Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Предизвиците во најголемета енергетска криза да ги претвориме во наша можност и да видиме што можеме заедно како Западен Балкан да испорачаме за Европа, за нашиот заеднички континент, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026, што се одржува во Скопје. Денеска, посочи, ние го живееме токму тоа време на глобален енергетски ...
Потпретседателот на владата Арбен Фетаи поднесе оставка на функцијата во кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски, дознава Телма. Фетаи претходно повеќе од два и пол месеци не доаѓаше на работното место во владата во која ја извршуваше функцијата вицепремиер за добро владеење. Од прес службата на владата за Телма потврдија дека во текот на денешниот ден е доставена оставката на Фетаи, а портпаролката на владата Марија Митева најави дека на ...
Лагите се специјалност на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче, за тоа им нема конкуренција по којзнае кој пат по ред, повторно излезе да шири лаги и манипулации. Но, како специјален пратеник и пиун на Румен Радев, кој стана главен промотор за прифаќање на бугарските диктати, друго и не се очекува, потсетува ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да застане рамо до рамо со Владата и заеднички да се настапи за подобрување на македонските позиции, Филипче, во стилот ...
Ракометарите на ГРК Охрид синоќа го освоија пехарот во ЕХФ Европскиот куп, а вечерва граѓаните на Охрид ќе имаат можност да ги поздрават освојувачите на европскиот пехар. Прославата за историскиот клупски успех и голем резултат за македонскиот спорт ќе започне во 19 часот на градскиот плоштад. Според најавите од ракометарите на плоштадот треба да пристигнат во 20 часот, кога охриѓани ќе можат да ги поздрават, оние кои испишаа нова страница во ...
– Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на тркалезна маса во Францускиот сенат, во рамки на Парис Сајбер Самит 2026, посветена на градењето сајбер капацитети во земјите од Западен Балкан во услови на постојани и комплексни закани. Настанот, кој се одржа во Палатата Луксембург во Париз, ги собра претставниците на земјите од регионот, француските партнери и претставници на Western Balkans Cyber Capacity ...
Се потврди уште една јасна и недвосмислена лага на Христијан Мицкоски и намерно неспроведување на реформската агенда – обвини денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нагласувајќи дека премиерот ја кочи европската перспектива на државата и не ја спроведува реформската агенда по истекот на рокот, 1 јуни, поставен за усвојување на клучните закони. Според Филипче, од предвидените 16 закони, кои требало да бидат донесени до јуни 2025 година, ...
Се разоткрива големата измама која ја објавиАгенцијата за храна и ветеринарство за квалитетот на млечните производи на млекарите кои ги нуделе до потрошувачите. „Република“ дознава кои се тие млекарници. Млекара Милком, мешан кашкавал, млечни масти по декларација 34.5%, по анализа 30%. Млекара Маврово, мешано сирење, по декларација 24.5%, по анализа 17.5%. Млекара Сентис АГ тетово УХТ млеко по декларација 3.2%, по анализа 2.85%. Протеин ...
Ракометна Битола стартува со нов тренер на клупата со желба за враќање на шампионската титула, а за таа цел избран е еден од најдобрите европски тренери Лино Червар. Тој денеска и официјално беше промовиран, а поранешниот тренер на Металург и селектор на Хрватска и на Македонија ја презентираше својата визија и планови за работа. – Чест ми е да работам во Битола. Ова е град со огромна ракометна традиција. По осум години се враќам во мојата ...
Jавното претпријатие „Градски паркинг“ ги известува сите граѓани дека од денеска започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање – зонско, со кои тоа стопанисува. Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде: од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот. Воедно, од претпријатието им препорачуваат на сите корисници на нивните услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно ...
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска се сретна со младите македонски борачи Абдулазиз Азизи и Лука Ананиев, освојувачи на бронзени медали на Европското првенство за борачи до 15 години што се одржа во Самоков, Бугарија. На средбата присуствуваа и нивните тренери, како и претседателот на Боречката федерација на Македонија, Дејан Богданов. Ристовски им го честиташе големиот успех на младите спортисти, кои се стипендисти на Министерството ...
