Ве известуваме дека е објавен македонскиот превод на романот „Колач со лимон и афион“ од современата шпанска писателка Кристина Кампос, во превод на македонски јазик на Виолета Јагев. Станува збор за емотивна и топла приказна за семејството, женското пријателство, простувањето и храброста повторно да се почне од почеток. Сместен на живописниот остров Мајорка, романот ги следи сестрите Анна и Марина, кои по долгогодишна разделеност повторно се ...

Ефикасен систем за управување со отпад согласно стандардите и регулативата на Европската унија која е пресликана и во националното законодавство е возможно само преку воспоставување на одржлив регионален систем за управување со отпад. Овој систем ќе овозможи решавање на проблемите со отпадот, ќе овозможи негов соодветен третман, селекција, рециклирање и одлагање, со што ќе се отворат можности за развој базирани на кружна економија. Во ЕУ овој ...

На редовна седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините, но и беа донесени важни одлуки во интерес на граѓаните и локалната самоуправа. Една од клучните одлуки е формирањето на кризен противпожарен штаб при ЗЕЛС, со цел подобра, побрза и поефикасна координација меѓу единиците на локалната самоуправа при евентуални пожари во текот на летниот период, во соработка со централните ...

Иако не беше постигнат договор со нискобуџетската авиокомпанија „Рајанер“, Владата продолжува со отворање нови авиолинии и проширување на мрежата на летови од македонските аеродроми – потенцира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој најави 5 нови дестинации ова лето. Николоски истакна дека државата останува отворена за соработка со сите авиокомпании, но нема да прифати условувања, кои би биле на штета на другите ...

Ивор Мицковски важи за еден од најкоментираните политички аналитичари. Неговите статуси на социјалните мрежи предизвикуваат големо внимание, позитивно или негативно, нештедејќи ги ни власта ни опозицијата. Некогаш беше висок партиски функционер во СДСМ, а денеска еден од најгласните критичари на политиката која ја води партијата на која припаѓаше. Ретко се појавува во медиуми затоа што како што вели не му се допаѓа амбиентот, и едни исти луѓе ...

Најниска температура изутринава е измерена во Маврови Анови и Лазарополе, четири степени, а највисока во Гевгелија, 17 степени. Како што информира УХМР изутринава во Mаврови Анови и Лазарополе се измерени четири степени, на Попова Шапка пет, во Берово шест, во Охрид и Крива Паланка седум, во Битола, Kрушево и Претор осум, во Тетово девет, во Прилеп, Демир Капија и Виница десет, во Скопје-Петровец и Штип 11, во Струмица 12, во Велес, Куманово ...

Во Европска куќа вечерва во 19 часот ќе се одржи предавање насловено „(Дез)информации: историјат и предизвици“, во организација на Францускиот институт во Скопје. Како што соопшти Институтот, предавањето ќе го одржи Фабрис Д’Алмеида, професор на најдобриот француски факултет за право Пантеон Асас, историчар на медиумите и специјалист на темата за дезинформации, кој ќе зборува за потеклото на дезинформациите и начините како да се заштитиме од ...

На 29 мај (петок), во Камерната сала на Филхармонија во 19 часот, ќе се одржи долгоочекуваната музичко-поетска италијанска вечер под наслов: „Поетиката на музиката и музикалноста на поезијата: големата италијанска традиција“, која ќе ја обедини магијата на филмската музика, поезијата и врвната изведувачка уметност. Во Скопје пристигнува еден од најреномираните италијански трубачи, Марко Пиеробон, кој ќе настапи како солист заедно со ИД ...

Промоцијата на новиот новиот албум на Добрила и Дориан „Wind To Blow” (Ветер да Подујне) ќе се одржи вечерва во Аудиокултура, а неговата концертна промоција ќе се одржи на 4 јуни во Националната опера и балет во рамките на 25.Оффест. Дуото го сочинуваат Добрила Грашеска (вокал, вокални лупови) и Дориан Јовановиќ (ут, лупер, електроника, програмирање). После „Апокриф” и „Пиле Шарено”, „Wind To Blow” (Ветер да подујне) е трет по ред албум на ...

