Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ денеска потпишаа договор за стратешка соработка помеѓу двете земји, што претставува нова етапа во билатералните односи. Исто така, беше потпишан и договор за соработка меѓу Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија. На прес-конференцијата по потпишувањето на договорите, Мицкоски и Пленковиќ истакнаа дека ...

Неколку лица загинаа откако училиштен автобус денеска се судри со воз во белгискиот град Бугенхаут, јави ДПА. Двајца тинејџери, возачот на автобусот и еден возрасен придружник загинаа, додека двајца патници се тешко повредени, изјави белгискиот министер за транспорт Жан-Лик Крук за RTL Info. Причината за несреќата, која се случила на околу 20 километри северно од Брисел, не е позната. Според компанијата за железничка инфраструктура ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во текот на ноќта извршиле напади врз повеќе од 100 локации и оперативци на Хезболах во долината Бека во источен Либан и ширум јужниот дел на земјата. Според војската, нападите биле насочени кон складишта за оружје, командни центри, набљудувачки пунктови и друга инфраструктура што Хезболах ја користел за планирање и извршување напади против војниците и цивилите. Во еден напад во областа Машгара ...

Претставата „Кокошка”, во копродукција на независната театарска група Вортекс и Театар Комедија, ги освои двете најзначајни награди на јубилејното десетто издание на Интернационален театарски фестивал во Приштина, кое се одржа од 18 до 23 мај, годинава во Приштина. Наградата за најдобро актерско остварување на фестивалот ѝ беше доделена на Билјана Драгиќевиќ Пројковска за улогата на Ала во претставата „Кокошка“, додека претставата ја доби и ...

Изолирана појава на нестабилност утре и нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер в четврток на повеќе места прогнозира Управата за хистрометеоролошки работи. Локално утре и во четврток процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град, соопшти УХМР. Според прогнозата на Управата, преодно стабилизирање на времето ќе има ...

Од 3-6 јуни во Кинотеката на Република Македонија ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Во таа пригода ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Анте Поповски е сценарист или продуцент, со што јавноста ќе се запознае со уште еден, делумно запоставен аспект на неговата творечка личност –дејноста на полето на филмската уметност. Омажот започнува во среда на 3 јуни, на роденденот на поетот. ...

Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 0,46 проценти во однос на претходната одлука од 18 мај. Според одлуката, од 27 мај на полноќ, бензините и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 0,50 денари по литар, додека цената на дизелот останува непроменета. Новите максимални цени ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС-95 – 87,50 денари за литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ...

Во духот на пријателството, меѓусебната почит и партнерството разговаравме за унапредување на соработката меѓу двете држави во повеќе стратешки области, како што се економијата, енергетиката, инфраструктурата, европските интеграции и регионалната безбедност. Средбите претставуваат уште една потврда за силните и пријателски односи меѓу Македонија и Хрватска, како и за заедничката определба за стабилен, безбеден и европски регион, напиша ...

Централниот совет на Македонците во Берлин упати апел до пратениците во Европскиот парламент да го поддржат Амандманот 108 на европратеникот Томас Вајц. Со амандманот се бара Правната служба на Советот на ЕУ да даде независно мислење дали Вториот билатерален протокол меѓу Македонија и Бугарија е дел од преговарачката рамка за членство во ЕУ. Од Советот велат дека досега нема јасна правна потврда за тоа, иако протоколот во пракса се третира ...

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, изјави дека го смета својот тим за еден од фаворитите за претстојното Светско фудбалско првенство. Денес, Де ла Фуенте го објави конечниот состав за турнирот. – Се чувствуваме како фаворити и сме способни да го освоиме Светското првенство. Но, тоа не ни гарантира ништо, се разбира. Постојат и други тимови кои исто така се борат за трофејот. Имаме желба да се бориме храбро, но во фудбалот можеш да ...

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп в среда, на 27 мај премиерно ќе биде изведена претставата „Девојките на Марко“ според Боинг Боинг од Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, чиј е и преводот и адаптацијата. Ова ќе биде втора премиера на театарот „Војдан Чернодрински“ од годишната програма за 2026 година. Сценографијата и костимографијата се на Илина Ангеловска, а изборот на музика е на Евтимов. Играат: Димитар Ѓоргиевски, Илија ...

