Запленивме половина милион евра кеш, 25 илјади парчиња лекови и медицински инструменти, во тек е истрага за заплена на 80 килограми марихуана по информација на царинското разузнавање, а веќе неколку месеци во тек е и опсежна истрага за акцизна стока која досега било незамисливо некој воопшто да работи на ова, рече директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, во гостувањето на Топ тема на Телма телевизија, информира прес-службата на ...

Министерот за култура Зоран Љутков денеска ги посети просториите каде треба да биде сметен Националниот џез оркестар. Во рамки на посетата, министерот изврши увид во активностите за реновирање и уредување на просториите каде што треба да биде сместен оркестарот. Денеска сум во посета на НУ Џез оркестар на Македонија, поточно на просторот кој многу скоро ќе стане нов дом на оваа институција достоен и за музичарите и за културната сцена во ...

Шест години по „Болка и слава“, Педро Алмодовар се враќа на Канскиот филмски фестивал, каде што неговото најново дело, „Горчлив Божиќ“, ќе ја има својата меѓународна премиера во натпреварувачката програма, додека домашната премиера на овој филм е закажана за 28 мај во нашите кина. По неговиот прв игран филм на англиски јазик, „Следната соба“, Алмодовар се враќа на снимање во Шпанија и работа со некои од неговите познати соработници. Снимен во ...

Фудбалерот од средниот ред на Милан и хрватски репрезентативец Лука Модриќ, ќе го објави своето пензионирање по Светското првенство во 2026 година, објави новинарот Николо Шира на социјалните мрежи. Модриќ во септември ќе наполни 41 година. Хрватот се приклучи на италијанскиот клуб минатото лето како слободен играч. Неговиот тековен договор со Милан е до крајот на јуни 2026 година, со можност за продолжување. „Transfermarkt“ ја проценува ...

На повеќе места утре ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град, соопшти УХМР. Во петок и во сабота времето ќе биде стабилно со пониски температури. Од недела температурите повторно ќе бидат во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, ...

Војната во Иран продолжува да ја тестира отпорноста на банките и претпријатијата во ЕУ, при што растот на цените на енергијата ја зголемува инфлацијата и го нарушува економскиот раст, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). Сегашниот шок во снабдувањето со енергија носи нагорни ризици за инфлацијата и надолни ризици за економскиот раст – изјави потпретседателот на ЕЦБ, Луис де Гиндос, цитиран во соопштение за медиумите во врска ...

Вчера во 06:30 часот на наплатна станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода А.Г.(42) и Г.Г.(39), двајцата од Косово. Претходно, полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Г. и возило „шкода октавија“ со косовски национални ознаки, управувано од Г.Г., при што во возилото ...

Вчеравечер во македонскиот КИЦ во Загреб бројната публика имаше можност да се запознае со делата на четворица современи македонски уметници — Ѓорѓе Јовановиќ, Јасмина Главинче, Владимир Лукаш и Вук Митевски — кои преку цртеж, слика, графика, илустрација и анимациски имагинариум ги истражуваат внатрешните пејзажи, личните состојби, сеќавањата и фрагментите на современото искуство. На отварањето на изложбата „Mind(e)scapes“ на Асоцијацијата за ...

Македонскиот национален ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и Хрватскиот национален ансамбл „Ладо“, двата столба на балканскиот и светскиот фолклорен мелос, најавуваат незаборавно културно доживување за домашната публика. Под магичниот наслов „Една ноќ под ѕвездите“, овие два реномирани ансамбли ќе одржат два ексклузивни заеднички концерти кои ветуваат врвно уметничко доживување, спојувајќи ги традицијата, моќниот вокал и безвременската ...

Францускиот институт во Скопје и Кинотека имаат чест да ве известат и поканат на нова проекција на месечните „Кино средби”, во рамките на кои се прикажуваат современи француски филмови. Во четврток, 28 мај 2026, 20:00 часот, во Кинотека, ќе биде прикажан „Борго” (2024, 118 мин.), филм на Стефан Демустие, со Хафсија Херзи, Муса Мансали и Луј Меми. Мелиса, 32-годишна искусна чуварка во затвор, се сели на Корзика со својот сопруг и двете мали ...

