Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претежно во крајните западни и источни региони ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец наместа со брзина од над 60 километри на час. Мининалната темепратурата ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната од 13 до 23 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. ...

Во пресрет на вечерашниот дуел на македонските ракометари со Словачка, Ракометната федерација организира целодневен настан со цел популаризација на спортот број 1 во нашата држава на начин дополнително да ги доближи најмладите до ракометот. Настанот се одржува под мотото „Едно срце, една држава“, а треба да биде празник за целото семејство. Покрај фан зоните на платото пред салата ќе бидат поставени и два ракометни гола за шутирање, потоа ќе ...

Машката македонска ракометна репрезентација вечерва во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ го игра реванш бараж дуелот против Словачка. Македонскиот тим е пред пласман на уште едно големо натпреварување особено што на првиот дуел во Прешов пред три дена го совлада ривалот со 31:24. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа одличен натпревар на теренот на противникот и ја потврдија фаворитската улога, но сега имаат обврска добрата игра да ја ...

Шпанскиот тренер Чаби Алонсо ја прифати понудата на Челзи и во наредната сезона ќе ги предводи „сините“ од Лондон. Премиерлигашот сезонава смени двајца тренери Енцо Марсека и Лиам Росениор, а сезоната на клупата ја завршува Калум Мекфарлан. Челзи ја објави одлуката за новиот менаџер истиот ден кога доживеа пораз во финалето на ФА Купот од Манчестер Сити и на тој начин остана без учество во европските купови следната сезона. Веста за ...

Во вчерашниот инцидент во италијанскиот град Модена повредени се седум луѓе, од кои двајца се во критична здравствена состојба. Една жена и еден маж, двајцата 55 години, со хеликоптер во болницата Маџоре во Болоња. Инцидентот се случи откако возило со голема брзина удри во излог на продавница во центарот на Модена, а потоа со нож ги нападна лицата кои се обиделе да го запрат да не побегне. Напаѓачот е приведен и е идентификуван како ...

Бугарската пејачка Дара е победничка на овогодинешното издание на Евровизија 2026, кое синоќа се одржа во Виена. Со енергичната песна „Бангаранга“, Дара успеа да ги освои и публиката и жирито, освојувајќи вкупно 516 поени. По речиси четиричасовна неизвесност и напната атмосфера до самиот крај, Бугарија ја однесе победата, оставајќи зад себе силна конкуренција од повеќе европски и светски земји. Второто место го освои Израел со пејачот Ноам ...

Осум лица беа повредени кога автомобил удрил во пешаци во центарот на италијанскиот град Модена, соопшти полицијата. Полицијата соопшти дека возачот, на возраст од триесет години, е уапсен и не е во нема друга опасност. Местото на настанот брзо беше опколено со полициска лента, додека бројни амбулантни возила пристигнаа за да им помогнат на повредените директно на улицата. Како што објавија локалните медиуми, на жена што беше удрена од ...

МВР информира дека денеска (16.05.2026) околу 16,00 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес–Скопје, кај наплатната станица “Отовица”, се запалил автобус со прилепски регистарски ознаки. -Сите патници навремено го напуштиле автобусот и нема повредени лица. На местото на настанот интервенирале екипи на ТППЕ. Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР Велес, велат од Министерството. Сообраќајот на автопатот Велес-Скопје ...

Евровизиската еуфорија кулминира вечерва со големото финале на 70-тото јубилејно издание на Eurovision Song Contest 2026, кое годинава се одржува во Vienna. На сцената ќе настапат 25 земји, а милионски аудиториум ширум Европа ќе го следи изборот на новиот евровизиски победник. Според најновите прогнози на обложувалниците, Finland и натаму е главен фаворит за победа и од почетокот на евровизиската недела се наоѓа на врвот на листите. Веднаш ...

Постојат луѓе кои живеат во моментот и не сакаат премногу да планираат. За нив секој ден носи нова енергија, нови шанси и нови пресврти. Според астрологијата, одредени хороскопски знаци се познати по тоа што тешко се држат до една насока и често ги менуваат одлуките „од денес за утре“. Риба Рибите се водени од емоции и интуиција, па нивните одлуки често зависат од моменталното чувство. Денес можат да бидат сигурни во нешто, а утре целосно да ...

