Посетителите на скопскиот трговски центар „East Gate Mall“ денеска биле повикани мирно и без паника да го напуштат објектот, поради евакуација што била спроведена во трговскиот центар. Во СВР Скопје нема дојава за поставени експлозивни направи во било кој трговски центар, велат од Министерството. Во моментов нема официјални информации за причините за евакуацијата иако се слушале аларми. Посетителите на скопскиот трговски центар „East Gate ...

Деновиве, македонската јавност е сведок на еден загрижувачки политички наратив кој доаѓа од раководството на СДСМ, а со кој се прави очаен обид за релативизација на прашања од врвен национален интерес. Кога зборуваме за раководство, не мислиме на формалните членови на партиските тела, кои служат само како декор, туку на муртинските центри на моќ кои од позадина му ги креираат политиките на Филипче, стои во соопштението на ЗНАМ. Тезата дека ...

Телото на убиеното 18-годишно момче од скопско Бојане е дадено на обдукција, а надлежниот јавен обвинител за 19-годишникот кој се сомничи дека го извршил убиството бара 48-часовен притвор. Имајќи предвид дека прибирањето на доказите е во тек, а постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание на сведоци и прикривање на трагите, како и ризик осомничениот да изврши друго кривично дело, јавниот обвинител од судијата ...

Крушево го заврши проектот за прекугранична соработка со Елбасан, Албанија и го модернизираше полетувалиштето кај Мечкин Камен. Сега ќе добие уште 2.000 метри квадратни полетувалиште кај Црн Врв за да одговори на барањата на светските параглајдеристи. Проектот вреден 830.000 евра преку Европската унија го зголемува туристичкиот потенцијал на Крушево кое работи на инфраструктурата. Крушево е посакувана летна дестинација. Крушево го заврши ...

Тигар кој избегал од приватен имот во близина на Лајпциг, Германија нападнал и повредил едно лице, по што полицијата го убила. Инцидентот се случил денес, а животното ѝ припаѓало на познатата тренерка Кармен Зандер, како што објави весникот „Билд“. Според полициското соопштение, тигарот избегал од приватен ограден простор во Шкеудиц, западно од Лајпциг, пред да биде убиен во блиските градини. Нападнатиот маж претрпел полесни повреди, но сепак ...

Филмот „Мајки“ по сценарио и режија на Милчо Манчевски, ќе биде прикажан на 18 мај во 19 часот во киното „Синеплекс“ во Скопје. Влезот е бесплатен. Филмот е продуциран во 2010 година. Две деветгодишни девојчиња пријавуваат „манијак“ во полиција, тројца филмаџии пристигнуваат во напуштено село, а фикцијата постепено се претвора во документарност. Улогите ги толкуваат: Ана Стојановска, Владимир Јачев, Димитар Ѓоргиевски, Ратка Радмановиќ, ...

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова која е во официјална посета на Република Словенија, денеска во македонската амбасада во Љубљана се сретна со наши иселеници, кои со своето знаење и работа се вградиле во словенечкото општество и денес се препознаени и ценети во науката и уметноста. Инспиративно беше да се разговара со македонски научници, универзитетски професори, доктори, инженери, правници и уметници во Словенија. Ме ...

Сите вработени во Пошта на Македонија платата за месец април 2026 година ќе ја добијат во текот на утрешниот ден, 18 мај, објавија од АД поштенски сообраќај на социјалните мрежи. Еднодневното доцнење во реализацијата на исплатата, имајќи предвид дека редовниот рок беше 15.05.2026 година (петок), е резултат на административни пречки, отсуства од здравствени причини и слични оперативни околности. Станува збор за техничко и административно ...

Денеска (17.05.2026) во седиштето на Единицата за брзо распоредување во Скопје, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев оддаде почит на загинатите припадници на Единицата кои своите животи ги положија во служба на државата, безбедноста и граѓаните. Во присуство на нивните семејства, градоначалникот на Ѓорче Петров, пратеникот Бојан Стојановски, претставници на синдикатите и колегите од специјалните единици на Бирото за јавна ...

Денес, по повод Светскиот ден на семејството, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ организираше хепенинг во паркот Авионче во општина Аеродром, настан посветен на дружење, семејни вредности и активности за најмладите заедно со нивните семејства. Во рамки на настанот, претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, даде изјава за медиумите, истакнувајќи го значењето на семејството како темел на општеството и важноста од негување ...

