Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Минатата Сабота (30 Мај), Владимир Четкар концертно се претстави во Будимпешта во најпопуларниот Унгарски џез клуб, Budapest Jazz Club. Ова е трет по ред настап на Четкар на ова место во кое редовно настапуваат некој од најпознатите имиња на европскиот и американскиот џез. Особено интересно е да се спомне дека на истиот ден и во истиот момент во Будимпешта се одржуваше и големото фудбалско финале на лигата на шампиони и беше огромен ...
Во среда точно напладне, во просториите на Порта Македонија во Скопје ќе се одржи прес-конференција со која се најавува ретка соработка помеѓу приватниот сектор и национална културна институција. Имено, Кинотеката на Македонија деновиве доби значителна финансиска донација од специјалистичката дијагностичка лабораторија „Авицена“, која ќе биде употребена за откуп на филмски материјал од историско и општествено значење за државата. Станува збор ...
Дека вештачката интелегенција може да се користи и за интересни видеа покажува и едно видео кое хит на социјалните мрежи. Тема е Светското првенство во Италија во 1990 година кое беше последно пред големите промени во Европа. Во видеото се прави споредба на тогашните фудбалери со холивудските ѕвезди. Па така Марадона е Дејвид де Вито, Дензел Вашингтон е Руд Гулит, Ник Нолт е Валдерама, Еди Марфи е голманот Томас н Коно, a Tоми Мелоа е ...
Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, денеска (02.06.2026) со почеток во 10:30 часот ќе присуствува на отворање на новиот базен Карпош, во Општина Карпош (До салата Наум Наумовски Борче – Партизан позади Сити мол Карпош). Базенот е со вредност од 46.700.000,00 денари. Станува збор за училишен базен со корито со длабочина од 0,80 до 1,20 метри, со ширина од 9 метри и должина од 25 метри. Претседателот на Владата ...
„Македоника литера“ неодамна го објави првиот дел од патописот од руските автори Иљја Иљф и Еевгениј Петров „Приземна Америка“, во превод од руски јазик на Маја Белева. Иљф и Петров заедно напишале романи, патописи, сценарија, есеи, водвиљи…, а едно од најпопуларните дела на овој тандем е оваа патописна книга. „Приземна Америка“ е оценет како маестрален патопис и како патопис за сите времиња. Тоа е патопис од нивното заедничко патување по ...
Деновиве претставата Театар на сенки „Кокиченце девојченце“, се одигра за првоодделенци ООУ „Григор Прличев“ а во НУ Библиотека „Григор Пличев“ во рамки на програмата „Културата расте со децата“ на Општина Охрид. Содржината на претставата е едукативна. Присутни се поучни елементи и моменти од кои детето ќе стекнува претстава за вистинските вредности и ќе гради позитивни ставови кон себе, но и кон другите и околното опкружување. Во театарската ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска (02.06.2026) со почеток во 17:25 часот во Владата на Република Македонија ќе оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Ќе биде остварена тет-а-тет средба, по што ќе следи состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет. Во 18:30 часот претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателот на Европскиот ...
Синоптичарите за денеска најавија променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, што повремено во западните делови ќе надминува брзина од 60 километри на час. Температурата се очекува да се движи од 9 до 32 Целзиусови степена. Во Скопје, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша прокламација за измена на царините за увоз на бакар, алуминиум и железо, соопшти Белата куќа. Со одлуката се намалуваат царините за одредена земјоделска и индустриска опрема од 25 на 15 проценти. Станува збор за индустриски машини како булдожери и виљушкари, во случаи кога тие се увезуваат од земји со трговски договори кои дозволуваат такво намалување. Покрај тоа, мерката предвидува повластена ...
Поранешниот претседател Стево Пендаровски упати критика и за комуникациската стратегија на СДСМ, оценувајќи дека преголемото инсистирање на темите поврзани со уставните измени и европската рамка не носи политички поени. „Во политиката ги форсираш оние прашања што ти носат поени. Криминалот, корупцијата, аферите и животниот стандард се теми што граѓаните ги чувствуваат секој ден“, порача Пендаровски во „360 степени“. Поранешниот претседател ...
