Под наслов „Секогаш на врвот“, денеска во Скопје беше промовирана биографска книга посветена на македонската одбојкарска легенда Владимир Богоевски, во авторство на доајенот на спортското новинарство Златко Калински. Делото ја содржи комплетната спортска генеза на Богоевски, од неговите почетоци, богатата кариера, најголемите професионални успеси, неговиот ангажман како спортски работник и спортски директор на Македонскиот Олимписки комитет. ...

Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело. Впрочем, укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада, соопшти Прес службата на Владата. А како изгледа кога СДС се залага за референдум без гаранции за европската иднина, граѓаните можеа да видат низ ...

Во рамките на отворениот ден за граѓаните, утре, 28 мај 2026 година (четврток) со почеток во 12:00 часот, на градскиот стадион во Штип, претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе ја посети презентацијата на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата. На настанот кој е организиран по повод успешно ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи. Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна ...

Започнува децентрализацијата на добивање третман и терапија за пациентите со мултипла склероза (МС) во три регионални центри, информираше денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој присуствуваше на одбележувањето на Денот на мултипла склероза во Скопје. Од националното Здружение за МС велат дека ова претставува долгогодишно примарно барање на здружението и успешно се имплементира како пилот-програма во три ...

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје го објави конкурсот за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година. Министерството за одбрана упатува повик до сите млади лица кои сакаат своето образование и работна кариера да ја продолжат како идни ...

Во рамки на националната кампања под мотото „Органдонорството ѝ дава највисока смисла на човечноста!”, д-р Никола Ѓорѓиевски, директор на Универзитетската клиника за нефрологија потстетува на важноста на солидарноста при чинот на дарување органи. Сите заедно треба да бидеме солидарни и хумани и да го поддржиме органдонорството како најхуман чин што помага на многу животи и на многу пациенти, коишто имаат потреба од донирање органи. Затоа, ...

Со изведбата на грандиозната опера „Набуко“ од Џузепе Верди, на 31 мај со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет свечено ќе биде затворено 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Операта ќе биде изведена под диригентската палка на гостинот од Аргентина, Јерухам Шаровски, во режија на Ренато Бонајуто (Италија). Сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси (Италија), кореограф е ...

Македонија е мала земја со економија која силно го чувствува импактот од секоја поголема глобална промена. Позитивните промени со задоволство ги прифаќаме, а за неповолните мораме навремено да бараме начини како најдобро да се заштитиме и да изградиме отпорен систем. Тоа можеме да го постигнеме исклучиво преку образованието и науката, бидејќи токму тие ги создаваат фактите, ги поттикнуваат иновациите, новите технологии и решенијата за одржлив ...

Реал Мадрид го објави датумот на своите претседателски избори. Гласањето ќе се одржи на 7 јуни. Претходно, сегашниот претседател на клубот, Флорентино Перез, објави предвремени избори по втората последователна сезона без трофеј. Тој беше реизбран за претседател на Реал Мадрид со четиригодишен мандат во јануари 2025 година. Седумдесет и деветгодишниот Перез ќе се соочи со бизнисменот Енрике Рикелме. Перез го водеше Реал Мадрид од 2000 до 2006 ...

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) соопшти дека трансродовите спортисти ќе можат да се натпреваруваат на Олимписките игри во категориите што одговараат на нивниот биолошки пол. ИОК претходно одлучи да им забрани на трансродовите спортисти да се натпреваруваат во женски натпревари. Организацијата нагласи дека трансродовите спортисти не се исклучени од натпреварите и имаат право да се натпреваруваат во категоријата што одговара на нивниот ...

Тренерот на Вест Хем, Нуно Еспирито Санто, ќе остане во клубот, објавено е на официјалната веб-страница на лондонскиот клуб. И покрај победата од 3:0 над Лидс во последното коло, Вест Хем заврши на 18. место во Премиер лигата со 39 бода и испадна од Премиер лигата. – Јасно е дека испаѓањето од Премиер лигата не е исходот што Вест Хем го очекуваше кога започна сезоната во Премиер лигата минатиот август. Ова длабоко ги повредува сите што го ...

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Република Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за унапредување на соработката помеѓу министерството и Комората, со посебен акцент на тековните активности кои во моментот се спроведуваат во делот на локалниот економски развој и инфраструктурните инвестиции кои се можност за подобрувањето на условите за работа на ...

Тринаесетгодишник завршил во болница откако избувнал пожар во стан во центарот на Скопје. Детето добило изгореници и вдишало чад додека се обидувало само да го изгаси огнот. Случајот ги вознемирил соседите. Од МВР информираат дека пожарот бил пријавен околу 12.40 часот. Интервенирале пожарникари и Итната помош. Според неофицијални информации, детето било само во станот кога почнало да готви. Во еден момент се запалиле кујнска крпа или сунѓер. ...

Граѓаните се единствените кои можат да одлучат за својата судбина. Не сакаме сите да ја плаќаме оваа цена, rаспишете референдум, прашајте ги граѓаните. Не може вие да одлучувате за судбината на сите што живеат во државата – изјави денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче, осврнувајќи се на евроинтеграциите и на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, кој на прес-конференцијата во Охрид со хрватскиот премиер ...