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да ...

Во периодот што следи треба да се насочиме на производи кои имаат голема додадена вредност за да можеме да го јакнеме и бруто домашниот производ, но и економијата во државата. Очекувам трендот на стапка на раст над 3,5% на реален БДП во услови кога Европа расте под 1% да продолжи во периодот кој следи, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Виница. -Со консолидирање на европскиот пазар, кој е нашиот најголем трговски пазар, бидејќи ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави почеток на активности за реализација на нов инфраструктурен проект, експресниот пат Кочани–Виница–Делчево, кој, како што рече, со години бил ветуван, а сега влегува во фаза на подготовка преку изработка на физибилити студија и предпроектно решение. „Ја користам оваа прилика да најавам уште еден значаен проект, тоа е експресниот пат Кочани-Виница-Делчево. Следната недела ќе биде распишан, јавен повик за ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која престојува во официјална посета на Република Словенија, денеска во Љубљана ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ и оствари средба со членовите на Сојузот на Македонските културни друштва и Црковните одбори. Во црквата македонската претседателка присуствуваше на неделна служба. По нејзиното завршување на барање на црковната заедница таа се обрати пред присутните верници. ...

Владата на ВМРО катастрофално ја води државата и ни претстои финансиски крах, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција. Филипче укажа дека состојбата во буџетот е алармантна, снемува пари, нема пари за повисоки плати, за мерки на граѓаните, а власта неконтролирано се задолжува и трупа нови долгови за своите криминални тендери. „Загрижувачка е состојбата со буџетот и со финансиите, и сето тоа се должи на ...

Светската здравствена организација (СЗО) денес објави дека случаите на ебола во Конго и соседна Уганда претставуваат „јавно-здравствена вонредна состојба од меѓународен интерес“, што не значи дека се исполнети условите за прогласување пандемија. Иако нема прогласување пандемија, земјите што се граничат со Конго се изложени на висок ризик од ширење на вирусот, објави СЗО, како што објавија светските агенции. Според владината организација на ...

Оркестарот на Македонската филхармонија в среда во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Пролетен поздрав од Австрија – бисери на класичната музика“, кој се реализира во соработка со Австриската амбасада во Скопје. Како што соопштуваат од Филхармонијата, под диригентската палка на Елизабет Атл од Австрија, како солист ќе настапи австрискиот виолончелист Јеремијас Флидл. На програмата ќе бидат изведени увертирата „Розамунда“ од операта ...

На 16 мај (сабота), од 12:00 до 15:00 часот, Public Room станува место каде филмот излегува од екранот и се претвора во игра, разговор и креативна авантура! „Учиме екологија, другарство и емпатија низ филм и игра“ е внимателно осмислена викенд-програма за деца од 5 до 12 години, во која секоја сцена продолжува низ детската имагинација. Преку проекција на избран детски филм, ликовна работилница, групни активности и драмска игра, децата не само ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. Еден возач во Кичево управувал возило иако имал активна забрана за управување, а петмина (тројца во Скопје, еден во тетовско и еден во Гостивар) возеле иако немале возачка дозвола. Возачот во Гостивар бил и под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени ...

Изложба „Резолуција на остатоците“ на Зорица Зафировска ќе биде отворена денеска во галеријата „Империјал 1“ во Културно Информативниот центар во Скопје. Изложбата, како што се наведува во најавата ги преплетува фрагментите и трагите од градот оставени од неговите жители: пораки, почва, траги од гуми, градежен, дрвен и билен отпад – во тактилна архива што го мапира времето, трудот и еколошките сеќавања. Изложбата содржи пронајдени материјали ...

Се уште траат консултациите за ребалансот на Буџетот за 2026 година, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој беше на пуштање во употреба на пазар во Виница. -Го работиме. Се уште траат консултациите помеѓу Министерството за финансии и ресорите. Тешки се времињата. Гледате што се случува во светот. Имајќи предвид каква е состојбата во другите држави кај нас ударот не е толку голем и врз самиот Буџет, но генерално ќе гледаме да ...

Условите што ги бара нискобуџетниот авиопревозник „Рајан ер“ за да влезе на македонскиот пазар се невозможни, изјави денеска министерот за транспорт, Александар Николоски. Според него, компанијата барала 25 евра субвенција по седиште, што е двојно повеќе од субвенциите што сега ги дава државата.Министерот појасни дека актуелните субвенции на пазарот веќе даваат сериозни резултати. „Не мислам дека е добро решение за македонскиот пазар затоа ...

