Францускиот институт во Скопје организира предавање „(Дез)информации: историјат и предизвици”, кое ќе се одржи во четврток, 21 мај 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Europe House – Скопје. Предавањето ќе го одржи г-дин Фабрис Д’Алмеида, познат историчар и истражувач, предава историја на медиумите и пропагандата во Францускиот институт за печат (ФИП) при Универзитетот Париз II Пантеон, каде е и раководител на мастер студиите „Медиуми и ...

Полицијата на Граничниот премин Дојран спречи обид за шверц на околу 10 килограми марихуана, внимателно сокриена во пластични пакувања со различни прехранбени намази. Според првичните неофицијални информации на “Република”, државјани на Македонија со рент-а-кар возило се обиделе дрогата да ја пренесат од Македонија кон Грција, распределена во околу 50 пластични кутии. Станува збор за уште една потврда дека контролите на македонските граници ...

Пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ изјави дека очекува во земјава да има предвремени парламентарни избори и порача дека СДСМ мора сериозно да се подготви за секој можен изборен циклус. – Факт е дека ќе има предвремени парламентарни избори, објави 4news.mk Тоа го најавував и претходно повеќепати – рече Спасовски. Тој нагласи дека секоја политичка партија мора постојано да ...

Најниска температира изутринава е измерена во Лазарополе, 2 степени, по што следуваат Mаврови Анови и Попова Шапка, Крива Паланка, 5, Охрид, Претор, Kрушево, 6, Тетово, 7, Битола, Прилеп и Берово 8, Скопје-Петровец, Штип и Виница 9, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Демир Капија и Кавадарци 10, Велес и Струмица 11, Гевгелија 15, информира УХМР. Најмногу дожд во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот наврна во Крушево, 25 литри на метар квадратен, ...

Вечерва, на 20 мај во 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) Скопје во соработка со Град Скопје се отвора изложбата со наслов „Професори + студенти“. Во проектот односно изложбата учестуваат факултети од областа на визуелните уметности и дизајнот каде што студентите заедно со нивните ментори ќе ги изложат своите дела во галеријата на МКЦ. Според пропозициите, секој професор учествува со по едно дело, најмногу со двајца студенти. ...

По повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, и во рамките на одбележувањето на 35 години од основањето на „Матица македонска“, првата издавачка куќа во самостојна Македонија почнува големата акција „Мисли на македонски, читај домашно“. Акцијата ќе трае од денес до 27 мај, во книжарниците на „Матица македонска“ и преку веб-страницата www.matica.com.mk, а во нејзините рамки, меѓу другото, читателите ќе можат да ...

Во рамки на 54. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“, вечер во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. Со делото, кое важи за едно од најемотивните и најизведувани во светскиот оперски репертоар, ќе диригира гостинот од Грција Мирон Михаилидис, додека режијата ја потпишува Александар Текелиев од Бугарија. Сценографијата е на Живојин Трајановиќ, ...

Во Културно-информативниот центар во Скопје, во Продажниот ликовен салон, вечер во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба на графики „Од раѓање до живот“ на уметницата Јована Тодоровска. Тодоровска е дипломирана на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје, на насоката графика во рамки на ликовната педагогија. Досега има реализирано самостојни изложби во Битола, Загреб и Њујорк, како и учество на околу 30 групни изложби. ...

Без албанскиот јазик сме ништо вели Бујар Османи. Несудениот градоначалик на Чаир е главен актер на 35-тата епизода од ТВ Колумната „5 минути со Чавез“. Како да го подзаборавивме. И ние Бујаре сме ништо без македонскиот јазик сме ништо па ти среде корона со другарка ти Генчовска го распродаваше како твојот ментор Заев. Значи болело. Во новата „Чавез“ не ги забораваме и СДСМ естрадна која е во еуфорија по победата на Бугарија на Евровизија. ...

Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“, рече кинескиот претседател Си Џинпинг за време на средбата сорускиот претседател Владимир Путин во Пекинг. Кинеско-руските односи достигнаа толку високо ниво затоа што постојано ја продлабочувавме меѓусебната политичка доверба и стратешката координација со непоколеблива истрајност, изјави Џјинпинг на почетокот на разговорите во Домот на народните собранија. Владимир Путин, пак, оцени дека ...

