Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на фактот што Македонија доби највеќе средства од ЕУ за реформската агенда и ставот на опозицијата, изјави: „Па видете, мислам дека тоа што го говори опозицијата и не заслужува коментар. Така што тој дел ќе го прескокнам. Но, сакам само да ги предупредам македонските граѓани дека, претпоставувам атмосферата во опозицијата е ...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ЕСМ ќе вложи жалба за скандалот со мазутот во РЕК и Васко Ковачевски, изјави: Да, ЕСМ поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и очекуваме сега Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи според тоа ...

На 20.05.2026 во 13:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ.(28) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава дека кај место викано „Калин камен“ спречувала вработени во Агенција за храна и ветеринарство при заловување на крупен добиток. Ј.Ѓ. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава. соопшти МВР. На 20.05.2026 во 13:25 часот, ...

Безвременската оперска класика „Травијата“ од Џузепе Верди, ремек-дело кое плени со својата страст, драматургија и незаборавна музика, ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет на 27 мај со почеток во 20.00 часот, во рамките на 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Инспирирана од романот „Дамата со камелии“, оваа опера раскажува длабоко човечка приказна за љубовта, жртвата и судирот со општествените норми. ...

Жена на возраст од 37 години била пронајдена со прострелна рана во главата во скопско село. Од Обивинтелството известија дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на СВР Скопје извршиле увид на лице место во село Копаница, скопско, каде беше пронајдено нејзиното тело. По наредба на јавниот обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, а се преземаат и други мерки и активности за целосно расчистување на ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против лицето И.Ш. во својство на градоначалник на Општина Врапчиште поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” од чл.353 ст.3 в.в со ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија. Како што стои во соопштението, пријавениот И.Ш., во текот на 2025 година, ги пречекорил ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција најави дека се повлекуваат од расправата на Комисијата за финансирање и буџет, која го разгледува предлог-законот за задолжување на земјата со заем од меѓународни финансиски институции во износ до 260 милиони евра, наменет за буџетски потреби, капитални расходи и рефинансирање обврски. Нашата пратеничка група нема да учествува во ова брутално, секојдневно задолжување на ...

За мене претставува исклучителна чест и задоволство да можам денеска да се обратам пред Вас на овој значаен јубилеј. Сепак 10 години, една деценија е доволно време за да можеме да се завртиме позади себе и да направиме една анализа за сето тоа што сме го направиле во овие 10 години овде во македонскиот бисер, јас би рекол европскиот и светски бисер Охрид како „Костал“ и како Влада на Македонија, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој ...

Три лица починаа, а повеќе од десетина припадници на службите за итна медицинска помош се хоспитализирани по контакт со непозната наркотична супстанција во американската сојузна држава Њу Мексико, соопштија синоќа властите во САД, пренесува ДПА. Првите екипи кои пристигнале на местото на настанот ги откриле телата на починатите во приватна куќа во малото гратче Маунтиниер. Набрзо по интервенцијата, според изјавата на градоначалникот, ...

Заменик-министерката за европски прашања. Викторија Трајков, денеска во Собранието се обрати на настан посветен на европската интеграција и актуелните геополитички предизвици, организиран со поддршка на меѓународни партнери и институции. Во своето обраќање, заменик-министерката истакна дека евроинтегративниот процес претставува клучен двигател на реформите, институционалниот развој и економската стабилност на државата. Европската интеграција ...

Во април е регистриран годишен раст од 9,3 отсто на вкупните депозити и од 13,3 проценти на вкупната кредитна поддршка -Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“, се наведува во соопштението од Народна Банка. На годишна основа, вкупните кредити, пак, забележале раст од 13,3 отсто, како резултат на зголеменото ...

Македонија следната година ќе учествува на изборот за песна на „Евровизија“, потврди директорот на МРТ, Зоран Ристоски. На Јавната седница на програмскиот совет на МРТ, на која присуствуваат претставници на еснафски здруженија, медиумски организации и релевантни институции, Ристоски сподели дека имал средби со претставници од Европскиот радиодифузен сојуз (ЕБУ) и дека со сигурност може да каже дека Македонија ќе испрати претставник на ...

