Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Од Кривичниот суд информираат дека е одземен пасошот на В.Д. претседателот на основниот суд во Гостивар, Елјеса Алији, кој е осомничен за примање на мито. -Постапувајќи по предлог на надлежното обвинителство за определување мерки претпазливост, на 14.05.2026 година, судот донесе решение со кое го уважи предлогот на обвинителството и на лицето Е.А. вработен како В.Д. Претседател на Основен суд Гостивар му определи мерки на претпазливост и тоа: ...
Во интервју за „Ноќно студио“ на 4ТВ, портпаролката на Владата, Марија Митева, говореше за демографскиот пад, иселувањето на младите, состојбите што ги затекнале во институциите и економските предизвици со кои се соочува државата. Осврнувајќи се на честите предлози на социјалните мрежи, како даночни олеснувања за фриленсери со цел младите да се вратат во Македонија, Митева нагласи дека проблемот не може да се реши со една мерка или еден ...
Како резултат на континуираните заложби на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за поголема отвореност и непосредна комуникација со граѓаните, денеска во Скопје беше отворена Народната канцеларија на Претседателот. Во присуство на бројни граѓани и претставници на граѓанскиот сектор, Сиљановска-Давкова истакна „канцеларијата ќе биде жив простор на дијалог, дебата, едукација и граѓанско учество, место, коешто ќе ги поврзува институциите ...
Македонската машка ракометна репрезентација е на еден чекор до пласман на Светското првенство (СП) во 2027 година откако во првиот бараж-меч во гости ја декласираа Словачка со убедливи 31-24. Победникот беше јасен уште по првите 30 минути кои нашите ракометари ги завршија со пет голови предност (18-13). Најефикасни во победничкиот состав беа Филип Кузмановски со десет и Милан Лазаревски со седум голови. Вториот натпревар од бараж-пресметката ...
Друштво на ликовни уметници на Македонија на 16 мај ќе го одржи своето годишно Собрание, на кое ќе се избира новото раководство на организацијата за мандат од четири години. Собранието ќе се одржи во Домот на АРМ во Скопје, со почеток во 11 часот. Настанот се организира во годината кога ДЛУМ одбележува 80 години постоење. Во фокусот на дневниот ред е изборот на нов претседател на Друштвото, по претходно распишан конкурс, како и изборот на ...
Сите лажни пораки, кои ги добиваат граѓаните, а кои се однесуваат дека извршиле некаков сообраќаен прекршок за кој треба да платат казна стигнуваат од странски броеви и многу лесно може да се идентификува дека тоа не е Министерството за внатрешни работи, туку некој што се обидува на нелегален начин да ги измами граѓаните, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во „Само интервју“ за Канал 5. Во однос на фишингот, односно ...
Екипата на Вардар 961 ја продолжи соработката со кондициониот тренер Јовановски и го промовираше талентираниот Нечовски во првиот тим. Кондициониот тренер Матеј Јовановски и во наредната сезона ќе биде дел од стручниот штаб на Иван Чупиќ, откако низ текот на цела сезона прикажа сериозен процес на работа и унапредување на физичката подготвеност на играчите. Покрај него, промоција во првиот тим со договор на три сезони и шанса за докажување во ...
Македонската ракометна репрезентација води со 18:13 по првите 30 минути на гостувањето во Прешов против Словачка во баражот за Светското првенство 2027. По изедначените дваесетина минути, нашите репрезентативци заиграа поагресивно во одбраната и попрецизно во нападот и направија солидна разлика. Капитенот Филип Кузмановски со седум голови е најефикасен во македонскиот состав. Останува во второто полувреме Македонците да ја потврдат ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва истакна дека лично верува оти премиерот Христијан Мицкоски никогаш не би влегувал во какви било незаконски комуникации или пак би влијаел врз некој обвинител за да постапува на одреден начин. Тошковски ова го истакна во „Само интервју“ на Канал 5 на прашањето за телефонскиот разговор на Мицкоски со јавниот обвинител Ненад Савески за случајот „Мазут“, за што опозициската СДСМ обвини дека ...
