Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Во ДР Конго и во Уганда заклучно со вчера се потврдени 263 случаи на инфекција со вирусот ебола, изјави денеска генералниот директор на Африканските центри за контрола и превенција на болести, Жан Касеја. „Се истражуваат повеќе од 1.100 сомнителни случаи, а 43 лица заразени со реткиот сој на ебола Бундибугио се починати“, изјави Касеја денеска во интервју за „Фајненшл тајмс“. Кесаја рече дека националните системи за инциденти мора брзо да се ...
Според нутриционистите, кафето може негативно да влијае на начинот на кој вашето тело апсорбира одредени витамини и минерали, потенцијално намалувајќи ги нивните посакувани ефекти. За да се осигура ефикасноста на овие додатоци во исхраната, клучно е да се направи пауза помеѓу нивното земање и пиењето кафе. Почекајте најмалку еден час помеѓу пиењето кафе и земањето додатоци во исхраната, советуваaт експертите. Важно е да се напомене дека ...
Во рамки на оперативната акција „Пожар 2026“, полицијата спроведе превентивно-едукативна кампања на подрачјето на Сарај, во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и „Национални шуми“, со цел подигнување на свеста кај граѓаните за ризиците од шумски пожари и унапредување на безбедносната култура. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, за време на активноста било укажано на опасностите од предизвикување шумски ...
„Денес не завршува, денес почнува сè“, изјави Зијадин Села на Петтиот конгрес на партијата, што отсега ќе го носи името Албанска лига. Обраќајќи им се на активистите, Села порача дека претстои многу работа и најави формирање на подограноци на партијата. Тој истакна дека нема да останат пасивни и повлечени пред, како што рече, обидите за нарушување на правата, туку дека ќе одговорат со политичка активност и ангажман. Притоа, повторно ги ...
Едно лице загина во сообраќајна несреќа во Париз поради немирите по победата на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2025/26, објави „Франсинфо“. Според сведоци, мотоциклист роден во 2002 година удрил во бетонска бариера на излезната рампа од кружниот пат кон „Порт Мајот“ на западот од главниот град. Бројот на приведени лица во Франција за време на немирите се искачи на 780. Педесет и седум полицајци беа повредени за време на ...
Пациент од радовишкото село Дедино бил пронајден починат во Психијатриската болница во Демир Хисар, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според информациите, случајот бил пријавен на 30 мај во 09:25 часот во ОВР Демир Хисар. Станува збор за И.Г., кој бил хоспитализиран и се лекувал во здравствената установа. На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител ќе биде извршена ...
Министерството за внатрешни работи информираше дека СВР Битола поднесе кривична пријава против Н. Р. (22), М. И. (19), О. Н. (19), Л. Г. (19), А. Д. В. (18) и 15-годишник, сите од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“, „злоупотреба на лични податоци“, „неовластено снимање“ и „самовластие“. „Во период од февруари 2025, пријавените, дејствувајќи организирано како група, преку креирани профили на ...
Триесетгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека нејзин братучед физички го нападнал нејзиниот сопруг, а неа ја допирал по телото во нивниот дом во населбата Кисела Вода. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен на 30 мај околу 23:40 часот. „30-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода дошол нејзиниот братучед и физички го нападнал нејзиниот сопруг, а нејзе ја допирал по ...
Седумдесет и петгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако била прегазена од автомобил на сервисна улица кај гробиштата во Ѓорче Петров. Како што информира Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера во 10:45 часот во СВР Скопје. На сервисна улица кај Гробишта Ѓорче Петров во Скопје, патничко возило ‘Киа’ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(68) од Скопје, удрило во 75-годишната Д.Т. од ...
Индустриска зона со нови фабрики, реконструкција и изградба на улици и дополнителни капитални проекти, се дел од инвестицискиот циклус вреден околу 1,2 милиони евра што се реализира во Општина Новаци. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на општината, нагласувајќи дека проектите претставуваат значајна поддршка за локалниот развој и отворање нови работни места. ...
Од 2 до 13 јуни 2026 година, со почеток од 20 часот, парковите низ Општина Центар ќе се претворат во кино под отворено небо за сите деца, млади и семејства. Преку филм, дружба и забава, „Патувачко кино“ на најмладите им нуди едно поинакво културно и едукативно искуство. За оваа намена е снимен посебен македонски детски филм составен од кратки приказни, преку кои децата учат за почит, другарство, култура на однесување и мали навики што прават ...
Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез денеска изјави дека полицијата уапсила околу 780 лица во текот на ноќта по победата на Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, што е за 32 проценти повеќе од минатата година за истиот настан. Полицијата приведе 457 лица, рече Нуњез, пренесува „Фигаро“. Тој оцени дека ситуацијата во целина била „под контрола“, но призна дека собирите на навивачи и таканаречените навивачи кои ги предизвикаа ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа објави дека изборите ќе се одржат во текот на оваа година, отфрлајќи ги со тоа шпекулациите за нивно одложување. Тој најави и низа собири и манифестации од 26 до 28 јуни, на кои, како што рече, ќе бидат презентирани политички и економски планови, заедно со централен настан во Белград на 27 јуни. Морам да помогнам и сакам да и помогнам на партијата на која припаѓам и се подготвуваме за ...
Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, први јуни. Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради очекуваниот зголемен број барања во пресрет на летната сезона, ќе го продолжи работното време на шалтерот за издавање „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ во Скопје. Како што информираат од МВР, шалтерот во Одделението за управни работи во зградата на МРТВ, наменет за издавање одобренија за деца до 14 години, во наредниот период ќе работи од понеделник до петок од 08:00 ...