Во Друштвото на писателите на Македонија вечер во 19 часот ќе биде врачена наградата „Роман на годината“ за 2025 година. Годинашен лауреат е писателката Оливера Ќорвезироска за романот „Три Марии“, во издание на „Арс Либрис“. Одлуката ја донесе петчленото жири составено од Калина Малеска, Ивана Трајаноска, Иван Антоновски, Иван Шопов и Катерина Богоева, со мнозинство гласови по повеќекратна селекција на пристигнатите дела. На конкурсот, кој ...

Во КСП Центар – Јадро вечер во 20 часот ќе се одржи промоција и критичка дискусија по повод објавувањето на антологијата „Современа уметност во постјугословенскиот простор: студии на случај во хаунтологијата“/Contemporary art in the post-yugoslav space: case studies in hauntology“, издадена од „Routledge books“ во Њујорк и Лондон во 2025 година. Уредена од Џон Блеквуд и Јасмина Тумбас, книгата се занимава со културните и материјалните ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува ...

Фудбалерите на Арсенал се нови шампиони на Англија. На едно коло пред крајот за сезоната 2025/26 „Топчиите“ ја обезбедија шампионската титула. Второпласираниот Манчестер сити вечерва ремизираше 1:1 на гости против Борнмут, со што им се стави крај на математичките шанси да го стигне лидерот. Напаѓачот на домаќините, Ели Жуниор Крупи, постигна гол во 39. минута, Сити израмни преку Ерлинг Халанд во 90+5. минута. Во пресрет на последното 38. ...

„Многу сме загрижени за безбедноста на сите кои се наоѓаат на бродовите. Тие мора да бидат заштитени и мора да бидат безбедни“, изјави портпаролот на ОН Стефан Дужарик на прес-конференција. Тој додаде дека меѓународното право на отворено море мора да се почитува. Кога беше прашан дали генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ќе инсистира на прашањето дали притворањето на активистите на флотилата е кршење на меѓународното право, Дужарик кажа ...

Претседателката, д-р Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата на Република Словенија, одржа предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, на којшто докторирала, на тема: „Уставните трансформации на патот кон ЕУ: реформи или уставен инженеринг?“, пред бројни професори, студенти и претставници на дипломатскиот кор. Предавањето се однесуваше на природата на уставот, како највисок правен акт и најширок и најважен договор ...

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, гостуваше во емисијата ,,Само вистина“ на телевизија Канал 5, каде се осврна на темата за Изборниот законик, поконкретно за работната група која во моментов работи во Министерството за правда под покровителство на министерот. Тој вели дека СДС е единствената политичка партија која ги напушти преговорите, и според него, тоа е една од недржавотворните одлуки кои опозициската партија ги носи ...

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, порача дека нема да има намалување на бројот на студентски стипендии и ја обвини СДСМ за манипулација со јавноста. Според Јаневска, бројот на стипендии не се утврдува со закон, туку секоја година се определува согласно со буџетот и потребите на државата. Таа информираше дека со предложените измени на Законот за студентски стандард се предвидува подобра распределба на стипендиите, со фокус ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска на состанокот на Советот за праведна транзиција порача дека декарбонизацијата претставува конкретен патоказ и дел од обврските на државата кон Европската Унија. -Кога зборуваме за декарбонизација, не зборуваме за апстрактна цел, туку за конкретен патоказ кој е дел од нашите обврски кон Европската Унија. За тој процес да биде реален и одржлив, потребно е тој ...

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека можеби ќе биде неопходно неговата земја повторно воено да го нападне Иран. Пред новинарите во Белата куќа, Трамп уверуваше дека Техеран „моли“ за постигнување договор. Ваквата изјава доаѓа откако претходно денеска Иран се закани со „отворање нови фронтови“ доколку САД ги обноват воените напади по прекинот на огнот кој стапи во сила минатиот месец. Од друга страна, Катар коментираше дека на ...

Нема формула за брза транзиција на еден образовен систем од фаза на ран развој кон извонредност. Потребно е време и голема посветеност кон остварување на претходно поставени реални цели и јасно дефинирани политики што ќе се базираат на факти. Македонската влада го прави токму тоа – образовните политики ги темели на спроведени анализи и преку мерливи критериуми ја утврдува ефикасноста. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. ...