СДСМ неодамна ја критикуваше власта дека неколку авио компании ги откажаа летовите до Скопје и оти тоа било резултат на лошите политики со субенционираните компании. Луфт ханза ги откажа летовите од Скопје до Франкфурт а пред неколку дена и Кроација ерлајнс најави дека ќе ги редуцира летовите до Македонија и во уште неколку земји од регионот. Која е причината? Главната причина со која се соочуваат авио компаниите е недостаток од керозин ...
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта денеска е во Скопје на средби со државниот врв.Главна тема ќе биде спорот со Бугарија како и реформската агенда. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вчера изјави дека на маса се повеќе идеи за надминување на спорот со Бугарија, а кои би вклучувале јасни гаранции во форма на заклучоци на Европскиот совет дека нема да им нови билатерални барања за земјава поврзани со историјата, ...
Десет денови пред почетокот на Светското првенство, полицијата во Торонто објави денеска ја извршила најголемата заплена на фалсификувани фудбалски дресови во канадската историја. Како што е соопштено, полицијата запленила фалсификувана стока во вредност од над 3,5 милиони канадски долари од магацин во Мисисага, вклучувајќи повеќе од 16.000 лажни дресови и знамиња со лажни логоа на ФИФА, Најк, Адидас и Пума, како и два фалсификувани ...
Долго очекуваното враќање на професионалниот тенис на легендарната Серена Вилијамс ќе се случи овој месец кога 44-годишна Американка ќе настапи на турнирот на трева во Квинс, објавија денеска организаторите. Серена Вилијамс доби вајлд – карта од организаторите и ќе настапи во двојки. Последниот настап на 23-кратната грен слем шампионка беше во септември 2022 година, кога се повлече од професионалниот тенис по поразот во третото коло на Ју Ес ...
Македонската фудбалска репрезентација загуби вечерва во контролен натпревар против Турција во Истанбул со убедливи 4-0 (2-0) и ја продолжи серијата без победа на осум, а без постигнат гол на четири натпревари. Почетниот состав на македонската репрезентација донесе пет измени од дуелот во петокот против БиХ со Деспотовски, Фетаи и Алиоски во одбраната, Елези во средниот ред и Омерагиќ во нападот, но избраниците на селекторот Гоце Седлоски и ...
За година и половина завршивме 37 километри и ги пуштивме во сообраќај на автопатот Охрид-Кичево и тоа е доказ дека многу сериозно ги водиме проектите. За разлика од нас, владата на СДСМ и на ДУИ седум години не стави ни метро асфалт, истакна вицепремиерот Николоски во интервју на поткастот „Риштази”. Проблемот, посочи министерот, е на предходната влада која што од политички причини тој проект го напушти. – Факт е дека седум години владата на ...
Македонската фудбалска репрезентација загуби вечерва во контролен натпревар против Турција во Истанбул со убедливи 4-0 (2-0) и ја продолжи серијата без победа на осум, а без постигнат гол на четири натпревари. Почетниот состав на македонската репрезентација донесе пет измени од дуелот во петокот против БиХ со Деспотовски, Фетаи и Алиоски во одбраната, Елези во средниот ред и Омерагиќ во нападот, но избраниците на селекторот Гоце Седлоски и ...
Македонија се наоѓа пред можеби последната реална можност за членство во Европската Унија, а доколку ја пропушти актуелната геополитичка шанса, ризикува да остане на европската периферија заедно со државите кои со години тапкаат во место. На ова предупредува поранешниот претседател Стево Пендаровски во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Јас се плашам дека ова е последниот прозорец на можности отворен исклучиво поради руската ...
Илјадници граѓани вечерва излегоа на улиците на Охрид за да го прослават историскиот успех на ГРК Охрид, кој го освои својот прв европски трофеј, триумфирајќи во финалето на ЕХФ Европскиот куп против унгарскиот тим МОЛ Татабања. По победата во преполната спортска сала „Билјанини Извори“, ракометарите, стручниот штаб и клупското раководство беа пречекани од бројни навивачи кои со песни, знамиња и овации го одбележаа најголемиот успех во ...
Премиерот Мицкоски најави дека на Самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват ќе ја претстави иницијативата со која земјите од Западен Балкан можат да станат значаен производител и снабдувач на чиста енергија за Европа. Во услови на растечка глобална побарувачка за електрична енергија, особено поради развојот на вештачката интелигенција и дата-центрите, нашиот регион има потенцијал да обезбеди околу 260 TWh нова обновлива енергија годишно.Тоа ...
