Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Филипче за „360 степени“ нагласи дека и покрај честите коментари дека има „златна професија“, тој никогаш не ја напуштил неврохирургијата и верува дека политиката може да биде чесна професија. „Јас не сум ја напуштил мојата професија. Јас неврохирургијата не сум ја напуштил. Јас не би рекол дека политиката е лоша професија. Лоша е перцепцијата поради лошите практики кои што се имплементираат на пример сега. И да бидам целосно фер, со години ...
Рускиот претседател Владимир Путин во пресрет на дводневната официјална посета на Кина испрати порака до кинеските граѓани изјавувајќи дека е „радосен што повторно го посетува Пекинг“ на покана на својот „долгогодишен пријател“, кинескиот претседател Шји Џјинпинг. Путин во видеообраќањето нагласи дека односите меѓу Русија и Кина се на „неспоредливо високо ниво“, засновани врз заемно разбирање, доверба и рамноправна соработка. Тој додаде дека ...
Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на убиства на жени, фемициди, кога расте насилството врз жените, а институциите потфрлаат во заштитата, повампирените ликови од времето на Груевски, меѓу кои и Миленко Неделковски и Сашо Тасевски, јавно шират навреди, понижувања и омраза кон жените, вели Каја Шукова од СДСМ Последни жртви на срамни напади и говор на омраза се македонската пејачка Каролина Гочева, како и континуираните ...
Сан Антонио ноќеска ја победи Оклахома Сити во првиот натпревар од полуфиналето на плејофот на НБА со 122:115. Натпреварот се одигра во Оклахома и беше решен по две продолженија. Центарот на Спарс, Виктор Вембањама со 41 поен и 24 скока е најзаслужен за победата на неговиот тим. Сан Антонио води ао 1:0 во серијата прв до четири. Тимовите ќе го играат својот следен натпревар на 21 мај, домаќин повторно ќе биде Оклахома Сити Сан Антонио ...
Во рамките на 54.издание на престижниот меѓународен фестивал „Мајски оперски вечери“ на 20 мај со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини – едно од најемотивните и најизведуваните дела на светскиот оперски репертоар. Станува збор за музичка драма со силна човечка приказна, во која љубовта, надежта и предавството се испреплетуваат во трагична судбина. Диригент на ...
Во пресрет на парламентарните избори во Грција, што ќе се одржат за една година, во следните денови ќе бидат соопштени две нови партии – една на поранешниот премиер Алексис Ципрас, другата на поранешната претседателка на Здружението на роднините на жртвите од железничката несреќа кај Темпи, Мариа Каристиану – две партии што се најавуваа подолго време, а во изминатиот период беа вклучени и во истражувањата на јавното мислење во земјата. ...
Како се спојуваат теоријата на уметноста и практичната креативност во едно уникатно парче накит? Одговорот го крие приказната на Елена Ристовска — историчар на уметност по професија, а дизајнер и изработувач на уникатен накит по вокација. Низ нејзините раце, благородните метали, камењата и формите добиваат нова димензија, носејќи со себе длабок естетски и историски код. Во ова интервју, со Елена разговараме за нејзината инспирација, процесот ...
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, им се обрати на навивачите по дуелот со Барнли одигран синоќа на домашен терен во 37. коло од англиската Премиер лига. „Топчиите победија со 1:0 и се на еден чекор до шампионскиот трофеј. – Апсолутно е задоволство да се гледа трансформацијата и придонесот на секој од вас во претворањето на ова место во најубавата арена за уживање и играње на нашиот фудбал. Вие, навивачите, сте душата на овој фудбалски клуб и ...
Археолошкиот музеј го одбележа Меѓународниот ден на музеите со прекрасните модни креации на инклузивната модна ревија „Модата во минатото“. Во рамки на настанот, посетителите имаа можност да ја проследат и постојаната музејска поставка од Нумизматичката збирка при Археолошкиот музеј, во која се изложени околу 2.500 примероци монети што хронолошки го опфаќаат периодот од VI век пр. н.е., односно од околу 530 година пр. н.е., па сè до XX век. ...
Во рамките на официјалната посета на Република Словенија, денеска во Љубљана беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова: Најпрво, би сакала искрено да Ви се заблагодарам за поканата, за срдечниот пречек и за пријателскиот разговор. Оваа официјална посета се реализира во година ...
