Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Некои претстави се дел од репертоарот. Други стануваат дел од историјата. Кога Џузепе Верди ја создал „Набуко“, поминувал низ еден од најтешките периоди во својот живот. Малкумина верувале дека токму ова дело ќе го најави пресвртот. А, потоа, се случила магијата. Публиката ја препознала силата на приказната за слободата, надежта и човечката издржливост. Денес, повеќе од 180 години подоцна, „Набуко“ останува една од најизведуваните опери во ...
Метеоролозите за утре најавуваат стабилни временски услови со сончев период и локална облачност, проследени со повремено засилен ветер во одредени региони, додека температурите остануваат во летни вредности за овој период од годината. Според прогнозата, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во источните делови повремено ќе дува северозападен ветер со слаб до умерен, а на моменти и засилен интензитет. Утринските ...
Бугарскиот премиер Румен Радев предупреди на сериозни економски проблеми со кои ќе се соочи земјата во наредниот период, откривајќи дека Европската комисија следната недела ќе покрене постапка за прекумерен дефицит против Бугарија. Како што пренесува бугарскиот портал Еуз.бг, Радев пред почетокот на владината седница изјавил дека дефицитот на Бугарија е над дозволените 3 проценти, поради што земјата ќе биде ставена под редовен мониторинг и ...
Новак Ѓоковиќ доживеа шокантна елиинација на Ролан Гарос, откако по голема драма загуби со 3:2 во сетови од бразилскиот тинејџер Жоао Фонсека. Српскиот ас одлично го отвори мечот и поведе со 2:0 во сетови, па изгледаше дека сигурно чекори кон следната рунда, но младиот Бразилец не се предаде. Фонсека заигра сè поагресивно, го крена нивото на игра и успеа целосно да го сврти натпреварот. Со силни удари и голема самодоверба, тој ги освои ...
Антонијо Милошоски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, вечерва гостуваше во „Тема на денот“ на Сител телевизија при што се осврна на предлогот на опозициската СДС за организирање на референдум за ЕУ и најнапред констатираше дека со истиот се потценува интелигенцијата на граѓаните бидејќи предлогот доаѓа од Венко Филипче, министер во Владата која веќе еднаш неуспешно организираше референдум за промена на уставното име ...
Летото за хороскопските знаци не е само одмор, туку и огледало на нивниот карактер. Некои бараат мир и тишина, некои забава и друштво, а некои адреналин и постојано движење. Плажата и морето најчесто најискрено покажуваат какви се луѓето кога конечно ќе се опуштат. Овен е вистински летен авантурист. Тој не може да седи мирно на плажа, туку постојано бара акција – пливање, спортови на вода и натпреварување со пријателите. За него одморот мора ...
Петнаесет деца загинаа, а 62 се ранети минатата недела во Либан, каде Израел продолжува со воздушните напади и покрај прекинот на огнот, соопшти денеска Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ). УНИЦЕФ ги нарече овие бројки „запрепастувачки“ и истакна дека, според меѓународното хуманитарно право, децата мора да бидат заштитени во секое време за време на конфликтот, пренесува Ал Џезира. Израел, кој се бори против проиранското движење ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски ги избра стартните 11 фудбалери за вечерашниот контролен натпревар против Босна и Херцеговина меѓу кои единствен дебитант е десниот бек на Вардар, Георгије Јанкулов. На голот е капитенот Столе Димитриевски, а во одбраната се стандардните Ѓоко Зајков, Висар Муслиу, Дарко Велковски и Херера. Средниот ред го сочинуваат Бобан Николов, Јани Атанасов и Елиф Елмас, додека во нападот ...
Антонио Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ВМРО-ДПМНЕ останува на јасен став дека уставните измени не треба да се прават доколку тие ја водат државата кон нова неизвесност, без конкретни гаранции за остварување на полноправно членство во ЕУ. -По однос на тоа прашање ние сме јасни, сме го искажале нашиот став. Ние не сметаме дека уставните измени треба да се направат, а притоа таквиот чекор да не однесе во неизвесност и да ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази сомневање дека дронот што падна врз станбена зграда во Романија бил руски и смета дека всушност станува збор за украинско беспилотно летало. Путин предложи остатоците од леталото да бидат предадени на Русија за да може Москва да спроведе сопствена независна истрага. Никој не може да зборува за потеклото на дронот додека не се направи експертиза на остатоците, рече Путин одговарајќи на ...
