Тежок сообраќаен инцидент го вознемири Свети Николе, откако млада личност без дозвола предизвикала несреќа со сериозни последици. Настанот се случил на 12 мај околу пладне на улицата „Кочо Рацин“, кога мопед управуван од 18-годишник удрил во 69-годишна жена. Ударот бил силен, а повредената веднаш била пренесена во болница. Лекарите во Клиничката болница во Штип констатирале тешки телесни повреди, по што таа останала на понатамошно лекување. ...

Осврнувајќи се на Изборниот законик, премиерот Мицкоски истакна дека работните групи работат и оти тие се составени од сите политички партии мунус СДСМ и коалицијата што ја предводи. – Знаете дека Изборниот законик е еден од оние закони во кој е можен филибастеринг, така што кога тој ќе влезе во Собранието, СДСМ, доколку одлучи да не го гласа, може и да направи филибастеринг и да го спречи носењето. Тој е еден од седумте или осум закони во ...

Потребна длабока реформа во судството вели Изет Меџити, копретседател на Влен и градоначалник на Чаир, во интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ, за одлуката на обвинителството да ја запре постапката во истрагата за ТЕЦ „Неготино“ со што од вина, меѓу другите, се ослободуваат Асмир Јахоски, син на пратеникна ДУИ, поранешниот прв човек на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и Ратко Капушевски, сопственик на компанијата РКМ. „Треба подлабока реформа во ...

На Универзитетската клиника за хематологија, според информации од стручниот колегиум, нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту пак, е утврден застој во обезбедувањето на неопходниот медицински третман. Клиниката за хематологија останува целосно посветена на континуирано, стручно и одговорно лекување на пациентите, согласно медицинските протоколи и стандарди, соопшти Министерството за здравство. Во врска со објавите со наслов ...

Ракометната федерација на Македонија соопшти дека македонската машка сениорска репрезентација денеска заминува за Словачка, каде што на 14 мај во Прешов ќе го одигра првиот бараж-натпревар против словачката селекција за пласман на Светското првенство 2027. Заедно со репрезентацијата кон Словачка патува и делегација на РФМ предводена од претседателот Александар Стефанов, со цел да му даде поддршка на националниот тим пред важниот натпревар. Од ...

Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил кој денеска зборуваше на панелот Leading in the Hot Seat: Decisions That Shape Economies на Самитот Македонија2026 ја истакна важноста од соработката на лидерите на балканските земји, но и посочи на изреката „Размислувај глобално, делувај локално“. Главна поента од овој панел беше дека лидерството се тестира во моменти на притисок, а донесувањето одлуки ги дефинира и економиите и индустриите. – ...

Вчера во 12:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат на Водно, полицискиот службеник М.Т.(32) од с.Радишани, скопско, управувајќи мотоцикл „хонда“, сопственост на МВР, обидувајќи се да избегне лисица што излегла на патот, изгубил контрола и паднал. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, велат од МВР. ...

Со читање сведоштва на две девојки продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“. Една од нив, која ја преживеала трагедијата, вели дека објектот редовно работел без контрола на лични документи и без обележани противпожарни излези. Според неа, критичната вечер влегле без проверка, а дискотеката немала јасни патеки за евакуација. Девојката навела дека за време на настапот на групата ДНК биле користени пиротехнички ефекти, какви што, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, пристигна во Пекинг на официјална посета на Кина. Кога се симна од својот авион „ Ер форс 1“, Трамп беше пречекан со црвен тепих и со цвеќе. Официјалното добредојде за Трамп го искажа кинескиот потпретседател Хан Женг. Трамп на посетата на Кина е придружуван од неговиот стар соработник Елон Маск и неговиот син Ерик Трамп. Со оваа посета, Трамп станува првиот американски претседател што ја посетил Кина ...

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека со предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, што го усвои Владата, состојбата во државата ќе се подобри во морална смисла, а најавува и решение со кое ќе се ограничи до коцкарниците да има канцеларии за издавање брзи кредити. На новинарско прашање Мицкоски денеска рече дека Владата стои во одбрана на законот забележувајќи дека ќе се смени перцепцијата за тоа дека коцкарниците се главна индустрија ...