По повод 25-годишнината од СОС Детско село, во соработка со театрите низ Македонија се реализира хуманитарната иницијатива „Театрите за СОС Детско село“, под мотото „Сцената што менува животи“, преку која, секој купен билет претставува директна поддршка за децата и младите. Македонскиот народен театар со особена чест се приклучува кон оваа значајна акција, а вечерва, на 19 мај, во 20 часот, на малата сцена во МНТ ќе биде изведена претставата ...
Конечно се отвора нова перспектива за македонската филмска индустрија и туризмот!, напиша на својот фејсбук профил министерот за култура, Зоран Љутков. Владата го усвои Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, со кој повторно се враќа финансиската поддршка за филмот – чекор што може да значи вистинска ренесанса на македонската кинематографија. Со новите законски измени: 3% од давачките од игрите на среќа ќе се одвојуваат за Агенцијата ...
Фолк Фест Валандово 2026 со особена чест ја доделува Наградата за животно дело на Блага Петреска, доајен на македонската народна песна и едно од најзначајните женски вокални имиња во поновата историја на нашата музика. Блага Петреска е пејачка која со децении ја носи македонската песна со достоинство, препознатлив глас и искрена емоција. Нејзините изведби останаа блиски до публиката, а нејзиното име е врзано за песни што се пеат, се паметат и ...
Во Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Патување низ хармонија и надеж“ од Илина Арсова. Во изминатите пет години, Арсова ја истражува уметноста не само како алатка за изразување или документирање, туку и како истражувачка метода. Потпирајќи се на своето етнографско истражување на Боливиските Анди, таа ги бележи емоциите, доживувањата и искуствата, користејќи ја уметноста како начин на ...
Во рамки на одбележувањето на јубилејот 80 години Драмски театар Скопје, вечерва со почеток во 20 часот на малата сцена, ќе биде изведена јубилејната 50. изведба на монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, работена според романот „Пет часа со Марио“ од еден од најзначајните шпански автори на XX век, Мигел Делибес, во драматизација и режија на Дејан Пројковски. Претставата, која од премиерата во мај 2021 година остави силен белег ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови каде ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар, грмежи и засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. ...
Иако денес е лесно да се каже дека некој изработува накит, всушност да се дизајнира накит значи спој на инженерство, скицирање, избор на материјали, моделирање и обликување на уметност која можеме да ја носиме. Дизајнот на накит можеби е еден од најубедливите потврди на човековата историја, постојано делувајќи како огледало на културните, технолошките и општествените промени. Уште од праисторијата преку функционални амајлии направени од ...
Три лица загинаа во пукотница во џамија во Сан Диего додека двајцата осомничени напаѓачи, кои биле тинејџери, се пронајдени мртви во автомобил во близина на местото на нападот. Меѓу загинатите е и припадник на обезбедувањето на џамијата. Според информации од властите, двајцата осомничени за нападот им подлегнале на прострелни рани што најверојатно сами си ги нанеле. Нападот бил извршен во Исламски центар во Сан Диего, кој според американските ...
Фронтот за вистина и правда најавува целосно нов систем за борба против корупцијата, базиран на европски модели, дигитална транспарентност и вештачка интелигенција по промена на власта во Македонија. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче порача дека корупцијата и криминалот се најголема закана за иднината на државата и објавувајќи широк Фронт за вистина и правда. Тој најави дека еден од клучните столбови на фронтот ќе биде Законот за нулта ...
Момчето кое ја освои публиката од Вардар до Триглав, кумановецот Филип Александровски, продолжува сигурно да чекори по музичкиот пат и да ја гради својата кариера. Младиот пејач вчера на социјалните мрежи и на музичките платформи ја објави својата најнова песна со наслов „Ноќ за паметење“, нумера која уште на прво слушање привлекува внимание со својата емоција, модерен звук и впечатлива интерпретација. Музиката за песната е дело на Димитар ...
