Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше на отворањето на Мега шопинг паркот во Гевгелија, најави изградба на ваков сличен објект и на северената граница, во општина Куманово. Како што изјави, Владата ќе стори се за да ги олесни процедурите и да ја забрза постапката. Она што можам да го кажам во овој момент е дека љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата. Тоа, претпоставувам, ќе се случи на самитот којшто ќе го имаме во Тиват од ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во интервју за Фокус порача дека СДСМ продолжува со старата матрица на политички спинови, обиди за дефокус и конструкции насочени кон дискредитација на политичките конкуренти, наместо соочување со сопствените слабости и внатрешна криза, се вели во соопштението од ЗНАМ. Сите овие приказни што периодично се пуштаат во јавноста дека некој бил незадоволен или маргинализиран ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува при претстојната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта да разменат повеќе идеи за надминување на пречката за интеграцијата на државава во Европската унија од, како што рече, вештачкото билатерално барање. Порача дека ставот на државава не е променет и оти ќе се бара решение кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ и македонските граѓани. Мицкоски повтори дека нема ...
Малолетник на возраст од 13 години го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово–Скопје, во атарот на селото Черкези. Според информациите од Министерството за надворешни работи, несреќата била пријавена на 28 мај околу 21:10 часот. Во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.С. (24) од Куманово, и електричен тротинет управуван од 13-годишник од ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на отворање на првиот модерен трговски центар „Mega shopping Park“, инвестиција вредна над 15.000.000 евра во Општина Гевгелија. За мене претставува огромна чест и задоволство што денеска можам да присуствувам на овој прекрасен настан во Гевгелија. Отворањето на овој шопинг-центар којшто е не само додадена вредност за економијата тука во Гевгелија, туку очекувам да прерасне во ...
Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата, вели премиерот Христијан Мицкоски, во однос на предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за постепена интеграција во Европската унија. Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање потврди присуство на претстојниот Самит на ЕУ и Западен Балкан во Тиват, каде очекува, како што рече, да слушне повеќе за овие концепти и идеи. Тие размислувања и идеи ги слушаме подолго време, не би можел ...
Пакет нови мерки, со акцент на дополнителното зајакнување на информатичките системи за побрзо спроведување на контролите, како и разгледување на можноста за изградба на привремени технички решенија за олеснување на протокот на патници и возила, било одлучено на вчерашниот состанок што го свика заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен за областите Македонија и Тракија, Константинос Гулекас во однос на ситуацијата на граничните ...
Нов грозоморен случај на силување на дете пријавен во државата. Полицијата уапсила 58-годишен жител на тетовско село, осомничен дека извршил обљуба врз малолетничка. Упсена е и 37-годишната мајка на девојчето, која, и покрај тоа што била запознаена со случајот, не го пријавила во надлежните институции. Од СВР Тетово информираат дека вчера, околу 16:45 часот, 62-годишна жена пријавила дека нејзината малолетна внука била жртва на силување. ...
На вчерашното затворање на 16. Филозофски филмски фестивал беа прогласени добитниците на годинешните награди. Во Официјалната селекција на долгометражни филмови, „Златен був“ за најдобар филм од жирито доби „Месечината ми е татко“ од грузискиот режисер Гиорги Овашвили. Во образложението на стручното жири се вели дека „Златниот був“ се доделува за способноста тишината да ја претвори во јазик, бавноста во мисла, а сликата во мит. Од друга ...
Со владината одлука за дополнително намалување и усогласување на царинските стапки за полупризводите и суровините, ги правиме нашите извозници и домашни и странски инвеститори уште поконкурентни, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. По отворањето на трговскиот центар „Mega shopping Park“ во Гевгелија, тој напомена дека на претходните 50 отсто, сега има усогласување за дополнителни 20 проценти. Донесовме одлука со која се зголеми обемот ...
