиот премиер, исто така, ги советуваше граѓаните да обрнат внимание на заштедата на девизи и да ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар го повика претседателот на Врховниот суд, Андраш Варга, веднаш да поднесе оставка, обвинувајќи го дека живее во луксуз на сметка на јавни средства. Претседателот на Врховниот суд редовно ги заплашуваше своите колеги со закани, а поранешниот премиер Виктор Орбан го назначи за претседател на Врховниот суд иако никогаш не работел ниту еден ден на суд, ниту донел ниту една судска пресуда“, се наведува во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го преиспитува своето опкружување во однос на тоа кого би било подбро да биде кандидиран за претседател во 2028 година: потпретседателот Џеј Ди Венс или Американскиот државен секретар Марко Рубио. Според „Њујорк тајмс“, сегашниот американски лидер сè повеќе поставува дилеми за овие прашања. Како што пишува весникот, сепак, советниците на Трамп инсистираат дека нема ништо сериозно во овие разговори – ...

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска во седиштето на Единицата за брзо распоредување во Скопје оддаде почит на загинатите припадници на Единицата кои своите животи ги положија во служба на државата, безбедноста и граѓаните, соопшти МВР. Во присуство на нивните семејства, градоначалникот на Ѓорче Петров, пратеникот Бојан Стојановски, претставници на синдикатите и колегите од специјалните единици на Бирото за јавна ...

Во селото Стара Погошт, округ Сузма, во Брјанската област во Русија, бил убиен 37-годишниот руски авантурист и светски патник, Саша Коњ. Според извештаите на медиумите и изворите на органите за спроведување на законот, тој бил убиен во украински напад со беспилотни летало. Саша починал на лице место покрај својот автомобил. Авантуристот бил во тек на потфат да пешачи од Русија до Бразил. Влечел мобилна куќа тешка околу 300 кг, со која го ...

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров со две промени во составот ќе и се спротивстави денеска на Словачка во реванш бараж дуелот. На местото на Томислав Јагуриновски и Валентин Карасманакис во игра ќе бидат Филип Николов и Марко Стојковиќ, додека одново надвор од комбинација останаа Васил Гогов и Мартин Ивановски. Македонскиот национален тим ќе атакува на осмо СП по ред односно вкупно десетто, а избраниците на ...

Средината на мај донесе вистинско зимско изненадување на планините во Србија. На Копаоник синоќа (16 мај) почна да врне снег со слаб интензитет, кој до утринските часови формираше снежна покривка со висина од еден сантиметар. Денес, 17 мај 2026 година, времето е значително постудено со пообилни врнежи од дожд во пониските предели, додека на планините во јужна Србија вее снег. Средината на мај донесе вистинско зимско изненадување на планините ...

Дури и малите зголемувања на физичката активност можат да имаат мерливи ефекти врз долговечноста, според студија објавена во The Lancet. Истражувачите го испитале влијанието на малите промени во секојдневното движење врз предвремената смрт и откриле дека 5 дополнителни минути брзо одење или која било активност со умерен интензитет секој ден би можеле да спречат до 10% од предвремените смртни случаи вкупно и околу 6% од смртните случаи кај ...

Полицијата во Скопје уапси 19-годишник од селото Бојане, осомничен за убиство на 18-годишно момче од истото село. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, трагичниот настан се случил на 15 мај 2026 година во шума во близина на Сарај, а осомничениот бил приведен во раните утрински часови на 17 мај. Како што соопштија од МВР, осомничениот М.Б. го признал делото, по што полициските службеници ги пронашле телото на жртвата и ...

На 16.05.2026 во 12:20 часот во Полициската станица Тетово, Б.Р. од село Доброште пријави дека три лица- државјани на Бангладеш, се оддалечиле во непознат правец. А.С., А.М. и С.П. биле вработени во приватна фирма во Тетово и имале регулиран престој. Според пријавителот, истиот ден кога отишол да ги земе за да ги превезе до работните места, видел дека тие си заминале без да ги известат одговорните во фирмата. На 16.05.2026 во 12:20 часот во ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.9
83%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.57
63%
1019
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.33
71%
1019
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.37
78%
1020
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.75
56%
1019
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.78
74%
1019
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
53%
1017
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.53
69%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.29
70%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
0.45
67%
1019
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.24
49%
1017
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
3.9
95%
1019
Currency

61.6417

Currency

53.0919

Currency

71.324

Currency

37.5436

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Сребро

2263.61

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Калај

54.89

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Бакар

13.02

Алуминиум

3.35

Злато

139701.84

Паладиум

42889.10

Платина

57581.99