Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година и промоцијата на победничкиот роман „Чудна случка во гратчето Капи и Штици“ од Ванчо Полазаревски ќе се одржат на 1 јуни (понеделник), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Настанот, на кој ќе биде награден добитникот на признанието за најдобар необјавен роман за деца и млади, што го носи името на големата македонска писателка за деца, Оливера ...
Лажната скромност на самопрогласените борци за работнички права излегува на виделина. Додека глумат загриженост за работници и, наводно, се борат за повисока минимална плата и тврдат дека во Македонија биле ниски платите, синдикалните претставници се луксузираат на трошок на синдикатите и врз грбот на работниците, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Еден од овие примери е Трпе Деаноски од УПОЗ, кој со пари од членарините на ...
Лондонски Кристал Палас го освои првиот европски трофеј во својата 119-годишна историја, откако во финалето на Лигата на конференции во Лајпциг го совлада Рајо Ваљекано со 1-0 (0-0). Ова беше петто издание на Конференциската лига во кое Кристал Палас стана петтиот клуб кој триумфирал, по Рома, Вест Хем, Олимпијакос и Челзи. Победата на англискиот клуб му ја донесе францускиот репрезентативец Жан – Филип Матета во 51. минута. Историското прво ...
– Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа вечерва градскиот ривал Бутел со 36-34 во рамки на последното коло во македонската Суперлига и со триумф ставија печат на сезоната во која по пауза од три години ја освоија шампионската титула. Во пресметка без резултатско значење, Вардар беше во негатива до завршните 15 минути, кога со серија од 5-1 дојде во водство од 34-31 и ја забележа својата 30. победа во сезоната. По завршувањето на ...
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави денеска дека Унијата не смее да „падне во руска замка“ со прашањето кој ќе ја претставува Европа на евентуални идни преговори. Таа изјавата ја даде при пристигнувањето на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во кипарскиот град Лимасол. Калас нагласи дека Русија се обидува да го насочи фокусот кон прашањето „кој зборува ...
САД воведоа санкции против новоформираната иранска структура која, според Вашингтон, е задолжена за контрола на бродскиот сообраќај низ Ормуската теснина, соопшти американското Министерство за финансии. Техеран на 15 април соопшти дека формирал нов државен орган насловен „Управа за контрола на Персискиот Залив“ (Persian Gulf Strait Authority), со основна задача управување со безбедноста и надзорот на морскиот премин. Во соопштението на ...
„Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција“. Вака гласеше референдумското прашање на референдумот за промена на името кој дојде како последица од Договорот од Преспа од 2018 година. Тогаш владејачката СДСМ тврдеше дека тоа е референдум со кој граѓаните се одлучуваат дали се за членство во ЕУ и НАТО. Рефендумот кој се одржа 30 септември пред осум години беше неуспешен бидејќи не излегоа половина од ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. Во Скопје, променливо ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека без оглед каков и да е договорот со Иран, Ормуска Теснина ќе биде отворена за сите и нема да биде контролирана од ниту една држава. Ќе ја набљудуваме, но никој нема да ја контролира. Тоа е дел од преговорите што ги водам, истакна Трамп. Тој, исто така, нагласи дека САД не размислуваат за ублажување на санкциите за Иран. Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека без оглед ...
Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците кои од својата плата ги даваат за чланарина, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Лажната скромност на синдикалците како Трпе Деаноски од УПОЗ излезе на виделина, додаде тој. Додека во Македонија вели дека се мали платите и дека се борел за поголеми плати, дека граѓаните живееле во сиромаштија и мизерија, Трпе Деаноски во ...
Кога сакате брз, вкусен и лесен оброк што совршено се вклопува во летното мени, овие тиквички со лук и кремаст додаток се вистински избор. Подготвени со едноставни состојки, а со богат домашен вкус, можат да се послужат како самостоен оброк, лесна вечера или како прилог со месо и риба. Рецептот е идеален и за оние што бараат практични сезонски јадења со свеж зеленчук и домашна кујна. Потребни состојки: 900 г млади тиквички 1 главица кромид ...
Во четврток, 28 мај со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Виенска фантазија“ на кој како солист ќе настапи виолинистот Шкељзен Доли од Албанија, а диригент е Михаил Мачиашчек од Полска. На програмата се „Четири годишни времиња“ од Антонио Вивалди и Симфонија бр. 40 во ге-мол од Вофганг Амадеус Моцарт. Концертот се реализира во соработка со фестивалот „Сцена на Албанската сериозна музика” ...
Природниот прираст во првиот квартал годинава е негативен и изнесува – 1.962, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците на ДЗС, природниот прираст е негативен во 66 општини. Во првиот квартал годинава во споредба со истиот период лани бројот на живородени деца изнесува 3.380 и е намален за 4.1 проценти. Бројот на умрените ...
Конвенционалната дипломатија многу често зборува со јазикот на интересот и затоа зад нејзините прагматични цели лесно може да се појават сомнежот и поделбите. Културната дипломатија е ослободена од тој товар бидејќи не бара ништо за возврат. Таа единствено се обраќа на човечката душа и дух, создавајќи простор каде што се рушат стереотипите и предрасудите, истакна вечерва претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето во ...
Четири лица лишени од слобода за семејно насилство од вкупно 10 пријави во последното деноноќие На 26.05.2026 околу 21:00 часот во СВР Скопје, Н.Ѓ.(34) пријави дека во село во општина Зелениково, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот свекор В.Ѓ.(65). На 26.05.2026 во 21:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.К.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна ...
Изложбата „Вибрантни идентитети“ претставува современ визуелен дијалог меѓу традиционалната уметност и дигиталниот израз, каде што глината и пикселите се спојуваат во уникатен креативен простор исполнет со контрасти, експерименти и динамични визуелни енергии. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес за 2026 година, а ќе биде поставена во ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“ во Скопје од 1 до 5 ...
