Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали Владата ќе ја исполни на реформската агенда, изјави: „Имавме состанок со господинот Герт Јанг Копман којшто во рамките на Европската комисија тоа го движи. Сите сме оптимисти, од оние десет дека можеме девет и пол да испорачаме, од оние, а може и десет, буквално така заклучивме, коишто се во грејс период. Еден ...

Можеби наивно, но сосема искрено, реков дека ѝ посакувам на Црна Гора многу среќа и успех, но дека не сакам да присуствувам на тој гламурозен чин, напиша претседателот на Србија Александар Вучиќ. Иако не навредив никого, не кажав ниту еден грд збор, не се заканив со ништо, како и обично, речиси во сите црногорски медиуми, само неколку часа подоцна, бев распнат, бидејќи како претседател на Србија, немам право на мој слободен став, на мое ...

Секторот за внатрешни работи Битола со јавен апел, предупредува граѓаните да бидат внимателни во врска со кривични дела „измама“ за лажни сообраќајни несреќи. Од СВР Битола посочуваат дека посебно внимателни треба да бидат повозрасните и да не наседнуваат на измами кои сторителите го прават по пат на телефонска комуникација. Измамниците ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како ...

Новите драмски текстови „Сингл“ од Катерина Момева, „Трудници“ од Габриела Стојаноска Станоеска и „Летај Исак, не застанувај“ од Мартин Миљев се избрани од жирито на пичинг-форумот „Драмолетање 2.0.“ што се реализира во рамките на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Тие се избрани меѓу 13-те пристигнати на конкурсот што беше распишан во октомври минатата година. Наградените автори ќе учествуваат на пичинг-форумот што ќе се одржи за време ...

Англиските музички легенди „Битлси“ ќе добијат сопствен музеј во Лондон, кој ќе ги отвори своите врати за обожавателите во 2027 година. Музејот ќе биде сместен во зграда во која групата го одржа својот последен јавен настап на 30 јануари 1969 година. Воедно, зградата претставувала и седиште на Битлси во периодот меѓу 1968 и 1972 година, каде што е снимен и нивниот последен албум „Let It Be“. Важно е обожавателите на Битлси да имаат официјално ...

На 16 мај 2026 година во 11 часот, во хотел Солун во Скопје, здружението ХАЕ Македонија ќе го одбележи Светскиот ден на хередитарниот ангиоедем (ХАЕ) преку настан посветен на терапијата, поддршката и заедништвото на лицата што живеат со ова ретко заболување. Настанот, под мотото „ХАЕ денес: терапија, поддршка и заедништво“, ќе обедини пациенти, семејства, лекари, претставници на институции и поддржувачи, со цел да се подигне свеста за ХАЕ и ...

Во услови кога природниот прираст во Македонија е во значително опаѓање, многу е важно да се зголеми грижата кон жените и целокупната поддршка на женското репродуктивно и семејно здравје, беше кажано денеска на прес-конфренцијата на која Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) говорше за Неделата на женското здравје која се организира по петти пат. Според најновите демографски податоци од 2025 година, во Македонија се ...

Дел од програмата на ЕХО – Фестивалот на планински филм вечерва во 20 часот ќе биде прикажан и во црквата Св.Никола во Варош, Прилеп. „Ехо патува“ е дел од манифестацијата „Денови на Крали Марко“. Прилепчани ќе можат да ја проследат и да уживаат во следната филмска програма: „Патување на животoт“, Жером Танон, Франција, 44′, „Патагонија: достигнат врв“, Денис Лукјанчук, Казахстан, 38′, „Најдобриот ден досега“, Бен Најт/Берн Броуди, САД, 48′. ...

Во пресрет на претстојниот Сениорски куп на Македонија во атлетика, беше најавен почетокот на новата натпреварувачка сезона за македонскиот рекордер во скок во далечина Андреас Трајковски, како и новото партнерство помеѓу АК Работнички и Jumpers World Sportswear. На денешната прес-конференција присуствуваа претседателот на клубот Кире Синадиновски и Андреас Трајковски, кои ги презентираа амбициите за претстојната сезона, меѓународните настапи ...

Ноќва во 04:24 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив било донесено мртво новороденче, кое неговата мајка Ѓ.У.(35) од с.Конче, радовишко, го родила во домот. Лекар констатирал смрт, а мајката била сместена на Одделението за гинекологија во Клиничка болница Штип. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со нејзиниот сопруг К.У.(33) од с.Конче, при што било утврдено дека околу 02:00 часот Ѓ.У. ...