Во однос на струмичкиот регион, компјутерскиот томограф од наредната недела ќе биде инсталиран согласно сите стандарди, а граѓаните од овој регион ќе можат да ја користат оваа дијагностичка услуга“, истакна министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието за состојбите со болницата во Струмица. Осврнувајќи се на конкретните состојби во струмичката болница, министерот Алиу напомена дека установата била ...
На 30 и 31 мај во Кино Фросина ќе се одржи Фестивал на детски мјузикли, настан исполнет со музика, танц, глума и емоции. Повеќе од 50 деца и млади на возраст од 12 до 18 години, преку песна, танц и глума, ќе ја раскажат безвременската приказна „Убавицата и Ѕверот“ — приказна за љубовта, прифаќањето и убавината што живее во срцето. Организаторите ја повикуваат публиката да биде дел од оваа сценска авантура, да пее заедно со младите изведувачи ...
Постојат градови што имаат музичка сцена. А постојат и градови што имаат традиција на пеење. Битола отсекогаш припаѓала на втората категорија. Од староградските песни што се слушале низ Широк Сокак, преку вокални состави, хоровите на КУД Стив Наумов, па сè до современите вокални формации на Коруновска мјузик, хорското пеење во Битола никогаш не било само музичка дисциплина. Тоа било дел од градскиот идентитет. Токму затоа концертната вечер со ...
Некои настани завршуваат кога ќе се изгасне микрофонот. Live Session #7 на „Свесност“ во Училница, всушност, почна токму тогаш. Просторот беше исполнет до последно место со публика што не дојде по мотивациски фрази и „брзи рецепти“ за успех, туку по нешто многу поретко, а тоа е искрен разговор за цената што често стои зад успешните луѓе. Темата „Невидливиот мотор на успехот“ отвори разговор за притисокот што не се гледа, за моментите кога ...
Замислете сцена на која стојат деца со инструменти во раце – инструменти кои некогаш се поголеми од нив. Замислете го мигот кога започнува првиот тон и тие мали деца растат пред вашите очи, се трансформираат и стануваат професионалци кои владеат со сцената. Добредојдовте на концертот на Ентерпрајз. Концертот наречен „We Will Rock You” кој ќе се одржи на 7 јуни (недела) на отворената сцена во Паркот на Франкофонијата, претставува уникатен ...
Овен Фокусот е на длабоки емоции и прашања што не можете повеќе да ги оттурнувате. Во љубовта, искрен разговор носи олеснување. Работата бара доверба во процесот. Бик Односите се во фокус и носат ново разбирање. Во љубовта, може да сфатите што навистина ви треба. Работата бара соработка. Не гледајте само краткорочно. Близнаци Секојдневните обврски добиваат повеќе смисла ако видите каде ве водат. Во љубовта, малите гестови значат многу. ...
Овој петок во Македонскиот културен центар во Тирана ќе се прикаже специјална VR претстава „Ехо од длабочината“ посветена на Охридското езеро. “Ехо од длабочината” е поетичен, интерактивен ВР перформанс кој ја истражува кревката убавина на Охридското Езеро и еколошките предизвици со кои се соочува. Овој перформанс составен од два дела, најпрвин ги носи гледачите на патување низ езерото преку виртуелна реалност, а потоа преку интеракција со ...
Согласно Законот за филмска дејност, Управниот одбор на Агенцијата за филм, на седница одржана на 28.05.2026 година, ги донесе одлуките за прифатени проекти по Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност за 2026 година (прв рок), за кои се обезбедени вкупно 93 милиони денари. Оваа година за прв пат беше воведен модел на презентација (пичинг) на долгометражните филмски проекти, при што апликантите имаа ...
Државниот музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски-Луј“ и Македонската радио-телевизија (МРТ) потпишаа меморандум за соработка со важност од три години, со можност партнерството да биде продолжено и во следниот тригодишен период. Од училиштето соопштија дека станува збор за значаен чекор во афирмацијата на музичкото и балетското образование, како и признание за квалитетот и уметничката вредност што оваа институција со децении ја ...
