Три лица се лишени од слобода за семејно насилство, со едно е извршен службен разговор. Вкупно шест пријави има во последното деноноќие, соопшти Министерството за внатрешни работи. На 12.05.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена од Скопје пријави дека на 07.05.2026 околу 02:00 часот на подрачјето на општина Гази Баба, нејзиниот сопруг Д.Ј. од скопско, со кого не живеат заедно, физички го нападнал нивниот 13-годишен син, додека бил ...

Со премиера на македонската драма „Чичко Кумплунг“ од Сашко Насев, во режија на Јани Бојаџи, Театар Куманово утревечер ќе ја отвори својата прва премиера за 2026 година. Претставата ќе биде изведена на 13 мај со почеток во 20 часот на големата сцена во НУЦК „Трајко Прокопиев“, а првата реприза е закажана за 15 мај. Во претставата играат Мирослав Петковиќ, Кети Дончевска Илиќ, Давид Илиќ, Александра Михајловска Величковски, Владанка Крстевски, ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола. Четири возачи во Скопје, двајца во Струга, двајца во Битола и еден во Прилеп управувале возило без возачка дозвола. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ...

Силно невреме со поројни дождови, олуен ветер и град го зафати регионот, предизвикувајќи сообраќаен колапс на дел од патиштата во Србија, сериозни материјални штети во Хрватска и прекин на патните правци во Босна и Херцеговина. Надлежните служби во трите држави издадоа итни предупредувања до граѓаните за заштита на имотот и висок степен на претпазливост. Во Србија, Секторот за вонредни ситуации при МВР прогласи аларм за олујно невреме, ...

Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, доктор Азби Агуши, анестезиолог од ТОАРИЛУЦ и болнички координатор за трансплантација, апелира за важноста на донирањето органи. Говорејќи за трансплантацијата на органи, мојата порака е да се поддржи овој процес, не поради фактот што има потреба здравствениот систем, туку пораката е да ја поддржиме трансплантацијата, ...

Три британски министерки денеска поднесоа оставки, со што дополнително се засили притисокот врз британскиот премиер Кир Стармер да објави временска рамка за своето повлекување по лошите резултати на Лабуристичката партија на локалните избори. Британската министерка за децентрализација, верски прашања и заедници Мијата Фанбуле денеска поднесе оставка, станувајќи првата министерка во владата на Стармер што се повлекла од функцијата, истовремено ...

Фокусирајте се на она што можете да го контролирате. Ние сме релативно мала земја, случувањата во остатокот од светот може да нè парализираат. Тоа им го порача Мајк Зафировски на политичарите и на сопствениците на бизниси, кој е еден од основачите на „Македонија 2025“, од самитот во Скопје, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. Според него, силна, независна, демократска Македонија би била ...

На бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска му бил упатен усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“, потврдија од МНРиНТ за МИА. Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија, Жељазко Радуков, се вели во информацијата од ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на социјалните мрежи сподели како изгледа првата галерија на автопатот Охрид – Кичево. Во изминатиот период на автопатот Охрид-Кичево на новите свлечишта се извршија дополнителни геоистражни работи врз основа на кои се изработија основни проекти за стабилизација на 14 свлечишта, во вид на т.н. Галерија. Галериите се исклучително комплициран инженерски потфат со кој се решава проблемот ...

Четиринаесетгодишниот ученик кој беше повреден во напад од негов врсник во основното училиште „Хасанбег“ во скопската населба Ченто се наоѓа во стабилна, но и понатаму животозагрозувачка состојба, информираше директорот на Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Игор Мерџаноски, јавува ТВ21. Како што појасни Мерџаноски, ученикот бил примен вчера околу 14:40 часот со убодна рана во пределот на стомакот и посекотина на ...

На 15 мај во 20.00 часот во Ликовната галерија на Цептарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата на фотографии „Маркукуле – живо” од Ивана Темелкоска. Ова е нејзина прва самостојна изложба, поддржана од Министерството за култура и туризам. „Маркукуле — живо“ претставува фотографски запис на еден ист простор низ различни времиња, состојби и атмосфери, создаден како процес на долгорочно и внимателно набљудување. ...