Вчера во 12:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека во близина на средно училиште во Тетово, медицинска екипа интервенирала кај 16- годишен малолетник од село Горно Палчиште, кој бил во бессознание поради прекумерна употреба на алкохол, информираа од МВР. По укажаната лекарска помош во Клинички центар Тетово, малолетникот е предаден на родителот, кој е повикани на службен разговор за расчистување на настанот. Вчера во 12:00 часот во СВР ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, упати остри критики по одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал да ја запре истрагата за случајот „Мазут“. Во интервју за телевизија Канал 5, Тошковски јавно го изрази своето незадоволство, нагласувајќи дека акцијата на МВР била спроведена во целосна координација со обвинителите. Министерот потенцираше дека одлуката за запирање на истрагата, образложена со „недостиг на ...
„Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ е современа мултимедијална изложба инспирирана од духовното и културното наследство на Св. Кирил и Методиј, глаголицата и словенската писменост. Преку современ визуелен израз, проектот создава дијалог помеѓу традицијата и современата уметност. На изложбата ќе бидат претставени дела од македонските уметници Александра Костадиновска, Ана Митевска, Ангел Коруновски и Лазе Трипков, ...
Од 21 до 24 мај 2026 година, Здружението за културна соработка Интеркултура Скопје ќе биде домаќин на меѓународниот фестивал “PASS- Pass the Street (Art), Shake the Hand”, европски проект кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија, кој преку улична уметност, мурали и јавен дијалог ја промовира социјалната кохезија, инклузијата и културната размена помеѓу различни заедници. Во рамки на фестивалот, меѓународни уметници од ...
Од 15 до 17 мај, Споменикот на слободата во Кочани ќе се претвори во кино под отворено небо, каде публиката бесплатно ќе може да проследи пет македонски филмови во рамки на настанот „Филм под отворено небо“. Настанот е организиран од ЛМС – Кочани , со поддршка од Европската унија, со цел збогатување на културниот живот во градот и создавање простор за заеднички филмски доживувања за сите генерации. В петок, на отворањето во 18 часот ќе биде ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио во интервју за „Ен-би-си њуз“ изјави дека нема промена во политиката на САД кон Тајван. Политиката на САД кон Тајван е непроменета по денешниот состанок. Тоа беше споменато. Тие секогаш го споменуваат (Тајван). Ние секогаш јасно го искажуваме нашиот став и преминуваме на други теми“, изјави Рубио по средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со кинескиот колега Си Џинпинг во Пекинг. Рубио, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп на приемот во Пекинг наздрави за блиските и историски врски помеѓу САД и Кина. Тој средбите во Пекинг ги оцени како исклучително позитивни и продуктивни и му се заблагодари на кинескиот претседател Си Џинпинг на големата чест и величествена церемонија за добредојде. Според Трамп односот помеѓу САД и Кина е „еден од најзначајните во светската историја“. Тој потенцира дека двете земји имаат „многу ...
Белградската полиција приведе возач осомничен за обид за тешко убиство, откако со автомобил се обидел да пробие блокада кај Правниот факултет, каде што секојдневно им се оддава почит на загинатите при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи се наведува дека е уапсен М.С. (41), кој со автомобил удрил 90-годишен маж, а одредено му е задржување до 48 часа поради ...
Во рамките на проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, на отворено, во хотелот „Гратче“, кај Кочани, денеска беа претставени придобивките од билкарството. Билјана Пешова, која има билкарница во Кочани и е една од обучувачите на група заинтересирана за стекнување вештини за собирање билки, ги претстави условите, можностите и начините за занимавање со билкарство. На презентацијата присуствуваше и словенечкиот амбасадор Грегор Прескер, ...
Претставниците на Регионалниот проект на ОБСЕ за мониторинг на судски постапки од областа на корупцијата и организираниот криминал остварија средба со државниот јавен обвинител Ненад Савески, со кого разговараа за областите во кои овој проект ја следи и поддржува работата на обвинителството. Државниот обвинител, информираат од ОЈО, им се заблагодари за досегашните активности, нагласувајќи ја особената важност на присуството на стручната ...
Советот на општина Штип ја почна постапката за продажба на мнозинскиот дел од акции на Фудбалскиот клуб „Брегалница“ – Штип, кои во моментов се во сопственост на Општината. На седница на Советот советниците од коалициите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ дадоа зелено светло, односно прифатија да почне постапката за продажба на акциите на ФК „Брегалница“. Советниците од СДСМ на прес-конференција порачаа дека одлуката ја поддржуваат, но побараа постапката ...