Ноќва во 00:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Ѓорѓов“ и ул.„Народен Фронт“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачиа“ со италијански национални ознаки, управувано од Џ.Ч.(27) од Италија, со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.А.(23) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни ...

Според Националната годишна програма за јавно здравје за 2026 година, Институтот за јавно здравје започна кампања на тема: „Пубертетот и менстуалниот циклус кај девојчињата“. Денес се одржани едукативни предавања од страна на експерти од Институтот за јавно здравје, каде беа опфатени ученичките од 5-то одделение во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода, Скопје. Предавањата беа посветена на темата пубертет и што опфаќа тој период, со посебен ...

На 4-ти јуни, во 20 часот Националниот џез оркестар пристигнува во Големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“, со концерт што ќе го отвори првото издание на JAZZ STReam Festival. Бесплатните билети може да се резервираат на: https://antonpanov.mk📞 072/233-012 ✉️ [email protected] Наскоро ќе можат да се подигнат и од неколку култни локации во Струмица! На 4-ти јуни, во 20 часот Националниот џез оркестар пристигнува во Големата сала ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, не дал оставка, туку од здравствени причини е на боледување. Додека се врати од боледување, нагласува Мицкоски, во Општината има законски избран заменик, кој ќе го заменува во извршувањето на обврските и надлежностите. – Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, нема дадено оставка. Тој е на боледување. Во моментот во Општината има законски ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека подолг период вршел други полови дејствија врз три девојчиња кои не наполните 15 години, со што се исполнети елементи на кривичното дело од член 188 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Последователно, од септември 2023 година до 11 мај 2026 година, осомничениот користел прилика во која на девојчињата на ...

Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ, политичката партија „Влен“ и ЗНАМ функционира искуклучително квалитетно. Впрочем, тоа го докажуваат и граѓаните на избори. Ние како Влада сакаме следните избори да бидат редовни и да се одржат во 2028 година, но како партија и Влада сме поготвени во секое време да има избори и на тие избори да победиме – вели премиерот Христијан Мицкоски. Тој нагласува дека врз основа на ресурсите со кои расополагаат ги решаваат ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Bekim Sali, заедно со претседателот на Владата и претставници на релевантните институции, одржаа онлајн состанок со високи претставници на Европската комисија во врска со спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан. На состанокот учествуваше генералниот директор за проширување и источно соседство во Европската комисија, Gert Jan Koopman, како и ...

Вчера во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош Кочани е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б.(50) од с.Соколарци, општина Чешиново – Облешево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, односно при пад од висина. Поради сериозноста на повредите В.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за понатамошно лекување. По овластување ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека подолг период вршел други полови дејствија врз три девојчиња кои не наполните 15 години, со што се исполнети елементи на кривичното дело од член 188 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Последователно, од септември 2023 година до 11 мај 2026 година, осомничениот користел прилика во која на девојчињата на ...

Господата кои дојдоа од Германија и извршија инспекција на електромеханичката опрема, рекоа дека ваков тип на објект нема ни во Германија, кажа премиерот Христијан Мицкоски кој денеска беше во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје каде што беше промовиран реновираниот оперативен блок. Со инвестиција од 12 милиони евра, целосно се реконструираше и се надгради болницата “8-ми Септември”. Инвестицијата се реализираше во соработка ...

– Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ, политичката партија „Влен“ и ЗНАМ функционира искуклучително квалитетно. Впрочем, тоа го докажуваат и граѓаните на избори. Ние како Влада сакаме следните избори да бидат редовни и да се одржат во 2028 година, но како партија и Влада сме поготвени во секое време да има избори и на тие избори да победиме – вели премиерот Христијан Мицкоски. Нагласува дека врз основа на ресурсите со кои расополагаат ги решаваат ...

Вчера во 16:15 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена С.Д.(47) од Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повредите при пад во шахта на бул.„Партизански одреди“ во Скопје. Од МВР велат дека извршен е увид. Вчера во 16:15 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје е пријавено дека кај ...