Во мај констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“. Намален е бројот на прекршоци за управуввање на нерегистрирано возило за 7,9 проценти споредбено со април, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Во периодот од 1 до 31 мај од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 28.494 прекршоци. Од вкупниот број на ...
Тажна вест ги погоди семејството, пријателите и сите што ја познаваа Сејда Бешлиќ, сопругата на легендарниот пејач Халид Бешлиќ. Сејда Бешлиќ почина по долга и тешка болест, објавува „Аваз“. Со години Сејда беше најголемата поддржувачка на својот сопруг, со кого го помина речиси целиот свој живот. Нивната љубовна приказна траеше со децении и често беше истакнувана како пример за лојалност, почит и меѓусебна поддршка. По смртта на Халид ...
Инфлацијата на потрошувачките цени во Бугарија дополнително се забрза во мај до највисокото ниво во повеќе од две и пол години, покажаа денешните прелиминарни податоци од Националниот статистички институт. Индексот на потрошувачките цени (ИПЦ) во мај се искачи за 7,0 отсто на годишно ниво, побрзо од порастот од 6,8 проценти во април. Понатаму, ова беше најсилниот бран на инфлација од август 2023 година, кога цените скокнаа за 7,7 отсто, ...
Ни следува ли катастрофа? Турција за 20 минути веќе води со 2-0 против македонската репрезентација. Македонија игра очајно на овој меч и Турците веќе имаат водство од два гола откако претходно ја погодија и пречката на Столе Димитриевски. Македонската реперезентација има проблеми да ја изнесе топката од својата половина а Турците вршат силен притисок. Ни следува ли катастрофа? Турција за 20 минути веќе води со 2-0 против македонската ...
Македонија очајно го започна пријателскиот меч против Турција. Првимивме гол веќе во првата минута, а во 40-тата секунда домаќините ја имаа првата шанса. Натпреварот се игра во Истанбул на стадионот на Фенербахче. Македонија овие мечеви ги користи како подготовка за Лигата на нации која почнува во септември. Македонија очајно го започна пријателскиот меч против Турција. Првимивме гол веќе во првата минута, а во 40-тата секунда домаќините ја ...
Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, рече дека истата ќе биде архивирана утре, додека во однос на реконструкцијата на Владата, посочи дека ќе се разговара со коалициските партнери. -Jас неколку пати во минатото зборував дека ние разговаравме. Господинот Фетаи поднесе оставка денеска, таа ќе биде архивирана утре. Така што, како што знаете, во јуни не очекува ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека заклучно со декемврискиот извештај сме фронтранери во исполнувањето на Реформската агенда. Тој изрази жалење што опозицијата вели дека рокот истекол, коментирајќи дека рокот е 30 јуни, а не 1 јуни. -За жал, опозицијата денеска ја слушам како вели дека дека рокот истекол. Жалам кога политички аналфабети се дрзнуваат да даваат такви коментари, бидејќи не е први ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е во исклучително квалитетна состојба и оти државава и покрај враќањето на ДДВ за горивата на 18 проценти е натаму е со најевтини цени на горивата. Најавува и нови мерки во зависност од, како што рече, интензитетот на кризата. – Буџетот е во одлична кондиција, ги натфрламе проекциите кои што ги имавме на почетокот на годината и покрај сите оние, би рекол душегрижници кои мислеа дека оваа ...
Потпретседателот на Партизан за спортски прашања, Предраг Мијатовиќ, поднесе неотповиклива оставка по несогласувањето со неговите соработници. – Дојдов тука да разговарам со вас сосема отворено и транспарентно за да нема никакви резерви. Ја почитувам одлуката на Собранието што сите ја донесовме, но прашувам, им благодарам на сите. Но, исто така го прашувам Собранието, дали беа присутни овие четири месеци додека сè се случуваше? Така сите ...
Унијата е засилено фокусирана на имплементација на енергетските планови и испорачување на таргетите и во таа смисла сакам да и честитам на Македонија за усвојување на стратегијата и планост за енергетика и за оној напредок што го оствари на планот на правична транзиција. Ваквите напори се особено важни, многу реформи веќе стануваат применливи, преку рамката за енергетска заедница, и тие засилено ќе го обликуваат патот кон пристапување кон ЕУ. ...