Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Властите во Демократска Република Конго соопштија дека бројот на случаи на сомнителна зараза со ебола во земјата надминал 900, пренесува ДПА. Од почетокот на епидемијата во ДР Конго се регистрирани 904 сомнителни случаи на зараза, од кои 101 се потврдени, соопшти Министерството за комуникации во објава на Икс. Властите го ревидираа бројот на сомнителни смртни случаи на 119, што е помалку од претходно објавените 204, додека бројот на ...
Ардијан Џини е избран за нов лидер на десничарската Алијанса за иднината на Косово (ААК) на вчерашното изборно собрание на партијата, откако долгогодишниот претседател Рамуш Харадинај поднесе оставка во февруари годинава, пренесува весникот „Коха диторе“. Џини беше единствениот кандидат за функцијата на вчерашното заседание. Харадинај упати кратко последно обраќање како претседател, во кое истакна дека од 2000 година, кога имал 32 години, му ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Израел „секогаш“ ќе има право да се брани, без оглед на евентуалниот договор меѓу Вашингтон и Техеран, приклучувајќи се на вчерашната изјава на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Израел секогаш има право да се брани. Секоја држава во светот го има тоа право. Доколку либанското вооружено движење Хезболах се подготвува да лансира ракети или лансира ракети кон Израел, Израел има право ...
САД ќе ја задржат поморската блокада на иранските бродови во Ормуска Теснина сè додека договорот не биде потпишан, порача американскиот претседател Доналд Трамп, додека високи претставници на неговата администрација тврдат дека преговарачите би имале рок од 60 дена за постигнување конечен договор. Американската блокада на иранските бродови во Ормуска Теснина „ќе остане целосно vo сила сè додека договорот не биде постигнат, заверен и ...
Изгаснат e пожарот што избувна синоќа во Радовиш во кој изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“. Благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарните екипи, како и на нивната пожртвуваност и професионалност, пожарот беше локализиран и изгаснат за релативно кратко време, и покрај тешките услови на терен. Пожарникарите вложија големи напори за да спречат негово понатамошно ширење и успешно ја завршија интервенцијата, ...
Во земјава денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе бидат во интервал од 8 до 16, а максималните ќе достигнат од 23 до 30 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува ...
Пионерите на ФК Македонија Ѓорче Петров се нови шампиони на Македонија во генерацијата 2009, откако со вчерашните натпревари официјално заврши сезоната 2025/2026 во сите четири младински фудбалски лиги. Младите фудбалери предводени од тренерот Тони Џангаровски успеаја да ја одбранат титулата и втора сезона по ред да се искачат на победничкиот пиедестал како најдобар тим во својата категорија. Шампионскиот поход го започнаа уште на стартот од ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија титулата првак на Македонија откако вечерва во натпреварот број 3 од финалната серија го совладаа дебитантот во лигашката конкуренција Маџари со 80:74 и 3-0 во добиени натпревари. Ова за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром беше 13.та шампионска титула. Домаќинот солидно го започна натпреварот и ја доби првата делница со 26:21, но МЗТ возврати во вториот период и замина на паузата со предност од ...
„Балистиte“, реагираат по случувањата во првенството и Купот. Оттаму велат дека биле континуирано оштетувани, при што, според нив, судиските одлуки биле донесувани со тенденција и под влијание. Тие посочуваат дека ваквиот однос предизвикал големо незадоволство, кое кулминирало со нивната јавна реакција. „Нашиот клуб Шкендија оваа година беше оштетен од страна на судиите со тенденција, нарачана од Фудбалската федерација. Целиот овој гнев ...
Украина повика на итна седница на Советот за безбедност на ОН и на состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) по масовните руски воздушни напади, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Во соопштение објавено на Х, Сибиха исто така побара „соодветен и силен одговор за агресорот“ по ноќните напади, чија главна цел беше регионот на Киев и во кои беше употребена балистичка ракета со ...