АД ЕСМ најостро и во целост ги отфрла наводите изнесени во денешното соопштение на политичката партија Левица. Станува збор за крајно невистинити, лажни и тенденциозни конструкции кои немаат допирна точка со реалноста, туку служат исклучиво за евтин политички маркетинг и манипулација со јавноста. Најмногу зачудува фактот што Левица, во својата желба за собирање политички поени, си зема за право веќе да го затвори случајот кој сè уште е во ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека се работи на законските измени со кои ќе се предвидуваат санкции за родителите чии деца прават насилни дела. На денешната прес-конференција министерката рече дека со пратениците веќе се работи на дефинирање на законските измени. Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците. Мислам дека во овој момент се во Собранието за да ги дооформат овие предлози. Веќе е донесена ...

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на гостувањето во дебатната емисија „24 Анализа“ се осврна и на лажниот патриотизам на власта, оценувајќи дека зад таквата реторика се кријат политички манипулации и недоследности во однесувањето на владејачката гарнитура, се наведува во соопштението од СДСМ. -Она што мистериозно исчезна од Собранието е идејата, предлогот на Мицкоски за двојно државјанство. Од патриот којшто е, ...

По огласот кој пропадна, Универзална сала доби вршител на должност директор – водителот Миро Кацаров, кој таа функција ќе ја врши само до следниот оглас, кога Универзална сала ќе добие свој директор, објаснува градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во најавата за „Наткаст“ на „Курир“ Ние сме демокртаско општество и треба секогаш да го земеме предвид мислењето на граѓаните. Апсолутно јас секогаш застанувам на местото на граѓаните. Кога ...

Реформите не се само промени на Уставот. Ние сме фокусирани на суштинските работи – истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за исполнувањето на реформската агенда по посетата на општина Кичево. Тој вели дека се оптимисти за испорачување на сите од десетте точки во реформската агенда. – Имавме состанок со господинот Герт Јан Копман, кој во рамките на Европската комисија тоа го турка. Сите сме оптимисти дека од ...

Global Engineer Girls North Macedonia беше дел од средбата на Global Engineer Girls (GEG) во Истанбул, каде идните жени-инженери од Турција, Косово, Саудиска Арабија, Шпанија, Брегот на Слоновата Коска, Мозамбик и Обединетото Кралство се собраа на настан посветен на важноста на глобалната солидарност, женското лидерство, меѓукултурната размена и заедничката визија за создавање инклузивна иднина во инженерството и технологијата. Домаќин на ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека автопатот од Кичево до Охрид ќе биде завршен во планираниот рок до првиот квартал в година. Истовремено, потенцира, течат работите за изградба на делницата од Тетово до Гостивар, Гостивар – Букојчани. – Пред некој ден со новинарите имавме увид во градежните активности што се одвиваат на автопатот, најпрвин Гостивар – Букојчани, а потоа Кичево – Охрид. Повеќе од една милијарда се инвестира во оваа патна ...

Прекрасни средби со претставници на Македонија 2025 и нивни блиски соработнициПријателите на Македонија отсекогаш биле важен столб во поддршкaта и развој на нашата држава.Во рамки на Самитот „Македонија 2025“ остварив значајна средба со нашите долгогодишни пријатели на Македонија, Џон и Јордан Битов сопственик на најголемиот дневен весник во Канада „Toronto Star“, како и со Марко Мендасино, поранешен министер, член на Парламентот на Канада и ...

На 15 мај Скопје ќе пулсира во ритамот на рокенролот што обележа генерации. Легендарниот Ален Исламовиќ, гласот што стои зад некои од најголемите хитови на Бијело дугме и Дивље јагоде, пристигнува во Македонската филхармонија за концерт што ветува вистинска музичка магија. Со препознатливата емоција и моќ што ја носи во секоја нота, Исламовиќ ќе ја потсети публиката на времињата кога песните имаа душа, а музиката обединуваше. „Липе цвату“, ...

„Слободно можам да кажам дека ќе ги изгориме! Ќе останат и без мотори и без можноста да глумат дека се моторџии“, рече на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, зборувајќи за возачите на мотори и мотоцикли, кои дивеат низ градовите и не ги почитуваат сообраќајните правила. Toшковски најави засилени контроли и строги мерки против, како што ги нарече, „оние кои глумат моторџии“, бидејќи според министерот ...

Од ова што можеме да видиме, прилично амбициозна агенда и уверен сум дека сите овие проекти кои што се отпочнати, ќе бидат и завршени. Јас би сакал да му се заблагодарам на градоначалникот, се разбира, за сето тоа кое што заедно со советниците кои што го поддржуваат во рамките на Советот и администрацијата го прави. После долги години застој, гледаме дека почнуваат да се забележуваат првите знаци на развој и во периодот којшто следи ние како ...