Астролошките прогнози за летото 2026 најавуваат период на изразени промени кога станува збор за парите. Додека многумина и понатаму ќе чувствуваат финансиски притисок и нестабилност, за три хороскопски знаци се отвораат врати кон поголеми можности, нови извори на приходи и долгоочекувана стабилност. Клучното влијание доаѓа од Јупитер во Лав кон крајот на јуни, што носи поголема видливост, похрабри одлуки и ширење на деловните можности. Сепак, ...

МВР информира дека во врска со видео објава споделена на социјалната мрежа Фејсбук, на која се забележува лице кое управува скутер на едно тркало и со таквото однесување ја загрозува безбедноста во сообраќајот, полициски службеници веднаш презедоа мерки и активности за идентификација на лицето. -По преземените активности, од страна на СВР Штип утврдено е дека на 11.05.2026 година околу 21.00 часот, на раскрсницата помеѓу улиците „Сремски ...

На 15.05.2026 во 20:32 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на регионалниот пат Делчево – Берово, патничко возило „мазда“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од К.Г.(53) од с. Нов Истевник, делчевско, на место викано „Курачка мала“, атар на с. Нов Истевник излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 45-годишната В.А., а со телесни повреди се здобил нејзиниот 12-годишен син, двајцата од Делчево. -Со повреди се ...

Уганда потврди појава на жариште на смртоносниот вирус ебола на својата територија, соопшти Министерството за здравство на земјата. Надлежните власти информираа дека е регистриран сојот Бундибугјо, еден од познатите видови на вирусот ебола. Еден пациент починал завчера на одделение за интензивна нега, откако развил хеморагични симптоми карактеристични за болеста. Министерството за здравство соопшти дека заразата била пренесена од соседната ...

Еве што предвидуваат ѕвездите за викендот, 16 и 17 мај. Овен Работа: Смело ќе му предложите нов проект на вашиот шеф за време на неформален разговор во петок попладне. Иако може да изгледа ризично, вашата енергија ќе ги зарази колегите кои веднаш ќе ве поддржат. Избегнувајте потпишување договори во сабота бидејќи може да ги превидите ситните букви во вашето брзање. Љубов: Вашиот партнер ќе биде изненаден од вашата ненадејна идеја за патување ...

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција денеска го пронајдоа возилото и лицето поврзани со сообраќајната несреќа што се случи на 15.05.2026 на ул. „Радишанска“ во Скопје, во која две лица (пешаци) се здобија со повредени, а возачот го напушти местото на настанот. Возилото „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки и возачот И.П.(50) биле пронајдени на ул. „Мак Диздар“ во Скопје. Со возачот е обавен службен разговор и за ...

Нови истражувања покажуваат дека кафето може да влијае на сè, од функцијата на мозокот до здравјето на дигестивниот систем, благодарение на соединенија како полифеноли – растителни антиоксиданси кои можат да помогнат во заштитата на клетките од оштетување и да го поддржат целокупното здравје. Умереното консумирање кафе е поврзано и со помал ризик од неколку хронични заболувања, вклучувајќи дијабетес тип 2, заболувања на црниот дроб и ...

Бесплатна едукативна тура на тема „Женското наследство во Центар”, ќе се одржи утре, на 17 мај, со почеток во 12:00 часот, кај фонтаната „Лотосов цвет” во Градскиот парк. Водич ќе биде историчарката по уметност и кустос Бојана Јанева, а фокусот е ставен на локации и обележја поврзани со улогата на жените во обликувањето на културниот и општествениот идентитет на градот. Прошетката ќе опфати посета на неколку клучни споменици, каде учесниците ...

Скопје и натаму се соочува со проблеми во собирањето на отпадот, но градските власти уверуваат дека наскоро ќе пристигне нова механизација и дополнителни контејнери со цел да се подобри хигиената во главниот град. Градоначалникот на Скопје денеска изјави дека не се согласува со оценките дека контејнерите се преполни во сите делови од градот, иако призна дека има одредени пропусти во функционирањето на системот. Според него, актуелните ...

Попладнево на автопатот Велес–Скопје, автобус со прилепски регистарски таблички се запалил во близина на наплатната станица Отовица. Благодарение на брзата реакција, сите патници навреме го напуштиле возилото и нема повредени. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, веднаш по пријавата на терен биле испратени екипи на Територијалната противпожарна единица, како и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на ...

