Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Актуелниот македонски кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром ќе ја брани титулата во финалето против дебитантот Маџари, откако вечерва во третиот натпревар од полуфиналната серија го совлада Пелистер на домашен терен со 87:58 и го елиминираше битолскиот состав во серијата подобар од три натпревари. МЗТ Скопје до втората победа над Пелистер дојде со фуриозна трета четвртина во која постигна 29 поени, а противникот само пет и стекна недостижна ...
Благодарност до Конрад Аденауер за укажаната можност да се обратам на конференцијата „Бизнис и Интегритет”, посветена на малите и средни претпријатија и нивното рамноправно учество на државните јавни набавки, објави вицепремиерот Николоски. Малите и средни претпријатија се најзначајниот сегмент во нашата економија, а инвестициите што ги реализира државата се огромна поддршка, што со една заедничка активност ја одржуваме економијата на здрави ...
Денес, со почеток во 19:00 во Буква се заокружува овогодинешната програма на тематската единица „Критичко читање низ филм“, со брилијантниот „Магелан“, на Лав Дијаз. 14.05.2026| 19:00 часот Магелан, 160 мин. 16 век. Магелан, млад и амбициозен португалски морепловец, се бунтува против моќта на кралот кој не го поддржува неговиот сон за откривање на светот. Тој ја убедува шпанската круна да ја финансира неговата смела експедиција до ...
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, оцени дека титулата која неговите фудбалери ја одбранија во француското првенство била најтешката која ја освоил со клубот од Париз откако седна на клупата во 2023 година. „Ова е најслатката и најтешката освоена титула, најтешката во последните три години, без сомнение. За прв пат во моите три сезони тука има вистински ривал“, изјави Енрике, откако ПСЖ синоќа го совлада директниот конкурент Ленс со 2-0 на ...
Хрватската национална авиокомпанија „Кроација ерлајнс“ се соочува со сериозни финансиски притисоци поради ненадејното зголемување на оперативните трошоци, првенствено зголемувањето на цената на млазното гориво. Поради ова, беше објавено дека голем број летови ќе бидат откажани во наредниот период, пишува Београд.ин Според хрватските медиуми, околу 900 летови би можеле да бидат откажани во следните три месеци, што претставува приближно пет ...
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Во сабота ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во Скопје, и во следните денови ...
Повисоки цени на авионските билети низ Европа се „неизбежни“ како последица на зголемувањето на трошоците за керозин, предупреди генералниот директор на Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (ИАТА), Вили Волш. Во својот исказ за Би-Би-Си, Волш нагласи дека авиопревозниците не можат долгорочно да ги надоместат зголемените издатоци за гориво, иако некои европски компании неодамна ги редуцираа цените на билетите поради намалената ...
Кај девет пациенти биле извршени непотребни операции на срце, утврди комисијата составена од странски експерти, соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конфренција. Пациентите се живи и се на возраст од 45 до 78 години. Пропустите се направени во пет јавни и приватни здравствени установи и тоа во ЈЗУ Универзитетската клиника на кардиологија, ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиохирургија, Клиничката болница – Штип, ...
Општина Карпош преку програмата за култура го поддржа проектот – театарска претстава за деца „Лефти и Рајти во Карпош“. Утре, на 15. мај, децата од градинката „Орце Николов“ од Карпош ќе ги проследат новите авантури на Лефти и Рајти кои се на гости во оваа општина. После претставата, децата ќе учат како да диплат и како најдобро да се грижат за своите облеки. Односот кон облеката е важен од најмала возраст, а преку јунаците во претставата: ...
Во врска со серискиот убиец од Старо Нагоричане, по денешниот брифинг на Обвинителството, од СВР Куманово соопштуваат дека до ОЈО Куманово поднеле кривични пријави против Т.Б. (26) од село Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, за сторено кривично дело „убиство” поради основи на сомневање дека ги убил Ј.А. од село Драгоманце и С.К. од село Клечовце, како и поради сомневање за сторено кривично дело „обид за убиство“ врз С.А. и Р.Т.. По извршени ...
Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага. Мицкоски нарачува а Савевски испорачува, се вели во соопштението од СДСМ.Слушнавме како Мицкоски дели задачи од собраниска говорница, со неговите чувства, слушнавме како елиминира независни обвинители од постапка на телевизија, сега и по телефон дека дели задачи. Ете така изгледа партизираното судство и обвинителство во Македонија. Така изгледаат „реформите“ на ...
Фудбалерите на ПСЖ ја одбранија титулата во француската Лига 1, откако синоќа го совладаа директниот конкурент Ленс на гостински терен со 2-0 и стекнаа недостижна предност од девет бодови на едно коло до крајот на сезоната. Кварацхелија му донесе водство на ПСЖ во 25 минута, а откако Ленс во продолжението пропушти неколку идеални шанси за гол, победата на гостите од Париз ја запечати Мбапе во 94 минута. За ПСЖ ова е вкупно 14 француска титула ...
Во рамките на „Бејоглу филмските денови“ во Истанбул, Македонскиот културно-информативен центар и Кинотеката на Македонија пред турската публика ги претставија дигитално реставрираните филмови на легендарните браќа Манаки – пионерите на балканската и македонската кинематографија. Преку автентичните подвижни слики на Браќата Манаки, публиката имаше можност да погледне во едно одамна исчезнато време и да се доближи до самите почетоци на ...
Петгодишно дете е повредено откако вчера паднало од балкон во семејна куќа во Гостивар. Случајот бил пријавен во ОВР Гостивар од Ургентниот центар во 19:00 часот. Детето по укажаната прва помош е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување, информираа од МВР. Увид на местото извршила полициска екипа од Гостивар. Петгодишно дете е повредено откако вчера паднало од балкон во семејна куќа во Гостивар. ...
Срамот одамна не е присутен кај СДС и затоа бесрамно се обидуваат да избришат се македонско, односно тоа што Зоран Заев го започна, како продажба на националните и државни интереси, Венко Филипче секој ден како папагал повторува дека е спремен да го доврши. Воедно бесрамно лажат дека ги заштитиле идентитетот и историјата, а на институциите им ги менуваа имињата од македонски во национални, така на пример Македонска опера и балет стана ...
Легендарната поп пејачка Мадона, колумбиската музичка ѕвезда Шакира и јужнокорејската К-поп група БТС ќе бидат главни ѕвезди на полувремето од финалето на Светското фудбалско првенство, објавија синоќа организаторите. Финалето ќе се игра на 19 јули на „Метлајф“ стадионот во Њујорк и прв пат во 96-годишната мундијалска историја ќе биде збогатено со музички настап. Продуцент на музичката програма е Крис Мартин од „Колдплеј“, чие искуство од ...
Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, кој се води како прв сериски убиец на жени во Македонија, открила уште четири нови кривични дела – две убиства и два обиди за убиство. Како што соопшти денеска на брифинг обвинителот Љубомир Лапе, се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол. Според досега објавените информации од обвинителството и полицијата, ...
Полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото, соопшти предмалку МВР. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ...
Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишија од слобода Е.Х. (22) и М.И. (22) од с.Сарај, скопско, постапувајќи по пријава од А.С. на 12.05.2026 дека пред теретана во Скопје му бил одземен велосипед. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите се идентификувани и приведени во полициска станица, а велосипедот е вратен на сопственикот. По документирање на ...
Вечерва бев на премиерата на „Чичко Кумплунг“ во Театар Куманово, претстава инспирирана од култниот лик од „Самоуништување“, во режија на Јани Бојаџи и текст на Сашко Насев, напиша на својот фејсбук профил министерот за култура Зоран Љутков. Црна комедија, сатира и сурово искрен приказ на транзициското општество во 90-тите, претставена со одлична актерска енергија и хумор. Честитки до целата екипа. Претставата „Чичко Куплунг“ во режија на ...
Утрово во Битола, во семејна расправија и семејно насилство, убиена е жена на возраст од 31 година. Полициски службеници на СВР Битола се на терен, а случајот се истражува. Според првичните информации, осомничениот сопруг е лишен од слобода и против него ќе бидат преземени понатамошни мерки. Од СВР Битола се очекува во текот на денот да биде објавено официјално соопштение со повеќе детали за случајот. Утрово во Битола, во семејна расправија ...