На 105-годишна возраст Аргири Ахилеа од градот Пафос е најстариот гласач во Република Кипар и за време на денешните избори, го оствари своето право на глас, а според кипарските медиуми, прв пат гласала на првите претседателски избори во 1959 година, јави дописничката на МИА од Атина. За кипарската новинска агенција ЦНА, ја повторила нејзината желба изразена на претходните избори, да може да гласа и за изборот на следниот претседател на ...
Ракометарите на Охрид ја продолжија победничката низа и попладнево во првото финале од ЕХФ Европскиот куп го совладаа тимот на Татабања со 29:28. Ракометарите на Охрид одлично го одиграа првото полувреме, пред сè во одбраната, а најзаслужен беше голманот Кристијан Пилиповиќ кој првите 30 минути ги заврши со 9 одбрани (имаше и исклучување од две минути). Охриѓани добриот почеток го резултираа со само три примени голови по 15 минути. Охрид во ...
Еден маж загина при уривање на деветкатна зграда во изградба во градот Анхелес на Филипините. Најмалку 20 работници остануваат затрупани под урнатините, соопштија локалните власти. Во часовите пред инцидентот во областа имало силни врнежи од дожд. Според властите, сепак, сè уште не е јасно дали тоа го предизвикало уривањето на зградата, која била планирана да биде хотелски и станбен комплекс. – Сè уште е премногу рано да се шпекулира што го ...
Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, објави видео и фотографии од акцијата за чистење и уредување на Железничката станица во Скопје, оценувајќи дека објектот со години бил оставен во запуштена состојба. „Железничката станица во Скопје треба да претставува гордост на главниот град“, напиша Ивановски на својот фејсбук профил. Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, објави видео и фотографии од ...
Екипите на Брера АП и Пелистер остварија победи во денешните дуели од 33.коло (последно) и го потврдија баражот за останување во Првата лига. Брера АП на домашен терен ја совлада екипата на Шкупи со 6:0, додека Пелистер во Битола ја совлада екипата на Башкими со 1:0. На крајот од регуларниот дел Пелистер заврши со 40 бодови, колку што освои и Брера. Сепак двете екипи за опстанок во ПФЛ ќе мора да играат бараж дуели. Пелистер за ривал ја има ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе постави нов рекорд веќе на почетокот од Ролан Гарос, бидејќи дуелот од првото коло против Џовани Мпеци-Перикардо ќе биде негов 82-ри настап на Гренд слем турнирите. Ѓоковиќ со тоа ќе ги надмине Роџер Федерер и Фелисијано Лопез, кои досега го делеа рекордот со по 81 настап. Српскиот тенисер доаѓа во Париз по многу малку натпревари на земјена подлога, бидејќи беше надвор од игра речиси два месеци поради повреда ...
Денес го славиме денот на писменоста, знаењето и духовната светлина. Денот кога се поклонуваме пред делото на Светите браќа Кирил и Методиј, чии мисла, визија и мисија оставија неизбришлива трага во историјата на словенските народи, во европската цивилизација и во нашата македонска самобитност, порача во честитката по повод Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, ...
Момчињата од екипата на „Слога“ од Виница се победници на овогодишното издание на Меморијалниот фудбалски турнир „Драганица Куп“ 2026 г., откако во финалето го совлада тимот на „Каменица Саса“ од Македонска Каменица со резултат од 4-2. Третото место му припадна на тимот на домакинот и организатор, „Осогово“, чии фудбалери со убедлив резултат од 5-0 ја совлада екипата на „Борец“ од Велес, која завршија како последнопласирани на турнирот. На ...
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека иранскиот преговарачки тим нема да прави компромиси со честа и достоинството на Иран. Пезешкијан дополнително изјави дека Иран е подготвен да го смири светот дека Иранците не сакаат нуклеарно оружје. Истовремено, иранската агенција „Тасним“ соопшти дека сè уште останува да се решат една или две точки во текот на преговорите меѓу САД и Иран за да се стави крај на војната. Претседателот на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека преговорите со Иран за ставање крај на војната напредуваат, но оти им рекол на своите преговарачи да не „брзаат“ за да направат договор кој би бил неповолен за Вашингтон. Ова следува откако Трамп вчера изјави дека рамковниот договор за завршување на војната е „во голема мера договорен“, вклучително и повторното отворање на Ормуската Теснина. „Преговорите се одвиваат на уреден и ...
