По повод Меѓународниот ден на детето – 1 Јуни, партијата ВРЕДИ упати честитка до сите деца, истакнувајќи дека тие се најголемото богатство на општеството и гаранција за иднината на државата. Во соопштението, од ВРЕДИ наведуваат дека секоја одговорна политика треба да биде насочена кон благосостојбата, образованието и перспективата на младите генерации. „Многу години нашите семејства се соочуваа со недостаток на перспектива, слаби институции и ...

Американските воени сили во последните неколку недели им помогнаа на десетици трговски бродови да поминат низ блокираната Ормуска Теснина, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на изјави на американски функционери. Во последните три недели, Централната команда на американската војска (Centcom) водеше околу 70 трговски бродови низ овој стратешки воден пат, откри еден од функционерите под услов да остане анонимен. Истите извори наведуваат дека ...

Германската влада одобри измени во градежните прописи со кои за првпат формално се признаваат ноќните клубови како културни институции, што би можело да помогне во зачувувањето на загрозената клупска сцена, особено во Берлин. Според предлогот на кабинетот на канцеларот Фридрих Мерц, клубовите повеќе нема да се класифицираат заедно со бордели, казина и барови за возрасни, туку ќе им се даде статус на простори со културна и уметничка вредност. ...

Девизни резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 милиони евра. Податоците на Народната банка покажуваат дека најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (70,8 проценти), по што следуваат монетарното злато (16,8%) и валутите и депозитите (12,3%). На крајот на декември 2025 година официјалните девизни резерви изнесуваа 4.925,3 милиони евра. Девизни резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 ...

Во четири одвоени случаи со четири чамци јужно од грчките острови Крит и Гавдос, утрово биле откриени и спасени вкупно 143 бегалци и мигранти и сите биле безбедно префрлени на пристаништата, јави дописничката на МИА од Атина. Во морскиот дел југоисточно од местото Кали Лимени на Крит, воздушно средство на силите на Фронтекс открило два чамци со 41 и 42 лица и со помош на брод што пловел во близина и спасувачки брод на грчката крајбрежна ...

Полициски службеници од СВР Куманово вчеравечер го лишија од слобода Д.П.(35) од Куманово. Како што соопшти денеска МВР, тој се сомничи дека од 23:00 часот на 29.05.2026 до 07:00 часот на 31.05.2026 без негова согласност и со употреба на сила држел негов 36-годишен познаник од Куманово во својот дом. Според пријавеното, во тој период Д.П. повеќе пати физички го напаѓал лицето, го принудувал орално да го задоволува и го принудувал да користи ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на израелската армија да ги нападне позициите на либанската милитантна група Хезболах во предградијата на либанскиот главен град Бејрут. „Како одговор на повторените и континуирани прекршувања на прекинот на огнот во Либан од страна на терористичката организација Хезболах и нападите врз нашите градови и граѓани, заедно со министерот за одбрана Израел Кац, им наредив на Израелските одбранбени ...

Музеј во Источна Франција во неделата, на 31 мај, пријави во полиција кражба на бананата, контроверзното уметничко дело „Комичар“, вредно повеќе милиони долари на италијанскиот визуелен уметник Маурицио Кателан. Чуварот во саботата забележал дека недостига бананата залепена на ѕид со леплива лента, пренесува „Ле Монд“. Музејот „Помпиду-Мец“, кој е дел од мрежата на познатиот Центар „Помпиду“ во Париз, соопшти дека поднел кривична пријава ...

Град Скопје ја реализираше втората авионска фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на територијата на градот. Активностите беа спроведени во раните утрински часови, согласно предвидената програма, законските обврски кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје, соопшти прес-службатра на Град Скопје. Во текот на утрешниот ден ќе биде реализирана и ...

Скопскиот адвокат Јанаки Митревски бара да се отфрли пријавата против шестмината битолчани, кои полицијата ќе ги гони за „самовластие“, откако со профил на 14-годишно девојче ловеле педофили. Битолската полиција уапсила шест златни деца од Битола кои, види богати, ја работеле нивната работа. Креирале лажен профил на 14 годишно девојче и ловеле педофили. И генијалциве ги пријавуваат за Насилство(треба да се докаже) Злоупотреба на лични ...