Директорот на српската полиција Драган Васељевиќ денеска потврди дека полициски хеликоптер се урнал за време на тренинг лет и дека двајцата пилоти се на домашно лекување. Индицентот според српски медиуми се случил во вторникот при слетување на хеликоптерот. Претседателот на Партијата Србија цента (СРЦЕ) Здравко Понош денеска на седница на Парламентарниот комитет за одбрана и внатрешни работи изјави дека полицискиот врв крие од јавноста дека ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија, Максим Димитриевски вели дека ЗНАМ останува доследен на принципите на владеење на правото, институционална одговорност и почитување на Уставот и законите, при што целосна поддршка дава министерот за правда Игор Филков и неговиот професионален пристап во раководењето со ресорот. Во интервјуто за неделникот Фокус, Димитриевски потенцира дека ЗНАМ не ја гледа Владата низ призма на партиски ...
Авиосообраќајот се одвива нормално, без потешкотии, тврди М – НАВ по информациите објавени во дел од медиумите дека има сериозен технички дефект на главната радио-станица на Солунска Глава. М-НАВ тврди дека сите системи за навигација функционираат согласно меѓународните процедури и нема никакво загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Во М-НАВ сите критични системи се дуплирани и не постои никаква опасност од наводно загрозување на ...
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, пристигна во Киншаса, главниот град на Демократска Република Конго, за да ги поддржи напорите за спречување на појавата на редок вид на вирусот ебола, со кој медицинскиот персонал во земјата се бори и покрај недостигот на опрема, недоверливо население и внатрешна војна. „Со доаѓањето тука, сакам да покажам дека не сте сами“, рече Гебрејесус и истакна ...
Мал карипски остров заработува 50% од својот државен буџет од исздавање на интернет домени за вештачка интелигенција. Приказната за малиот остров Ангила на Карибите покажува колку е важно да се биде на вистинското место. Сепак, за островот да има ќар од тоа што беше на вистинското место во вистинско време, беа потребни 30 години. Во 1985 година, човек по име Џон Постел на Универзитетот во Калифорнија дистрибуираше домени со две букви на ...
Изборите за нов претседател на Генералното собрание на Обединетите нации ќе се одржат во вторник, 2 јуни, а земјите-членки треба да направат избор меѓу двајца кандидати за наследник на Аналена Бербок. Претседателот на Генералното собрание на ОН обично се избира по ротација од еден од петте региони, а овој пат треба да се избере од Азиско-пацифичката група. Кандидатите за таа позиција се искусни дипломати – актуелниот министер за надворешни ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наскоро ќе донесе конечна одлука за можен договор со Иран и наведе голем број услови за негово постигнување, вклучувајќи го трајното откажување на Техеран од нуклеарно оружје и целосното отворање на Ормуската теснина за меѓународен превоз. Иран мора да се согласи дека никогаш нема да има нуклеарно оружје или нуклеарна бомба, напиша Доналд Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл. Тој додаде дека ...
Португалскиот стратег Жозе Мурињо потпиша тригодишен договор со Реал Мадрид, објави попладнево реномираниот портал „Атлетик“. Според истиот извор, Мурињо потпишал договор со Реал Мадрид минатата недела и се враќа во Кралскиот клуб 13 години по неговиот прв ангажман на „Сантијаго Бернабеу“. Мурињо имаше уште една година од договорот со Бенфика, но и откупна клаузула од само три милиони евра во договорот, која мораше да се активира до 25 мај. ...
Најдобриот стрелец во историјата на луксембуршката фудбалска репрезентација Герсон Родригез е првото засилување на македонскиот шампион Вардар за новата сезона. Триесетгодишниот напаѓач ги засили редовите на Вардар од тајландскиот второлигаш Канчанабури, откако претходно во кариерата настапуваше за десетина европски клубови, вклучувајќи ги Динамо Киев, Слован Братислава и Шериф Тираспол. Родригез, како што објави попладнево Вардар, ставил ...
Дознајте кои хороскопски знаци имаат најголемо его и никогаш не си ги признаваат грешките Постојат луѓе кои дури и кога очигледно грешат никогаш нема да се извинат или да си ја признаат грешката, и сигурно познаете барем еден таков човек. Додека некои луѓе без проблем преземаат одговорност за своите постапки и продолжуваат понатаму без драма, на овие 3 хороскопски знаци егото и тврдоглавоста, едноставно, не им дозволуваат да признаат пораз. ...
