Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите, а утре ја празнуваат Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и ...
По објавите и информациите споделени на социјалните мрежи во врска со случај на семејно насилство, полициските службеници веднаш постапија и ги презедоа сите неопходни мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и заштита на жртвите. На 29.05.2026 година, околу 11:40 часот, во СВР Скопје од страна на очевидец било пријавено дека на подрачјето на Центар, машко лице физички ја нападнало својата сопруга. Веднаш по пријавата, полициските ...
Во рамки на студиската посета во Париз, делегацијата составена од претставници на Министерството за јавна администрација, Центарот за управување со промени, Агенцијата за администрација и Министерството за дигитална трансформација, изминатите денови оствари работни средби со претставници на Директоратот за јавна администрација на Франција (DGAFP), Институтот за јавен менаџмент и економски развој (IGPDE) и Директоратот за дигитални работи ...
Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е резултат на широк институционален процес, чија цел е да се обезбеди современо, јасно и спроведливо законско решение во интерес на здравјето на граѓаните, рече министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Владата, на состанок со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на тутунската индустрија и претставници на угостителскиот ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска го осуди однесувањето на Русија во војната со Украина, по разговорот со романскиот претседател Нукошор Дан за синоќешното уривање на руски дрон врз станбена зграда во романски град, пишува британскиот весник „Гардијан“. „Неодговорното однесување на Русија е опасност за сите нас. Таа продолжува да ги гаѓа цивилите и цивилната инфраструктура низ цела Украина. И синоќа повторно се покажа дека ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати обвинувања кон претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, и раководството на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), тврдејќи дека за организација на спортски игри во Чањ, Црна Гора, биле потрошени околу 60.000 евра. „Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ и член на претседателството на ССМ предводено од Слободан Трендафилов, организираше спортски игри кои траеле ...
Министерството за образование и наука (МОН) реагираше на соопштението на политичката партија Левица, обвинувајќи ја дека манипулира со информации и ја доведува јавноста во заблуда преку погрешно толкување на ревизорски извештај за работењето на Министерството во 2023 година. Од МОН посочуваат дека извештајот на кој се повикува Левица се однесува на периодот кога со Министерството раководела претходната Влада, а не на актуелното раководство. ...
Американскиот Стејт департмент вчера соопшти дека на почетокот на Јуни ќе означи две бразилски нарко-банди за странски терористички организации. Бандите – Primeiro Comando da Capital – PCC, и Comando Vermelho – CV „се две од најнасилните криминални организации во Бразил“, се наведува во соопштението на Стејт департментот, пренесено од ДПА. „Заедно, тие командуваат со илјадници членови и досега оркестрираа брутални напади врз бразилски ...
Деветнаесетгодишен моторџија го загуби животот по тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчеравечерта во 22:21 часот било пријавено дека на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „ауди А4“, управувано од Н.Х.(31) од село Визбегово, мотоцикл „БМВ“ управуван од М.Ф.(19) ...
Поранешниот градоначалник на Скопје и пратеник, бизнисменот Трифун Костовски, најави враќање на политичката сцена и јавно упати повик до граѓаните да му се приклучат во, како што вели, „новата визија за иднината на државата“. Во објава на социјалните мрежи, Костовски соопшти дека новата политичка партија ќе биде отворена за сите полнолетни граѓани, без ограничување на возраста, нагласувајќи дека целта е обединување на луѓе со различни ...
Зголемена фреквенција на возила и утрово е регистрирана на граничниот премин „Евзони“ за влез во Грција, каде голем број македонски граѓани го користат продолжениот викенд за патување кон грчките летувалишта. Според информации од патници кои утрово ја минале границата, на македонска страна, односно на граничниот премин „Богородица“, се формираат колони поради зголемениот број возила. Времето на чекање за патничките автомобили изнесува околу ...
ДУИ мисли дека срамот може да се покрие со врева. Но правосудниот испит не се решава со викање и лаги. Се решава со работа. А работата тие ја имаа во свои раце со години, но не ја завршија, велат од Вреди. Министерството за правда премина од еден кадар на ДУИ кај друг. По Блерим Беџети, кој беше министер повеќе од 1000 дена, дојде Аднан Јашари. Имаше мандат, имаше надлежности, имаше печат. Единствено немаше волја за албанските студенти. Тоа ...
Антонио Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во централниот Дневник на Сител телевизија нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ останува на јасен став дека уставните измени не треба да се прават доколку тие ја водат државата кон нова неизвесност, без конкретни гаранции за остварување на полноправно членство во ЕУ. „По однос на тоа прашање ние сме јасни, сме го искажале нашиот став. Ние не сметаме дека уставните измени треба да се ...
Министерството за здравство продолжува со интензивна реализација на стратешките капитални проекти кои ќе ја трансформираат здравствената инфраструктура во целата земја. Овие активности беа детално презентирани на 10-тиот состанок на секторската работна група за здравство. „Нашата визија е многу јасна, а тоа е достапно и квалитетно здравство за сите граѓани, дигитално поврзан систем и силна примарна здравствена заштита. Инвестицијата во ...
Потпретседателот на САД, J. D. Vance, изјави дека сè уште е неизвесно дали американскиот претседател Donald Trump ќе даде конечна согласност за евентуален договор со Иран. „Мислам дека напредуваме. Клучното прашање е дали напредуваме доволно за да ја исполниме црвената линија на претседателот“, изјави Венс пред новинарите во Белата куќа. Тој потенцираше дека ставот на Трамп останува непроменет кога станува збор за иранската нуклеарна ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер (над 40 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени. Во ...