Управата за јавни приходи информира дека по завршување на даночните биланси за 2025 година, анализата на обработените податоци покажува раст на даночната основа, на пресметаниот данок и повисок нето даночен ефект кај данокот на добивка. Според податоците, даночен биланс за оданочување на добивка поднеле 25.506 компании, додека 50.465 компании поднеле даночен биланс за оданочување на вкупен приход. И кај двете даночни основи забележан е раст ...

Драги Ѓоргиев, татко на трагично загинатиот тапанар на ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, повторно јавно реагираше поради, како што тврди, кражби од гробот на неговиот син. Тој на социјалните мрежи објави видео и емотивна порака во која наведува дека гробот на Ѓорѓи досега бил оштетен или ограбен дури 14 пати. „14 кражби на нашиот ангел и ден-денес не го оставаат гробот на мојот син. Не знам со какво срце и душа сè уште крадат од гробот. Да ми си здрава и ...

Премиерот на Малта, Роберт Абела, денеска ќе положи заклетва за нов мандат откако неговата владејачка Лабуристичка партија четврти пат по ред победи на парламентарни избори и го задржа мнозинството во парламентот, иако со помала разлика отколку во 2022 година. Абела изјави дека тоа е победа за сите граѓани, врз основа на програмата презентирана од неговата партија, и оцени дека резултатите покажуваат дека добил силен мандат. Лидерот на ...

Најмалку две лица се повредени при експлозија во фабрика за пиротехнички материјал во Малта, соопштија локалните медиуми. Двајца мажи на возраст од 67 и 47 години биле пренесени во болница по експлозијата, што се случила изутринава околу 6:30 часот по локално време. Според извештаите, од силината на детонацијата се треселе околните згради, а жителите пријавиле и скршени прозорци. Очевидци наведуваат дека експлозијата се слушнала на голема ...

Во саботата околу 21:30 часот во СВР Скопје Т.Р.(19) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит пазар тој, неговите татко и брат и уште седум лица од боречки клуб биле физички нападнати од Ј.Р., Б.Е. од друг боречки клуб и уште неколку други лица кои употребиле тврд и остар предмет како и стаклени предмети и истите се здобиле со повреди. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во саботата околу 21:30 часот во СВР ...

Годинава приоритетен вид е поезијата и опфаќа поетски преводни дела (поезија за возрасни и деца, драми во стих, итн.) објавени во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2026 година (конкурсен опфат од две години). Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ е воспоставена за да се направи вреднување на преведувачката дејност во Македонија, како и да се истакне вредноста и важноста на преведувањето за нашиот културен простор. ...

Предавање на тема „Анархитектура по сè“ (Anarchitecture After Everything) на еден од најзначајните современи квир теоретичари, Џек Халберстам, кое ќе се оддржи оваа среда, на 3 јуни, со почеток од 20:30 часот, на платото на Музејот на современа уметност – Скопје. Во ова предавање, Халберстам ќе го истражува значењето на трансотелотворувањето во современиот политички и културен контекст, користејќи го концептуалниот јазик на „анархитектурата“ ...

Во саботата во 15:15 часот во СВР Скопје А.К.(20) од Скопје пријавил дека на 26.05.2026 во угостителски објект на подрачјето на Центар, каде претходно работел, поради недоразбирање околу исплата на дневници бил физички нападнат од сопственикот на објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР. Во саботата во 15:15 часот во СВР Скопје А.К.(20) од Скопје пријавил дека на 26.05.2026 во угостителски објект на ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја информира јавноста и граѓаните на град Скопје дека во тек е последната недела од акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Рокот за искористување на можноста за отплата на долговите на рати без пресметка на камата истекува на 05.06.2026 година. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат ...

Песната „Ружа са југа“, која Бобан Рајовиќ – едно од најпрепознатливите музички имиња од соседството, ја посвети на Македонија за само неколку дена по промоцијата се наметна како најголем фаворит меѓу новите теми од неговиот актуелен проект. Реакциите од публиката, гледаноста и бројните пораки што, како што вели, пристигнуваат од сите страни на светот ја потврдуваат силната емоција што песната ја разбуди кај слушателите. Уште при најавата на ...