Потребна е реформа на начинот на кој функционира Народното собрание (НС), изјави пред новинарите во Пазарџик бугарската претседателка Илијана Јотова, одговарајќи на прашање во врска со подготовката на новиот собраниски деловник. Кога ќе се тргне кон таква реформа, секогаш има доста сили кои се против и на некој начин сакаат работите да останат по старо – забележа таа – додавајќи дека лично е приврзаник на похрабри акции во тој поглед. Јотова ...

Од денеска почнува гласањето по пошта за косовските граѓани во странство, кои претходно се регистрираа за предвремените парламентарни избори закажани за 7 јуни. Овој процес на гласање ќе трае до 6 јуни. Истиот ден – еден ден пред одржувањето на изборите во Косово – граѓаните од дијаспората, кои не се пријавиле за гласање по пошта, ќе може да го остварат своето право на глас и во дипломатско-конзуларните претставништва на земјата. Според ...

Вчера во 14:05 часот во Полициското одделение Ростуше е пријавено дека во с.Скудриње, на место викано „Мустана нива“, бил пронајден починат М.С.(67) од истото село. Според пријавеното, М.С. управувал трактор со приколка, при што изгубил контрола и се превртел. Од здобиените повреди тој починал на местото, а лекар констатирал смрт. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е ...

Комисијата за финансирање и буџет во законодавниот дом, денеска, на продолжението на 64. седница, го разгледува Предлог-законот за задолжување на земјава со заем од меѓународни финансиски институции во износ до 260 милиони евра, наменет за буџетски потреби, капитални расходи и рефинансирање на обврски. Како што информираше претседавачот на седницата, Бојан Стојановски, продолжението е свикано согласно Деловникот и дека Комисијата има кворум ...

Процесот на проширување трае премногу долго, напиша германскиот канцелар Фридрих Мерц во понеделникот во писмо до лидерите на институциите на Европската унија во Брисел, предупредувајќи дека тоа „создава фрустрации“ и тврдејќи дека „ни е потребна нова динамика за 🇺🇦, како и за Западен Балкан и Молдавија“. За да се постигне тоа, Мерц предлага „асоцирано членство“ за Украина и статус на „привилегиран набљудувач“ за Западен Балкан. За ...

Денес уште еднаш сакаме да потсетиме на еден нов момент поврзан со случајот Мазут и со контроверзната одлука за прекинување на истрагата донесена од обвинителскиот тандем Коларевиќ и Абази, коишто делуваат во овој случај како заштитници на нивните покровители блиски до СДС и ДУИ, изјави Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Јавноста е сведок дека сега имаме и официјален приговор од ЕСМ којшто се однесува на неправилно ценење ...

Прогресот на автопатите на Коридор 8 оди добро и ќе ги изградиме во рамки на предвидениот рок. Следната година ќе пуштиме една лента за возење на автопатот од Прилеп до Битола, а целиот ќе го изградиме, исто така, во предвидениот рок, изјави министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Рокот е 2029 година за сите три автопатски делници: Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола. Најбрзо очекувам да видиме на Битола-Прилеп, ...

Регионално признатиот виртуоз, пијанист и композитор Васил Хаџиманов, заедно со неговиот бенд, ќе бидат специјални гости на големиот самостоен концерт на Архангел, насловен „Срцевина“, закажан за 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Ова концертно гостување е резултат на новата студиска соработка меѓу фронтменот на Архангел, Ристо Вртев и Хаџиманов. Отворајќи го сопствениот креативен процес кон други врвни музичари, Вртев истакнува дека ова ...

Стотројка го објави најновото музичко издание на fydhws, насловено „од почеток?“. Ова EP (проширено издание) е саундтрак за истоимениот краткометражен документарен филм, дело на македонскиот музичар и филмски автор Кристијан Петрески, кој живее и создава во Прага. Се работи за комплексно дело, органски спој на филмска документаристика и амбиентална музика, инспириранo од секојдневното движење на авторот низ Прага. Како инспирација служат ...