На 29 мај (петок), со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот КИЦ во Софија ќе биде отворена меѓународна фотоизложба „Последните селани“ од колонијата „Арт поинт – Гумно“ со дела од автори, од различни земји: Ероу Рос (САД), Јана Хунтрова (Чешка), Алена Новакова (Чешка), Марек Пекни (Чешка), Ева Моричка (Чешка), Јана Мари Кнотова (Чешка), Павла Бичикова (Чешка), Надја Милерова (Чешка), Петр Буреш (Чешка), Рудолф Кучап (Чешка), ...
Нова категорија на стипендии за студенти со ретки болести и посебни образовни потреби, предвидуваме за следната академска година!, напиша на својот фејсбук профил министерката за образование Весна Јаневска. Не само што немаме намера да кратиме на стипендии за студентите, како што тоа СДСМ се обидуваше да го претстави во изминатите неколку денови и да ја манипулира јавноста, туку во конкурсот за новата академска година преку кој повторно ќе ...
Во Скопје ќе се гради саем откако објектите на Скопски саем беа урнати и на нивно место се изгради трговски центар, објави „4news.mk“. Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Ивица Томовски во гостувањето во Ноќно студио на 4ТВ кажа дека веќе е најдена локација и објектите ќе се градат со јавно-приватно партнерство. Тој на ја откри точната локација, само рече дека е во близина на студиото на 4ТВ кое се наоѓа во зградите ...
Доколку здравствениот систем подобро се организира и пациентите се распределуваат според сложеноста на случаите, во моментов нема потреба од изградба на нов Клинички центар во Скопје, смета директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој посочи дека дел од здравствените услуги треба да се извршуваат во општите болници, додека покомплексните случаи би се третирале во клиничките болници во Штип, Битола и Тетово, а само ...
Државниот музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски-Луј“ и Македонската радио-телевизија (МРТ) потпишаа меморандум за соработка со важност од три години, со можност партнерството да биде продолжено и во следниот тригодишен период. Од училиштето соопштија дека станува збор за значаен чекор во афирмацијата на музичкото и балетското образование, како и признание за квалитетот и уметничката вредност што оваа институција со децении ја ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06.2026 година (понеделник) и на 02.06.2026 година (вторник), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги ...
Времето утре, 29 мај, ќе биде претежно стабилно, со сончеви периоди и мала до умерена облачност, покажува тридневната прогноза на УХМР. Температурите ќе се движат од 7 до 15 степени во утринските часови, а дневните ќе достигнат од 21 до 30 степени. Според УХМР, по денешната нестабилност, утре времето ќе биде посвежо и постабилно, но ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во Скопје се очекува претежно ...
Со овации, преполна сала и силни емоции, синоќа во Македонскиот народен театар се одржа завршниот ревијален концерт на проектот „Музичка Фабрика“, со што официјално беше заокружена првата сезона од овој национален детски музички проект — единствен од ваков тип во Македонија. Пред повеќе од 600 посетители, на сцената настапија 170 деца — солисти, членови на хорот и танчери — кои преку музика, енергија и искрени емоции приредија вечер за ...
Чекањето на границата кон Грција веќе стана редовна појава откако почнаа да се применуваат новите европски правила за влез и излез. Новиот европски Систем за влез/излез (EEС-систем) за дигитална контрола на граници и овој продолжен викенд предизвика километарски колони и повеќечасовни чекања на премините од Македонија кон Грција. Уште од вчера на граничниот премин Богородица со часови се чекало за премин на македонско-грчката граница. ...
Во првиот кваратл годинава во споредба со истиот период лани, цените на услугите во секторот за транспорт и складирање пораснале за 6.5 проценти, објави Државниот завод за статистика. Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 6.7 проценти, додека кај поштенските и курирските услуги остануваат непроменети. Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од ...
По повод Духовден, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на дел од линиите што ќе возат по делничен распоред. Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги информира патниците дека утре, по повод верскиот празник Духовден, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 11, 11а, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 74, 80а, 111 и 180, кои ќе возат по делничен возен ред. Од ЈСП информираат дека ...