Уште само 3 дена остануваат до 1 јуни, до кога Христијан Мицкоски вети дека целосно ќе ја исполни Реформската агенда и обврските за продолжување на европскиот пат, се наведува во соопштението од СДСМ. 3 дена до уште едно неисполнето ветување и уште една голема лага на Мицкоски. Како што лажеше Мицкоски за враќање на името, за поништување на Преспанскиот договор, како што лажеше дека е загрозен македонскиот идентитет, така и денес лаже за ...

Седумдесет и седумгодишна жена утрово се здобила со тешки повреди при излегување од автобус во белградската населба Земун, откако останала приклештена од вратата на возилото. Според информациите на српските медиуми, автобусот продолжил да се движи додека дел од телото на жената останал заглавен во вратата, по што таа била влечена по улицата. Во еден момент паднала на коловозот и се здобила со повеќекратни повреди на главата и телото. ...

Австралискиот министер за здравство Марк Батлер изјави во понеделник дека карантинот за патниците кои беа репатрирани во земјата од луксузниот крузер „Хондиус“ под холандско знаме, на кој има епидемија на хантавирус, ќе биде продолжен на вкупно 42 дена. „Патниците се информирани за советите и одлуката на владата. Со задоволство можам да кажам дека тие продолжуваат да бидат добро“, рече Батлер, според Ројтерс. Батлер рече дека карантинот за ...

Напади со беспилотни летала врз три танкери беа пријавени денес во Црното Море во близина на северниот брег на Турција, соопшти агенцијата за бродови „Трибека“. Првиот пријавен инцидент се случил на десетици километри оддалеченост од копното. „Танкерот ‘Џејмс II’, кој пловел под знамето на Палау и во баласт, бил околу 80 километри северно од областа Туркели во Црното Море кога се случил инцидентот“, соопшти агенцијата, пренесува Ројтерс. ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостување во Дневникот на Сител телевизија зборуваше за новиот правилник и ценовник на ЈП Паркинзи на Општина Центар, истакнувајќи дека целта е уредување на состојбите, подобри услови за паркирање и фер пристап за сите жители. Тој нагласи дека Центар е најфреквентната општина во државата, со голем број возила кои секојдневно транзитираат, но и со сериозен притисок од самите жители врз ...

Неколку основни и средни училишта во Загреб утрово добија дојави за поставени експлозивни направи, по што веднаш беше започната итна евакуација на учениците и вработените. Полицијата е на терен и ги пребарува објектите. Според првичните информации, заканувачките пораки пристигнале на електронските адреси на училиштата во неколку загрепски населби. Хрватското Министерство за внатрешни работи потврди дека се преземаат сите стандардни ...

Најмалку десет ученички смртно настрадаа во голем пожар што избувна во ученички дом во кенискиот регион Накуру. Спасувачките тимови сè уште се справуваат со последиците на местото на настанот. Според официјалните информации од тамошните власти, огнот се појавил во текот на ноќта кога децата спиеле во објектот. Регионалниот полициски начелник, Самуел Ндањи, изјави дека пожарот избувнал ноќеска еден час по полноќ во објектот „Утумиши“ за ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „предизвикување на општа опасност“. На 07.04.2026 на место викано „Тафрачко маало“ во селото Бигла, делчевско, пријавениот намерно предизвикал шумски пожар, во кој биле оштетени површини на девет сопственици на катастарски парцели во с.Бигла. Надворешната канцеларија за ...

Во рамки на теренската посета „Блиску до народот – доследни на зборот“, во организација на градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода се одржа средба со граѓаните, на која тие ги споделија своите идеи, предлози и проблеми, информираат од прес-службата на Град Скопје. На средбата присуствуваа претставници на институциите, директори на јавни претпријатија, како и градоначалничката ...

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека по повод верскиот празник Духовден, утре шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието ќе работат со скратено работно време, од 07:30 до 15:30 часот. Од претпријатието додаваат дека со редовно работно време ќе се продолжи од 30 мај 2026 година (сабота). Воедно, апелираат до граѓаните да ги користат електронските сервиси, кои овозможуваат побрз и поедноставен пристап до ...