Европската Унија во 2025 година била дом на 451 милион луѓе, што е за еден милион повеќе споредено со 2024 година. Шест проценти од популацијата во ЕУ била постара од 80 години, а медијанската возраст е зголемена од 39,6 во 2005 на 44,9 години во 2025. Според последните проекции на Евростат населението на ЕУ се очекува да се намали за 11,7% до 2100 година, што значи 53 милиони луѓе помалку до стартот на следнот век. Според проекциите, ...

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, информира за состојбата на напаѓачот Лионел Меси. – Првичните резултати по повредата не се толку лоши. Треба да видиме како ќе се опорави, а исто така да почекаме дополнителни тестови за да ги потврдиме првичните медицински наоди, изјави Скалони за „ESPN“. Триесет и осумгодишниот Аргентинец беше заменет во 73. минута од натпреварот од регуларната сезона на МЛС помеѓу Интер ...

Бројот потврдени случаи на инфекција со хантавирус поврзани со првичното избувнување на заразата на холандскиот крузер се зголеми на 13, соопшти денеска Светска здравствена организација (СЗО). Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на платформата „Икс“ наведе дека Шпанија пријавила нов случај кај патник во изолација, со што вкупниот број на заразени се искачи на 13. Тој додаде дека досега има три смртни случаи, но дека од 2 ...

Реновирањето на два дела од старатата зграда на Комерцијална Банка – Нов дел и Бисер – е комплетно завршено, а во моментов се одвиваат активности во т.н. Стар дел, за кои се очекува да бидат завршени во втората половина на јуни – рече директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски синоќа во интервју за 4ТВ. Минимум два пати неделно одржуваме состаноци со проектанти, ревиденти, изведувачи и ние како инвеститори. Секојдневно ...

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Хрватска, соопшти хрватската сеизмолошка служба. Епицентарот бил на околу осум километри од Петриња, а потресот е регистриран во 9:51 часот. „Денес, на 27 мај 2026 година, во 9:51 часот, сеизмографите на Сеизмолошката служба регистрираа умерен земјотрес со епицентар на 8 километри од Петриња. Магнитудата изнесуваше 3,7 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот ...

СДС, Венко Филипче и тие околу него, за власт, моќ и амнестија на криминалите се спремни на се и на нови национални предавства.Без око да им трепне, уште од прв ден, доколку би дошле власт, би направиле уставни измени со кои би ги вметнале Бугарите во македонскиот устав велат од ВМРО-ДПМНЕ. Иако знаат дека впишувањето на околу две, три илјади граѓани кои себеси се чувствуваат како Бугари не се последното барање или ултиматум кој доаѓа од ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод празникот Курбан Бајрам до граѓаните од исламска вероисповед посакувајќи празничните денови да донесат радост, топлина и надеж, а во секое семејство љубов, мир и бериќет. Мицкоски посочува на вредостите на кои потсетува Курбан Бајрам – солидарноста, човечноста, меѓусебната почит и грижата за ближните и порачува во духот на празникот да продолжиме заеднички да градиме општество на ...

Американскиот трговски претставник, Џејмисон Гриер, синоќа изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп планира воведување нови царини за партнерите од договорот за слободна трговија меѓу САД, Мексико и Канада (УСМКА). Гриер наведе дека Вашингтон има сериозни нерешени прашања во трговските односи со Канада и оти е неопходно воведување царини поради големиот трговски дефицит. „Ќе мора да воведеме царини додека го имаме овој ...

Само еден од двајца анкетирани планираат да одат на одмор годинава, осум од десет одбираат поекономични типови одмор (викендички, изнајмени соби), додека пак мнозинството ја одбираат континентална Грција, за да ги избегнат трошоците за траекти, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од грчкиот Институт за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката на МИА од Атина. Од анкетираните, 50 ...

Екипите на Кристал Палас и на Рајо Ваљекано ќе играат во финалето на Конференциската лига. Натпреварот ќе се одржи на „Ред Бул Арена“ во Лајпциг, Германија, со почеток во 21 часот. Оваа арена беше домаќин на Светското првенство во фудбал во 2006 година. Во полуфиналето, англискиот клуб го победи Шахтјор Донецк со вкупен резултат 5:2, додека Рајо беше поуспешен од Стразбур со вкупни 2:0. Во пресрет на финалето, навивачите на двете екипи имаа ...

