Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Во рамките на ЕУРОМЕЛАНОМА 2026 денеска во Градскиот парк во Скопје се одржуваат бесплатни прегледи на бемки, дамки и сомнителни промени од врвни дерматолози, кои исто така ги советуваат граѓаните за заштита од сонце и препознавање на ризични промени, но и совети за правилна УВ – заштита. До пладне беа прегледани над сто пациенти. Целта на денешниот настан е промовирање на месец мај како месец посветен на превенција, рано откривање и лекување ...
Со големо жалење Стоматолошкиот факултет во Скопје и стоматолошката фела денеска се простуваат од проф. д-р Катарина Дирјанска, редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Стоматолошки факултет во Скопје, која денеска починала ненадејно. Веста за нејзината смрт беше објавена преку официјално известување, во кое се наведува дека професорката „тивко и ненадејно“ го напуштила светот, оставајќи зад себе бројни генерации студенти, ...
Во организација на здружението „Антика“ и Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје, денеска ќе се одржи 53. Државен натпревар по класични јазици за ученици од гимназиите и средните училишта од државата. Натпреварот ќе се одржи во просториите на Филозофскиот факултет со почеток во 9:30 часот, а учество ќе земат 73 ученици од 15 училишта, кои ќе се натпреваруваат во три категории според степенот на изучување на јазикот ...
Друштвото на ликовни уметници на Македонија денеска избира нов претседател и ново раководство. Изборот ќе се направи во рамки на годишното собрание што ќе се одржи во Домот на АРМ во Скопје, а гласањето за претседател и членови на Управниот одбор, Уметничкиот совет и Надзорниот одбор ќе биде тајно. На собранието ќе биде разгледан и извештајот за работата на претседателката на ДЛУМ, проф. д-р Јана Манева-Чупоска и на органите на Друштвото на ...
Кога нешто зборува СДС, добро е да ги согледаат сите факти и јавно да им ги презентираат на македонската јавност, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Политиката не е шведска маса, па да бираш што ти се допаѓа да земеш и за тоа да зборуваш, а што не ти се допаѓа да ставиш под тепих. Политиката и јавните настапи се сериозна и одговорна работа, која бара доследност и јавно презентирање на фактите. Во тој контекст, кога СДС одлучи од шведската маса ...
Дневната програма на фестивалот „Виноскоп“ за денеска е откажана и се преместува за утре поради најавените врнежи и од безбедносни причини, соопштија организаторите. Согласно измените, утрешната програма ќе се реализира на Школка во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 12:00 часот и ќе трае до полноќ. Во првиот дел од програмата, од 12:00 до 18:00 часот, посетителите ќе можат да уживаат во дневната програма со настапи на DJ Oky Doky, DJ ...
,,Васил и пријателите,, беа насловени двата концерта со кои обоистот – маестро Васил Атанасов ги одбележа неговите 5 децении богата плодна музичка кариера во Музејот на македонската борба. Овие јубилејни концерти на маестро Васил Атанасов (едниот во неговиот роден град Струмица, а другиот во Скопје), претставуваат редок и значен настан за македонската музичка сцена-не сако како одбележување на личен јубилеј, туку и како сведоштво за една ...
Битолчанец со пиштол се обидел да изврши разбојништво во канцеларија за брзи кредити, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола. Против 36-годишниот битоилчанец полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола поради основано сомение за сторено кривично дело разбојништво во обид. Според пријавата, како што иформираат од битолската полиција, настанот се случил на 30 април годинава околу ...
Денеска присуствував на традиционалната средба на Унијата на ветерани во Манастирот „Пеленица“ во Драчево, напиша на својот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски. Настанот помина во духот на заедништво, почитување на вредностите што не обединуваат и пријатно дружење со долгогодишни пријатели и поддржувачи. Чест ми беше што бев дел од оваа средба. Денеска присуствував на традиционалната средба на Унијата на ветерани во Манастирот ...
Министерството за спорт продолжува со инвестициите во спортската инфраструктура. По тригодишен застој продолжува изградбата на базенот во Струмица, почнат и оставен недовршен од претходната власт. Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, денеска изврши увид во градежните работи на базенот. Констатирано беше дека работите се одвива според планот и дека базенот ќе биде завршен во ...
