Фудбалерите на Интер го освоија Купот на Италија по десетти пат во својата историја откако го совладаа синоќа Лацио со 2-0 во финалето во Рим. Интер доминираше од самиот почеток на натпреварот и заслужено го освои трофејот. „Нероаѕурите“ дојдоа во водство во 14 минута со автоголот на Адам, а конечниот резултат го постави Лаутаро Мартинез дваесет минути подоцна. Победничкиот трофеј на теренот го внесоа Кристијан Виери и Ален Бокшиќ, а на ...

На 11 мај 2026 година во Музејот на современата уметност во Скопје се одржа изложба на дела на четири тимови средношколци, создадени во рамките на проектот „Современици во историјата на уметноста: младински перспективи на уметноста и општеството“. Проектот беше раководен од кустосот-водич Бојана Јанева, во соработка со проф. Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ. Во проектот учествуваа ученици од гимназијата ...

ВРЕДИ уште од првиот ден вети дека промените ќе се почувствуваат во секојдневниот живот, кај вработените, нивните семејства и во квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните, се вели во соопштението од ВРЕДИ. Општина Тетово, во соработка со Синдикатот на вработените, потпиша договор за зголемување на платите во општинската администрација, со што основната плата ќе се зголеми за 7 проценти. Овој раст на платите ќе продолжи и во наредните ...

ВМРО-ДПМНЕ со остри обвинувања кон шефот на ЈО ГОКК, Ислам Абази, тврдејќи дека ја ставил правдата во служба на СДС и ДУИ со одлуката да се затвори предметот за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино, тежок 167 милиони евра. Од партијата велат дека станува збор за скандалозна одлука со која, како што наведуваат, од кривична одговорност биле спасени поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски, бизнисменот Асмир Јахоски и други лица поврзани со ...

Денеска, на 14 мај, од 18.30 во бистрото Комедија ќе се одржи промоција на романот „Јета“ од Ивана Трајаноска. Романот низ разговор со авторката ќе го промовира Олгица Крстеска. „Јета“ е објавен кон средината на април како книга бр. 249 во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или. Дизајнот на корицата е на Соња Станковска. Јета е роман што длабоко навлегува во прашањата на мултикултурализмот, интеркултурализмот, припадноста и отуѓувањето, ...

Со книжевниот настан „YES за кратка проза“ во галеријата „Чудна шума“ вечерва во 20 часот ќе биде отворен „Yes фестивал 2026“. Во текот на наредните седум дена, на седум локации: кафе-книжарница и галерија „Чудна шума“, кафе „Долап“, Младинскиот културен центар, креативното студио „Умна Куќа“ и во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ (централен објект, библиотека „Другарче“ и библиотека „Цветан Димов“) ќе се одржуваат две различни ...

Од 14 до 20 мај во Скопје ќе се одржи шестото издание на книжевниот и културен настан „Јес фестивал“, во организација на издавачката куќа „Чудна шума“. Настанот ќе се одвива на седум локации и вклучува книжевни вечери, промоции, изложби и креативни работилници за деца. Како што стои во соопштението на „Чудна Шума“, гости на годинешниот фестивал ќе бидат автори од Европа, меѓу кои Хеа Схутерс (Белгија), Рудина Чупи (Албанија), Самира Кентриќ ...

Издавачката куќа „Матица македонска“ ја објави книгата „Овој пат се бирам себеси“ од Дизграм. Оваа нова книга Дизграм ја посвети на себеси снежна ,непоколеблива преубава во својата автентичност. Неговите зборови ќе те потсеќаат да застанеш кога ќе паднеш ,да веруваш кога се сомневаш да се сакаш себеси без задршка. Секоја страница те потсетува да ја носиш моќта во себеси, да ја заслужуваш љубовта, среќата и да ги остваруваш своите соништа. Тоа ...

Валенсија е последниот учесник на фајнлфорот во кошаркарската Евролига, откако синоќа на домашен терен триумфираше над Панатинаикос со 81-64 (14-10, 21-13, 21-27, 25-14) во решавачкиот петти натпревар. Шпанскиот тим беше на чекор до елиминација по двата воведни порази на домашен терен, но потоа славеше двапати во Атина и се избори за мајсторка пред своите навивачи. Во текот на првото полувреме, Валенсија имаше водство и од 17 поени разлика, а ...