Издавачката куќа Или-Или деновиве го објави преводот на романот „Мистеријата на обезглавената жена“ од познатата белгиска писателка и новинарка Миријам Лероа. Како и претходниот роман од истата авторка, „Црвените очи“, исто така објавен во Или-Или, и овој е во превод од француски на Светлана Јовановска. Приказната во „Мистеријата на обезглавената жена“ започнува од случајно откриенот гроб на жена по име Марина Шафров, на кој стои дека била ...

Триесет и шестгодишен државјанин на Македонија е уапсен во Салцбург, Австрија под сомнение дека учествувал во брутален грабеж во Германија, по кој починал 93-годишен маж. Осомничениот бил баран со европска потерница, а по апсењето е пренесен во затворот во Пух-Урштајн, во близина на Салцбург. Германската полиција претходно уапси двајца осомничени, 30-годишник и 59-годишник, додека по трет осомничен, 36-годишен маж, сè уште се трагаше. Според ...

Корисниците во делови од Ѓорче Петров и Петровец денеска во одредени периоди ќе бидат без електрична енергија. ЕВН Македонија АД информира дека во периодот од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. 31,102 и 103 во Волково, во пштина Ѓорче Петров. Во периодот од 11:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Катланово, влез на Катланово и Регионалниот пат во општина Петровец. Корисниците во делови од Ѓорче ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе ...

Фрчко мали не знае дали во Скопје има добар кокаин бидејќи не е некој уживател. И јас не сум некој голем уживател на фудбал па не знам на која телевизија има добра утакмица, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“. Студенттите Албанци, со извици УЧК УЧК побараа правосудниот испит да го полагаат на Албански јазик, Во Македонија, не во Албанија или на Косово. На крајот интелектуално се истепаа меѓу себе. Да не биде покусо се јави ...

Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток. За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта се уште се почитуваат. За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко. Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат. Спасовден, празник кој се ...

Силекс синоќа по четврти пат во својата историја го освои Куп на Македонија, откако во големото финале на арената „Тодор Проески“ ја совлада Шкендија со 1-0. Со овој триумф, кратовци се израмнија со Работнички по бројот на освоени куп-трофеи и сега го делат третото место на вечната листа на најуспешни екипи во натпреварувањето. Силекс синоќа по четврти пат во својата историја го освои Куп на Македонија, откако во големото финале на арената ...

Се верува дека еден детаљ на влезот може да привлече пари и среќа во домот. Еве што многу луѓе ставаат под тепих и зошто. Многу луѓе кои ги уредуваат своите домови според принципите на Фенг Шуи најмногу внимание посветуваат на мебелот, огледалата и растенијата, но честопати забораваат еден детаљ што се смета за исклучително важен – просторот веднаш до влезната врата. Според Фенг Шуи, тука започнува енергијата на домот. Затоа не е важно каков ...

Неодамнешна студија покажува дека дури и мало зголемување на дневната активност, како што се пет минути брзо одење, може значително да го намали ризикот од предвремена смрт. Според студија објавена во списанието „Лансет“, дури и најмалото зголемување на физичката активност може да има мерливи ефекти врз долговечноста. Истражувачите го испитале влијанието на малите промени во дневното движење врз предвремената смрт и откриле дека пет ...

Тешко е да се поверува дека не постои човек кој барем еднаш во животот не се скарал со некого. Оние кои се скарале знаат дека за време на нив можат да се случат некои чудни работи. На пример, можеби сте направиле или рекле нешто за време на расправија што навистина не го разбирате дури ни кога ќе се освестите. И, веројатно, кога ќе се случи нешто такво, имате впечаток дека не сте биле вие, бидејќи никогаш не би рекле или направиле нешто ...

Саранја П. Вајлс не е само експерт за долговечност, клеточно стареење и регенеративна медицина во престижната клиника Мајо. Таа е и мајка која се соочува со универзалната дилема што да готви за вечера што е брза и здрава секој ден. Дерматологот има неколку теории на оваа тема, а најдобро од сè, тие се реални и лесни за спроведување во пракса. „Не правам фенси вечера секоја вечер, реалниот живот не го дозволува тоа, но секогаш се обидувам да ...

Иако кафето има многу докажани здравствени придобивки, некои вообичаени грешки при пиење кафе можат да влијаат на вашите нивоа на енергија, сон, хидратација и целокупно здравје. Всушност, неколку мали промени во вашата редовна рутина за пиење кафе можат да ви помогнат да ги искористите максималните здравствени придобивки. Пиење кафе предоцна во денот Пиењето кафе предоцна во денот може да влијае на вашиот сон со нарушување на способноста на ...