Поранешниот тренер на Барселона, Чави, е меѓу кандидатите да седне на клупата на Милан, објави денеска „Кориере дело Спорт“. Според истиот извор, Златан Ибрахимовиќ, советникот на американската инвестициска компанија „РедБрд“, која е сопственик на италијанскиот клуб, лобира Чави да го преземе клубот за следната сезона. Раководството на Милан вчера им врачи отказ на тренерот Масимилијано Алегри, генералниот менаџер Џорџо Фурлани и спортскиот ...

Дваесет и петтото издание на OFFest ќе се одржи од 3 до 6 јуни во Скопје, со осум концерти и учество на музичари од 12 земји, а годинава фокусот ќе биде ставен на африканската музика. Директорот на Skopje Jazz Festival, Оливер Белопета, изјави дека и покрај јубилејот, фестивалот останува во рамки на постојниот концепт поради ограничен буџет и недостиг на соодветна летна сцена. Фестивалот ќе биде отворен во Национална опера и балет со настап ...

ФИЛМАЈ 2026 – фестивал на краток филм денеска и утре ќе се одржи во Занаетчискиот дом – Куманово, со почеток во 20 часот. Како што информираат организаторите на фестивалит, на првата вечер ќе биде свеченото соопштување на наградените филмови и проекцијата на осум филмови. Во рамки на втората вечер ќе бидат прикажани дополнителните осум филмови. ФИЛМАЈ 2026 – фестивал на краток филм денеска и утре ќе се одржи во Занаетчискиот дом – Куманово, ...

Оперската класика „Травијата“ од Џузепе Верди, ремек-дело кое плени со својата страст, драматургија и незаборавна музика, ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет на 27 мај во 20.00 часот, во рамките на 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Инспирирана од романот „Дамата со камелии“, оваа опера раскажува длабоко човечка приказна за љубовта, жртвата и судирот со општествените норми. Диригент е гостинот од ...

Граѓаните се сè поодговорни и редовно пријавуваат нерегуларности кога ќе забележат службени возила со новите препознатливи таблички на необични локации, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ. Граѓаните навистина се осмелуваат да пријават. Обично реагираат кога ќе сретнат такво возило на пазарче. За еден таков случај одговоривме дека се работи за возило на Општина ...

– Се раѓа нова политичка сила, со цел не само политичка промена, туку и промена на политиките, порача поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас за време на митингот во центарот на Атина, промовирајќи ја неговата нова партија под името Грчки левичарски сојуз или скратено ЕЛАС Со Акропол зад него, од историската атинска населба Тисио, Ципрас порача дека „дојде денот“ и дека се прави првиот чекор за „ново општествено мнозинство“. Тој говореше за ...

Мистичниот амбиент на Уметничката галерија „Амам“ при НУ Музеј Гевгелија, простор каде некогаш вирееле тајните на едно старо женско купатило, во петокот на 22 мај стана прибежиште за уметноста на Гордана Винчиќ. Промоцијата на нејзината книга проследена со мултимедијална изложба под наслов „Мостови кон себе“ се претвори во интимно и длабоко емотивно доживување кое ја преплави публиката со исклучително позитивна енергија. Оваа вечер за ...

Големата акција на „Матица македонска“, „Мисли на македонски, читај домашно“, организирана од „Матица македонска“ по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св.и Методиј, и во рамките на одбележувањето на 35 години од основањето на првата издавачка куќа во самостојна Македонија, денес завршува со голема донација за СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Битола. Во духот на пораката со која беше осмислена целата акција, „Матица ...

На 27 и 28 мај (среда и четврток), со почеток од 20 часот, на големата сцена на Театар Комедија ќе се одиграат претпремиерата и премиерата на претставата „Избраниот“ по текст на Ева Камчевска, а во режија на Јане Спасиќ. Во претставата играат актерите: Тони Денковски, Жаклина Петровска, Виктор Арсов, Сергеј Димоски, Елена Кузманов и Ангела Лефкова. „Избраниот“ е апсурдна комедија за тричлено семејство кое живее во една рудиментарна средина и ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците вклучени во програмата „Конекција Оксфорд“, Џеј Јакуб, извршен директор на Фондацијата за економија на заемноста, Мајкл Рамзден, предавач, како и креаторите на програмата, Костаке Милков, претседател на Балканскиот институт за вера и култура и г-а Нада Милкова, директорка на издавачката куќа „Метаноја“. Заблагодарувајќи им се за посетата, претседателката истакна дека ...

Цезар салата

52 минути - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
3.65
46%
1007
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
57%
1008
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
54%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
56%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.26
41%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
64%
1010
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
0.61
57%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33