Во просториите на Факултетот за драмски уметности во Скопје се одржа комеморација во чест на професорката Татјана Петковска, чија загуба остави неизмерна празнина меѓу колегите, пријателите и сите кои имаа можност да ја познаваат и соработуваат со неа. На комеморацијата пригоден говор одржа продеканката за финансии, проф. д-р Валентина Божиновска, која се осврнаа на нејзиниот професионален ангажман, човечките вредности и неизбришливиот траг ...

Актерката м-р Јулијана Мирчевска, воедно претседателка на Македонскиот национален центар на детски театри АСИТЕЖ Македонија, која раководи и со театарската школа „Бабец“ која оваа година одбележува 12 години постоење, заедно со Васко Мавровски директор на НУ. Народен театар Битола, беа на прием кај македонскиот амбасадор д-р Дритон Куќи во Осло, Норвешка. Средбата се фокусираше на подготовките за театарската претстава „Зборови“, која ќе се ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска – 14 мај 2026 година, четврток, во 12:00 часот, ќе се обрати по повод отворањето на Народната канцеларија на Претседателот, во Скопје. Обновувањето на практиката на отворени канцеларии на Претседателот е во согласност со определбите и ветувањата содржани во програмата на претседателката Сиљановска-Давкова, со цел директен контакт со граѓаните, како и поднесување на претставки, граѓански ...

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе ги посети општините Крушево и Битола. Посетата на Крушево е дел од иницијатива за информирање на јавноста со цел да се приближи ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници. Посетата на Битола е во рамки на прославата на Денот на Европа низ целата земја. Како што информираат од Делегацијата на ЕУ, посетата на Крушево ќе почне со средби меѓу амбасадорот ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува ...

По вчерашната изјава на Тимчо Муцунски дека НАТО е феноменална работа (иако ВМРО не сакаше да гласа за тоа), сега и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека Преспанскиот договор го потврдува македонскиот национален идентитет! Дали е ова доволен доказ дека СДСМ е најдржавотворната партија? Дали сега е јасно кој се предавниците?, се наведува во соопштението на СДСМ По вчерашната изјава на Тимчо Муцунски дека НАТО е феноменална ...

Почеток на нова ера во малопродажбата и пазарувањето во Македонија. Со влегувањето на македонскиот пазар, светскиот гигант во малопродажба СПАР, компанија која со свои маркети е присутна во над 50 земји ширум светот, ќе понуди ново шопинг искуство, меѓународни стандарди и современ пристап кон секојдневното купување. Со воведувањето на своите стандарди за врвен квалитет и свежина на секој производ, СПАР на секое семејство ќе му понуди многу ...

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, ќе добива 25 милиони долари основна плата според неговиот нов договор во 2026 година, објави „АП“ повикувајќи се на податоци од Здружението на играчи на главната лига. Вкупната плата на 38-годишниот Аргентинец оваа година може да достигне 28,3 милиони долари. Платите на Интер Мајами се 54,6 милиони долари, што е за 20 милиони долари повеќе од 32,7 милиони долари на второпласираниот Лос Анџелес ФК и ...

Капитенот на Вардар, Гоце Георгиевски потпиша нов договор за наредната сезона и својата богата кариера ќе ја заврши во „црвено-црниот“ дрес. – РК Вардар е неизмено горд што нашиот капитен го продолжи договорот за уште една сезона и својата кариера ќе ја заврши во нашиот клуб. Се надеваме со уште поуспешна сезона од актуелната-стои во објавата на Вардар. Георгиевски потекнува од школата на Металург, а во својата богата кариера бележеше одлични ...

Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г. Волфганг Маиер, учествуваше на панел-дискусијата „Лидерство во предизвикувачки времиња: Одлуки со економско влијание“, во рамки на овогодишниот Самит Macedonia2025, кој се одржа во Скопје под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. Дискусијата искреира инспиративен разговор за современо лидерство, култура и моќта на различностите во една компанија. Г. Маиер ја ...

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации во рамки на Министерството за внатрешни работи предупредуваат дека е забележана зачестена појава во изминативе денови, непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 да испраќаат пораки на македонски корисници за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна ...