Парламентот на Иран ќе разгледа зголемување на нивото на збогатување на ураниум на 90 проценти во случај на нов напад од САД, изјави пратеникот Ебрахим Резаи. Една од опциите на Иран во случај на повторен напад би можела да биде збогатување од 90 отсто. Ќе го анализираме ова во парламентот, наведе Резаи, кој е и портпарол на парламентарниот комитет за национална безбедност и надворешна политика. За работа на нуклеарните централи потребен е ...

Од 14 до 20 мај во Скопје се случува шестото издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ во организација на издавачката куќа „Чудна шума“, книжевен и културен настан за сите возрасти кој традиционално вклучува богата програма на книжевни вечери, читања и креативни работилници за деца и млади и изложби на македонски уметници. Годинава фестивалот трае седум дена и се одвива на седум локации: кафе-книжарница и галерија „Чудна шума“, кафе „Долап“, МКЦ, креативно ...

Фокусирајте се на она што можете да го контролирате. Ние сме релативно мала земја, случувањата во остатокот од светот може да нè парализираат. Тоа им го порача Мајк Зафировски на политичарите и на сопствениците на бизниси, еден од основачите на „Македонија 2025“, од самитот во Скопје, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. Според него, силна, независна, демократска Македонија би била одлична ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека за разлика од многумина негови колеги и лидери на држави во регионот, тој не се смета за професионален политичар туку за инженер кој по завршувањето на мандатот планира да се врати меѓу студентите на факултет. „Јас сум инженер, претпоставувам дека на крајот од овој мандат ќе се вратам меѓу студентите на факултет, за разлика од голем број мои колеги, лидери на држави и премиери во регионот“, кажа ...

Владата продолжува со силна поддршка за рамномерен регионален развој и намалување на развојните диспаритети помеѓу општините и регионите. На денешната седница беа разгледани и усвоени програмите преку кои за 2026 година ќе се финансираат десетици проекти насочени кон подобрување на условите за живот, локалната инфраструктура, конкурентноста и одржливиот развој. Преку Програмата за намалување на диспаритетите и зголемување на конкурентноста за ...

Венко Филипче, денеска на прес-конференција му забележа на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски дека првин ја премолчел средбата со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, а кога информациите излегле во европските медиуми, рекол дека тоа било само кратка размена на зборови. – Повторно видовме како функционира дипломатијата на ВМРО. Прво, Тимчо Муцунски премолче дека имал средба со ...

Два нови случаи на врсничко насилство се регистрирани деновиве на подрачјето на Скопје. Во првиот случај, пријавен вчера во СВР Скопје, М.Д.(52) од Скопје пријави дека на 08.05.2026 околу 12:00 часот во дворот на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзина соученичка, при што настанот бил снимен со мобилен телефон од друг малолетник. Од МВР велат дека известени биле ...

Вчера во 12:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на главниот влез на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Х.(41), Ф.Х.(18), Џ.Х.(37), С.К.(26), С.С.(32) и 16-годишник, сооптши МВР. Додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 12:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на главниот влез на Комплекс клиники ...

Вчера во 11:06 часот во СВР Скопје, од основно училиште на подрачјето на општина Аеродром е пријавено дека за време на еднодневна екскурзија организирана преку училиштето во парк шума Гази Баба, неколку ученици биле физички нападнати од неколку други малолетници, а на еден ученик му бил одземен личен накит. Во 16:13 часот во СВР Скопје, А.К.(47) од Скопје пријави дека во периодот од 11:00 до 12:00 часот во парк шума Гази Баба, неговиот ...

Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишија од слобода Ф.Д. (27) од Скопје затоа што околу 16:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, од патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки во движење пукал во воздух со сигнален пиштол. Како што соопштуваат од МВР, со Ф.Д. е извршен службен разговор и од него е одземен сигнален пиштол со една рамка во која имало 11 парчиња муниција за сигнален пиштол со калибар 9 мм, за ...

Шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој одработува за Филипче, Заев и Ахмети, односно за СДС и ДУИ, донесе контраверзна наредба за запирање на истрагата во предметот поврзан со набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, вреден 167 милиони евра, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Ислам Абази, соседот на Али Ахмети од Зајас, си ја одработува добиената функција ...

Програмата „Критичко читање низ филмови“ повторно се враќа на КРИК – фестивал за критичка култура, на 12, 13 и 14 мај, во просториите на Буква. Поставена во рамки на пошироката тема на фестивалот, „Грижа: начини да се биде заедно“, која ја промислува грижата не како сентимент, туку како општествена, политичка и етичка практика оваа филмска програма отвора простор за колективна рефлексија и политичко соочување. Во време обележано со ...

Вчеравечер во 21:28 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат во с.Ратавица, кај место викано „Глобица“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(56) од Кочани и патничко возило „пежо“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.М.(29) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „југо“, кој со возило на Итна ...

Утрово во 06:05 часот во СВР Скопје, од Детска клиника при Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив било донесено починато петмесечно бебе од скопско. Според пријавеното, таткото на бебето околу 05:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Чучер-Сандево го пронашол своето бебе починато (кое било предвреме родено) и веднаш заминал на Детска клиника. Лекар констатирал смрт и се преземаат мерки за расчистување на ...

Вчера во 14:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик во училиштето. Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР. Вчера во 14:50 ...

Оваа година ги одбележуваме 35 години независност од македонската држава. Јубилеј кој претставува историска точка што нè обврзува со достоинство, визија, но и одговорност да ја раскажеме приказната за државата низ културата, уметноста и современиот национален израз. Токму затоа, цениме дека на овој голем државен јубилеј му е потребен и голем, репрезентативен и долгорочно значаен проект. Проект кој за нас и за целата држава нема да биде само ...

Во период кога земјоделството сè повеќе се поврзува со технологијата, податоците и иновациите, Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје продолжува да се позиционира како едно од клучните места каде македонското земјоделство ја гради својата дигитална иднина. Токму во таква атмосфера на современи пристапи, практично знаење и визија за развој на секторот, Факултетот беше домаќин на значајна работна посета на претставници од Агенцијата ...

Како што е редот првата честитка до новиот бугарски премиер дојде од Филипче. Наместо да се грижи за интересите на Македонија тој во честитката се нуди на Бугарија. Како познатите бугарски моми за две чрвени на времето Отворен е како пупка, коментира авторот на ТВ Колумна „5 минути со Чавез“ во новата епизода која ќе биде емитувана утре. Во честитката го кодоши премиерот Мицкоски дека ете не сакал да направи уставни измени а македонските ...

Вчера околу 01:45 часот на ул.„Питарница“ во Гостивар, полициски службеници запреле патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки. Како што соопштија од СВР Тетово, возачот ги предал документите за увид, но во моментот кога полициските службеници ја проверувале сообраќајната дозвола, која е во сопственост на неговата сопруга, тој го стартувал возилото и со голема брзина се упатил кон с.Форино. По преземени мерки, утврдено е дека ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.18
77%
1020
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
0.91
79%
1019
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.76
83%
1018
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.26
83%
1020
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.31
58%
1019
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
0.89
91%
1020
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
2.24
61%
1016
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.11
70%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.73
66%
1018
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
0.45
81%
1019
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
59%
1018
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
3.47
100%
1018
Currency

61.645

Currency

53.0919

Currency

71.2909

Currency

37.5436

Currency

37.9456

Currency

66.9633

Currency

7.85443

Currency

0.73248

Currency

0.33094

Currency

0.52511

Currency

1.14648

Currency

0.56142

Иридиум

253540.09

Злато

139701.84

Калај

54.89

Родиум

257205.97

Сребро

2263.61

Алуминиум

3.35

Бакар

13.02

Рутениум

48965.59

Паладиум

42889.10

Платина

57581.99

Кобалт

45.39

Цинк

0.00