Европската интеграција на Украина не може да биде на товар на тековниот процес на проширување со Западен Балкан, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на гостувањето во поткастот со Гидеон Рахман од „Фајненшл тајмс“, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис, објасни дека постои процес на проширување со многу јасни насоки, изрази желба сите земји кандидати да се приклучат што е можно побрзо, но додаде дека сепак, „процесот ...

Општина Центар во соработка со Здружението на пензионерите од општината вечерва од 19 часот го организира настанот „Носталгија за корзо – сеќавање на едно убаво време“. Настанот ќе почне од плоштадот Македонија со симболична прошетка низ старото скопско корзо, а потоа продолжува во салата на ООУ „Димитар Миладинов“, каде што ќе се одржи свечена игранка. Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните да го почувствуваат ...

На 17 јуни, со почеток во 20:00 часот, на сцената на Македонскиот народен театар ќе биде изведена претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат, инспирирана од драмскиот свет на Франц Ксавер Крец – автор кој со својата хиперреалистична драматургија прецизно ги детектира општествените пукнатини на современиот човек. Иако драмата тематски се поврзува со Орвеловата „1984“, дејството не е сместено во минатото, туку во ...

На 22 мај Дина настапува во Кино Шишка во Љубљана — еден од водечките центри за урбана култура во регионот, како дел од јубилејот на NightShifts Events Ljubljana, организација која работи на промоција и размена на македонско-словенечката култура Два дена подоцна, на 24 мај, е дел од програмата на SOWL Weekender во Подгорица, нов регионален фестивал за музика и природа во своето прво издание на кој ќе настапи и култниот ну-џез состав Kyoto ...

Две лица загинаа во напад со дрон врз градот Сизрањ во руската Самарска област, лоциран на реката Волга, соопшти локалниот гувернер, а Украина исто така извести за двајца загинати во текот на ноќните напади. Во Сизрањ се наоѓа голема нафтена рафинерија, оддалечена околу илјада километри од границата со Украина. Гувернерот на Самарската област, Вјачеслав Федоришчев, во својата објава на апликацијата „Телеграм“ не прецизира дали има оштетувања ...

Ве известуваме дека е објавен македонскиот превод на романот „Колач со лимон и афион“ од современата шпанска писателка Кристина Кампос, во превод на македонски јазик на Виолета Јагев. Станува збор за емотивна и топла приказна за семејството, женското пријателство, простувањето и храброста повторно да се почне од почеток. Сместен на живописниот остров Мајорка, романот ги следи сестрите Анна и Марина, кои по долгогодишна разделеност повторно се ...

Ефикасен систем за управување со отпад согласно стандардите и регулативата на Европската унија која е пресликана и во националното законодавство е возможно само преку воспоставување на одржлив регионален систем за управување со отпад. Овој систем ќе овозможи решавање на проблемите со отпадот, ќе овозможи негов соодветен третман, селекција, рециклирање и одлагање, со што ќе се отворат можности за развој базирани на кружна економија. Во ЕУ овој ...

На редовна седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините, но и беа донесени важни одлуки во интерес на граѓаните и локалната самоуправа. Една од клучните одлуки е формирањето на кризен противпожарен штаб при ЗЕЛС, со цел подобра, побрза и поефикасна координација меѓу единиците на локалната самоуправа при евентуални пожари во текот на летниот период, во соработка со централните ...

Иако не беше постигнат договор со нискобуџетската авиокомпанија „Рајанер“, Владата продолжува со отворање нови авиолинии и проширување на мрежата на летови од македонските аеродроми – потенцира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој најави 5 нови дестинации ова лето. Николоски истакна дека државата останува отворена за соработка со сите авиокомпании, но нема да прифати условувања, кои би биле на штета на другите ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.93
35%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
2.21
44%
1018
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.02
44%
1017
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
2.58
36%
1017
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
31%
1017
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 28ᴼ
2.21
43%
1016
weather icon

Атина

31ᴼ / 27ᴼ
4.02
48%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
49%
1017
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.88
62%
1017
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
39%
1017
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
32%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.98
65%
1017
Currency

61.6417

Currency

53.1136

Currency

71.2993

Currency

37.6014

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Калај

54.89

Злато

139701.84

Бакар

13.02

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.35

Паладиум

42889.10

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Платина

57581.99

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Сребро

2263.61