Сега и и официјалн стариот лисец’ Лино Червар е нов тренер на Рк Е.Пелистер!75 годишниот хрватски стратег, во Битола доаѓа со богата биографија и име што значи авторитет, дисциплина и победнички менталитет. Во својата кариера остави силен траг и беше главниот столб на Металург, додека пак со Хрватска освои олимписко злато. Според неофицијални информации, Лино со себе во Битола ги носи и Филип Миркуловски како и Вугринец, но каква улога ќе ...

Крузер со околу 1.700 патници и членови на екипажот се закотви во југозападниот француски град Бордо по појавата на бран гастроинтестинални заболувања на бродот, соопштија денеска локалните власти. На лицата на бродот не им е дозволено да се симнат на копно, соопштија локалните здравствени власти и префектурата. Капетанот навел дека околу 50 патници се разболеле, додека локалниот весник „Суд уест“ и други француски медиуми објавија дека ...

Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доцна попладнево спроведе вонреден надзор во скопската зоолошка градина каде вчера вечер беше згрижено диво животно заловено во скопската населба Козле. -Врз основа на искуство во работата со диви животни и спроведениот стручен преглед на физичката градба на заловеното животно и неговото однесување, како и на проверка на други важни факти за утврдување на неговиот вид, од ...

Обвинителот Дарко Јакимовски на денешното рочиште продолжи со презентирање електронски докази и видеа поврзани со настапите на музичката група ДНК, како и снимки од критичната вечер кога избувна пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој појасни дека доказите се прибавени од социјални мрежи, медиумски објави и од видеа снимени од присутни лица. Според Обвинителството, материјалите се релевантни за утврдување на начинот на сценски настап на ...

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одговори на прашање за состојбата на клубот. На 10 мај, Реал Мадрид загуби со 2:0 од Барселона во 35. коло од Ла Лига и остана и без теоретски шанси за барем еден трофе сезонава. – Дали сме го допреле дното? Изненаден сум од ова прашање. Што да кажат тогаш другите клубови? Па ние не сме 50 години без да освоиме ништо. Јасно е дека Реал Мадрид е таму каде што е денес благодарение на своите високи ...

Инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдија дека заловеното животно во наслебата Козле е волк, а не куче – изјави вработената во скопската Зоолошка градина Тина Мицкоска, која синоќа го забележала животното на улица во Козле. „Од секое негово движење, и сите карактеристики во изгледот јасно е дека станува збор за волк. Сега за сега останува во карантин, со АХВ ќе се направи проверка дали има микрочип, зашто тие се сомневаат ...

По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во населбата Козле е волк, а не куче или мешанец, информираат од ЗОО Скопје. Во текот на денот, во ЗОО Скопје дојдоа и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, по кое трагале веќе два месеци, кои на лице место се уверија дека не станува збор за нивното куче, туку за вистински волк, што и самите ...

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип во понеделникот во 19:50 часот го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички. Настанот во полициска станица, како што се посочува, го пријавиле ...

Инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдија дека заловеното животно во наслебата Козле е волк, а не куче – изјави вработената во скопската Зоолошка градина Тина Мицкоска, која синоќа го забележала животното на улица во Козле. „Од секое негово движење, и сите карактеристики во изгледот јасно е дека станува збор за волк. Сега за сега останува во карантин, со АХВ ќе се направи проверка дали има микрочип, зашто тие се сомневаат ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку пишано соопштение до медиумите демантира дека изјавиле оти вчера заловеното животно во скопската населба Козле е чипиран домашен миленик – куче, кое сопственикот бара да му биде вратено, а не волк како што се претпоставуваше. -Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира наводите објавени во неколку интернет портали дека АХВ дало изјава во врска со вчера вечер заловеното животно во ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
0.7
80%
1020
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.59
72%
1019
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.2
81%
1019
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.12
82%
1020
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
0.65
61%
1019
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.69
86%
1020
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
1.34
58%
1016
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.41
70%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.78
70%
1019
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
0.61
68%
1019
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.34
59%
1018
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.31
100%
1019
Currency

61.645

Currency

53.0919

Currency

71.3281

Currency

37.5436

Currency

37.9456

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73248

Currency

0.33094

Currency

0.52511

Currency

1.14648

Currency

0.56142

Калај

54.89

Бакар

13.02

Цинк

0.00

Сребро

2263.61

Рутениум

48965.59

Платина

57581.99

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.35

Кобалт

45.39

Паладиум

42889.10

Злато

139701.84