Министерката за образование Весна Јаневска денеска потврди дека годинава свидетелствата за прво, второ и трето одделение ќе бидат електронски, но, со оглед дека прв пат се издаваат во ваква форма, паралелно ќе се доделат, како што изјави, и печатени. Според Јаневска, идната година ќе има електронски свидетелства и за четврто, петто и шесто одделение, а во 2028-ма процесот ќе биде заокриужен вклучително и со деветто одделение. Од оваа година ...

Граѓаните со возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Законските измени беа подготвени и поднесени од пратеничичката група на Движење ЗНАМ со поддршка на пратениците од мнозинството, ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол. Полицијата соопшти дека во Скопје три лица управувале возило без возачка дозвола, четири во Тетово, пет во Битола и по еден во Македонски Брод и Велес (малолетник). Едно лице во ...

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај 2026 година. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни 2026 година. Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2025 година треба најдоцна до 01 јуни 2026 година да извршат увид во своите даночни ...

Шпанската полиција влегла во седиштето на владејачката Социјалистичка работничка партија на Шпанија во Мадрид со судски налог, со цел да собере информации за можна незаконска финансиска шема поврзана со поранешна членка на партијата, објави шпанската јавна телевизија RTVE. Во центарот на истрагата е Леире Диес, која е осомничена за незаконски исплати поврзани со државниот холдинг SEPI, што управува со дел од стратешките компании во државата. ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во однос на најавите за укинување на роамингот на ЕУ со Западен Балкан, вели дека тоа не зависи од нас, туку од ЕУ, а оптимистичко сценарио тоа да се случи би можело да биде 1 јануари 2027 година. Едно оптимистичко сценарио е дека до крајот на годината би ја имале оваа можност за нашите граѓани. Тоа сепак зависи од Европската Унија, рокот не зависи од нас, но би значело оптимистичко ...

Италија денеска воведе портокалово предупредување за екстремни горештини во 14 градови, додека за четири градови утре се очекува подигнување на алармот на највисоко, црвено ниво. Под портокалово предупредување се наоѓаат Болоња, Болцано, Бреша, Фиренца, Фрозиноне, Милано, Перуџа, Риети, Рим, Торино, Трст, Венеција, Верона и Витербо. Според најавите, дополнителен пораст на температурите поради топлотниот бран што ја зафати Европа ќе се ...

Седумдесет и седумгодишна државјанка на Србија е извлечена без знаци на живот од морето во близина на Ханиоти на Халкидики, јавува ЕРТ. Според соопштението на Пристанишната управа на Неа Муданија, која беше информирана за инцидентот денес во утринските часови, жената е пренесена со амбулантно возило во Здравствениот дом во Касандра, каде што е констатирана смрт. Прелиминарната истрага ја спроведува Второто пристанишно одделение на Неа ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против И.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 1 од КЗ. И.Д., на работно место „помлад полицаец“ во ПС Битола на 25.03.2026 околу 17:00 часот, во период кога не бил работно ангажиран, отишол во просториите на ЈП ...

Во првиот квартал годинава склучени се 1.797 бракови и нивниот број е намален за 2.7 проценти во споредба со истиот период од 2025 година, објави денеска Државниот завод за стaтистика. Според податоците на ДЗС, регистрирани се 494 разведени бракови, што претставува зголемување од 6.2 проценти во споредба со истиот период од 2025 година. Во првиот квартал годинава склучени се 1.797 бракови и нивниот број е намален за 2.7 проценти во споредба ...

Avalon International Booking со големо задоволство ви најавува дека еден од најголемите светски тенори на сите времиња, JOSÉ CARRERAS, ќе настапи во Скопје на 1 септември,Avalon International Booking со големо задоволство ви најавува дека еден од најголемите светски тенори на сите времиња, JOSÉ CARRERAS, ќе настапи во Скопје на 1 септември, на голем музички настан заедно со Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана Дурловски, Игор ...

Природниот прираст во првиот квартал годинава е негативен и изнесува – 1.962, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците на ДЗС, природниот прираст е негативен во 66 општини. Во првиот квартал годинава во споредба со истиот период лани бројот на живородени деца изнесува 3.380 и е намален за 4.1 проценти. Бројот на умрените ...

Исхраната богата со шеќер може сериозно да му наштети на помнењето, а таа штета можеби, не може целосно да се поправи дури ни по преминување на здрави навики, покажаа новите истражувања спроведени врз глодари. Според студијата објавена во „Нутришнал неуросајенс“ (Nutritional Neuroscience), иако намалувањето на внесот на шеќер може да доведе до подобрување на меморијата, таа сепак недостигнува ниво какво што имаат лицата кои постојано се ...

Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето, предупредуваат водечките британски лекари, повикувајќи ги пратениците да се справат со ефектите од времето минато пред екрани врз децата и младите. Академијата на кралските колеџи на лекари подробно го објасни влијанието на социјалните мрежи врз децата во поднесувањето до владината консултација за заштита на децата на интернет што завршува во вторник. Според телото што ...

Град Скопје и Министерството за култура потпишаа меморандум за соработка со кој се најавуваат нови културни и туристички содржини за домашните и за странските посетители. Проектот треба да придонесе за поголема видливост на културното наследство и подготовките за „Скопје 2028“. Нови препознатливи содржини за домашните и за странските туристи со кои ќе се оживеат урбаната меморија и културното наследство предвидува Меморандум за соработка кој ...

Цезар салата

52 минути - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
3.65
46%
1007
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
57%
1008
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
54%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
56%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.26
41%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
64%
1010
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
0.61
57%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15