Медет Женалиев, ММА борец од Киргистан, трагично го загуби животот во езерото Исик-Кул, обидувајќи се да спаси деца од сигурна смрт. Силна водена струја повлекла четири малолетни девојчиња, а Женалиев без двоумење скокнал во разбрануваното езеро за да им помогне. Благодарение на неговата храброст, сите четири девојчиња биле безбедно извлечени на брегот. Неговиот пријател, кој исто така влегол во водата, успеал да се спаси, но Медет не излегол ...

Вчера во 18:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Радишанска“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ удрило во 31-годишната С.М. и 27-годишната М.Ш., двете од Скопје, а возачот го напуштил местото на настанот. Во полицискиот билтен се наведува дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ш, а со телесни повреди С.М., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од ...

Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, доктор Жаклина Штерјова – Марковска, интернист на Универзитетската клиника за нефрологија, апелира за важноста на донирањето органи и подигнувањето на свесноста за овој хуман и солидарен чин. -ас сум дел од тимот за трансплантација при Универзитетската клиника за нефрологија. Ние како тим сакаме да им се заблагодариме на ...

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на официјална посета и ќе се сретне со својот кинески колега Си Џинпинг во Пекинг на 19–20 мај, потврди Кремљ денеска. Посетата доаѓа само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп беше во Кина на дводневен самит на 14–15 мај, што ја означи првата посета на американски претседател на Кина по речиси една деценија. Патувањето на Путин ќе се совпадне со 25-годишнината од ...

Владата ги продолжува мерките за ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Одлуката била донесена денеска на вонредна владина седница, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Според неа, мерките претставуваат одговор на економските предизвици и нестабилностите на меѓународните пазари на енергенси, со кои во моментов се соочуваат голем број држави. Како Влада и ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против 45-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничен е дека вршел семејно насилство во Кисела Вода при што телесно ја повредил неговата поранешна партнерка. Ја извлекол на сила од домот во кој живеела жртвата, ја влечел и туркал до неговиот дом во близина, ја внел внатре и физички ...

Хигиеничар во основно училиште во беровско село ќе одговара кривично, бидејќи вршел психичко насилство над тројца ученици и ги снимал со мобилен телефон. Во полицискиот билтен се наведува дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против М.К.(53) од беровско поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „насилство врз дете“. Во периодот од 03.02.2026 до 10.02.2026, пријавениот, ...

Полицијата информира дека вчера на кејот на реката Вардар во Скопје се судриле два тротинета – едниот управуван од 62-годишна жена, а другиот од 12-годишно дете. Со тешки телесни повреди се здобила жената, а детето со телесни повреди констатирани во Градската болница „Св. Наум Охридски“. Министерството за внатрешни работи вчера најави порестриктивни мерки за возачите на тротинети, но засега без детали. – Не можам сега да навлегувам во детали ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присустуваше на традиционалната средба на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, која се одржа во Манастирот „Пеленица“ во Драчево. -Настанот помина во духот на заедништво, почитување на вредностите што не обединуваат и пријатно дружење со долгогодишни пријатели и поддржувачи. Чест ми беше што бев дел од оваа средба – објави Мицкоски на Фејсбук. За средбата свој пост објави и скопскиот градоначалник Орце ...

Денеска, во 20.15 часот, ќе биде прикажана финалната епизода од првата сезона на „Буквождер“, новата анимирана серија инспирирана од култниот свет на „Бушава азбука“. „Буквождер“ е анимирана серија за деца, инспирирана од светот на „Бушава азбука“. Серијата ја слави магијата на јазикот, моќта на пријателството, почитувањето на културното наследство и силата на различностите. Преку авантурите на Дарија, Марко, Филип и Ѕе, „Буквождер“ ги ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.9
83%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.57
63%
1019
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.33
71%
1019
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.37
78%
1020
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.75
56%
1019
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.78
74%
1019
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
53%
1017
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.53
69%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.29
70%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
0.45
67%
1019
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.24
49%
1017
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
3.9
95%
1019
Currency

61.6417

Currency

53.0919

Currency

71.324

Currency

37.5436

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Сребро

2263.61

Цинк

0.00

Алуминиум

3.35

Рутениум

48965.59

Паладиум

42889.10

Родиум

257205.97

Калај

54.89

Бакар

13.02

Платина

57581.99

Злато

139701.84

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39