На 28.05.2026 околу 21:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје во с.Черкези, кумановско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од с.Черкези. По несреќата малолетникот бил пренесен во Општата болница Куманово каде од страна на лекар констатирана била смрт. ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во интервју за Фокус порача дека СДСМ продолжува со старата матрица на политички спинови, обиди за дефокус и конструкции насочени кон дискредитација на политичките конкуренти, наместо соочување со сопствените слабости и внатрешна криза, се вели во соопштението од ЗНАМ. -Сите овие приказни што периодично се пуштаат во јавноста дека некој бил незадоволен или маргинализиран ...
Административна грешка направена пред неколку децении во Србија предизвика огромен проблем за Србинка која живее во Австралија. Нејзиното семејство неодамна открило дека нејзиниот пол е погрешно запишан во официјалниот извод од матичната книга на родените, поради што сега таа не може да извади лични документи во странство. Целиот случај стана јавен кога детето на жената се обратило за помош на интернет, барајќи совет како да се реши оваа ...
Тие размислувања и тие идеи ние веќе ги слушаме подолго време, не би можел ништо да зборувам додека тоа не стане официјално. Канцеларот Мерц најави ваков развој на настаните уште на Берлинскиот процес, состанокот на Берлинскиот процес минатата година, есента, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарко прашање во однос на предлозите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за „придружено членство“ во ЕУ. -Јас го ...
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи поради безобѕирно управување со моторни возила. Во Скопје, четири лица управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, додека две лица од Кавадарци управувале мотоцикли без положен возачки испит. Исто така, возач од Скопје управувал мотоцикл без возачка дозвола, а моторциклот бил и без важечка регистрација. Во ...
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски во интервју за весникот „Нова Македонија” зборуваше за актуелни теми и предизвици со кои се соочува Судот.„ Кога политиката сака послушен суд, тогаш има проблем со Уставот, а не со судиите! Резултатот од послушен Уставен суд доведе до состојба на големи предизвици со владеењето на правото, разнишана правна држава, недоверба кај граѓаните. Тоа ли е вистинската заложба и намера на ...
На 28.05.2026 година во 19:10 часот, од страна на Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, од слобода бил лишен М.И. (24) од Куманово. Истиот ден, на автопатот во правец од Граничниот премин Табановце кон Куманово, било сопрено патничко моторно возило „Фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.И. При извршената контрола, во возилото биле пронајдени неколку пакувања со бела прашкаста ...
Прелиминарното рочиште за убиството на шеесетгодишниот П. П. од Стара Пазова, за кое е обвинета неговата сопруга М. П. (46), ќе се одржи во јуни пред Вишиот суд во Сремска Митровица. Обвинетата ќе биде донесена од притвор, кој со најновата судска одлука е продолжен до 8 јули. Грозоморното злосторство се случило ноќта помеѓу 17 и 18 јули минатата година. Според истрагата, М. П. е обвинета дека го удрила сопругот во главата со дрвена рачка од ...
23-годишно момче од тетовското село Сараќино го загуби животот во Австрија. Починатиот, кој потекнува од тетовскиот регион, село Сараќино, бил сопственик на кафе-бар и бил пријавен за исчезнат од понеделник. Неговото тело е пронајдено синоќа во езерото Факер (Faaker See), по интензивна потрага на австриските служби. Поради неразјаснетите околности на смртта, надлежните органи наредиле обдукција. Според австриските медиуми, во четврток вечерта ...
о 2025 година е забележан пораст на бројот на пријавени полнолетни сторители на кривични дела, но истовремено и намалување на бројот на обвинети и осудени лица, покажуваат најновите статистички податоци. Во исто време, кај кривичните дела доминираат имотните деликти и прекршоците во сообраќајот, како кај полнолетните лица, така и кај малолетниците. Согласно последните податоци на Државниот завод за статистика, вкупно 14.237 полнолетни лица се ...
Во однос на струмичкиот регион, компјутерскиот томограф од наредната недела ќе биде инсталиран согласно сите стандарди, а граѓаните од овој регион ќе можат да ја користат оваа дијагностичка услуга, истакна министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието за состојбите со болницата во Струмица. Осврнувајќи се на конкретните состојби во струмичката болница, министерот Алиу напомена дека установата била ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени. Утре ...
Денеска (29.05.2026) околу 05:00 часот, од страна на полициски службеници од Регионалниот центар Запад, приведени се четири лица од Република Албанија кои биле затекнати при вршење незаконит риболов во водите на Преспанското Езеро, во период кога е во сила активна забрана за риболов. Од извршените проверки било констатирано дека лицата нелегално ја преминале државната граница. На местото на настанот бил пронајден крап со вкупна тежина од ...
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Крушево, каде што се измерени 34 литри на метар квадратен, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според мерењата, значителни врнежи се регистрирани и во Претор со 30 литри на метар квадратен, Маврови Анови со 28 и Лазарополе со 23 литри. Во Прилеп и Пожаране наврнале 18 литри, во Берово 16, а во Тополчани 14 литри на метар квадратен. Во Радовиш се измерени 12 ...