Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Амбасадорите на Израел и на Либан во САД денеска во Стејт департмент почнаа уште една рунда директни разговори за завршување на конфликтот. На преговорите не учествуваат претставници на Хезболах. Тоа е четврта средба помеѓу претставниците на двете земји, кои немаат дипломатски односи. На средбата присуствуваат израелскиот амбасадор Џехиел Лајтер, либанската амбасадорка Нада Хамадех Моавад, како и Даниел Холер, советник на американскиот ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на официјалната посета на Република Словaчка, денеска во Братислава оствари средба со потпретседателот на словачката Влада и министер за одбрана, Роберт Калињак. Словачкиот вицепремиер ја реафирмираше силната словачка поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат. Според него, ние сме неоправдано предолго во чекалната на ЕУ. Процесот на проширување, смета тој, треба да е заснован ...
Додека многу туристи се жалат на изгор-цените низ Медитеранот, еден грчки остров во северниот дел на Егејот се издвојува како дестинација каде што одморот сè уште нуди вредност за вложените пари. Станува збор за Лимнос, кој во деведесетите ите се сметаше за оддалечена, ветровита воена база и синоним за „регрутирање по казна“, денес стана еден од главните адути на грчкиот туризам. Цени како пред една деценија и бесплатни лежалки View this post ...
По настапи на некои од најпознатите светски локации како Дубаи, Санторини, Истанбул, Малта и Букурешт, како и по целосно распродадениот шоу настап во Скопје во Public Room, Cafe De Anatolia го најавува својот прв дводневен фестивал во Македонија, кој ќе се одржи во Aleksandar Park, Виница. Како што најавуваат организаторите, фестивалот претставува спој на современа електронска музика и културно-уметничко доживување, со фокус на Afro House и ...
Документарниот филм посветен за животот на Марко Маринковиќ – Слаткаристика, кој доби поддршка од Агенцијата за филм, ќе се реализира без доделените средства, решиле раперот и екипата зад проектот. Деновиве читам секакви коментари и вести. И повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме. Сакам една работа да биде јасна… ниту барав, ниту мене ми се доделени пари. Поддршка доби документарен филм и еден многу ...
Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави вечерва дека ќе ги истражи наводите за расистички навреди од публиката на реваншот од финалето на Европскиот куп меѓу Охрид и Татабања. Инцидентот, наводно, го иницирале навивачи на Охрид, упатувајќи расистички навреди кон ракометарот на Татабања, Баптист Деметрин. ЕХФ нагласува дека нема место за расизам во европскиот ракомет и како организација ги осудуваме сите форми на расизам, дискриминација и ...
Мрежен кабел за интернет долг 15 километри – купен 15.000 евра, а никаде го нема, набавени компјутери, лаптопи, ајфони за кои постои само барање без реверс каде завршиле, склучен договор од 1.600.000 денари за мобилни телекомуникациски услуги или двојно повеќе од предвидените 800.000 денари, како и договор од 1,1 милион денари за фиксна телефонија, иако биле предвидени 550.000 денари, се само некои од недоследностите во работењето на ...
По првичните неофицијални информации дека финансова полиција врши претрес во неговиот дом, дел од медиумите јавуваат дека некогашниот директор на Царина, поранешен потпретседател на СДСМ и екс-градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев е приведен. Од она што досега е официјално соопштено е дека повеќе лица се приведени од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција како дел од акција која произлегува од ...
Нашата позиција е јасна – остануваме цврсто определени кон европскиот пат, не бараме привилегии, не бараме олеснети правила, не бараме нешто што не им припаѓа на другите, бараме принципи и нормално кредибилен и предвидлив процес, бараме процес во кој реформите, трудот, заслугите, и исполнетите обврски ќе бидат вистински вреднувани, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Антонио ...
Постои нова генерација луѓе кои внимателно избираат што внесуваат во своето тело, каква нега користат и кои вредности ги поддржуваат преку своите секојдневни избори. За нив, здравиот животен стил не е тренд — туку свесна одлука. Утре, BioShop се отвора својата прва продавница во East Gate Mall, создавајќи нова дестинација за сите кои веруваат во природната нега, органската исхрана и одржливото живеење. Со мотото „Природно. Убаво. Твое.“, ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.К. (86) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Според информациите од МВР, на 12 мај годинава, на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, при излез од државата, полициските службеници извршиле преглед на патникот. При контролата кај него биле пронајдени и одземени 20 ...
Православните христијани утре ќе го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена. Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на хроистијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството ...
Проширувањето е наша заедничка цел, а иднината на Македонија цврсто припаѓа во Европската Унија, порача попладнево претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Христијан Мицкоски. Вашата Влада покажа посветеност и сакам да ги пофалам континуираните напори што ги вложувате. Особено би сакал да го истакнам неодамнешниот опиплив напредок во спроведувањето на реформската агенда кон ...
Кајсиите ја стимулираат активната работа на нашиот имунитет, кој помага на телото ефикасно да се справи со патогените вируси и бактерии. Освен тоа, содржат растителни влакна кои ја регулираат дигестијата и го стимулираат метаболизмот. Диетата со кајсии ви ја обезбедува оптималната дневна доза витамин А, кој е задолжен за здравјето и добриот изглед на кожата, косата и ноктите. Кајсиите се исто така богати со калиум, па затоа и се препорачуваат ...
