Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Жител на Дебар бил уапсен откако бил фатен како вози пијан и тоа без возачка дозвола. -Полициски службеници во Дебар го лишиле од слобода А.Л. (29) кој возел во алкохолизирана состојба, предизвикал сообраќајка и нападнал полицајци, велат од МВР. Притоа утврдиле дека А.Л. немал положено возачки испит, а по извршено алкотестирање кај него констатирале 2,75 промили алкохол во крвта и го исклучиле од сообраќај. Жител на Дебар бил уапсен откако ...
Бандата предводена од Мицкоски ќе одговара и ќе ги враќа парите, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање за целите и активностите на Фронтот за слобода и правда. Филипче порача дека крајната цел на Фронтот е заминување на Владата на ВМРО, враќање на државата на европскиот пат и одговорност за криминалното владеење на ВМРО. „Крајната цел ќе биде оваа криминална власт да замине, да ја ослободи ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска присуствуваше на седмиот изборен Конгрес на НСДП. Во изјавата пред почетокот на Конгресот, Филипче нагласи дека партнерството со НСДП е потврда за заедничките вредности и политики кои двете партии ги споделуваат и ја истакна важноста на долгогодишната коалициска соработка меѓу СДСМ и НСДП. „Им честитам за целата досегашна работа и благодарам за коалициската поддршка која што ја дава НСДП долги ...
Денеска сме тука на покана на претседателот на НСДП, Горан Мисовски, се одржува изборниот конгрес на партијата. Јас им честитам за целата досегашна работа и благодарам за коалициската поддршка која што ја дава долги години наназад. Тоа е доказ дека навистина споделуваме еднакви исти, би рекол вредносни политики. Коалицијата и соработката продолжува и понатаму, сега и во една нова форма во Фронтот за слобода и правда. Во Фронтот ги повикуваме ...
Синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и луксузни игри на Јадранот, изјави Петрушевски Работниците во Македонија заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно синдикално претставување, а не раководства кои од нивните членарини организираат скапи патувања и луксузни спортски настани надвор од Македонија. – Деаноски со 60.000 евра, пари на синдикалците, организирал четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, и со ...
Македонија нема да спроведе уставни измени без јасни, цврсти и писмени гаранции од Европската Унија, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на прес-конференција во Скопје. Тој оцени дека државата во минатото платила „прескапа цена“ поради политиките на претходната власт и нагласи дека актуелната Влада нема да дозволи нови отстапки без конкретни гаранции за напредок во евроинтегративниот процес. „Овој пат уставни ...
На 30.05.2026 година во 02.20 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е Л.Ш.(19) од Ресен кој претходно, на кружниот тек на булеварот „Туристичка“ со улицата „7 ноември“, управувајќи патнички автомобил „Фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во метален столб. При извршено алкотестирање, полициските службеници кај него утврдиле 1,77 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по ...
Народот кој ги чува свои корени никогаш не се губи, народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом, а народот кој ја чува својата култура секогаш ќе има иднина, порача премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“, што се одржува попладнево во Нови Сад. Идентитетот, потенцираше, не се чува сам од себе. Јазикот не преживува сам по себе. Традицијата не се пренесува без ...
Најмалку две лица загинаа, а седуммина се повредени во најновите руски напади врз регионот Запорожје во Украина, соопшти началникот на Регионалната воена администрација, Иван Федоров. Според неговите информации, нападите биле извршени врз повеќе населени места во регионот, при што биле оштетени станбени објекти, инфраструктура и цивилни објекти. „Две лица загинаа, а седум се повредени како последица на непријателските напади“, соопшти Федоров ...
Денес истекува рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните, до 1 јуни да ги исполни сите 10 точки од Реформската агенда. Сведоци сме на уште едно неисполнето ветување и уште една голема лага на Мицкоски, велат од СДСМ. Тој дојде на власт со лаги. Вети дека ќе го врати името, дека ќе го укине Преспанскиот договор, дека ќе обезбеди подобри преговарачки услови, поголеми странски инвестиции и подобар животен стандард. Најмногу ...
Аеродромот во Минхен повеќе од еден час изутрината беше целосно затворен поради нарушувања кои пилоти ги пријавија за време на лет, а за кои имало сомневање дека биле предизвикани од дрон, пренесуваат германските медиуми. Аеродромот беше целосно надвор од функција од 9 часот, пренесува „Билд“. Како што потврди федералната полиција, сообраќајот беше прекинат на двете писти за полетување и слетување. Портпаролот на федералната полиција, Стефан ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во следните два дена ќе престојува во официјална посета на Париз, Франција, каде што ќе учествува на Парискиот сајбер самит (Paris Cyber Summit 2026), еден од најзначајните меѓународни форуми посветени на сајбер безбедноста, вештачката интелигенција и дигиталната трансформација. Програмата на самитот е фокусирана на стратешки дискусии за актуелните безбедносни предизвици во ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека САД, Велика Британија и Австралија заеднички развиваат беспилотни подводни возила како дел од трилатералниот одбранбен пакт АУКУС. Програмата се спроведува во рамките на таканаречениот втор столб од договорот АУКУС, кој е насочен кон развој на напредни воени технологии, вклучувајќи квантно пресметување, подводни системи, хиперсонични технологии, вештачка интелигенција и ...
Д-р Огнен Ивановски, хирург-уролог на Универзитетската клиника за урологија и научен советник на Медицинскиот факултет во Скопје, апелира за подигнување на свесноста за значењето на органодарителството. Видео-обраќањето на д-р Ивановски е во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“. Сакам да апелирам до целата македонска јавност, до сите етнички заедници, во ...