Бидејќи по вчерашната прес конференција на Движење ЗНАМ немаше никаков одговор од раководството на СДСМ, денеска повторно ги прашуваме Венко Филипче и СДСМ – Зошто молчат за фирмите и деловните релации во Бугарија – праша ЗНАМ во соопштение. „Молкот на СДСМ и Венко Филипче само дополнително ги засилува сомнежите во јавноста дека зад нивните политики и ставови не стои никаква принципиелна борба за европска иднина, туку заштита на бизнис ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.Ф.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „предизвикување на општа опасност“. Како што се наведува во полицискиот билтен, на 22.11.2025 на излез од село Боговиње, тетовско, пријавениот му го пресекол патот на Н.И.(31) од Боговиње, тетовско, додека се движел со своето патничко возило, при што му упатувал ...
Во времето на забрзаната потрошувачка, на хиперпродукцијата и на цивилизациската бучава што постојано создава нови слики, нови предмети и нови потреби, изложбата „Дамки“ на Перо Кованцалиев се појавува како тивок, но длабоко вознемирувачки визуелен чин. Ова не е изложба што се обидува да го освои гледачот со спектакл, ниту со декоративна убавина, таа функционира како простор на трага, како археологија на исчезнувањето, како визуелна ...
Петтата вечер од фестивалот RUTA во Камерен театар 55 беше одбележана со гостувањето на претставата „Мојот сопруг“ во продукција на Драмскиот театар од Скопје, заснована на расказите на Румена Бужаровска, во режија на Нела Витошевиќ, напишаа од Камерен театар 55 на својот фејсбук профил. Преку моќни исповеди и интимни приказни, претставата ги доведува во прашање врските, стереотипите и положбата на жените во современото општество, отворајќи ...
Се поизвесно е дека во годините што следат, безбедноста ќе биде примарна цел на правниот и политичкиот поредок на меѓународната сцена.Високо на агендата во скоро сите држави ќе биде носењето на одлуки поврзани со безбедносни и одбранбени политики и засилување на воено индустрискиот капацитети на државите. НАТО во својата долгорочна стратегија предвидува дека во следната деценија светот ќе биде исполнет со геополитчки судири пред се помеѓу ...
Министерството за спорт се огласи по синоќешните настани поврзани со прославата на шампионската титула на ФК Вардар. Во известувањето пишува: „Во однос на синоќешните видеоснимки кои се појавија од прославата на ФК Вардар, како Министерство, но и од мое лично име како министер за спорт, сакаме да ја известиме македонската јавност дека недвосмислено го осудуваме ваквиот тип прослави, кои вклучуваат навреди по која било основа, особено доколку ...
Утре во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ – Скопје, ќе се одржи четиринаесеттото издание на традиционалниот спортско-рекреативен настан насловен како „Прв до врв“, информираа од МВР. Во рамки на настанот ќе се реализира велосипедска трка со почеток во 09:45 часот, со траса на движење од пред Музеј на град Скопје по улица „Св. Кирил и Методиј“, лево по булевар „Св. Климент Охридски“, право по булевар „Мајка ...
ОВЕН Може да се потпрете на соработниците. Денешниот ден е поволен за работа, доаѓаат некои нови решенија. Може да очекувате стабилна ситуација во односот со партнерот кој ви е посветен. Проблеми со нервниот систем. БИК Ќе добиете позитивен одговор поврзан со некое барање или молба која сте ја испратиле. Ве очекува поволен период. Доколку планиравте почеток на заедница или брак, денес е одличен ден за тоа! Ќе успеете да решите некои проблеми. ...
Во 2025 година во кино салите во земјава се прикажани за 12.9% помалку кино кино-претстави отколку во 2024-та, соопшти Државниот завод за статистика. Помалку филмови и помалку гледачи во македонските кина во 2025 година. Големото платно не привлекло ниту 300 илјади гледачи во 17 кино-сали низ државата. Притоа, кино-културата е најизразена во главниот град, и тоа во Карпош, каде што функционира Синеплекс, а активна е и Кинотеката на ...
На 18 мај со почеток во 20 часот на големата сцена во МНТ ќе гостува претставата „Татко“, работена според текст од францускиот писател Флоријан Зелер, во режија на Наташа Поплавска, а во продукција на Никшиќко позориште. Претставата „Татко“ е едно од најпознатите дела на Зелер и има освоено престижни награди. По истиот текст е снимен и актуелниот филм, кој освои „оскар“. Актерската екипа е: Владан Гајовиќ, Ања Дрљевиќ, Никола Васиљевиќ, Маја ...
Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, доктор Жаклина Штерјова – Марковска, интернист на Универзитетската клиника за нефрологија, апелира за важноста на донирањето органи и подигнувањето на свесноста за овој хуман и солидарен чин, соопшти Министерството за здравство. Јас сум дел од тимот за трансплантација при Универзитетската клиника за нефрологија. Ние како ...
Американската администрација планира следната среда да поднесе обвинение против поранешниот кубански претседател Раул Кастро, изјави функционер на американското Министерство за правда, потег што треба да го зголеми притисокот на САД врз владата на Куба. Функционерот вели дека обвинението против 94-годишниот Кастро се однесува на инцидент во 1996 година кога кубански борбен авион собори авиони што превезуваа кубански бегалци. Канцеларијата на ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа предупредувања за евакуација до жителите на девет села во јужен Либан, пред, како што наведоа, планираните воздушни напади врз Хезболах. Според воените најави, на жителите на селата Какајет ал-Шубара, Каутариет Ел Сајада, Меруанија, Гасанија, Тефахта, Ирзај, Баблија, Инсар и Ал-Баисари им беше наредено да се повлечат најмалку еден километар од нивните населби, објави „Тајмс оф Израел“. Портпаролот на ...
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, , на прес-конференција изјави дека по однос на скандалозната одлука на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, мазут вреден 167 милиони евра, може да се констатира дека таму функционира еден тандем. Според Милошоски, тандемот се обвинителите Абази и Коларевиќ коишто се нешто како коалиција ДУИ-СДСМ, но не во собраниските клупи, туку во обвинителството за криминал и ...
Најниската температура изутринава е измерена во Берово, Лазарополе и Попова Шапка – четири степени, а највисоката во Демир Капија – 13. Како што соопшти УХМР, во Берово, Лазарополе и Попова Шапка се измеренин 4 степени, во Kрушево и Mаврови Анови шест, во Крива Паланка седум, во Охрид и Битола осум, во Скопје-Петровец, Тетово, Претор и Прилеп девет, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес и Кавадарци десет, во Штип, Виница и Гевгелија 11, во ...
По признанијата на Христијан Мицкоски, Тимчо Муцунски, Гордана Сиљановска дека Преспа е ремек-дело на дипломатијата, дека јазикот, културата и македонскиот националент идентитет се апсолутно заштитени и дека НАТО е нешто најдобро што Македонија го добила бидејќи обезбедува апсолутна безбедност и создава клима за инвестиции, остануива фактот дека Мицкоски и неговата криминална организација не направија ништо на полето на завршување на ...
СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ по повод 15 Мај – Меѓународниот ден на семејството, организираа мото дефиле низ Скопје, испраќајќи порака за важноста на семејството во развојот на секое дете. Под мотото „ Возиме со срце – бидејќи семејството е моторот кој нѐ движи“ дефилето, како што се наведува во соопштението на СОС Детско село, започна од Градскиот парк, со учество на повеќе од 100 моторџии и поддржувачи, кои направија кружна рута низ ...
Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција изјави дека Зоран Заев и Венко Филипче ги избришале одлуките на АСНОМ со кои е конституирана модерната македонска држава. Како што истакна Манасиевски, за Заев и Филипче, националното понижување е гордост. Заев и Филипче ги избришаа одлуките на АСНОМ, го променија знамето, името на државата, а сега на ред им се јазикот, идентитетот, културата и историјата. Заев и Филипче се ...
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека шефот на Јавното обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази со полна пареа си одработува за челното место на кое го ставија СДСМ и ДУИ. Како кадар на Али Ахмети, Зоран Заев, Венко Филипче, Абази ги спасува од одговорност криминалците во редовите на СДС и ДУИ, па така донесе одлука за стопирање на постапката за случајот „Мазут“ за сторен криминал тежок 167 милиони евра. Повеќе од ...
Поради најавените врнежи и од безбедносни причини, дневната програма на Виноскоп за денеска се откажува и се преместува за утре. Утрешната програма на Школка во Градски парк започнува од 12:00 часот и ќе трае до 00:00 часот. Од 12:00 до 18:00 часот, публиката ќе има можност да ужива во дневната програма со Диџеј „Оуки Доуки“, Диџеј „Чваре“ и Диџеј „Страјк“. По 18:00 часот, програмата продолжува со настапите на Диџеј „Резидент“ , „Хет ен ...