Претседателот на Казахстан Касам-Жомарт Токаев и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган на средба во Астана потпишаа 13 нови билатерални договори за соработка во областа на енергетиката, образованието, градежништвото и културата. Казахстан има специјална улога за енергетската политика, што ја водам изминатите години. Значењето на Транскаспсикиот меѓународен коридор Исток – Запад, што денес е современ еквивалент на Патот на свилата, расте ...
Осумнаесеттемина рудари, кои 16 часа беа заглавени во подземна галерија на косовскиот рудник „Трепча“ поради сериозни технички проблеми во снабдувањето со електрична енергија, излегоа над земја. Никој од рударите не е повреден. Тие излегле од рудникот откако на кратко време беше обновено напојувањето со електрична енергија. Претходно, претседателот на Синдикатот на рударите, Ибрахим Јонизи, изјави дека првично во рудникот биле заглавени 40 ...
Ученици и наставници од училиштето Иес Симон Перез од Шпанија, кои престојуваат во општина Илинден во рамки на проектот Еразмус+, што се реализира во соработка со ООУ „Гоце Делчев“ денеска беа на прием кај градоначалникот Александар Георгиевски. На средбата, информираат од локалната самоуправа, градоначалникот Георгиевски им посака топло добредојде на гостите, истакнувајќи дека ваквите меѓународни образовни размени претставуваат значајна ...
Делегација од Општина Чешиново-Облешево, предводена од градоначалникот Јорданче Костадинов, учествуваше на 23. меѓународен фестивал на штркот – „European Stork Villages Network“, што се одржа во Пловдив и Белозем, едно од најпознатите „села на штркот“ во Европа. На фестивалот во Бугарија беа разменети искуства и добри практики за заштита на белиот штрк, зачувување на природните живеалишта и развој на еко-туризмот. Особено внимание било ...
Во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани денеска беа презентирани дел од активностите предвидени со проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, во чии рамки се спроведуваат обуки за собирачи на билки и шумски плодови и за дизајн на домашни билни градини. Проектот е поддржан од Амбасадата на Словенија во Македонија, Министерството за надворешни и европски работи на Словенија, МРК Дијалог / Центар за истражување на природата и културата ...
Насилството не може да се решава само кога ќе се случи инцидентот, туку преку навремена превенција, функционални механизми за заштита и активно вклучување на учениците“, беше нагласено денеска на панел дискусијата „Ученички активизам за безбедни училишта“, организирана во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, соопшти Меѓаши. На панелот претставници на институции, училишта, граѓански организации и ученици дискутирале за ...
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михаил Рокас, при посета на историско и туристичко Крушево изјави дека Крушево преку проекти има одлична соработка со делегацијата на Европската Унија, и при досегашните проекти кои ги финансира Унијата и при идните. Не постои никаков сомнеж дека Крушево е прекрасно историско место. Неколку проекти се тековни кои се реализираат со финансиска поддршка на Европската Унија, но има и идни проекти кои ...
„Вреди“ оценува дека реформите во високото образование се материјализираат во практика, одразувајќи ги барањата на академската заедница и албанските универзитети, се вели во соопштението на партијата Во таа насока, учеството на Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали на панел-дискусијата организирана на Универзитетот „Мајка Тереза“ за институционална консолидација и законодавството во високото образование, го потврдува ангажманот за ...
Хрватска и Европската Унија потпишаа договор за заем вреден 1,7 милијарди евра наменет за зајакнување на одбранбените капацитети на земјата. Договорот за заем во рамките на инструментот „Безбедносни мерки за Европа“ (SAFE) во Бански двори го потпишаа хрватскиот министер за одбрана, Иван Анушиќ, министерот за финансии, Томислав Ќориќ, и еврокомесарот за одбрана, Андриус Кубилиус. Станува збор за заем од 1,7 милијарди евра наменет првенствено ...
Општина Берово ја заврши изградбата на нов тротоар на потегот од улицата Дамјан Груев со улицата Маршал Тито до влезот на градските гробишта, со што значително се подобрува безбедноста и условите за движење на пешаците во овој дел од градот. Од Општината информираат дека со реализацијата на проектот е обезбедена побезбедна и поуредена пешачка инфраструктура, особено за граѓаните кои секојдневно го користат овој потег. Со изградбата на новиот ...