Седум и пол години казна затвор за Вангелица Илијевска изрече денеска судскиот совет од Основен суд Куманово, откако обвинетата призна вина, а Основното јавно обвинителство на денешното рочиште изврши преквалификација на делото од кривично дело „убиство“ по член 123 во „убиство на миг“ по член 125 од кривичниот законик. Илијевска пред речиси две години на 13. јуни, 2024 со нож ги уби сопругот Јован и свекорот Стојан. Јавниот обвинител Газменд ...
Факултетот за ликовни уметности со особено задоволство ја најавува традиционалната 46. ЗАВРШНА ГОДИШНА ИЗЛОЖБА на студентските остварувања за академската 2025/2026 година. Свеченото отворање на изложбата ќе се одржи на 3 јуни 2026 година (среда), во кампусот Педагошка, а на 5 јуни 2026 (петок) во Сули ан, со почеток во 20:00 часот. Пред публиката ќе бидат претставени дела на студентите од сите студиски програми на Факултетот за ликовни ...
увернерот на Народната банка Трајко Славески изразува загриженост поради најавеното зголемување на надоместоците во платниот промет од страна на неколку банки во земјата, оценувајќи дека во моментот не постојат оправдани причини за ваков потег. Народната банка е непријатно изненадена од одлуката на дел од банките да ги зголемат надоместоците што ги плаќаат граѓаните и компаниите за услугите во платниот промет. Особено загрижува фактот што во ...
Грција воведува значително построги сообраќајни казни, а меѓу најстрого санкционираните прекршоци е користењето мобилен телефон за време на возење. Според новиот закон за безбедност во сообраќајот, казните се движат од неколку стотици до неколку илјади евра, а во најтешките случаи се предвидува и повеќегодишно одземање на возачката дозвола, како и затворски санкции. За користење мобилен телефон додека се управува возило, при прв прекршок е ...
Министерството за спорт упатува честитки до ракометарите, стручниот штаб и раководството на ГРК Охрид за историскиот успех и освојувањето на титулата во Европскиот куп на ЕХФ! Со извонредна игра, борбеност и шампионски карактер, ГРК Охрид испиша нова блескава страница во историјата на македонскиот ракомет, совладувајќи ја екипата на Татабања во финалето и освојувајќи го европскиот трофеј. Овој триумф претставува голем успех за македонскиот ...
Од следната учебна година, изданието „Бајки од Македонија“ официјално влегува во наставната програма за основно образование и станува дел од редовните лектири за четврто одделение. „Бајки од Македонија“ на „Браво сине!“ станува лектира Покрај тоа, преку оваа соработка, „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ придонесоа за градење на читачки навики кај младите, што е исклучително значајно во дигиталната ера. Движењето за поддршка на креативноста – „Браво ...
Руската влада денеска соопшти дека забранува извоз на керозин до 30 ноември, со цел да се обезбеди стабилност на домашниот пазар на горива. Одлуката е донесена во време на интензивирани украински напади со дронови врз руските рафинерии, што доведе до намалување или стопирање на производството. Русија извезува керозин по железнички пат во Централна Азија, меѓу кои и Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан. Русија веќе го ограничи извозот ...
Вкупно 16.885 казни се изречени во текот на изминатиот месец при интензивни сообраќајни контроли на патиштата спроведени од полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, информира Министерството за внатрешни работи. Најголем дел од санкциите се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина на движење – 4.473 прекршоци. Следуваат непрописното паркирање со 3.851 санкција, како и користењето мобилен телефон при управување ...
Француската литература отсекогаш знаела како од интимното да создаде универзална вистина. Токму затоа Книжевниот клуб Утопија на 4 јуни ќе организира специјална книжевна вечер посветена на француската нобеловка Ани Ерно, една од најзначајните и највлијателни авторки на современата европска книжевност. Во фокусот на разговорот ќе бидат нејзините капитални дела „Годините“ и „Девојчински спомени“, книги кои на извонреден начин ги истражуваат ...