Министерството за економија и труд денеска објави Јавен повик за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, во рамки на Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста за 2026 година. За реализација на оваа мерка се обезбедени 11,34 милиони денари, а поддршката ќе се реализира преку кофинансирање на 40 проценти од докажаните трошоци за набавка на нови машини и алати, но не повеќе од 200 илјади денари по ...

На 16 мај 2026, со почеток во 20 часот на сцената во МОБ ќе биде изведена „Тоска“, во рамките на Мајски оперски вечери. „Тоска“ не бара предзнаење. Не мора да знаете ништо за опера за да почувствувате што се случува на сцената. Приказната е толку силна, а музиката толку жива, што ве вовлекува уште од првиот момент. Многумина доаѓаат „само еднаш да видат“. А потоа повторно се враќаат. Ако посакувате вечер што ќе ве одмори од секојдневието и ќе ...

Јас, кој нема сопствен стан, кола, куќа и нема никакви приходи од Државата, сум бил антиалбанец и сум работел за Македонците, вели младиот адвокат Умејр Мухамеди, во реакција на „Фејбук“. Така викат неписмениве, ама тие Албанци што се имат збогатено на грбот на македонскиот народ, тие на кои Мијалков им беше татко и Бог, што со Македонци заедно имат украдено, што уште ја слушаат Цеца и ги отварат прозоритe на возилата за и надвор да се слуша ...

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ќе биде домаќин на престижна летна школа за млади научници и истражувачи од Западен Балкан, што се организира под покровителство на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија. Можноста произлезе од стратешкото партнерство на македонското Министерство за образование и наука и овој референтен центар за наука и истражување на ЕУ, што се воспостави со потпишување на рамковен договор за соработка ...

Комисијата за заразни болести формирана при Министерството за здравство одржа седница со цел разгледување на состојбата со појавата на кластер со хантавирус – андес варијанта во светски рамки и оцени дека во нашата држава е низок ризикот од појава и ширење на вирусот и здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата. Институтот за јавно здравје располага со реагенси за лабораториско докажување на вирусот, ...

Заев започна со бришење на терминот „македонски’’ од сите државни институции, а сега неговиот потрчко и чувар на фотелјата во СДС, Венко Филипче е спремен на тоа празно место да напише „северномакедонски’’.Само СДС и Филипче немаат проблем кога некој не нарекува „северномакедонци’’, затоа за нив тоа е успех и се горди на тоа.oбвини ВМРО-ДПМНЕ. Само Филипче и СДС, и нивниот врховен лидер Заев, немаат проблем да водат антинационална и ...

Во галерискиот простор на Македонскиот КИЦ во Софија отворена беше самостојната изложба „Дамки“ на македонскиот уметник Перо Кованцалиев, автор кој преку својот препознатлив визуелен јазик и експериментален пристап создава дела со длабока филозофска, општествена и еколошка димензија, што остава силен впечаток со својата концептуална зрелост и автентична визуелна енергија. На отворањето на изложбата се обрати директорот на Македонскиот ...

По повод Меѓународниот ден на музеите, Археолошкиот музеј на Македонија во соработка со Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, ќе организираат изложба, како и панел дискусија посветени на археолошкиот локалитет Исар – Марвинци, еден од најзначајните археолошки локалитети во Македонија и поширокиот балкански простор. Настанот ќе се одржи на 18 мај 2026 година во просториите на Македонскиот културно-информативен центар во ...

Во изминатиов период од неколку дена гледаме дека случајот „Мазут“ доживеа една тивка амнестија со одлуката на ЈО ГОKК да се прекине истрагата за овој предмет.Заклучокот е јасен. Иако јавноста е изненадена на непријатен начин, сепак главниот обвинител во ЈО ГОKK, Ислам Абази, веројатно има лична и политичка концесија кон Ахмети, Заев и Филипче, како ментори на неговата кариера, вели Антонио Милошоски. Се разбира, оваа конесија е заради ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.63
83%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 16ᴼ
1.92
65%
1019
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.65
74%
1019
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.66
80%
1021
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.16
57%
1019
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 17ᴼ
1.2
86%
1020
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
0.89
54%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.23
69%
1018
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.38
71%
1019
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 16ᴼ
1.04
74%
1019
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
1.79
59%
1018
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
3.57
100%
1019
Currency

61.645

Currency

53.0919

Currency

71.324

Currency

37.5436

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52511

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Рутениум

48965.59

Сребро

2263.61

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.35

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Паладиум

42889.10

Бакар

13.02

Иридиум

253540.09

Калај

54.89

Злато

139701.84

Платина

57581.99