Дронот што падна врз станбена зграда во Романија за време на напад врз соседна Украина, бил руски, соопшти портпаролот на НАТО, Мартин О’Донел. НАТО ќе процени како да ја зајакне одбраната на Романија и НАТО од закани од беспилотни летала, додадоа од Алијансата. Во меѓувреме, постојаниот претставник на САД во НАТО, Метју Витакер го осуди „неодговорниот упад“ во колумна на Икс и вети дека Соединетите Американски Држави „ќе ја бранат секоја ...
Деведесет и една мостра од млеко и млечни производи и од сувомесни производи, од домашно производство и од увоз, земаа официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на вонредните контроли кои имаа за цел утврдување, дали реално производите по својот квалитет соодветствуваат со означеното на декларациите. Засега комплетирани се резултатите од тестираните примероци млеко и млечни производи земени од поголемите ...
Скопското обвинителство ќе спроведе истрага за 31-годишното лице кое е осомничено дека свртувајќи на дупла полна линија и управувајќи возило под дејство на дрога удрило во 19-годишен мотоциклист кој од ударот се здобил со тешки повреди од кои починал. За осомниченото лице е побарана мерка притвор. – Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, сончево со мала со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Шефовите на Меѓународната агенција за енергија, Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и Светската трговска организација предупредија дека војната на Блискиот Исток ги оптоварува испораките на енергија и ги погодува најранливите економии. Војната на САД и Израел против Иран ја наруши трговијата, ги потресе финансиските пазари и предизвика загриженост во врска со глобалните испораки на енергија, особено преку Ормуската теснина, клучен ...
Секој договор со Иран за прекин на војната американскиот претседател Доналд Трамп ќе го потпише само ако се исполнат неговите „црвени линии“, изјави синоќа функционер на Белата куќа, кратко откако состанокот во „собата за ситуации“ заврши без одлука. Со тоа продолжува неизвесноста околу исходот од разговорите меѓу Техеран и Вашингтон, откако извори во Вашингтон завчера спомнаа прелиминарен договор со кој примирјето би се продолжило за уште 60 ...
Мечка утрово нападна стадо со овци кај Крклино, битолско, објави градоначалникот Тони Коњановски. -Ве информирам дека утрово околу 9:30 е пријавено дека мечка нападна стадо со овци во атарот на село Крклино, под манастирот во близина на каналот на хидросистемот Стрежево, при што една овца настрадала. Сопственикот на стадото го пријавил настанот во СВР Битола, а и јас контактирав и со него и со СВР Битола од каде ме информираа дека екипа ...
Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите, а утре ја празнуваат Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и ...
По објавите и информациите споделени на социјалните мрежи во врска со случај на семејно насилство, полициските службеници веднаш постапија и ги презедоа сите неопходни мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и заштита на жртвите. На 29.05.2026 година, околу 11:40 часот, во СВР Скопје од страна на очевидец било пријавено дека на подрачјето на Центар, машко лице физички ја нападнало својата сопруга. Веднаш по пријавата, полициските ...
Во рамки на студиската посета во Париз, делегацијата составена од претставници на Министерството за јавна администрација, Центарот за управување со промени, Агенцијата за администрација и Министерството за дигитална трансформација, изминатите денови оствари работни средби со претставници на Директоратот за јавна администрација на Франција (DGAFP), Институтот за јавен менаџмент и економски развој (IGPDE) и Директоратот за дигитални работи ...
Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е резултат на широк институционален процес, чија цел е да се обезбеди современо, јасно и спроведливо законско решение во интерес на здравјето на граѓаните, рече министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Владата, на состанок со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на тутунската индустрија и претставници на угостителскиот ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска го осуди однесувањето на Русија во војната со Украина, по разговорот со романскиот претседател Нукошор Дан за синоќешното уривање на руски дрон врз станбена зграда во романски град, пишува британскиот весник „Гардијан“. „Неодговорното однесување на Русија е опасност за сите нас. Таа продолжува да ги гаѓа цивилите и цивилната инфраструктура низ цела Украина. И синоќа повторно се покажа дека ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати обвинувања кон претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, и раководството на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), тврдејќи дека за организација на спортски игри во Чањ, Црна Гора, биле потрошени околу 60.000 евра. „Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ и член на претседателството на ССМ предводено од Слободан Трендафилов, организираше спортски игри кои траеле ...
Министерството за образование и наука (МОН) реагираше на соопштението на политичката партија Левица, обвинувајќи ја дека манипулира со информации и ја доведува јавноста во заблуда преку погрешно толкување на ревизорски извештај за работењето на Министерството во 2023 година. Од МОН посочуваат дека извештајот на кој се повикува Левица се однесува на периодот кога со Министерството раководела претходната Влада, а не на актуелното раководство. ...
Американскиот Стејт департмент вчера соопшти дека на почетокот на Јуни ќе означи две бразилски нарко-банди за странски терористички организации. Бандите – Primeiro Comando da Capital – PCC, и Comando Vermelho – CV „се две од најнасилните криминални организации во Бразил“, се наведува во соопштението на Стејт департментот, пренесено од ДПА. „Заедно, тие командуваат со илјадници членови и досега оркестрираа брутални напади врз бразилски ...
Деветнаесетгодишен моторџија го загуби животот по тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчеравечерта во 22:21 часот било пријавено дека на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „ауди А4“, управувано од Н.Х.(31) од село Визбегово, мотоцикл „БМВ“ управуван од М.Ф.(19) ...