Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
За време на 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, реалистична опера во три чина. Изведбата е закажана за 16 мај, со почеток во 20.00 часот. Делото, кое важи за ремек-дело и музичка драма во вистинска смисла на зборот, се карактеризира како „оперски трилер“ што се движи преку љубовта, страста, љубомората и политичките интриги. Монументално ...
Синоќа со претставата „Шиндлеровиот лифт“ на домаќинот Камерни театар 55 се отвори седмиот фестивал РУТА, кој се одржува од 11 до 16 мај во Сараево. Во текот на шесте фестивалски дена, публиката ќе има можност да ги проследи и останатите претстави на театрите членки на РУТА: „Мајки“ на Казалиште „Улисис“, „Гидионовиот јазол“ на Београдско драмско позориште, „Смртно сериозно“ на МГЛ, копродукцијата „Замолчувањето на Сократ“ на ЦЗК Тиват и ...
На социјалните мрежи се шират предупредувања дека на повеќе места низ Скопје се појавија змии. Граѓаните алармираат до надлежните да реагираат поажурно, да излезат на терен, имајќи предвид дека и поголеми змии излегуваат на места каде играат и мали деца. Змии биле забележани на патот кај Лисиче, кај Кванташкиот пазар, во Аеродром… На социјалните мрежи се шират предупредувања дека на повеќе места низ Скопје се појавија змии. Граѓаните ...
На покана на заменик-премиерот и министер за одбрана на Словачка, Роберт Калинак, денеска присуствував на свеченото отворање на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија IDEB во Братислава, Словачка,напиша министерот за одбрана Владо Мисајловски. Саемот претставува значајна платформа за презентација на современи технологии, иновации и достигнувања во областа на одбраната и безбедноста, како и одлична можност за размена на ...
За Македонија е важно внимателно да ги следиме очекувањата и движењата и да не преземаме брзи мерки. Инфраструктурни проекти и економски реформи се она што треба да го направи Владата за заштита на стандардот на македонските граѓани, смета извршната директорка на „Македонија 2025“ Никица Мојсоска-Блажевски. По отварањето на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“ одговарајќи на новинарски прашања таа посочи дека на економски план ...
Во првиот квартал годинава најголема постигната цена на стан по квадратен метар изнесува 177.667 денари (130.000 евра) за вкупна површина од 45 квадратни метри, кој се наоѓа на територијата на општина Кисела Вода. За квадратен метар се платени 2.888 евра. Тоа го покажуваат податоците од денеска објавениот извештај од регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижностите за периодот јануари – март годинава според кој бројот ...
Вчера во 18:05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ.(89) од општина Росоман, соопшти МВР. Од здобиените повреди на местото на настанот починал пешакот, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина на обдукција. ...
Македонија само во патната инфраструктура на Коридорот 8 моментно вложува 2,1 милијарди евра, а во делот на железницата следните пет-шест години ќе инвестира над три милијарди евра. Тоа се вкупно 5,5-6 милијарди евра инвестиција само на Коридорот 8 – рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Обраќајќи се на бизнис-форумот „Преку границите“, Николоски потсети дека и двата аеродроми, скопскиот и охридскиот, кои ...
Зошто некој би живеел во ваков мравјалник, без никаква друга содржина освен згради и влезови, без услови и простор за природа, за паркинг, за место во градинка или школо. Со доуништување на просторот и квалитетот на живот на оние кои веќе живееат во околина.прашува Ивор Мицковски, објавувајќи ја фотографијата од новоизградените згради на местото на поранешната фабрика „Треска“ сред Центар. Знаеме дека е криминал и корупција, знаеме дека се ...
Да се зголеми размената од 207 милиони на една милијарда евра, да се отворат коридори за сите земји што немаат море, да се укинат царинските бариери, а Драч да стане алтернатива за солунското пристаниште – порачаа стопанствениците од Македонија и Албанија на денешниот бизнис-форум „Преку границите“, што се одржува во Скопје. Тие укажаа на потребата од подобра поврзаност, добра инфраструктура и заеднички настап на трети пазари. Економската ...