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, денеска изјави дека неговата земја го разгледува новиот американски предлог и оти веќе се одржани неколку рунди разговори меѓу Иран и САД. Иран го доби американскиот предлог, кој во моментов се разгледува – рече Багаеи на државната телевизија, додавајќи дека е „смешно“ да се зборува за ултиматум или рок. Размената на пораки меѓу Иран и САД продолжува врз основа на ...

Проектот за брзата пруга е почнат уште минатата есен, но во рамки на оваа една година го правиме најбитниот дел во еден проект кој што е најмалку атрактивен за јавност – а тоа е делот кој значи добро планирање, геотехнички истражувања, понатака, истражување за влијание врз животната средина, истражување за влијание во средината каде што живеат луѓето, археолошки наоѓалишта и така натака, порача вечерва вицепремиерот и министер за транспорт ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изрази задоволство што ЕК ја одобри новата транша од 65,7 милиони евра за нашата земја во рамки на Планот за раст и Механизмот за реформи, потенцирајќи дека тое доказ дека сме земја број еден во Западен Балкан. Овие реформи, рече тој, не значат само контрибуција за Буџетот туку значат и подобар живот за граѓаните. Во однос на Планот за раст ми е многу драго што се демантираа бројни ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека македонските транспортери ќе можат да извадат визи за движење во земјите од Шенген зоната во амбасадата на Хрватска во Скопје и во нивните дипломатко-конзуларни претставништва, со што се решава проблемот на транспортерите што се појави со воведувањето на ЕЕС системот на ЕУ. Со таа виза можат да се движат во Шенген зоната, затоа што со таа виза можат да се движат ...

МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава против двајца полициски службеници, зашто употребиле прекумерна физичка сила врз приведено лице. Станува збор за Д.С. и М.С. од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.С. и М.С. поради ...

Затворањето на Ормуската Теснина би можело да предизвика сериозна светска криза со цените на храната во наредните шест до 12 месеци доколку владите итно не преземат мерки, предупреди денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). ФАО наведе дека одлуките што сега ги носат земјоделците и владите за употребата на ѓубрива, увозот, финансирањето и изборот на култури ќе одредат дали цените на храната нагло ќе пораснат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не брза со постигнување договор со Иран и порача дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ќе направи сè што ќе се побара од него“ кога станува збор за евентуални воени потези кон Иран. Одговарајќи на прашања на новинарите, Трамп рече дека има добар однос со Нетанјаху и дека очекува целосна усогласеност на ставовите. Тој ќе направи сè што сакам. Тој е многу добар човек, и не ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека наскоро ќе отвори портал преку кој граѓаните ќе можат да се пожалат на однесување на „арогантни“ функционери. Вучиќ рече дека порталот ќе се вика „Кој си бре ти?“ Таму ќе примам жалби од граѓаните, ќе разговарам со нив и ќе гледам колку што можам, за да најдам време заеднички да влијаеме на намалувањето на ароганцијата и дрскоста во нашето општество бидејќи тоа е нешто што луѓето најмногу го ...

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека, според анкетите што ги добива, би можел да се кандидира за премиер на Израел врз основа на својата популарност, со порака дека премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, е „добар човек“, а дека кон него не се постапува коректно. Во моментов сум на 99 отсто во Израел. Би можел да се кандидирам за премиер. Можеби по ова ќе заминам во Израел и ќе се кандидирам. Утрово имав анкета, 99 отсто. ...

Мвр билтен

19 минути - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.97
38%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
43%
1018
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.26
46%
1016
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.49
48%
1017
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.66
33%
1017
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 24ᴼ
2.73
69%
1016
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
3.58
53%
1015
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.0
51%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
5.8
72%
1017
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
39%
1017
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
32%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
5.82
66%
1018
Currency

61.6417

Currency

53.1136

Currency

71.2988

Currency

37.6014

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Цинк

0.00

Платина

57581.99

Родиум

257205.97

Бакар

13.02

Сребро

2263.61

Калај

54.89

Алуминиум

3.35

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Злато

139701.84

Иридиум

253540.09

Паладиум

42889.10