Новата национална проценка на нутритивните средини во училиштата во Македонија открива дека нездравите опции на храна и пијалаци се широко достапни и се промовираат во и околу училиштата, додека здравите опции се ограничени, обликувајќи ги навиките во исхраната кај децата и отежнувајќи им го изборот на здрава храна. Проценката, спроведена во соработка со Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Институтот за јавно ...

Во издание на Македонската академија на науките и уметностите и „Матица македонска“ е објавен новиот, дваесет и петти роман на академик Божин Павловски, „Јаблон и Сибила“, со поднаслов „Љубовна приказна“. Новото дело на еден од најистакнатите современи македонски прозаисти отвора романескен свет во кој љубовта, паметењето, раселеноста и потребата од припадност се вкрстуваат во возбудлива приказна за човекот што го бара својот дом во историски ...

Идната сабота почнува полагањето на екстерните испити од матурата за повеќе од 14.500 ученици кои завршуваат средно образование во учебната 2025/2026 година. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година матурантите ќе полагаат три типа матурски испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. За секој испит (предмет) од типовите матура се изработени посебни испитни програми врз основа на ...

Венко Филипче е на ист став со бугарските власти кога станува збор за уставните измени и европскиот пат на Македонија, обвини денес ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека лидерот на СДСМ поддржува спроведување на уставните измени без гаранции за земјава. Од владејачката партија тврдат дека Филипче и бугарската министерка за надворешни работи имаат идентични ставови дека преговорите се водат со Европската Унија, а не директно со Бугарија. Според ...

Никола Гелевски е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ на годинешното издание на „Стрип Трип“. Наградата му се доделува за неговиот значаен придонес во развојот на современиот македонски стрип, како автор, уредник, издавач и еден од најупорните отворачи на простор за независна и алтернативна култура кај нас. Од 1990 година, Гелевски е директор и главен уредник на книгоиздателството „Темплум“, една од клучните независни ...

Во сабота, 30 мај, вечерта на финалето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Арсенал, во Франција ќе биде распоредена голема безбедносна операција. Според „Л’Екип“, ќе бидат распоредени 22.000 полицајци и жандарми, од кои 8.000 ќе бидат на улиците на Париз и околината. Минатата година, за време на финалето на Лигата на шампионите во Минхен, во кое ПСЖ го победи Интер со 5:0, 5.400 полицајци и жандарми беа мобилизирани во регионот на Париз. По ...

Јас објаснив дека и да сака некој да посегне по шпионажа, која секогаш се однесува на класифицирани податоци, не може тоа да го стори, бидејќи кабинетот нема, ниту практикува електронска мрежа на класифицирани податоци, истакна денеска од Штип претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, која одговараше на новинарски прашања поврзани со случајот со вработен во нејзиниот кабинетот, кој медиумите го нарекоа „шпионска афера“. -Тоа е ...

Во Собранието, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Улогата на демократските институции во културниот дијалог: Од претставување до кохезија“ – сесија 2 во рамки на Четвртиот форум за културна дипломатија. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето обраќање истакнал дека нашата држава има седум културни центри низ светот, нагласувајќи дека културата нема граници. Тој посочил дека Евровизија и студентските размени претставуваат ...

Нашето патување и нашите борби започнуваат сега и се надеваме дека ќе успееме да донесеме нешто подобро за земјата, порача поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, а сега лидер на Грчки левичарски сојуз (ЕЛАС) откако до Врховниот суд на Грција ја достави декларацијата за основањето на неговата партија, заедно со законски неопходните потписи, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас, кој во вторникот и официјално ја промовираше неговата ...

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години со два порази ги заврши контролните натпревари против Словенија на домашен терен, откако попладнево загуби и во вториот дуел во Струмица со 4-0. Откако во вторникот загубија со 3-1, избраниците на селекторот Димитар Капинковски денеска претрпеа уште повисок пораз што го навести Кристијан Козар во 33 минута. До крајот на полувремето, Козар го зголеми водството на Словенија во 40 минута. Во ...

Швајцарската полиција денеска оцени дека нападот со нож на железничката станица во Винтертур, во кантонот Цирих, во кој три лица беа избодени и тешко ранети, претставува терористички чин. Шефот на кантоналната полиција на Цирих, Марио Фер, на прес-конференција изјави дека напаѓачот Несип Деделер (31) имал двојно државјанство – и турско и швајцарско, но и дека се радикализирал и дека уште во 2015 година бил пријавуван за ширење пропаганда на ...