Филипче се додворува на Радев уште пред тој да стане премиер. Филипче почна да зборува за уставни измени и дека мора да се спроведат без гаранции, а тој уште веднаш би го направил истото доколку би имал власт. Јасно е дека Филипче го следи моделот на Заев и го носи неговиот политички багаж за да ја задржи фотелјата на Бихаќка. Поради тој модел, беа спроведени последните уставни измени, што доведе до тоа државата да го промени уставното име, ...

Денес 01.06.2026 година (понеделник) во 16 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува и ќе се обрати на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан- МЕФ 2026, во хотелот „Хилтон“, Скопје. Форумот се одржува денеска и утре, под мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, а организиран е во партнерство со ...

Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ со механизација сè на терен и се обидуваат да го изгасат пожарот кој избувна синоќа на депонијата „Краста“, соопшти денеска директорот на претпријатието, Сашо Томиќ. Тој информираше дека сите расположливи екипи се на депонијата и во текот на денот со затрупување на земја ќе се обидат целосно да го изгасат чадењето. Вчера интервенирале и кумановските пожарникари до едно возило од 20: 35 до 23:10 часот. ...

Во книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Дајмонд мол“ во Скопје вечерва во 19 часот на Ванчо Полазаревски ќе му биде врачена книжевната награда „Оливера Николова“ што ја доделува книгоиздателството „Арс ламина“. Воедно ќе се одржи промоција на победничкиот роман „Чудна случка во гратчето Капи и Штици“. Наградата се доделува за најдобар необјавен роман за деца и млади, токму на 1 Јуни, Меѓународниот ден на детето. На вториот ...

Цените на нафтата пораснаа утрово поради неизвесноста околу изгледите за наоѓање решение за конфликтот на Блискиот Исток, при што суровата нафта Брент се искачи на 93,01 долари за барел. Фјучерсите за сурова нафта Брент за испорака во август на лондонската берза ICE Futures се тргуваа по 93,01 долари за барел, што е за 1,89 долари повеќе од претходното затворање. Фјучерсите за сурова нафта WTI во јули на електронската трговска сесија на ...

Општина Чаир денеска ќе го отвори новото издание на традиционалната манифестација „Културно лето Чаир 2026“, која ќе трае еден месец и ќе понуди богата програма посветена на културата, уметноста и традицијата. Отворањето ќе биде означено со тридневната програма „Денови на децата“, што ќе се одржува од 1 до 3 јуни на повеќе локации – во Старата скопска чаршија, на Плоштадот Скендербег и во дворот на Мурат-пашината џамија. Програмата започнува ...

Од 1-3 јуни, студентите од Факултетот за драмски уметности го организираат третото издание со порака „Join the playground / Придружи се на игралиштето“ на меѓународната студентска филмска платформа „ХАЈ-ФАЈ“. „ХАЈ-ФАЈ“ е меѓународна филмска платформа направена од студенти за студенти. Истата служи како отскочна даска за промоција на студенти од филмски катедри при нивното прогресирање кон професионалци. Во свет што нѐ тера да пораснеме ...

Македонскиот игран филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, во режија на Дина Дума, својот пат го започнува громогласно од срцето на Менхетен – на Tribeca Festival кој ќе се одржи од 3 до 14 јуни. Tribeca Festival важи за еден од најзначајните филмски фестивали во САД, каде еден од основачите е Роберт Де Ниро. Истиот настана како културен одговор на нападите од 11 септември. Препознатлив е по современиот независен филм, нови авторски гласови ...

Во саботата во 19:00 часот, во ОВР Гостивар, на улица „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа во која непознато лице кое управувало електричен тротинет удрило во пешакот В.Т.(67) од Гостивар. Веднаш по незгодата, возачот на тротинетот го напуштил местото на настанот. Во Медицинскиот центар Гостивар кај В.Т. биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила екипа од ОВР Гостивар и се работи на пронаоѓање на возачот. ...

Возбдудлив музички настан. во Литературното кафе Метаноја во понеделник на 1 јуни во 19 часот. Овој албум (Apollon records) е музички подвиг во кој авторот на музиката и текстот Џулијан Мишиќ (Норвешка / Македонија) прави исклучителен спој меѓу источната (византиската) и скандинавската духовна музика ставајќи ги во главните улоги едни од несомнено највлијателните кралски ќерки од средниот век: Ана Комнена (Византија) и света Сунива ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54