Традиционален концерт со учениците од Државните музички училишта во Македонија, насловен „Младите доаѓаат“ ќе се одржи в четврток со почеток во 20 часот. Диригентка е маестра Бисера Чадловска, а ќе настапат Софија Михајловска – пијано ДМУ Битола (III година во класата на проф. Маја Божиновска), Јане Петровски – пијано ДМУ Битола (VIII одд. во класата на проф. Јана Четелева Белевска), Ива Амелија Микулчиќ – пијано ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, ...
Многу македонски граѓани ги искористија двата продолжени викенди за да ја почнат сезоната на излети на плажите во Грција. Иако со поскапена понуда на сместување и на лежалките по организираните плажи, во Грција цените на свежото овошје и зеленчук по пазарите остана со пристапни цени, а голем дел од нив се доста поевтини од оние моменталните во Македонија. Видеото е од пазарчето во Неи Пори, летувалиште од олимписката регија, кое е доста ...
Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини за 6,5 денари, додека бензините ќе поскапат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ). Од таму појаснуваат дека во оваа пресметка земени се во предвид намалениот износ на акцизите за 2 денари за литар кај горивата. Од 2.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе ...
Вчера во 18:40 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистрален пат на превој Стража се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(69) од Кичево, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(43) од Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.М.(45) од Скопје. Во несреќата со повреди се здобил мотоциклистот, ...
Кремљ денеска соопшти дека запленувањето на нафтениот танкер „Тагоре“ од страна на Франција е нелегално и се граничи со пиратство. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека Русија не се согласува со тврдењето дека е почитувано меѓународното право. Ние ги сметаме ваквите дејствија за нелегални. Тие се граничат со меѓународно пиратство, наведе Песков, додавајќи дека Русија ќе преземе мерки за да ја осигури безбедноста на товарот како ...
Вчера во ОВР Радовиш е пријавено дека во периодот од 12:00 до 15:30 часот на место викано „Лакавица“ на регионалниот пат од с.Дедино кон с.Конче, општина Конче, 55-годишниот З.С. од с.Конче, управувајќи трактор „торпедо“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и со тракторот паднал во провалија. Од екипа на Територијална противпожарна единица Радовиш и екипа на Итната медицинска помош Радовиш возачот на тракторот е извлечен и пренесен ...
До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град, особено во четврток и во сабота. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, кој утре во западните делови повремено ќе достигнува брзина од ...
На плажата „Олимписка надеж“ во Несебар, Бугарија, се случи трагичен инцидент во кој жена го загуби животот откако се удави во морето, соопштија надлежните власти. Според првичните информации, пријавата за можно давење е примена во недела околу 20:30 часот. Веднаш по дојавата, службите за итни интервенции излегле на терен и телото на жената набрзо било извлечено од водата. Идентитетот на починатата засега не е познат, а полицијата работи на ...
Недостигот на паркинг места во Општина Центар со години е еден од најголемите проблеми со кои секојдневно се соочуваат жителите. Од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) велат дека новиот систем за паркирање има за цел да обезбеди поправедна распределба на јавниот простор и да ги поттикне граѓаните своите гаражи да ги користат за нивната основна намена. Во моментов, ПОЦ управува со околу 6.100 паркинг места, додека се издадени повеќе од ...
Вчеравечер во 21:35 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници го лишија од слобода В.П.(42) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата 38-годишна сопруга од Гостивар, со која се во бракоразводна постапка, дека по кратка расправија, физички ја нападнал и ѝ го оштетил возилото. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, сооптши СВР ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „Загребска“, една од поважните сообраќајници во Карпош која секојдневно ја користат илјадници граѓани. Според Ѓорѓиевски, улицата има особено значење бидејќи обезбедува пристап до Институтот за респираторни заболувања кај децата – Козле, поради што безбедниот и ...