Во 2025 година, од 203,1 милиони домаќинства во ЕУ, само 47,4 милиони, или 23,4 %, вклучувале деца. Повеќето од нив биле парови со деца (14,7 %), други видови домаќинства со деца (5,6 %) и самохрани возрасни лица со деца (3,0 %) – покажуваат податоците на Евростат. Преостанатите 76,6 % од домаќинствата без деца се состоеле од самохрани возрасни лица (37,5 % од сите домаќинства), парови (24,1 %) и други домаќинства (15,1 %). Помеѓу 2016 и 2025 ...
Поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, кој се наоѓа во затвор во САД, затворската ќелија ја дели со уште 18 затвореници. Николас Мадуро Гера, единствениот син на поранешниот венецуелски лидер, во интервју за германскиот магазин „Шпигел“ изјавил дека во истата заедничка ќелија накратко бил сместен и американскиот рапер Текаши 6ix9ine, приведен поради прекршување на условното помилување. Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес ...
Децата што мечтаат децата што сонуваат. Лидерот на СДСМ Венко Филипче и тие околу него дефинитивно живеат во светот на бајките. Како браќата Грим. Еве на пример Венко мечтае да биде премиер. Мечтата е убава работа, така се развива фантазијата, па Венко си замислува што ќе прави ако некогаш стане премиер. Во неговите бајки тој е веќе премиер и прво нешто што ќе прави се уставни измени, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“. По ...
Вечерва, на 14 мај, концертната сала на Филхармонија ќе стане сцена на врвна емоција, гламур и музика со светски сензибилитет. За првпат, македонската публика ќе има можност да ужива во настап во живо на оваа регионална поп-ѕвезда. По години успешна кариера и безброј хитови кои го одбележаа регионот, Емина доаѓа во Скопје со специјален концертен концепт, подготвен ексклузивно за оваа вечер. Публиката ќе има ретка можност во живо да ги слушне ...
Македонската машка ракометна репрезентација тренираше вечерва во „Арената Татран“ во Прешов вечерва во 19 часот против домаќинот Словачка ќе го игра првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство во 2027 година. Голманот Никола Митревски очекува тежок натпревар против незгоден противник. „Словачка е голема непознаница за нас. Никогаш не сме играле против нив и овој натпревар секако ќе биде тежок и незгоден затоа што играме на ...
На 79-годишна возраст почина Живко Георгиевски, поранашен директор на МИА, долгогодишен новинар и дописник од странство. Георгиевски беше директор на МИА од 1998 до 2002 година. Бил директор и на Радио Охрид во средината на седумдесеттите од минатиот век, па дописник на Танјуг и на ред други тогашни југословенски медиуми. Кариерата во новинарството ја започнал како средношколец во весникот „Вечер“, а продолжил во младинската редакција на ...
Цените на нафтата денеска се стабилизираа на околу 100 долари за барел. Инвеститорите го насочија вниманието на средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со кинескиот претседател Си Џинпинг. Фјучерсите за сурова нафта Брент се стабилизираа близу 106 долари за барел, додека цената на американската нафта WTI се движи околу 100 долари за барел. Аналитичарите велат дека пазарот останува многу чувствителен на какви било нови вести од ...
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека политиките на СДСМ кон државните интереси се идентични со позициите на официјална Софија, посочувајќи дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, бара итно спроведување на уставните измени без гаранции дека тоа ќе биде последното барање на Бугарија. Во партиското соопштение, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Филипче е „главен лобист за безусловно прифаќање на бугарскиот ултиматум“ и го обвинува дека ја поддржува бугарската ...
Кој и да дојде на власт во Бугарија, се држи до утврден концепт за Македонија, односно до студијата која е специјално изработен документ уште во 2008 година, со потпис од дваесетина научници, меѓу нив и актуелниот претседател на Бугарската комисија за историја, Ангел Димитров, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Таа во интервјуто за емисијата „Актуелно“ со Снежана Димовска на Македонското радио, нагласува дека во однос на тоа ...