Едномесечен притвор му е одреден на професор од Земјоделското и медицинското училиште во Бијелина, кој беше уапсен под сомнение за сексуално вознемирување на 16-годишен ученик во училиштето. Полициските службеници од Бијелина го предадоа осомничениот С.Д. на Окружното јавно обвинителство, по пријава од самиот оштетен ученик. „Полициски службеници го предадоа С. Д. на Окружното јавно обвинителство со извештај за сторено кривично дело сексуално ...

Иранската револуционерна гарда (IRGC) соопшти дека гаѓала американска воздухопловна база, како одговор на американскиот напад извршен рано наутро во близина на аеродромот Бандар Абус. Според соопштението пренесено од агенцијата Тасним, цел на IRGC била токму базата од која бил извршен нападот врз ирански контролен пункт. Претходно, американската војска изведе напади врз иранска операција со беспилотни летала во близина на Ормутскиот Теснец. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ниту една држава нема да ја контролира Ормускиот Теснец, нагласувајќи дека станува збор за меѓународен морски премин кој мора да остане отворен за сите. Трамп порача дека САД внимателно ја следат ситуацијата во регионот и нема да дозволат каква било еднострана контрола врз еден од најважните светски енергетски коридори. „Ниту една држава нема да ја контролира Ормускиот Теснец“, изјави Трамп, ...

Силно невреме со пороен дожд, град, громови и силен ветер ја зафати Словенија. Од Словенечката агенција за животна средина (АРСО) соопштија дека невремето, кое започнало на северот од земјата, се движело кон централниот дел и југоистокот. Според извештаите, невремето предизвикало материјални штети, при што силниот ветер откорнувал покриви и соборувал дрвја. Дополнителни оштетувања се регистрирани и од град со големина на орев. Словенечката ...

Тројца лица загинаа, а тројца се повредени при уривање на надвозник во Сеул, соопштија јужнокорејските власти. Несреќата се случила за време на демонтажа на стариот надвозник „Сеосомун“, кога дел од конструкцијата и скелето ненадејно се урнале врз работниците кои вршеле безбедносна инспекција. Според првичните информации, на местото имало девет лица, меѓу кои инженери, надзорници и раководители на градилиштето. Дел од работниците паднале од ...

Трагедија го потресе Скопје, кога осумдесет и петгодишна жена загинала во пожар што ноќеска избувнал во куќа во скопската населба Пинтија, објави Скопје 1. Во МВР случајот бил пријавен во 01:48 часот. Пожарот избувнал во куќа во сопственост на С.К. (45), каде живеела и нејзината мајка М.В. (85). Огнот избувнал на долниот кат од куќата. Жената не успеала навреме да излезе, јавува Скопје 1. Екипа на Итната медицинска помош констатирале смрт на ...

Во соопштение од СДСМ се наведува дека, како што велат од партијата, Владата предводена од Христијан Мицкоски „признава дека нема пари за организирање референдум“, на кој граѓаните би одлучувале за прашања поврзани со нивната иднина. Од СДСМ оценуваат дека со ваквиот став се доведува во прашање можноста за директно изјаснување на граѓаните по важни општествени и политички прашања. Кога буџетот е во „одлична форма“? Ова е уште една потврда ...

Во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека Венко Филипче, како што тврдат од партијата, „се претставува како специјален бугарски пратеник“ и дека единствено смета оти уставните измени се последната пречка на патот кон Европската Унија. Од партијата оценуваат дека Филипче, „воден од желбата да дојде на власт“, зазема ставови поврзани со евроинтегративниот процес и уставните измени. Наспроти пораките на официјална Софија дека Бугарите во ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште беа презентирани материјални докази на Обвинителството, меѓу кои видео-снимки и фотографии поврзани со објектот – клубот „Пулс“, како од критичната вечер, така и од периодот додека објектот функционирал. Досега на ...

Во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека, како што велат од партијата, „лажната скромност на самопрогласените борци за работнички права“ станува очигледна во јавноста. Еден од овие примери е Трпе Деаноски од УПОЗ, кој со пари од членарините на работниците, за кои велат дека живеат во сиромаштија, се луксузира во Црна Гора. Деаноски преку синдикатот на УПОЗ организирал луксузни спортски игри, кои траеле 4 дена, но не ги организирал во ...