Два месеца поминаа откако градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски објави дека „активно се работи на трансформирање на просторот зад објектот на Краш, во Градски sид во урбан парк со рекреативни содржини“. Ги обновуваме пешачките патеки и го решаваме проблемот со протекување на подземните гаражи. Старото детско игралиште го заменуваме со ново, модерно и побезбедно, а поставуваме и фитнес зона за рекреација. Просторот ќе добие ново ...
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево пред Владата го пречека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балка, денеска престојува во Скопје. Следете ја во живо заедничката прес-конференција по тет-а-тет средбата и состанокот помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет: Премиерот Христијан Мицкоски попладнево пред Владата го пречека ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој е во официјална посета на Македонија. Како што сподели Мицкоски, на средбата разговараа за европската перспектива на нашата држава, актуелните предизвици и можностите за продлабочување на соработката со Европската Унија. Во отворен и конструктивен разговор ја потврдивме заедничката заложба за унапредување на реформските ...
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево пред Владата го пречека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балка, денеска престојува во Скопје. Кошта пристигна во Скопје од Тирана, а на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Мицкоски и Кошта во Владата ќе имаат тет-атет средба по што ќе следува состанок помеѓу владината ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, попладнево пристигна во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Кошта на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Добредојде за претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Скопје. Попладнево, во рамки на неговата регионална посета, го пречекавме претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Посетата ...
Интервјуата се даваат за да се гледаат или читаат целосно. За жал се вади еден сегмент или збор и од тој збор се вади наслов кој не соодветствува ниту со тоа што е кажано во интервјуто ниту со контекстот, реагира вицепремиерот Александар Николоски за насловот со кој е споделено неговото интервју. Да е најтрагично, во истово интервју зборувам за тоа како беше претходно злоупотребувана една моја изјава околу Албанија. Баш во истово интервју ...
СДСМ се толку очајни што го извадија и Стево Пендаровски од пензија, т.е од нафталин. Се сеќавате кој беше тој? Сигурно ви текнува на неговата славна изјава „значи ние во Скопје немаме видено никаков француски предлог“, за по два-три дена се пофали дека лично со Макрон, работел на него, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“ која ќе биде емитувана утре. СДСМ се толку очајни што го извадија и Стево Пендаровски од пензија, т.е ...
Владата денеска го усвои Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, соопшти Министерството за здравство. Ова е важен чекор за јавното здравје и за создавање поздрав, побезбеден и поодговорен јавен простор. Законот е резултат на широк институционален процес, разговори со засегнатите страни, консултации со тутунската индустрија, угостителскиот сектор, надлежните институции, инспекциските органи, ...
Чамците и скутерите ова лето ќе имаат ограничен режим на пловење на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, согласно одлуката што ја донесе Владата на предлог на Министерството за транспорт, со цел зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата. Со одлуката се предвидува ограничување на пловидбата на скутери во периодот од 1 јули до 31 август 2026 година, во термин од 11 до 19 часот. Воедно, се воведува и ограничување ...
Поранешниот директор на Царинската управа, некогашен потпретседател на СДСМ и градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев, неофицијално е меѓу осомничените лица во денешната акција на финансовата полиција, дознава „Република“. Според неофицијалните информации, во моментот се врши претрес во неговиот дом, а дел од медиумите пренесуваат и дека криминалот кој се испитува е тежок 350.000 евра. Од она што досега е официјално соопштено е дека ...
Случаите на меѓуврсничко насилство, како неодамнешниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров, се сигнал дека кај младите се јавува недости на емпатија, а зад насилното однесување најчесто стојат повеќе причини, меѓу кои потребата за докажување моќ, наталожен бес и гнев или уверување дека сторителите ќе избегнат одговорност, оцени Кристина Атанасова, психолог во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“. Во гостување на телевизија Алфа, ...
Повеќе лица се приведени од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција како дел од акција која произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и документирање на повеќе кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупцијата, за кои постојат основи на сомнение дека се извршени од службени лица и други лица кои го искористиле своето влијание, општествена положба и углед со цел стекнување ...
Не може ниедна компанија да нуди работа за плата која е пониска од законски утврдената минимална – категоричен е министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Најавува контроли кај компаниите, а доколку се утврди дека навистина се нудат работни места со плата под минималната, најавува санкции. На денешната прес-конференција, на која заедно со директорот на Агенцијата за вработување го презентира оперативниот план за вработување за 2026 ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(52) и Л.Т.(52), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство и природни реткости“, „бесправно градење“, „узурпација на недвижности“ и „несовесно работење во службата“. Првопријавениот, во 2023 година, срушил и уништил куќа- заштитен објект на културно наследство, на кој била ...
Ноќеска во 01:20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.П.(46) од Скопје затоа што при обид за легитимирање од страна на полициски службеници извадил пиштол и испукал еден куршум кон полициските службеници, соопшти МВР. По пукањето, скопјанецот се дал во бегство, но по преземените мерки бил пронајден и приведен од страна на скопската полиција, од каде додаваат дека по целосно ...
Во Македонскиот народен театар утревечер 20.30 часот премиерно ќе биде изведен мјузиклот „Као Какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски, по текст на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски. Втората премиера е закажана за задутревечер во истиот термин. Во претставата се вклучени избрани композиции што ќе бидат изведени во нови аранжмани. Станува збор за мелодрамска љубовна приказна сместена во седумдесеттите години на ...