Како Влада цениме дека покус пат до Европската Унија нема, односно има, но тој е полн со предизвици, кои најчесто се понижувачки и поради тоа го избираме потешкиот пат, со кој местото во Унијата ќе го заслужиме со квалитет и испорака, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. Тој ...
Културата е најсилниот мост меѓу народите, а во Тирана тој мост го гради жена со визија и извонреден уметнички сензибилитет- Ема Попивода, директорка на Културно-информативниот центар (КИЦ) на Македонија во Албанија. Како реномирана пијанистка со светска кариера, таа сега својата енергија ја насочува кон афирмација на македонските вредности, јазикот и уметноста во срцето на Тирана. Успева да ги спои музичката прецизност со дипломатската ...
Како што предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, во попладневните часови се очекува локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 километри на час. Според народните верувања – тоа не е добар знак. Имено, токму на овој ден, кога православните верници го слават Свети Василиј Острошки, временските услови имаат посебно значење. Според народните ...
Во Скопје е уапсен маж (1984), државјанин на Србија, под сомнение дека планира да изврши тешки кривични дела, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Според соопштението, апсењето е извршено „во соработка и врз основа на размена на информации помеѓу Министерството за внатрешни работи на Србија, УКП, Службата за сузбивање на криминалот и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. „При претресот на станот и ...
СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против И.Ѓ.(26) од село Ново Конско, гевгелиско, П.Ч.(33) од Гевгелија и В.С.(51) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Според информациите од полицијата, пријавениот И.Ѓ. организирал набавка на кокаин и, по претходен ...
– Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска, на покана на својот словачки колега Роберт Калинак, ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во Братислава, Словачка. Во рамките на посетата предвидено е министерот Мисајловски да оствари одвоени билатерални средби со домаќинот, министерот за одбрана на Словачка Република, Роберт Калинак, и со министерот за одбрана на ...
Креативен Ден 2026 успешно ја потврди својата мисија – да биде мост помеѓу образованието, креативноста и бизнис заедницата, во атмосфера исполнета со енергија, достоинство и искрена поддршка. Со сала исполнета со последно седиште, позитивна атмосфера, разиграната публика, дамите кои со својата енергија ги поддржуваа младите учеснички, создаде амбиент кој зрачеше со самодоверба, мотивација и заедништво. Настанот кој веќе прераснува во бренд на ...
Музичка младина на Македонија продолжува со концертната серија „Млади за млади“ во рамки на програмата „Млад музички албум“, поддржана од Министерството за култура и туризам, ќе се претстави со со уште два концерти оваа недела во Скопје. На 12 мај (вторник) со почеток во 19:00 часот, во Салон 19:19 при КИЦ – Скопје, ќе настапат младите музичари Лука Костовски – тромбон (класа доц. м-р Димче Белчовски) и Војдан Алексовски – фагот (класа проф. ...
„Матица македонска“ ја објави книгата „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски, ново научно и книжевно-критичко дело посветено на современата македонска книжевност, нејзините развојни процеси, канонските автори, недоволно истражените дела, новите поетики и книжевните предизвици. Книгата е дел од јубилејната издавачка продукција со која „Матица македонска“ одбележува 35 години постоење, потврдувајќи ја својата мисија да објавува дела што не се ...
ВМРО-ДПМНЕ јасно и недвосмислено го осудува говорот на министерката за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, во кој вели ,,северномакедонски“. Во контекст на изјавата, министерката Петрова Чамова, го искористи поимот ,,северномакедонски” за означување на македонскиот народ, а тоа е неточно и несоодветно.Во Македонија живеат Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, но Северномакедонци нема. Повикуваме на ...