Минималната температура изутринава во Берово изнесува 8 степени Целзиусови, во Лазарополе 9, во Маврови Анови и Попова Шапка, како и во Крива Паланка и Претор 11, во Битола 12, во Скопје-Петровец, Тетово и Охрид 13, во Прилеп, Штип, Демир Капија и Струмица 14, во Виница, Гевгелија, Крушево, Куманово и Кавадарци 15, во Велес 16, а во Скопје-Зајчев Рид 17 степени Целзиусови. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска претпладне ...

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека разузнавачките информации покажуваат оти американската блокада врз Иран предизвикува сериозна економска и воена штета за Техеран. Според Хегсет, мерките што ги преземаат САД имаат силно влијание врз иранската економија, енергетскиот сектор и способноста на земјата да ги обновува своите воени капацитети. „Разузнавачките информации покажуваат дека блокадата на САД му нанесува голема штета ...

Под покровителство на Општина Илинден и оваа година ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“, традиционална културна манифестација која ги обединува љубителите на фолклорот, музиката и народната традиција. Настанот ќе се одржи во Домот на култура „Илинден“ во населбата Илинден, со богата програма исполнета со музика и традиционални ора од повеќе земји. Фестивалската програма започнува во 19:00 часот со свечено дефиле на ...

По повод 28 Мај – Меѓународниот ден на менструалната правда, денеска ќе се одржи настан на кој организацијата „Новинари за човекови права“ ќе го презентира своето најново истражување за менструалната сиромаштија во Македонија, како и ќе го промовира менструалниот пакет за прва менструална помош. Од организацијата посочуваат дека настанот има за цел да отвори јавна дискусија за предизвиците со кои се соочуваат девојките и жените во однос на ...

Охрид Мол преку социјалната мрежа Фејсбук, сподели снимка од моторџии кои дивеат на на паркинг-просторот на трговскиот центар. -Во изминатиот период, во повеќе наврати е забележано несовесно и опасно управување со мотоцикли на паркинг просторот на „Охрид Мол“. Ова вклучува возење со брзина, возење на едно тркало, како и изведување ризични маневри и паркирање на несоодветни места, со што директно се загрозува безбедноста на посетителите, ...

Армијата на Република Северна Македонија денеска на градскиот стадион во Штип ќе организира презентација на воена опрема, возила и способности на армиските единици, со цел граѓаните одблиску да се запознаат со нивната работа и подготвеност. Настанот се одржува по успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки беше извршено оценување на борбената готовност на Лесната пешадиска баталјонска група. Според најавите од Армијата, посетителите ...

Од ЕВН Македонија информираат дека денеска, 28 мај 2026 година, дел од корисниците во општина Ѓорче Петров ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа. Според најавата, во периодот од 09:00 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците во околината на раскрсницата меѓу улиците „Борис Сарафов“ и „Кузман Шапкарев“. Од ЕВН апелираат граѓаните навремено да ги планираат своите активности додека трае ...

По повод Светскиот ден на мултиплекс склероза (МС), здружението Мобилност Скопје, со поддршка од Град Скопје, денеска по единаесетти пат организира мирен марш со цел подигнување на јавната свест за лицата со мултиплекс склероза, параплегија, дистрофија и детска парализа. Организаторите посочуваат дека маршот има за цел да го истакне значењето на еднаквите можности, почитувањето на правата на лицата со попреченост и нивната поголема ...

Делегација на Демократската унија за интеграција, предводена од претседателот Али Ахмети, вчера оствари средба со конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Конгресот на Соединетите Американски Држави. Како што соопшти ДУИ, на средбата се разговарало за актуелните политички случувања во Северна Македонија, како и за значењето на Охридскиот рамковен договор и предизвиците поврзани со неговата примена во институциите. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, со можност за невреме, пообилен пороен дожд, силен ветер над 60 километри на час и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде од 9 до 18 степени, а максималната од 23 до 32 степени. Во Скопје ќе има променливо облачно време со сончеви периоди. ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00