Британското Министерство за одбрана покрена истрага откако руската фрегата „Адмирал Григорович“ испука предупредувачки истрели во правец на британска цивилна јахта која ѝ се приближила на околу 500 метри во Ламанш, јужно од островот Вајт, пренесоа денеска британските медиуми. Според наводите на весниците „Телеграф“ и „Гардијан“, инцидентот се случил околу 20 наутички милји јужно од островот Вајт, надвор од британските територијални води. Во ...
Руската фрегата „Адмирал Григорович“ денес, 16 јуни, забележала јахта под знамето на Велика Британија во Ламанш, која се движела опасно блиску до бродот, по што биле испукани предупредувачки истрели, објави руското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека екипажот на фрегатата неколку пати се обидел да контактира со јахтата, но немало одговор. Екипажот на фрегатата, додаде, испукал ракети и активирал сирена, но јахтата ...