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Ламин Јамал, може да го пропушти почетокот на Светското првенство во 2026 година поради повреда. Според „Атлетик“, 18-годишниот фудбалер нема да има време да закрепне од повредата на мускулот што ја заработи на 22 април во поразот од Селта Виго со 1:0 во 33. коло од Ла Лига. Се очекува играчот од средниот ред да го пропушти првиот натпревар на Шпанија против Капе Верде на 15 јуни. Неговото учество во ...
На вечерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беа донесени повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата, соопштија вечерва од партијата, од каде додаваат дека дел се нови лица кои ќе внесат свежина во местата од каде доаѓаат, а останатиот дел се актуелни и докажани претседатели кои донесоа големи победи на изминатите изборни циклуси, но и големи позитивни промени во локалните самоуправи. На вечерашната седница ...
Дарина Јотова која победи на Евровзија има 28 години а има победа и на „икс фактор“.Сите се прашуваат што значи зборот „Бангаранга“. Тоа потекнува од јамајканскиот сленг и значи ‘бучава’, ‘џагор , односно тоа е еден прекрасен неред“. „Бангаранга“ носи бунтовна порака, а изразот потекнува од сленгот на Јамајканците и асоцира на бугарските кукери. Дарина Јотова која победи на Евровзија има 28 години а има победа и на „икс фактор“.Сите се ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му честиташна светскиот рекет број еден Јаник Синер за комплетирање на трофеите од сите мастерс-турнири. Италијанецот стана вториот играч во историјата на Здружението на тениските професионалци (АТП) што победил на секој АТП 1000-турнир во календарот. Синер го постигна овој подвиг по победата над Норвежанецот Каспер Руд (6-4, 6-4) во финалето на АТП 1000-турнирот во Рим. – Честитки, Јаник! Импресивно. Добредојде ...
Многу луѓе со висок крвен притисок најмногу внимание обрнуваат на горниот (систолен) притисок, додека околу долниот (дијастолен) со години кружат разни теории, стравови и заблуди. Една од најчестите е дека е особено опасно кога горниот и долниот притисок „се приближуваат“, па многумина паничат кога ќе видат мала разлика меѓу двете вредности на апаратот. По повод Светскиот ден на хипертензијата, српскиот кардиолог Живан Димитријевиќ за „Курир ...
Словенечката претседателката Наташа Пирц-Мусар, денеска, по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, порача дека Словенија останува цврст поддржувач на европската интеграција на Македонија, како и дека ќе продолжи активно да се залага за забрзување на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан во ЕУ. На заедничка прес-конференција Пирц-Мусар одговори на новинарско прашање поврзано со иницијативата во Европската ...
Албански, американски и знамето на Европската унија се вееја денеска во центарот на Скопје, каде како што беше најавено од 16:30 часот под мотото „Придружете им се на студентите – сите со еден глас“ пред Камениот мост во Скопје протестираа студенти од универзитетите во Македонија кои бараат да се полага правосудниот испит на албански јазик. „Мирниот протест“, како што самите студенти го карактеризираат низ Скопје прошета политички и ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека во иднина ќе следуваат законски измени, кои ќе бидат порестриктивни во однос на управувањето со електричен тротинет. Тошовски посочи дека ова едно од многуте горливи прашања, со повеќе европски амбасадори разговарал на оваа тема. Истакна дека во моментов европскиот просек во однос на бројот на жртви е околу 44 на милион жители. Но, во последниот период таму е констатиран пораст на ...
Според хороскопот, крајот на пролетта може да биде период на голем финансиски успех за 4 хороскопски знаци. Астролозите истакнуваат дека следните недели можат да донесат неочекувана заработка, нови можности и ситуации што значително ќе ја подобрат нивната финансиска состојба. Ова е време кога вреди да се биде внимателен, да не се пропуштаат понудите и повеќе да се верува на интуицијата. За некои успехот може да дојде преку работа, а за други ...
Германски турист на суд добил речиси 1.000 евра отштета откако неговото семејство не можело да добие лежалки покрај базенот за време на нивниот одмор во Грција, бидејќи на нив веќе имало крпи и биле „резервирани“ од други гости во раните утрински часови. Станува збор за 11-дневен одмор на грчкиот остров Кос во летото 2024 година, за кој платил 7.186 евра во хотелот со 384 соби, неколку базени, места за релаксација и со пристап до плажа. ...