Културата е еден од најдлабоките изрази на идентитетот на еден народ. Таа го отсликува неговото искуство, вредности и креативна сила., па затоа кога денес говориме за културна дипломатија, најнапред мораме да расчистиме една суштинска заблуда , културата не е протоколарен додаток на државата, таа не е декоративен елемент на меѓународните односи, рече денеска министерот за култура Зоран Љутков на Форумот посветен на културната дипломатија. ...

Германското сојузно обвинителство издејствува апсење на уште еден осомничен во врска со истрагата за наводна набавка на оружје за Хамас. Како што пренесе ДПА, станува збор за маж уапсен од страна на данската полиција во близина на Копенхаген, соопштија денеска германските обвинители. Данската полиција го уапсила данскиот државјанин во средата, соопшти највисокиот обвинителски орган во Германија. Тој е осомничен за набавка на оружје за ...

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард денеска предупреди на намалената независност на централните банки, кои се соочуваат со сè поголеми политички притисоци во помалку поволно економско опкружување. – Во свет во кој условите стануваат сè потешки, предизвикот повеќе не е само зачувување на правната независност на централните банки, туку пред сè зачувување на кредибилитетот неопходен за нејзино остварување – рече ...

Владата прави напори преку конкретни политики и мерки за сите наставници да ги задржат работните места, и покрај тоа што бројот на ученици значително е намален во изминатите години, а лани во 147 подрачни училишта воопшто и не се запишале ученици. Меѓудругото, затоа и воведуваме едносменска настава и продолжен престој во училиштата, со цел наставниците да имаат дополнителни активности, полн фонд на часови и да добиваат целосна плата. Во ова ...

На денешната собраниска седница за пратенички прашања се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков кој постави три прашања од кои првите две беа упатени до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и едното до министерот за здравство, Азир Алиу, кои се однесуваа на три многу значајни теми за граѓаните на Македонија и тоа за динамиката и напредокот на реформската агенда, мерките за контрола на цените за горивата и на ...

Секој студент ја има вештачката интелигенција на својот телефон. Борбата не е таа да се запре, туку човекот да го има последниот збор. Во образованието, наша задача е да поставиме рамки и начини на нејзина употреба. Нив ги определуваме со Националната стратегијата за образование 2026–2032 и повеќе други документи, со кои целиме кон создавање дигитално зрело образовно опкружување, коешто ќе им овозможи на младите одговорно и креативно да ги ...

Имаме можеби историски најголема криза, епска криза во енергетиката во последните 50 години, но сепак како влада без да правиме емотивни прес-конференции и без да се жалиме колку е тешко, а тешко е, успеавме да креираме модел кој резултираше во моментот со најдобри резултати, имајќи го предвид регионот, изјави премиерот Христијан Мицкоски на седницата за пратенички прашања. Посочи дека имаме доволно колични нафта и нафтени деривати и дека ...

Министерот за локална самоуправа Златко Перински изјави дека не гледа ништо спорно тоа што градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, именувал свој заменик во Општина Карпош и тврди дека од општината не добил известување дека Лукровски поднел оставка од функцијата. На седницата за пратенички прашања, во одговор на прашање на пратеникот Митко Трајчулески, Перински рече дека во согласност со член 52 од Законот за локална самоуправа, секој ...

Во пресрет на 114 годишнината од раѓањето на познатиот македонски романсиер, раскажувач и поет Ванчо Николески денеска, библиотекари од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе гостуваат во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец. На учениците ќе им бидат презентирани интересни факти сврзани со животот и делото на Ванчо Николески кој е роден 1912 во селото Црвена Вода а починал во април 1980 година во Охрид. Годинава се одбележуваат 80 години од ...

