Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува и ќе се обрати на Регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026, кој се одржува во Скопје, информираат од Владата. Форумот се одржува денеска и утре под мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, а е организиран во партнерство со Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и Министерството ...

Грчките власти најавија воведување на нов пакет мерки чија цел е да се забрза протокот на патници и товарни возила на граничните премини, како и да се намалат долгите задржувања кои во последниот период се бележат на премините Евзони и Кипи. Мерките доаѓаат како реакција на зголемениот интензитет на патен сообраќај, особено со почетокот на туристичката сезона и растечкиот обем на товарен транспорт кон и од Грција. Одлуката е донесена на ...

Драги Ѓоргиев, татко на трагично загинатиот тапанар на групата ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, објави видео за кое тврди дека прикажува кражба од гробното место на неговиот син. Тој на социјалните мрежи навел дека станува збор за повеќекратни кражби и изразил револт поради, како што вели, континуираното нарушување на гробното место. -„14 кражби на нашиот ангел и ден-денес не го оставаат гробот на мојот син. Не знам со какво срце и душа сè уште крадат од ...

Иран нема да одобри никаков договор со САД сè додека неговите права не бидат целосно гарантирани, изјави денеска претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад Бакер Галибаф, шеф на тимот на Техеран во преговорите со Вашингтон. – Нема да одобриме никаков договор сè додека не бидеме сигурни дека правата на иранскиот народ се целосно гарантирани, рече Мохамад Бакер Галибаф во видео емитувано на државната телевизија. Иако се чинеше дека двете ...

На 30 мај 2026 година околу 21:30 часот во СВР Скопје, Т.Р. (19) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар дошло до физички напад во кој биле повредени повеќе лица. Според пријавата, тој, неговиот татко и брат, како и уште седум лица од боречки клуб, биле нападнати од Ј.Р., Б.Е. од друг боречки клуб и уште неколку други лица. При нападот биле употребени тврди и остри предмети, како и стаклени предмети, при што повеќе лица се здобиле ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Русите само оваа недела лансирале повеќе од 2.300 дронови за напад, речиси 1.560 наведувани воздушни бомби и 108 ракети од различни типови против украинскиот народ. „Во текот на оваа недела, Русите лансираа повеќе од 2.300 дронови за напад, речиси 1.560 наведувани воздушни бомби и 108 ракети од различни типови против нашиот народ. Сите овие напади беа насочени едноставно кон ...

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение до јавноста информираат дека уставни измени нема да има. – Филипче се додворува на Радев уште пред тој да стане премиер. Филипче почна да зборува за уставни измени и дека мора да се спроведат без гаранции, а тој уште веднаш би го направил истото доколку би имал власт. Јасно е дека Филипче го следи моделот на Заев и го носи неговиот политички багаж за да ја задржи фотелјата на Бихаќка. Поради тој модел, ...

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Трпе Деаноски, претседател на гранковиот синдикат УПОЗ и член на претседателството на ССМ, избрал лица блиски до СДС кои се членови на синдикатот и организирал четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, кои чинеле 60.000 евра. Во соопштението се наведува дека станува збор за активности организирани во рамки на синдикатот, за кои, како што тврдат од партијата, биле направени трошоци во споменатиот износ. ...

Мајчиното ментално здравје како приоритет: од препознавање кон достапна поддршка за секоја мајка“ е темата на конференцијата што ќе се одржи денеска, на која ќе бидат презентирани наодите од анализата „Кој се грижи? Мајчинство, ментално здравје и невидливиот товар на очекувањата“. Како што е најавено, конференцијата ќе ја отвори министерот за здравство Азир Алиу, а на настанот ќе присуствуваат и францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, ...

Осум лица загинаа, а 33 се повредени во автобуска несреќа во западна Турција, што се случи рано изутрината, јавија турските медиуми. Меѓу загинатите е и деветмесечно бебе и возачот на автобусот. Автобусот удрил во заштитната ограда на автопатот во турската покраина Денизли, а потоа се запалил. Превезувал 38 патници и тројца вработени во автобуска компанија на линија од градот Измир до Анталија. Вчера беше последниот ден од муслиманскиот ...

Во централното градско подрачје стапува во сила нов сообраќаен режим, чија цел е подобрување на протокот на возилата и зголемување на функционалноста на сообраќајната мрежа. Според најавените измени, сообраќајот од Јужен булевар кон Кисела Вода ќе се одвива по улицата што минува покрај кафеаната „Ив“, која од сега ќе биде еднонасочна. На оваа локација ќе биде поставен и нов семафор за лево вртење, со кој ќе се овозможи приклучување кон ...

Меѓународниот парламент за толеранција и мир ги надминува националните парламентарни агенди и ги обединува пратениците околу универзални вредности како мирот и толеранцијата. Неговата основна цел е да ја поттикне човечката одговорност во спречувањето на насилството, унапредувањето на разбирањето и заштитата на човековото достоинство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на средба со учесниците на 14-тата пленарна сесија на ...

На 30 мај 2026 година околу 15:30 часот во СВР Скопје, Д.З. (49) од Скопје пријавил дека во двор од куќа во село Орман, скопско, биле предизвикани оштетувања од заталкано зрно од огнено оружје. Според пријавата, била оштетена настрешница под која било паркирано патничко возило, а оштетувања се забележани и на самото возило. Од надлежните служби информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На 30 мај 2026 година ...

На 30 мај 2026 година во 15:15 часот во СВР Скопје, А.К. (20) од Скопје пријавил дека на 26 мај 2026 година бил физички нападнат во угостителски објект на подрачјето на Центар, каде претходно работел. Според пријавата, до нападот дошло поради недоразбирање околу исплата на дневници, при што бил нападнат од сопственикот на објектот. Од надлежните служби информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На 30 мај 2026 ...