Пробите за настапите на 70. издание на големиот музички натпревар „Евровизија“ се објавени на официјалниот Јутјуб – канал. Триесет и пет земји учествуваат на натпреварот, чиј домаќин годинава е Австрија. Првото полуфинале е вечерва, второто во четврток, а големото финале е закажно за во сабота. Главни фаворити за победа, според обложувалници на интернет, се Финска, Грција и Данска. Пробите за настапите на 70. издание на големиот музички ...
Почнува 15-тото издание на Самитот на Македонија 2025, кој на 12 и 13 мај во хотелот „Мериот“ во Скопје ќе обедини високи претставници од бизнис секторот, владата, меѓународните организации, академската заедница, инвеститорите, дијаспората и регионалните лидери. Под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, годинешниот Самит ќе отвори дискусии за економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, ...
Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и објави видео од автопатот. Погледнете го текот на работата на преостанатиот дел од делницата Охрид – Кичево, кадешто последниве две години изградивме многу и наскоро македонските граѓани ќе возат по овој автопат.Ја градиме Македонија – напиша вицепремиерот ...
Бизнисмените Ратко Карпушевски и Асмир Јахоски, поранешните директори на ЕСМ – пребегнатиот Васко Ковачевски и Адријан Муча, како и останатите осомничени за криминал од над 160 милиони евра од злоупотреба на тендери за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, ќе се спасат од обвиненија бидејќи Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција не утврдило злоупотреби и го затвора случајот. Како што информираа денеска од ...
Дуелот на Вест Хем и Арсенал, кој заврши со победа на лидерот Арсенал со 1:0 и пред сè поништениот гол на Вест Хем во судиското надополнување на вториот дел привлекува сè уште внимание. Со свој коментар се јави и поранешниот голман Питер Шамјхел, кој е често и стручен коментатор за британските тв канали. – Не знам зошто е фаул, кога Арсенал тоа го прави во текот на целата сезона, беше првиот осврт на Шмајхел. Потоа дополнително анализира за ...
„Универзитетот во Токио отвори лабораторија во која роботи спроведуваат медицински експерименти кои претходно ги изведувале луѓе, а целта е постепено да се автоматизира речиси целиот процес на научното истражување. Во Центарот за иновации по роботиката се сместени 10 роботи, меѓу кои и хуманоидниот модел наречен Махоло Лабдроид (Maholo LabDroid), без човечко присуство“, пренесоа јапонските медиуми. Универзитетот има намера долготрајно да го ...
денеска во Маедонија почнува продажбата на сликички за Светското првенство во фудбал на албумите на „Панини“. Собирањето сликичи е реликвија и за млади и за стари но сега веќе не е толку едноставно да се пополни целата колекција. Новиот албум има дури 950 сликички. Една кесичка чини евро и половина а ќе има седум сликички внатре. Пресметките покажуваат дека за да се пополни цел албум се потребни минимум 300 евра, и тоа без да се паднат ...
Член на организирана криминална група од Србија е уапсен во реонот на Скопје, , откако полицијата спречила планирано убиство, дознава „Press.rs“. Апсењето е резултат на заедничка акција на српската и на македонската полиција, во која е пронајден осомничен член на Врачарскиот клан, претходно поврзан со тешки кривични дела. Според достапните информации, полициските служби дејствувале превентивно и врз основа на добиените оперативни информации, ...
Православната црква и верниците на 12 мај го прославуваат Свети Василиј Острошки, големиот чудотворец, чиишто чудотворни дела се познати насекаде. Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир на Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто ...
Тренерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, упати замерки на своите фудбалери за прикажаната игра синоќа во ремито 1:1 со Лидс на домашен терен во 36. коло од англиската Премиер лига. – Игравме без страст, многу брзавме. Судијата исто така беше вознемирен денес. Не знам. Не можам да ги разберам поплаките за вчерашниот ВАР на средбата Вест Хем – Арсенал, бидејќи гостинскиот голман Давид Раја не беше фаулиран 100 проценти, туку 200 проценти, ако ...