Свети Кирил и Методиј оставија неизбришлива трага во историјата, а ние продолжуваме со нивната мисија да вложуваме во образованието и младите генерации како двигатели на идниот развој на Македонија – нагласува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во честитката по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј. Честит 24 Мај – Денот на светите браќа Свети Кирил и Методиј. Се поклонуваме со почит и благодарност и потсетуваме ...
Најдобриот светски тенисер Јаник Синер пред новинарите беше според договорените 15 минути. – Да видиме како ќе реагираат и другите Гренд слем турнири, а потоа ќе донесеме одлука. Немаме ништо против Вас новинарите. Среќни сме дека ги извршуваме своите обврски, само сега ги ограничивме – временски. Не зборуваме за наградниот фонд, туку за пензиите, а тоа е важна тема. Не знаеме кога почнуваат Гренд слем турнирите, три од четири почнуваат во ...
Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот за односите со Западен Балкан. Извештајот го пренесуваме во целост: Промовирањето на стабилноста и унапредувањето на економските интереси на САД во Западен Балкан ги прави Соединетите Држави побезбедни, посилни и попросперитетни. ...
Македонија се соочува со сериозна и неправедна блокада во нејзините интеграции. Мора да влеземе во Европската Унија, но притоа да останеме сочувани и достоинствени, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што по повод Денот на сесловенските просветители се одржа во црквата Свети Софија во Охрид. Нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина. Ако се држиме цврсто и обединето, без оглед на тоа кој е на другата страна, ќе ...
Голем број на технички проблеми во Атина, па организаторите за утрешниот финален натпревар најавуваат зголемени мерки. Во еден момент организаторите биле принудени да ги пропуштаат навивачите без нивните влезници да бидат скенирани што донесе турканици и хаос во салата. Исто така малиот број редари во одредени зони придонесоа до неколку инциденти меѓу навивачите. Проблемите имаа влијание и на официјалниот дел од програмата. За неделниот ...
Грција ја претстави новата рамка за развој на туризмот, која има цел да ги намали последиците од прекумерниот туризам, да ги заштити природните и културните добра и да го насочи инвестирањето кон поодржлив развој на туристичките дестинации. Новите мерки посебно ќе ги погодат најпопуларните острови, како Санторини, Миконос и делови од Крит, каде што локалните власти со години предупредуваат на силниот притисок кој големиот број на туристи го ...
Држава со 21.000 жители распоредени на 500 острови ја забрани кремата за сончање и на секој турист му наплаќа 100 американски долари. Архипелагот со нешто повеќе од 500 острови во западниот дел на Тихи Океан, во регионот Микронезија, има усвоено низа политики за заштита на морската средина какви што ретко која држава во светот ги спроведува во толкава мера. Државата во 2009 година стана првата земја во светот која воспостави национално ...
Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи и племиња сакате да бидат слепи и глуви? Дали Господ го сметате толку бессилен тоа да не може да го даде, или завидлив, па тоа да не го сака? Со овие зборови Константин Филозоф, подоцна прославен со калуѓерското име Кирил, во 9 век го бранел ...
Рано утрово околу 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека три лица со употреба на сила влегле во продажен објект на ул.„Тале Христов“ во Скопје, при што предизвикале пожар и заминале од местото. Пожарот е изгаснат од полициски службеници со противпожарен апарат, апри гаснење на пожарот дваја полициски службеници вдишале чад и биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид и се преземаат ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на свечената академија „Од слово до вечност“ на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј во „Света Софија“ во Охрид во својот говор се осврна и на борбата против корупцијата, порачувајќи дека ги разбира граѓаните кои губат трпение во однос на испораката на правдата. Сакам да се осврнам и на уште една важна тема. Тоа е борбата против корупцијата и постигнувањето правда. Го ...