На 30 мај 2026 година околу 23:40 часот, 30-годишна жена пријавила дека во нејзиниот дом на подрачјето на Кисела Вода дошол нејзиниот братучед, кој физички го нападнал нејзиниот сопруг, а неа ја допирал по телото. По настанот, лицето го напуштило местото. Од надлежните служби информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На 30 мај 2026 година околу 23:40 часот, 30-годишна жена пријавила дека во нејзиниот дом на ...

На 31 мај 2026 година околу 04:25 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар две лица биле физички нападнати. Според пријавата, 23-годишниот М.М. и 27-годишниот Д.Ѓ., двајцата од Скопје, биле нападнати со тврди предмети од неколку непознати лица. Во нападот, М.М. се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од надлежните служби информираат дека се преземаат мерки за ...

На 30 мај 2026 година во 09:25 часот во ОВР Демир Хисар било пријавено дека во психијатриската болница во Демир Хисар е пронајден починат пациент. Станува збор за И.Г. од село Дедино, радовишко, кој бил сместен како пациент во установата. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител е издадена обдукција на телото на починатиот. На 30 мај 2026 година во 09:25 часот во ОВР Демир Хисар било пријавено ...

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето, Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ денеска пред Собранието организира изведба на социјален танц-театар, подготвена од ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар. Локацијата на настанот е избрана симболично – пред законодавниот дом, како место каде што се носат важни одлуки, со цел да се испрати порака дека заштитата на децата од насилство, како и нивната ...

На конгресот одржан во Тетово, партијата Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села официјално го промени името во Албанска лига. Делегатите едногласно ја поддржаа промената, а со 713 гласа „за“, Села беше избран за претседател на новоформираниот политички субјект. Конгресот се одржа под мотото „Лигата е жива“, а по изборот Села истакна дека функцијата носи голема одговорност кон членството, делегатите и идните генерации. „Некој можеби ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во официјална посета на Република Словачка. Во рамки на посетата, утре во Братислава таа ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од словачкиот претседател Петер Пелегрини. По официјалниот пречек, двајцата претседатели ќе одржат тет-а-тет средба, по што е предвиден и пленарен состанок на делегациите на двете земји. Сиљановска-Давкова ќе се сретне и со претседателот ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од денеска до 5 јуни ќе престојува во посета на земјите од Западен Балкан, во рамки на која ќе оствари средби со лидерите од регионот и ќе копретседава со Самитот ЕУ – Западен Балкан што на 5 јуни ќе се одржи во Тиват, Црна Гора. Од Делегацијата на Европската Унија во Скопје информираат дека фокусот на разговорите ќе биде ставен на процесот на проширување, постепената интеграција на регионот ...

Седумдесет и петгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на сервисна улица во близина на гробиштата во Ѓорче Петров. Како што информира МВР, на 30 мај во 10:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека патничко возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 68-годишниот М.П. од Скопје, удрило во пешакот Д.Т. (75), исто така од Скопје. Во несреќата, пешачката се здобила со тешки ...

Во сообраќајна незгода што се случила на 30 мај 2026 година во 14:10 часот, кај месноста „Сеферов бунар“ на магистралниот пат Кичево–Гостивар, учествувале четири возила. Според информациите, се судриле товарно возило „Фолксваген кеди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот Ф.К. од село Грешница, товарно возило „Сканија“ со албански регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот А.С. од Делисуфај, Република Албанија, ...

Денес времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на поединечни места ќе има услови за нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат од 26 до 34 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје се очекува сончево време ...

Во Собранието денеска ќе се одржи 14. пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир, посветена на темата „Унапредување на толеранцијата и мирот: стратешката улога на парламентите во обликувањето и донесувањето политики за иднината“. На настанот се предвидени обраќања на претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и на претседателот на Глобалниот совет ...

Град Скопје информира дека денеска и утре, во раните утрински часови, ќе се спроведе авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на територијата на главниот град. Доколку временските услови не овозможат реализација на активноста во предвидениот термин, прскањето ќе биде извршено првиот нареден ден со поволни временски услови, во истиот временски период. Од Град Скопје апелираат до пчеларите навремено да ги преземат сите неопходни ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека продолжувањето на преговорите со Европската Унија зависи исклучиво од актуелната власт, која, според него, не покажува вистинска волја за тоа. Тој повтори дека внесувањето на Бугарите во Уставот не претставува закана за македонскиот идентитет, јазик или други национални обележја. „Дали ќе ги продолжиме преговорите зависи од власта, а очигледно е дека таа не го сака тоа. Наместо да го направи ...

Голем број медузи се забележани во делови од Јадранското Море, поради што експертите и локалните власти апелираат до туристите и капачите да бидат внимателни при престојот во водата. Според морските биолози, појавата на медузи во овој период од годината не е невообичаена, но нивниот број на одредени локации е значително зголемен. На тоа влијаат повисоките температури на морето, морските струи и промените во екосистемот. Иако повеќето видови ...

Француската полиција приведе вкупно 326 лица за време на прославите по триумфот на Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите. По историската победа на ПСЖ, илјадници навивачи излегоа на улиците во Париз и во други француски градови за да го прослават успехот на клубот. Дел од славењето, сепак, прераснало во инциденти, судири со полицијата и нарушување на јавниот ред и мир. Според француските власти, најголемиот дел од приведувањата ...

САД и Иран наскоро би можеле да постигнат мировен договор, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека ако преговорите не успеат, обновувањето на непријателствата останува на маса. Во интервју за Фокс њуз, Трамп исто така рече дека Техеран се согласил да не развива, ниту да набавува нуклеарно оружје. „Би сакал да имаме договор, бидејќи можеме да ја отвориме (Ормуската теснина) веднаш по потпишувањето. Единствената ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09