Автобус удри во шест автомобили на автопат во Вирџинија во момент кога сообраќајот се одвивал забавено поради работи на патот, при што загинале пет лица, а 34 се повредени, соопшти денеска полицијата. Несреќата се случила во насока кон југ во округот Стафорд. Сите пет лица кои загинале биле во автомобилите што биле удрени од автобусот, а тројца од повредените се во критична состојба, соопшти полицијата. Автобус удри во шест автомобили на ...
Сезоната на лубеници само што не пристигнала, а овој плод се смета за еден од најздравите. Им се препорачува на луѓе со срцеви проблеми, на оние што страдаат од проблеми со крвните садови, но и како превентивна мерка против рак. Лубеницата се смета за спортски додаток во исхраната, иако содржи околу 92 отсто вода. За срцето и крвните садови Американските научници докажале дека лубеницата е еден од најдобрите природни извори на Л-цитрулин. ...
Романскиот претседател Никушор Дан, по состанокот на Советот за национална безбедност, ја соопшти одлуката за затворање на Генералниот конзулат на Руската Федерација во Констанца и протерување на конзулот, пренесе телевизијата Диџи24. Состанокот на Советот се одржа откако руски дрон удри во станбена зграда во градот Галаци, источно од границата меѓу Молдавија и Украина, предизвикувајќи експлозија и пожар во стан на 10-тиот кат од зградата. ...
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова изрази „огорченост поради одлуката на Романија да го затвори рускиот генерален конзулат во Констанца и да го протера конзулот“. Таа ѝ се закани на Романија со „соодветни мерки“ за одлуката што ја објави романскиот претседател Никушор Дан. „Соодветните мерки во врска со прогласувањето на рускиот генерален конзул за персона нон грата и затворањето на Генералниот ...
Кафето за многумина звучи како брзо решение за заморот, но кофеинот не е магичен менувач на енергијата. Тој не ја елиминира вистинската причина за поспаност, туку привремено го блокира аденозинот, хемикалија што се акумулира во мозокот додека сме будни и му сигнализира на телото да се одмори. Затоа може да се чувствуваме побудни по кафето, но ако телото е веќе исцрпено, лишено од сон или под стрес, ефектот може да биде слаб или краткотраен. ...
Суд во Австрија осуди 19-годишен маж на 15 години затвор поради планирање терористички напад за време на концертите на светската поп-ѕвезда Taylor Swift во Виена. Според австриските и германските медиуми, станува збор за Беран А., роден во Австрија од родители со потекло од Македонија. Тој бил прогласен за виновен за обид за убиство и терористички активности поврзани со планиран напад на концертите на Свифт, кои требало да се одржат минатото ...
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи поради безобѕирно управување со моторни возила. Во Скопје, четири лица управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, додека две лица од Кавадарци управувале мотоцикли без положен возачки испит. Исто така, возач од Скопје управувал мотоцикл без возачка дозвола, а моторциклот бил и без важечка регистрација. Во ...
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер. Утринските температури ќе се дижат од 4 до 14 степени, а максималните дневни од 19 до 31 степен. Како што информира УХМР, во недела и понеделник во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и среда времето ќе биде променливо облачно ...
23-годишно момче од тетовското село Сараќино го загуби животот во Австрија. Починатиот, кој потекнува од тетовскиот регион, село Сараќино, бил сопственик на кафе-бар и бил пријавен за исчезнат од понеделник. Неговото тело е пронајдено синоќа во езерото Факер (Faaker See), по интензивна потрага на австриските служби. Поради неразјаснетите околности на смртта, надлежните органи наредиле обдукција. Според австриските медиуми, во четврток вечерта ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изрази попладнево сочувство по повод смртта на младиот фудбалер на ФК Куманово, Аган Асани (13), кој го загуби животот во сообраќајна несреќа што во четвртокот вечер се случи во атарот на селото Черкези. Со голема тага ја примивме веста за загубата на нашиот фудбалер, Аган Асани. Неговото заминување остави огромна болка кај соиграчите, тренерите и целото семејство на ФК Куманово. Изразуваме искрено ...