За да им се олесни изборот на деветтоодделенците при уписите во средно образование, Министерството за образование и наука и Центарот за развој на стручното образование со поддршка од Швајцарската амбасада подготвија онлајн водич за квалификации – kvalifikacii.crso.gov.mk, кој ќе им овозможи да донесат информирана и правилна одлука за струката во која ќе продолжат да се едуцираат и понатаму да работат. На денешната промоција на водичот, од ...

Централизацијата е погубна за македонското здравство. Мора да направиме регионализација и рамномерен регионален здравствен развој. Пациентот мора да добива ист квалитет на услуга и во местото од каде што потекнува. Дали тоа ќе го направиме со ротација на персонал, дали тоа ќе го направиме со екипирање и на центри коишто се надвор од Скопје — ќе мора да седнеме и да се договориме. Само тогаш листите на чекање ќе се преполоват, изјави д-р ...

Ние сме промакедонска партија и тоа е она што нас нè интересира, а тоа што СДСМ како политичка партија одамна го изгубија својот идентитет и начин на делување, тоа е нивен проблем и мислам дека со тој проблем многу скоро ќе се соочат на избори, рече премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар на тоа што лидерот на СДСМ ја нарекол ВМРО-ДПМНЕ бугарофилска партија. Мицкоски истакна оти ова не заслужува дополнителен коментар, затоа што, како ...

Со инвестиција вредна 12 милиони евра преку ТАВ програмата градската општа болница „8 Септември“ во Скопје доби целосно реновиран оперативен блок. Со реконструкцијата се опфатени седум специјализирани операциони сали, одделите за интензивна нега и за патологија, административни кацеларии, кровната конструкција, клиничките лаборатории и придружните простории. Според генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт, сите операциони сали и ...

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, познат како Путерот, бил повикан на на информативен разговор во СВР Скопје – Единица за економски криминал и корупција. Како што дознава „Република“, Николовски се сомничи за злоупотреба на јавна набавка која ја спровел додека бил министер за повеќе од 800.000 евра, спротивно на Законот за јавни набавки. Иако во полиција бил уште минатата недела, на 7 мај, ...

Овој скандалозен случај и одлуката на шефот на ЈО ГОКК, Ислам Абази, е доказ за големото влијание кое што Венко Филипче, Али Ахмети и Зоран Заев се уште го имаат во добар дел од обвинителството и судството.Ислам Абази како шеф на ОЈО ГОКК, одлучил да го запре овој случај и да не види ни еден доказ, објасни денеска Анонио Милошоски. Вчера поставивме неколку прашања, на кои што на брифинг со новинарите, шефот на ова обвинителство, Ислам Абази, ...

Во групата „Општина Аеродром – граѓанска патрола“ објавено е видео на кое се гледа како двајца млади момчиња крадат велосипед пред теретаната „Атлета“ во Општина Аеродром. Украден точак пред Атлета… Ако ги познава некој идиотиве нека исконтактира. Следува парична награда, пишува Бојан Скендеровски, кој го објави видеото. На снимката може да се забележи како едното момче го зема велосипедот, додека другото стои во близина и најверојатно чува ...

Хрватка, брутално претепа Филипинец среде Загреб Физичката пресметка се случила на Илица, недалеку од централниот плоштад во Загреб. Кого ќе удираш, а? Кого – вика девојката на снимката, додека го удира и клоца младиот човек, кој држи телефон во раката и очигледно нема намера да возврати. Во следниот момент, младиот човек го испушта телефонот. Кого ќе удираш– продолжува девојката, удирајќи го во главата. Снимката може да ја погледнете на ...

Утре (четврток) од 18.30 во бистрото Комедија ќе се одржи промоција на романот „Јета“ од Ивана Трајаноска. Романот низ разговор со авторката ќе го промовира Олгица Крстеска. „Јета“ е објавен кон средината на април како книга бр. 249 во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или. Дизајнот на корицата е на Соња Станковска. Јета е роман што длабоко навлегува во прашањата на мултикултурализмот, интеркултурализмот, припадноста и отуѓувањето, ...

Хрватските медиуми објавија дека нов тренер на Еурофарм Пелистер од јули ќе бидеЛино Червар и битолскиот клуб постигнале договор за соработка. Хрватски стратег ќе се врати на тренерската работа по пауза од седум години, а последен ангажман имаше во ППД Загреб во сезоната 2018/2019. Червар беше тренер на Металур и селектор на македонската репрезентација а поседува и македонски пасош. Хрватските медиуми објавија дека нов тренер на Еурофарм ...