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во Прилеп ќе започне в понеделник (1 јуни). Електронската и физичката продажба на билети се ограничени на четири ...

Премиерот Христијан Мицкоски и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претпладнево во Охрид одржаа тет-а-тет средба, а потоа им се придружија на делегациите на владина билатерална средба во хотелот „Инекс Олгица“. Потоа е предвидено двајцата премиери да потпишат договори за стратешка соработка помеѓу двете земји, а македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија ќе потпишат ...

Денеска во Охрид во рамки на официјалната посета на владата на Република Хрватска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оствари работна средба со заменик претседателот и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ. На билатералната средба се зборуваше за развој на транспротниот сообраќај во регионот, можностите за продлабочување на соработката во делот на железничкиот сообраќај, како и ...

Десет прекршувања на грчкиот воздушен простор, од турски воени авиони биле регистрирани во текот на вчерашниот ден во областа на североисточниот и југоисточниот дел на Егејското море, а сите биле пресретнати согласно меѓународните правила, јави дописничката на МИА од Атина. Во грчкиот воздушен простор биле забележани вкупно четири турски авиони, односно една формација составена од два Ф-16, кои биле вооружени и два поединечни авиони ЦН-235. ...

Вчеравечер во 22:15 часот на улица „Трајко Тарцан“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода повеќе лица: Џ.У. (31), Џ.У. (52), Е.У. (35), А.У. (58), Е.У. (36), еден 17-годишен малолетник, сите од село Пресил, крушевско, како и С.К. (52) и Х.К. (18) од село Саждево, крушевско. Според пријавата, инцидентот започнал кога С.К. и неговиот син Х.К., додека се движеле со патничко возило „пасат“ кон Саждево, биле пресретнати од ...

На 27 и 28 мај (среда и четврток), со почеток од 20 часот, на големата сцена на Театар Комедија ќе се одиграат претпремиерата и премиерата на претставата „Избраниот“ по текст на Ева Камчевска, а во режија на Јане Спасиќ. Во претставата играат актерите: Тони Денковски, Жаклина Петровска, Виктор Арсов, Сергеј Димоски, Елена Кузманов и Ангела Лефкова. „Избраниот“ е апсурдна комедија за тричлено семејство кое живее во една рудиментарна средина и ...

Повеќе лица загинаа во нападите на израелско-американските сили врз ирански бродови во близина на Ормуската Теснина, јавија денеска иранските медиуми. Како што се наведува, нападот на американските и израелските авиони се случил јужно од иранскиот остров Ларак во Ормуската Теснина и при тоа биле убиени неколку ирански државјани, пренесува Фарс.(МИА) Повеќе лица загинаа во нападите на израелско-американските сили врз ирански бродови во ...

Само специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче слепо му верува на Румен Радев кога вели дека уставните измени се последната препрека за влез на Македонија во ЕУ. На сите им е јасно, па дури и на птиците, дека уставните измени за внесување на Бугарите во уставот е само првиот од многуте чекори кои бугарските власти ги имаат кон нас, а се однесуваат на македонскиот јазик, историја, култура и идентитет. И ова не го говориме ние како ...

Денес, директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, потпиша меморандум за соработка со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Игор Лазаровски. Потпишувањето на овој меморандум претставува уште еден чекор кон продлабочување на веќе воспоставената успешна соработка помеѓу ЦУК и УХМР, кои континуирано работат во насока на навремена размена на информации, координација и заедничко делување во услови на кризни ...

Општинскиот граѓански суд во Загреб донесе неправосилна пресуда во долготрајниот спор за старателство над синот на пејачката Северина Вучковиќ и српскиот претприемач Милан Поповиќ. Нивниот син Александар сега ќе живее со својата мајка, потврди адвокатката на Северина во спорот, Јасминка Билош за хрватски „Индекс“. Поради чувствителноста на случајот, таа не сакала да даде дополнителни детали, но она што сега е познато е дека нивниот 14-годишен ...