Белата куќа денеска соопшти, дека наводите на иранската државна телевизија за првиот неофицијален рамковен меморандум за разбирање помеѓу Иран и САД за завршување на војната, „не се точни“ и оти се „целосна фабрикација“. Иранската државна телевизија денеска објави дека Техеран добил нацрт на првиот неофицијален рамковен меморандум за разбирање помеѓу Иран и САД за завршување на војната. Во документот, како што јави иранската телевизија, Иран ...
Државата подготвува нов пакет мерки за финансиска поддршка, со кој е предвидено одредени ранливи категории граѓани да добиваат по 3.000 денари месечно. Целта на оваа мерка е да се ублажат трошоците за живот и да им се помогне на најпогодените домаќинства во земјата. Кои граѓани се опфатени со мерката иако официјалните критериуми сè уште се прецизираат, досегашните информации укажуваат дека помошта ќе биде насочена кон следните групи: ...
Ракот на дебелото црево во последниве години сè повеќе ги погодува помладите луѓе. Доктор д-р Сермед Межер ги предупреди луѓето да не ги игнорираат одредени симптоми поврзани со дефекацијата бидејќи тие би можеле да укажуваат на рак на дебелото црево. Во видео објавено на „TikTok“, тој зборуваше за колоректалниот рак, болест која го зафаќа дебелото црево или ректумот, а во последните години сè повеќе ги погодува помладите луѓе. Д-р Межер ...
Силно невреме проследено со силни ветрови ги погоди источните делови на Словенија попладнево, а некои места падна и град со големина на орев, кој дополнително ги оштети покривите, пишува N1 Словенија. Бурата предизвика штети на покриви, дрвја и земјоделско земјиште. Податоците од Дирекцијата за заштита и спасување покажуваат дека десетици операции за гаснење пожари биле започнати поради штети од ветер во областите Света Ана, Јуровски Дол, ...
Бидејќи спортската облека често нема практични џебови, многу тркачи едноставно го носат мобилниот телефон во рака. Сепак, експертите предупредуваат дека оваа навидум безопасна навика може негативно да влијае на техниката на трчање на долг рок и да предизвика болка, пишува „heute.at“. Тркачите обично се фокусираат на темпото, кондицијата и дишењето, но честопати игнорираат како малите движења влијаат на целото тело. Спортскиот научник и ...
Уганда денеска ја затвори својата граница со Демократска Република Конго за да го спречи ширењето на еболата. Границата ќе биде затворена четири недели за сите освен за медицински, хуманитарни и безбедносни операции, како и за транспорт на храна и товар. Предвидено е секое лице кое ќе добие дозвола за влез во Уганда од ДР Конго ќе мора да биде изолирано 21 ден. Во Уганда регистрирани се седум случаи на ебола и еден смртен случај, а во ДР ...
Италијанското Министерство за здравство издаде највисоко ниво на предупредување за жештини за четири големи градови, додека бран од топло време ја зафаќа земјата, со температури кои на многу места надминуваат 30 Целзиусови степени. Највисокиот степен на предупредување е прогласен за четврток за Рим, Фиренца, Болоња и Торино, што значи дека дури и здравите луѓе би можеле да се соочат со негативни физички последици од невообичаено раната ...
Три девојки се повредени во сообраќајна несреќа што денеска околу 14:20 часот се случила на автопатот Скопје-Велес, на мостот по наплатната станица Сопот. Според информациите од МВР, патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Л.Ќ. од Велес, се превртело на коловозот. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачката Л.Ќ., како и сопатничките Е.Ш.(20) и Т.Т.(17), двете од Велес. Повредите биле ...
Во емисијата „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој истакна дека Владата продолжува со економска политика насочена кон силни капитални инвестиции и поддршка на градежниот сектор со цел зголемување на бруто-домашниот производ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го објавува интегрално. Овие 260 милиони евра кои Република Македонија ќе ги повлече ќе бидат ...
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно со сончеви ...
Детскиот културен центар „Карпош“ по трет пат го организира „Фестивалот на детски мјузикли“, кој годинава ќе се одржи од 30 мај до 1 јуни во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје. Фестивалот се реализира под покровителство на Град Скопје. Мјузиклот е музичко-сценска форма во која се спојуваат пеење, глума и танц, а токму тоа е и идејата на фестивалот: да им даде простор на децата и младите кои имаат талент за сцена, музика и ...
Лидија Велковска Бојчевска, повозрасна жена исчезнала во скопската населба Карпош, а семејството упати апел за помош во потрагата. Последен пат, жената која пати од деменција била видена вчера, 26 мај, околу 15:15 часот, во дворот на основното училиште „Петар Поп Арсов“. Семејството во објава на Фејсбук наведува дека во моментот на исчезнувањето Лидија била облечена во розови тренерки и блуза со црно-бели линии. Секој што има било каква ...
Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија, како заеднички претставник на лицата кои живеат со дијабетес во државата, подолг временски период укажува на потребата од подобрување на пристапот до редовни, навремени и континуирани специјалистички прегледи. Редовните контроли претставуваат основен и неопходен дел од здравствената грижа за лицата со дијабетес, бидејќи преку нив се следи текот на болеста, се проценува здравствената ...
По историската победа на пејачката Дара, која ѝ ја донесе на Бугарија првата победа на Евровизија, потврдено е дека следното издание на натпреварот ќе се одржи во Софија. Бугарија за прв пат го освои натпреварот во Виена, а песната „Бангаранга“ ја освои публиката низ цела Европа. За разлика од вообичаената практика, овој пат нема да има натпревар меѓу бугарските градови. Милена Милотинова, генералниот директор на јавниот радиодифузен сервис ...