Почитуван маестро Христо Христов, Ви се обраќам со чувство на длабока одговорност, со искрено пријателство, поддаена рака, но пред сè со огромна почит и кон Вашите години и кон Вашите уметнички достигнувања како диригент кој цел живот го скротува звучниот хаос во хармонија. Но, најмногу од сè, се обраќам кон Вас како кон внук на великанот Гоце Делчев, човекот кој е е вграден во самиот корен на нашиот непокор и симбол на нашата заедничка ...

Француска патничка, која се заразила со хантавирус за време на патување со крузер, се наоѓа во критична состојба и е приклучена на апарати за вештачки бели дробови. Ова го потврди лекар од париската болница „Биша“, каде што пациентката се лекува од тешка форма на болеста. Според д-р Ксавие Лекјур, специјалист по инфективни болести, вирусот предизвикал животозагрозувачки проблеми со срцето и белите дробови кај жената. Таа е на апарат за ...

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип во понеделникот во 19:50 часот го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички. Настанот во полициска станица, како што се посочува, го пријавиле ...

На 16 мај (сабота) во 10 часот, нуркачкиот центар Амфора организира меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро, која оваа година ќе се одржи во Автокамп Градиште. Акцијата ќе ги опфати следните плажи: Нивици, Оревче, Џангл, Градиште 1 и 2 и Заливот на коските. Во акцијата ќе земат учество нуркачки клубови од Република Македонија и од регионот, обединети со една цел – зачувување на природната убавина на Охридското ...

Малите и средни претпријатија имаат клучна улога во економскиот раст, иновациите и социјалната стабилност, како држава даваме поддршка и креираме политики за нивен поголем раст и развој, порача заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески на Конференцијата „Лансирање на Индексот на политики за мали и средни претпријатија 2026 за Западен Балкан и Турција“, која што деновиве се одржува во Будва. Во рамки на Конференцијата ...

Веќе нема дилеми, Венко Филипче тргнал по стапките на Зоран Заев. Заев послушник на Борисов, Филипче пиун на Радев, кој, освен што го прифаќа, е и главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум.Изгубени во својата безидејност и тонењето на политичката сцена, нервозниот Венко Филипче и СДС, наместо да ги бранат македонските интереси, тие се ставија во служба на бугарските и користи ист речник како официјална Софија, обвини денеска ...

Сè повеќе се зборува за нешто многу подлабоко: врската меѓу цревата, кожата и расположението. Затоа што телото не функционира во одделни делови. Кога варењето не е во ред, тоа често не останува само во стомакот. Може да се почувствува на кожата, во енергијата, во спиењето, па дури и во расположението. Можеби звучи чудно, но цревата и мозокот се во постојана комуникација. Оваа врска често се нарекува оска црева–мозок, а сигналите се движат во ...

Волкот што синоќа, на 12 мај беше фатен во скопската населба Козле бил чуван како домашен миленик и веќе е транспортиран во Зоолошката градина. Претстојниуот прериод ќе биде во карантин под постојан здравствен надзор од стручни лица, објавија на социјалните медиуми од Зоолошката градина Скопје. За среќа, оваа ситуација заврши без последици, бидејќи станува збор за питомо и мирно животно, но уште еднаш апелираме и потсетуваме дека чување диви ...

На 14 мај (четврток) 2026, со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот КИЦ во Софија ќе биде отворена самостојната ликовна изложба „Дамки“ од македонскиот уметник Перо Кованцалиев. Изложбата “Дамки“ е составена од серијата на цртежи и објекти од проектите “Капиталистичка авантура“ реализиран 2020 година во Културно информативниот центар Кочо Рацин – Скопје во галеријата Кора и “Политичка лиричност“ реализиран во НУ Музеј – ...

Од следната учебна година, изданието „Бајки од Македонија“ официјално влегува во наставната програма за основно образование и станува дел од редовните лектири за четврто одделение. „Бајки од Македонија“ на „Браво сине!“ станува лектира Покрај тоа, преку оваа соработка, „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ придонесоа за градење на читачки навики кај младите, што е исклучително значајно во дигиталната ера. Движењето за поддршка на креативноста – „Браво ...

АД ЕСМ сè уште не го доби решението од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во врска со осомничените за тежок криминал – набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. Сепак, следејќи ги информациите објавени во медиумите, правниот тим на ЕСМ веќе ги презема сите подготвителни активности, да поднесе соодветна жалба, веднаш по официјалното примање на решението, велат од компанијата. Оваа реакција следува ...