Под покровителство на Град Скопје од 19 до 22 мај ќе се одржи 17. меѓународен фестивал и натпревар за класична гитара „Тремоло 2026“. Предвидени се две концертни вечери, на кои ќе настапат странски светски познати гитаристи. Првиот концерт ќе се одржи на 19 мај во Музејот на македонската борба од 18.30 часот, на кој ќе настапи Милош Вуковиќ од Србија, а како музички спектакл се најавува настапот на Националната филхармонија со „Аир фламенко“ ...

Во рамките на „Филм под отворено небо“, публиката оваа година ќе има можност не само да ги гледа филмовите, туку и да запознае дел од уметниците зад нив. На настанот што започнува вечерва на Споменикот на слободата во Кочани и ќе трае до 17. мај, ќе присуствуваат Гоце Цветановски — режисер на првиот долгометражен македонски анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ и Игор Ангелов — актер и главен лик во култната комедија „Година на ...

На 19 мај 2026 година со почеток во 20:00 часот, во Кинотеката ќе биде прикажан култниот македонски филм „Големата вода“ во режија на Иво Трајков. Филмот низ поетска и емотивна атмосфера зборува за пријателството, стравот, надежта и загубеното детство. Во главните улоги настапуваат Сашо Кекеновски, Маја Станковска, Митко Апостоловски, Верица Недеска и легендарниот Мето Јовановски. Сценариото го потпишуваат Иво Трајков и Владимир Блажевски, ...

Општина Кисела Вода, во соработка со Македонска Радио Телевизија, организира бесплатна проекција на македонскиот филм „Викенд на мртовци“ во режија на Коле Ангеловски. Проекцијата ќе се одржи утре во новото кино „Киноверзум“ во Драчево, со почеток во 19:00 часот. Како што информираат од Општина Кисела Вода, влезот за сите посетители е бесплатен, но поради ограничениот капацитет, задолжителна е претходна резервација на билети. Граѓаните можат ...

Владата останува силен партнер на општините. Во Виница инвестираме во бројни инфраструктурни проекти во патишта и улици, водоводни системи и други проекти за да го подобриме животот на граѓаните, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Виница. Тој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Виница, Митко Костадинов, извршија увид во инфраструктурни ...

Ликовната уметница Јана Манева – Чупоска повторно беше избрана за претседателка на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) со четиригодишен мандат на вчера одржаното годишно Собрание во Домот на АРМ во Скопје. Таа беше и единствениот кандидат за оваа функција, додека со тајно гласање беше избрано и новото раководство на Друштвото со мандат до 2030 година. За членови на Управниот одбор беа избрани уметниците: Катерина Таневска, ...

Во книжарниците на „Матица македонска“ пристигна книгата „Овој пат се бирам себеси“ од Дизграм, објавена од „Панили“ – прво македонско издание на авторот што за кратко време стана еден од најпрепознатливите книжевно-медиумски феномени во регионот. Книгата, во препев од српски на македонски јазик на Кристина Краличин Павлеска, доаѓа како силна, емотивна и исклучително привлечна новост за сите читатели што бараат книга за самопочит, внатрешна ...

Започна 63. издание на Драмскиот аматерски фестивал на кој први на сцената настапија членовите на Народниот театар Штип, со претставата „Хаос“ на режисерот Александар Ивановски. Претходно, се одржа кратка свеченост на која зборуваше градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов. Тој фестивалот го прогласи за отворен. -Повеќе од шест децении, ДАФ во Кочани е магијата со која Кочани живее и овие штици под нас, не се само штица што живот значат, ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.9
83%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.57
63%
1019
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.33
71%
1019
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.37
78%
1020
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.75
56%
1019
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.78
74%
1019
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
53%
1017
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.53
69%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.29
70%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
0.45
67%
1019
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.24
49%
1017
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
3.9
95%
1019
Currency

61.6417

Currency

53.0919

Currency

71.324

Currency

37.5436

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Рутениум

48965.59

Бакар

13.02

Платина

57581.99

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Калај

54.89

Злато

139701.84

Сребро

2263.61

Паладиум

42889.10

Алуминиум

3.35

Иридиум

253540.09