Јон Фрчкоски изјави дека СДСМ привремено ги исклучил коментарите на социјалните мрежи поради, како што тврди, организирани напади од бот-профили и тролови поврзани со ВМРО-ДПМНЕ. Вели дека се создаваат голем број лажни профили кои се меѓусебно поврзани и координирано шират навреди, лаги и говор на омраза. Тој тврди дека цел на нападите се сите кои зборуваат за реформи, корупција, криминал и тендерски шеми, како и критичарите на премиерот ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на врховна командантка на вооружените сили, заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во Штип присуствуваше на презентацијата на воената опрема, како и на демонстрацијата на војничките вештини од различен вид. Настанот беше организиран по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки, Лесната пешадиска баталјонска група доби ...

Повеќе од илјада планинари од Македонија и регионот викендов, на 31 мај, се очекува да бидат дел од 44-тото традиционално искачување на Титов Врв, кое и оваа година го организира Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово, продолжувајќи една од најзначајните и најмасовни планинарски традиции во земјава. Настанот, кој со децении претставува симбол на заедништво, љубов кон планината и планинарскиот дух, од година во година привлекува сè поголем број ...

Овој петок во Македонскиот културен центар во Тирана ќе се прикаже специјална VR претстава „Ехо од длабочината“ посветена на Охридското езеро. “Ехо од длабочината” е поетичен, интерактивен ВР перформанс кој ја истражува кревката убавина на Охридското Езеро и еколошките предизвици со кои се соочува. Овој перформанс составен од два дела, најпрвин ги носи гледачите на патување низ езерото преку виртуелна реалност, а потоа преку интеракција со ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, во однос на исполнување на реформската агенда истакна дека тоа што е до 30 јуни како грејс период може да биде завршено, и во јунскиот извештај сега како земја да бидеме и вистински т.н. фронтранери, односно македонската јавност да знае дека важно ни да се испорачаат што е можно повеќе реформи и за граѓаните и за државата. „Имаме прилично ...

Во чест на значајниот јубилеј – 60 години постоење на Факултетот за музичка уметност – Скопје, во рамките на концертната серија „ФМУ – 60 години“, ќе се одржи свечен концерт на студентите на Факултетот за музичка уметност. Овој значаен културен настан се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам и под покровителство на Претседателката на Република Македонија, проф.д-р Гордана Сиљановска – Давкова, потврдувајќи ја ...

На 4 јуни, со почеток во 20:00 часот, во Големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, ќе се одржи концерт на Националниот џез оркестар, со кој ќе биде отворено првото издание на JAZZ STReam Festival. Публиката ќе има можност да ужива во моќниот звук на биг бенд оркестарот во живо, под диригентство на маестро Џијан Емин. Ова ќе биде прво гостување на Националниот џез оркестар во Струмица и почеток на JAZZ STReam Festival – ...

Вечерва (28 мај, 20:00 ч., МКЦ), со прогласување на добитниците на наградите „Златен був“ за најдобар долгометражен и краткометражен филм од жири и од публика, како и на специјалното признание Стефан Сидовски-Сидо“, ќе се спушти завесата на 16. издание на Филозофскиот филмски фестивал. Годинешното жири го сочинуваа домашни и меѓународни познавачи на филмот и филозофијата: Габриеле Зиндлер (скрипт-експерт, Австрија), Адријано Ерколани (филозоф ...

На 29 мај (петок), со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот КИЦ во Софија ќе биде отворена меѓународна фотоизложба „Последните селани“ од колонијата „Арт поинт – Гумно“ со дела од автори, од различни земји: Ероу Рос (САД), Јана Хунтрова (Чешка), Алена Новакова (Чешка), Марек Пекни (Чешка), Ева Моричка (Чешка), Јана Мари Кнотова (Чешка), Павла Бичикова (Чешка), Надја Милерова (Чешка), Петр Буреш (Чешка), Рудолф Кучап (Чешка), ...

Италијанецот Јаник Синер од 6:3, 6:2, 5:1 до пораз, Хуан Мартин Черундоло го постигна најголемиот триумф во својата кариера и ја прекина победничката серија на Јаник Се чинеше дека нема да има проблеми за Јаник Синер во втората рунда. Имаше два сета до крајот, двоен брејк во третиот сет и се движеше кон победа, сè додека сончевиот удар не му го зеде данокот. Му се слоши во третиот сет, кога му беше даден медицински тајм-аут поради грчеви, ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
30%
1012
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
3.56
47%
1009
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.25
38%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
34%
1010
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
50%
1008
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
4.02
53%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
43%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.58
38%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.08
55%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28