На 20 мај, во 19:00 часот во инспиративната галерија „Руди Арт Спејс“ (Rudi Art Space) ќе се отвори изложбата на дизајнерката на накит Елена Ристовска под наслов „ДИВА ПОВРШИНА“. Печат на изложбата се прстените со масивни камења, кои се необработени и ланчињата кои се со текстура кои што се исто така диво оставени. “Оваа колекција на Елена, го зема здивот, токму поради тоа што тие сирови парчиња, како да сакаат да кажат дека нема компромис со ...

Од 14 мај, во кината низ земјава (cineplexx, итн) ќе започне да се прикажува францускиот анимиран филм „Малата Амели“ („Little Amelia“), топла и поетична семејна приказна инспирирана од детството на познатата писателка Amélie Nothomb. Во режија на Maïlys Vallade и Liane-Cho Han Jin Kuang, филмот нè носи во Јапонија низ очите на малата Амели – белгиско девојче кое го открива светот околу себе со помош на својата придружничка Нишио-сан. Низ ...

Седум години партијата на етничките Македонци во Грција Виножито чека на одговор од вселенскиот патријарх Вартоломеј на нивното писмо во кое се бара да се воведат богослужби на македонски јазик во дел од црквите во северниот дел на Грција. Писмото било испратено уште на 6 март 2019 година. Македонците од Грција бараат во дел од црквите во северна Грција богослужбите да се одржуваат на современ македонски јазик. За писмото денеска на својот ...

По повод 25-годишнината од СОС Детско село, во соработка со театрите низ Македонија се реализира хуманитарната иницијатива „Театрите за СОС Детско село“, под мотото „Сцената што менува животи“, преку која, секој купен билет претставува директна поддршка за децата и младите. Македонскиот народен театар со особена чест се приклучува кон оваа значајна акција, а на 19 мај, на малата сцена во МНТ ќе биде изведена претставата „Торонто експрес“, ...

Оркестарот на Македонската филхармонија, утревечер со почеток во 19 часот ќе настапи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, со што ја продолжува својата мисија за промоција на класичната музика во градовите низ државата. Овојпат, пред струшката публика, под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, Македонската филхармонија ќе се претстави со музика од балети, а ќе бидат изведени Суита бр.2 од балетот „Лабин и Дојрана” ...

Постои неверојатна сихронизираност помеѓу Венко и СДСМ и Бугарската надворешна политика. Без разлика дали на власт во Бугарија е Бојко Борисов, Кирил Петков или Румен Радев, СДСМ недвосмислено и жестоко работат за бугарските национални интереси. Не е тајна дека без разлика која политичка партија е на власт во Бугарија, јасно е исцртана стратегијата на Бугарија во однос на македонското прашање, тоа е потврдено и од Собранието на Бугарија каде ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на својата социјална мрежа Truth Social визуелна содржина во форма на мапа на која Венецуела е прикажана како дел од САД, со натпис „51-ва држава“. Објавената слика ја прикажува територијата на Венецуела исполнета со боите на американското знаме. Вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, пред два дена изјави дека нејзината земја не планира да стане 51-ва земја на САД, ...

Амбасадорот на Бугарија во Македонија, Жељазко Радуков бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, каде што му бил упатен демарш поради употребата на терминот „северномакедонски“ од страна на новата министерка за надворешни работи на Бугарија. -Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија, ...

Седум години партијата на етничките Македонци во Грција Виножито чека на одговор од вселенскиот патријарх Вартоломеј на нивното писмо во кое се бара да се воведат богослужби на македонски јазик во дел од црквите во северниот дел на Грција. Писмото било испратено уште на 6 март 2019 година. Македонците од Грција бараат во дел од црквите во северна Грција богослужбите да се одржуваат на современ македонски јазик. За писмото денеска на својот ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
79%
1020
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
1.04
76%
1019
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.58
84%
1019
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.13
83%
1021
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.04
60%
1019
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.86
89%
1020
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
0.89
59%
1016
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.29
70%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.92
69%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
71%
1019
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
59%
1018
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.4
100%
1019
Currency

61.645

Currency

53.0919

Currency

71.3111

Currency

37.5436

Currency

37.9456

Currency

66.9633

Currency

7.85443

Currency

0.73248

Currency

0.33094

Currency

0.52511

Currency

1.14648

Currency

0.56142

Алуминиум

3.35

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Платина

57581.99

Злато

139701.84

Калај

54.89

Сребро

2263.61

Бакар

13.02

Паладиум

42889.10

Иридиум

253540.09