По oтворањето на изложбата и уметничка средба со Христина Ивановска и Јане Чаловски, филмот МАКЕДОНИУМ : Драматургија на незавршеното ќе биде прикажан во наредните недели во Францускиот институт во Скопје. Филмот, во продукција на Press to Exit Project Space, е во режија на Теона Стругар Митевска, и е базиран на сценарио на Христина Иваноска и визуелна обработка на Јане Чаловски. Филмот ги открива механизмите кои ѝ го оспориле на Искра ...

Словачка ја поддржува интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија, но се спротивставува на забрзаниот пристап на Украина, изјави вчера словачкиот претседател Петер Пелегрини, оценувајќи дека балканските земји кои постигнале понатамошен напредок во реформите треба да имаат предност пред Киев. Пелегрини, како што пренесува Спутник, изјави дека на Украина не треба да ѝ се дава предност во процесот на европска интеграција во однос на ...

Оперската класика „Травијата“ од Џузепе Верди, ремек-дело кое плени со својата страст, драматургија и незаборавна музика, ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет на 27 мај во 20.00 часот, во рамките на 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Инспирирана од романот „Дамата со камелии“, оваа опера раскажува длабоко човечка приказна за љубовта, жртвата и судирот со општествените норми. Диригент е гостинот од ...

Социјалното менторство за вработување и работно интегрирање на корисници на гарантирана минимална помош се спроведуваше во Скопје, Тетово, Струга, Битола, Прилеп, Куманово, Кочани и во Виница. Втората генерација социјални ментори за работна интеграција беше сертифицирана после едногодишната работа со корисници на социјална помош на кои им овозможуваа поддршка за подобрување на нивната вработливост, ги насочуваа кон пазарот на труд и ги ...

Пајак сними песна со Јован Јованов и Елвир Мекиќ – Нов летен хит, промовиран пред концертот на 6 јуни во Скопје Македонската музичка сцена од денес е побогата за уште една нова, возбудлива, а неочекувана соработка – Пајак, Јован Јованов и Елвир Мекиќ ја промовираа песната „Делириум“. „Делириум“ е само увертира за долгоочекуваниот концерт на Јован и Елвир во Скопје, кој ќе се одржи на 6 јуни во арената „Борис Трајковски“, а на кој Пајак е ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека збогатениот ураниум на Иран или ќе биде испратен во САД за да биде уништен или ќе биде уништен на друго место додека продолжуваат преговорите за рамковен договор за ставање крај на војната со Иран. Збогатениот ураниум или веднаш ќе им биде предаден на САД и таму ќе биде уништен, или ќе биде уништен на самото место, или на друга прифатлива локација во координација со Техеран, напиша ...

Речиси половина од вработените (46,7 отсто) се незадоволни од платата за која 49,7 проценти сметаат дека покрива само основни потреби или дури и помалку, а само 11,4 отсто сметаат дека се добро и фер платени – покажуваат резултатите за Грција од истражувањето спроведено од глобалната платформа Wherewework во пет земји – Бугарија, Романија, Унгарија, Молдавија и Грција – во однос на состојбата на вработените и пазарот на труд – јави ...

Портпаролката на француската влада, Мод Брежон, денеска соопшти за седум смртни случаи, меѓу кои пет предизвикани од давење, кои се поврзани со топлотниот бран што ја зафати Франција во последните неколку дена. Она што можам да ви го кажам денеска е дека се случија седум смртни случаи кои се директно или индиректно поврзани со топлото време – изјави Брежон за каналот ТФ1 (TF1), додавајќи дека ситуацијата дополнително ќе се прецизира по ...

Во позрела возраст, особено по 40-тата година, жените се соочуваат со суптилни, но важни промени во нивните тела кои не треба да се игнорираат. Хормоналниот дисбаланс, побавниот метаболизам и поголемиот ризик од воспалителни состојби стануваат поизразени, а еден од клучните начини да останете здрави во овој период е – појадокот. Начинот на кој го започнуваме денот ги одредува нашите нивоа на енергија, хормонската стабилност, па дури и нашето ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
0.85
43%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
13.02
95%
1011
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.88
89%
1012
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.22
57%
1012
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.31
53%
1009
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
55%
1009
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.24
67%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.07
61%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.8
59%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
46%
1009
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.58
46%
1010
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
1.31
60%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Бакар

13.01