Во рамки на фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО #14, на 13 мај во 19:00 часот во Театарот за деца и младинци ќе се одржи изведбата на перформансот CODOMESTICATION на Крот Јурак и Алекс Бејли (Естонија/Велика Британија, моментално базирани во Австрија). CODOMESTICATION е перформанс на деца и возрасни, што им се обраќа на возрасните. Првично создаден заедно со нивното мало дете, проектот се развива преку работилници и локални изведби како дел од ...

Поради дефект на затворач ф-300 мм на улица „Женевска“ бб, кај последна 24-ка, утре со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од повеќе улици во Скопје. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, без вода ќе останат делови од улиците „Женевска“, „Партизанска“ крак 1, дел од „Софиска“, „Бриселска“, „Петар Драганов“, „Његошева“, „Стокхломска“, „Гаврил Лесновски“, како и дел од булеварот „Партизански Одреди“, на потегот ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е вообичаено во овој период да почне процедурата за ребаланс на Буџетот, а оценува и дека Владата успешно се справува со кризата бидејќи инфлацијата е двојно пониска во однос на периодот на претходната влада. – Вообичаено е во јуни да почнат процедурите за ребаланс на Буџетот и во јули да се донесе. Така беше и во 2024 и 2025, а до крајот на годината ќе имаме уште една конечна распредеделба на ...

Со инвестиција од 12 милиони евра, целосно се реконструираше и се надгради болницата “8-ми Септември”. Инвестицијата се реализираше во соработка меѓу Владата и ТАВ. Со реализација на овој проект се направи целосна реконструкција и опремување на оперативниот блок, потоа реконструкција на одделот за интензивна нега, административниот дел, реконструкција на одделот патологија и клиничка лабораторија и комплетна реконструкција на кровот. Исто ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира наводите објавени во неколку интернет портали дека АХВ дало изјава во врска со вчера вечер заловеното животно во скопската населба Козле, за кое се претпоставуваше дека е волк, односно дека истото е домашен миленик – куче, кое е чипирано и кое сопственикот бара да му биде вратено. Од страна на официјални ветеринари на АХВ во текот на денот ќе биде спроведен вонреден инспекциски надзор во ...

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Пушкинова“, каде што започна изградба на нов паркинг простор. Како што информираат од локалната самоуправа, на површина од 437 квадратни метри ќе се постави партерно уредување со павер елементи. Во склоп на градежните работи соодветно се решава и атмосферската канализација преку сливник кој ќе се приклучи кон постојната мрежа. Паркингот на ...

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“ според Боинг Боинг од Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава на театарот „Војдан Чернодрински“ од годишната програма за 2026 година. „Девојките на Марко“ е текст напишан пред 60 година и до ден денес ...

Пиунот на Радев, Венко Филипче призна дека СДС има исти позиции со Бугарија. Венко Филипче, нема ништо против да бидеме нарекувани северномакедонци.Филипче е поголем негатор на Македонија и македонскиот народ, дури и поголем од Заев и од Бугарија и тамошните власти кои не нарекуваат „северномакедонци’’. Филипче е главниот лобист на Бугарија во Македонија за внесување на Бугарите во уставот, а потоа и за менување на идентитетот, јазикот, ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
79%
1020
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
1.04
76%
1019
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.58
84%
1019
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.13
83%
1021
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.04
60%
1019
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.86
89%
1020
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
0.89
59%
1016
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.29
70%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.92
69%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
71%
1019
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
59%
1018
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.4
100%
1019
Currency

61.645

Currency

53.0919

Currency

71.3111

Currency

37.5436

Currency

37.9456

Currency

66.9633

Currency

7.85443

Currency

0.73248

Currency

0.33094

Currency

0.52511

Currency

1.14648

Currency

0.56142

Иридиум

253540.09

Паладиум

42889.10

Злато

139701.84

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Бакар

13.02

Алуминиум

3.35

Платина

57581.99

Сребро

2263.61

Калај

54.89