Во рамки на програмата „Македонски филм. На големо платно“ публиката ќе има можност да проследи бесплатна кино проекција на Сестри на Дина Дума. Проекцијата е закажана за утре, 1 јуни во 19:00 часот во Синеплекс, а влезот е бесплатен. Филмот „Сестри“ е во режија на Дина Дума, сценарио на Дина Дума и Мартин Иванов, а улогите ги толкуваат Антонија Белазелкоска, Миа Жиро, Марија Јанчевска, Ханис Багашов, Верица Недеска Филмот е приказна за две ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 31-годишник вчера во вечерните часови управувал автомобил Ауди А4 по булеварот „Никола Карев” и кога дошол до крстосницата со ...
Во литературното кафе „Метаноја“ во Скопје на први јуни во 19 часот ќе се одржи возбдудлив музички настан, промоција на албумот „To kongsdØtre“ на Џулијан Мишиќ. Овој албум (Apollon records) е музички подвиг во кој авторот на музиката и текстот Џулијан Мишиќ (Норвешка / Македонија) прави исклучителен спој меѓу источната (византиската) и скандинавската духовна музика ставајќи ги во главните улоги едни од несомнено највлијателните кралски ќерки ...
Д-р Огнен Ивановски, хирург-уролог на Универзитетската клиника за урологија и научен советник на Медицинскиот факултет во Скопје, апелира за подигнување на свесноста за значењето на органодарителството. Видео-обраќањето на д-р Ивановски е во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“. Сакам да апелирам до целата македонска јавност, до сите етнички заедници, во ...
Во Општина Могила во тек е значителен инвестициски циклус вреден околу 700.000 евра, преку кој се реализирани и се подготвуваат повеќе инфраструктурни проекти финансирани од општинскиот буџет, државниот буџет и преку програмите на Светска банка. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила. Навистина ми е драго што денеска во Општина Могила ќе посетиме ...
Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот на јуни или почетокот на јули, а наскоро се очекува да стартува и карго железничкиот сообраќај кон двата града. Ова денеска одговарајќи на новинарско прашање го најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, истакнувајќи дека железницата повторно ќе добие значајна улога и во превозот на патници и во ...
Лекарите ги поздравија досега „невидените“ резултати од испитување кои покажуваат дека вакцината против рак со тројно дејство може да ги искорени цели тумори кај пациентите.Во меѓународно испитување кое опфаќа 11 земји, инјекцијата им била понудена на пациенти чиј рак се проширил или се вратил и чија болест не реагирала на други третмани. Инјекцијата, наречена амивантамаб, ги намалила туморите кај повеќе од една третина од пациентите, со ...
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола напредува според планираната динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат пуштени во употреба веќе следната пролет. Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на Општина Могила. Николоски оцени дека работите на терен се одвиваат со одлично темпо и изрази уверување дека предвидените рокови ќе бидат целосно испочитувани. ...
Иако беше поднесено барање за итна заштита на објектот, утрово започна да се урива старата куќа на „Димитар Влахов“, објави Охрид прес. Претходно до Секторот за заштита на културното наследство при Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Заводот за заштита на спомениците од Охрид, беше доставено барање за итна привремена заштита на овој објект, лоциран во непосредна близина на старото градско јадро на Охрид. ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во следните два дена ќе престојува во официјална посета на Париз, Франција, каде што ќе учествува на Парискиот сајбер самит (Paris Cyber Summit 2026), еден од најзначајните меѓународни форуми посветени на сајбер безбедноста, вештачката интелигенција и дигиталната трансформација. Програмата на самитот е фокусирана на стратешки дискусии за актуелните безбедносни предизвици во ...
Забрзаното ширење на еболата во Демократска Република Конго предизвикува сериозна загриженост кај здравствените власти и хуманитарните организации. Меѓународната организација „Лекари без граници“ предупреди дека ситуацијата е „длабоко вознемирувачка“, бидејќи само две недели по прогласувањето на епидемијата е регистриран исклучително голем број заболени. Заменик-директорот на организацијата, Алан Гонзалес, изјави дека никогаш досега не бил ...
Венко Филипче, исто како и Заев во своето време, се обидува да ги убеди граѓаните дека уставните измени без гаранции се прифатливи и дека нема причина за загриженост, стои во писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Заев користеше идентична реторика кога ги промовираше измените поврзани со името на државата, тврдејќи дека тоа е последниот чекор кон членството во ЕУ. Наместо ветениот напредок од страна на СДС, Македонија се соочи со нови блокади, ...
Законот за заштита од пушење во вторник оди на владина седница, а ќе стапи на сила веднаш откако ќе го изгласаат пратениците. Сепак, оставен е рок од една година на угостителите да ги прилагодат објектите. Премиерот, министерот за здравство и еснафските здруженија задоволни бидејќи преку консултации изработиле најдобро решение за сите, на кое целта е заштита на јавното здравје. Премиерот Мицкоски најави ригорозни инспекциски контроли на ...
Морето во Истра е полно со медузи, а експертите ги предупредуваат капачите да бидат внимателни. Како што објавија хрватските медиуми, капачите на западниот брег на Истра во последните денови ги очекува непријатно изненадување. Морето е полно со компас медузи, вид познат по своите долги пипала и клетки што пецкаат, кои можат да предизвикаат болни изгореници, црвенило и оток на кожата. Експертите ги наведуваат невообичаено високите температури ...
Во Галеријата „C8“ при Археолошкиот музеј на Истра во Пула викендов беше отворена изложбата „NEPENTHE – еликсир од Земјата на Сонцето“. Изложбата ја раскажува фасцинантната приказна за богатите женски погребувања од железното време откриени на локалитетот Лисичин Дол кај Исар Марвинци, Валандово. Поставката го открива светот на македонско-пајонските бронзи – еден од највпечатливите и автохтони феномени на материјалната култура на централниот ...