Вкупно 837 лица побарале медицинска помош поради сериозни проблеми со дишењето во изминатите два дена, како последица на силната песочна и прашинска бура што го погоди Ирак, соопшти денеска ирачкото Министерство за здравство. Како што јави агенцијата ДПА, со природната непогода се погодени неколку покраини во земјата. Здравствените власти во главниот град Багдад и во другите региони се ставени во состојба на висока тревога за да обезбедат ...

Денес се одржа редовна седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, на која разговаравме за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините, но и донесовме важни одлуки во интерес на граѓаните и локалната самоуправа, информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според него, една од клучните одлуки е формирањето на кризен противпожарен штаб при ЗЕЛС, кој има за цел да обезбеди побрза, поефикасна и подобро координирана реакција меѓу ...

Јавниот обвинител на Македонија Ненад Савески денеска во Сараево учествуваше на Третиот консултативен форум на државни и специјални обвинители од Западен Балкан што се одржува во организација на Европравда. На состанокот учествуваше и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази. Само со координирани дејствија, со брза размена на информации, со размена на искуства и знаења ...

Д-р Александар Трифуновски, хирург-уролог и член на тимот за трансплантација, во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, апелира за унапредување на органодарителството. -Чинот на органодарителство се јавува во најтешките моменти од животот на едно семејство. Лицето остава порака на своето семејство, а дава шанса за живот на друго лице или на повеќемина. Апелирам ...

Шпанскиот тенисер потврди дека поради повредата ќе ги пропушти и турнирот во Квинс и престижниот грен слем во Лондон. Алкараз преку социјалните мрежи соопшти дека закрепнувањето се одвива добро, но дека сѐ уште не е подготвен за враќање на терените. „Моето закрепнување оди добро и се чувствувам многу подобро, но за жал сѐ уште не сум подготвен за настап. Поради тоа морам да се повлечам од Квинс и Вимблдон. Тоа се два многу посебни турнири за ...

Албанија го назначи Италијанецот Роландо Маран за нов селектор на фудбалската репрезентација. Тој доаѓа на местото на Силвињо, чиј договор истече претходно овој месец и не беше продолжен откако тимот не успеа да избори пласман на Светското првенство. „Убеден сум дека го направивме вистинскиот избор“, изјави претседателот на Фудбалскиот сојуз на Албанија, Арманд Дука. Маран има речиси 20 години тренерско искуство во елитниот италијански ...

Собранието попладнево на 102. седница усвои повеќе предлог-закони по скратена постапка, меѓу кои измените на законите за основање на ЈП Македонска радиодифузија, за внатрешни работи, за полиција, како и измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски од собраниската говорница изјави дека како претходно кога се вршела брутална партизација на Министерството за ...

Шпанската полиција денеска го уапси Џонатан Андик, син на починатиот милијардер и основач на познатата модна куќа „Манго“, Исак Андик, под сомнение за можна вмешаност во смртта на својот татко. Основачот на светскиот моден бренд, 71-годишниот Исак Андик, во декември 2024 година загина по пад од карпа висока речиси 150 метри додека планинарел во близина на Барселона заедно со својот 45-годишен син Џонатан, кој воедно бил и единствениот сведок ...

Доколку биде потврдено, тоа ќе биде првата посета на Зеленски на Србија откако ја презеде функцијата во 2019 година и од почетокот на конфликтот во Украина во 2022 година. Сепак, со оглед на воената состојба во Украина, таквата посета може да се откаже во секое време, наведува Н1. Иако нема официјална потврда за можната посета на Зеленски на Белград, дипломатски извори во Белград очекуваат дека наскоро би можел да се потпише заеднички ...

Мвр билтен

18 минути - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.97
38%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
43%
1018
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.26
46%
1016
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.49
48%
1017
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.66
33%
1017
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 24ᴼ
2.73
69%
1016
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
3.58
53%
1015
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.0
51%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
5.8
72%
1017
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
39%
1017
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
32%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
5.82
66%
1018
Currency

61.6417

Currency

53.1136

Currency

71.2988

Currency

37.6014

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Родиум

257205.97

Калај

54.89

Бакар

13.02

Рутениум

48965.59

Сребро

2263.61

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Платина

57581.99

Цинк

0.00

Алуминиум

3.35

Злато

139701.84

Паладиум

42889.10