Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Денес, асоцијациите на приредувачите на игри на среќа во автомат клубови, казина и спортски обложувалници, АПИС и АСОМ доставивме официјално барање до Собранието за организирање јавна расправа во врска со Предлог законот за игри на среќа и забавни игри. Барањето е согласно член 129 став 2 од Собранискиот Деловник, Комисијата за финансирање и буџет како матично работно тело да ја организира јавната расправа. Примената на ваквата демократска ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Република Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за унапредување на соработката помеѓу министерството и Комората, со посебен акцент на тековните активности кои во моментот се спроведуваат во делот на локалниот економски развој и инфраструктурните инвестиции кои се можност за подобрувањето на условите за работа ...
Учениците од прво, второ и трето одделение годинава ќе добијат електронски свидетелства, но поради почетната фаза на процесот, паралелно ќе им бидат доделени и печатени верзии, потврди денеска министерката за образование Весна Јаневска. Според планот, следната година дигитализацијата ќе опфати уште три одделенија, а целиот процес треба да биде заокружен до 2028 година. Јаневска појасни дека новата пракса значително ќе им ја олесни работата на ...
Возачите кои поседуваат возачка дозвола од „Б“ категорија од денеска имаат законско право да управуваат со мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ (до 125 кубика и сила на мотор до 11 KW). Ова следува откако во Службен весник беше објавен соодветниот Правилник од Министерството за внатрешни работи, со што и официјално стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Законското решение претходно беше ...
Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје го објави Конкурсот за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година. Министерството за одбрана упатува повик до сите млади лица кои сакаат своето образование и работна кариера да ја продолжат како ...
Вчера во 10:00 часот во СВР Тетово, Б.Ф.(36) од с.Мала Речица, тетовско, пријави дека околу 07:30 часот забележал дека има дупка на кровот на неговото патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, додека во близина на возилото пронашол заталкано зрно од огнено оружје. Извршен е увид на местото, а проектилот е подигнат за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот. Вчера во 10:00 часот во СВР Тетово, Б.Ф.(36) од ...
Тринаесетгодишно дете е пренесено во болница со полесни изгореници и знаци на труење од чад, по пожарот што денеска околу пладне избувна во стан во строгиот центар на Скопје. Настанот официјално го потврдија и од Министерството за внатрешни работи. „Денеска (27.05.2026) околу 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан во зграда на подрачје на Центар“, соопштуваат од МВР. Според информации на Press24 од очевидци и ...
Велес е најтоплиот град во Македонија во текот на денешниот ден, каде живата во термометарот се искачи над 32-от степен, покажуваат официјалните податоци од Управата за хидрометеоролошки работи за мерењата реализирани во 14 часот (12:00 UTC). Веднаш зад Велес, највисоки температури на почетокот од ова попладне се регистрирани во Гевгелија и Демир Капија. Од друга страна, очекувано, најсвежо е на планинските центри, пред сè на Попова Шапка. ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска присуствуваа на прославата по повод завршувањето на образованието на штитеници од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“. Настанот беше организиран во чест на четворица матуранти и една полуматурантка од оваа ...
Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол. Во ...
Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај 2026 година. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни 2026 година. Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2025 година треба најдоцна до 01 јуни 2026 година да извршат увид во своите даночни пријави ...
Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денеска присуствуваше на потпишувањето на меморандум за соработка во областа на циркуларната економија. Договорот е склучен помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (заедно со Градежниот и Економскиот факултет) и партнерските институции од Северна Рајна-Вестфалија – Универзитетот за применети науки во Келн и Универзитетот Ферн во Хаген, со поддршка од Германското ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против И.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 1 од КЗ. И.Д., на работно место „помлад полицаец“ во ПС Битола на 25.03.2026 околу 17:00 часот, во период кога не бил работно ангажиран, отишол во просториите на ЈП ...
Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.М.(23), С.Б.(30), Е.Л.(18), сите од Скопје и А.В.(20) од Кратово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени кафеава и бела грутчеста материја, прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски учествуваше на настанот „Мерење на иновациите за одржлив и паметен раст“, организиран од Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ) и Фондацијата Конрад Аденауер, каде во фокусот беше презентацијата на Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан. Во рамки на панел-дискусијата посветена на иновациските политики и дигиталната трансформација, Андоновски истакна дека ...
Бројот на потврдени случаи на зараза со опасниот хантавирус поврзани со луксузниот крузер „МВ Хондиус“ се искачи на 13, соопшти денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој преку официјално соопштение на социјалната мрежа Икс објави дека Шпанија пријавила нов случај меѓу патниците кои се наоѓаат во строг карантин, со што вкупниот биланс достигна 13 заразени лица. Состојбата е сериозна ...
Двајца тинејџери – 16-годишно момче и 15-годишно девојче – се уапсени во Франција под сомнение дека брутално го задавиле малите Тео (11), чие безживотно тело беше пронајдено во грмушки во градот Рен. Обвинителот на Рен, Фредерик Тајлер, ја згрози јавноста откривајќи го мотивот за ова свирепо убиство: двајцата малолетници признале дека го убиле детето за „одмазда“, за да си ја вратат назад рибарската опрема вредна само неколку десетици евра. ...
Светски познатиот шпански тенор Хозе Карерас, заедно со најголемите македонски музички великани, ќе биде дел од големата прослава по повод одбележувањето на 35 години од независноста на Република Македонија, најави денеска владината портпаролка Марија Митева. Митева истакна дека Владата се подготвува за сериозно и достоинствено одбележување на овој голем јубилеј за државата, а концертот на Карерас во соработка со домашните уметници ќе биде ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска упати јавен повик до премиерот Христијан Мицкоски и владејачката коалиција за распишување референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за евроинтеграцискиот процес на земјата. Поводот за оваа реакција, како што соопшти Филипче на прес-конференција, се вчерашните изјави на премиерот дека земјата е подготвена да ја плати цената и дека нема да има нови отстапки за влез во Европската Унија. „Вчера го ...
Полициски службеници од редовниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид утре (28.05.2026 година) од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција Пред почетокот на вежбовните активности, ќе бидат преземени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинско ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска на прес-конференција излезе со сериозни обвинувања на сметка на претседателот на синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски. Тој тврди дека Деаноски потрошил над 60.000 евра од парите на синдикалците, собрани од чланарини, за организирање на спортски игри и луксузирање во Црна Гора. Според Петрушевски, лажната скромност на синдикалните водачи конечно излегла на виделина, додека ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција упати сериозни обвинувања на сметка на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој тврди дека Филипче свесно премолчува пред пошироките барања на Официјална Софија кои директно удираат по македонскиот идентитет. Според Манасиевски, уставните измени воопшто не се последниот услов од Бугарија, туку зад нив се крие план за целосно бришење на македонската историја. Портпаролот ...
Царинската управа на Македонија изведе серија успешни акции во кои се запленети огромни суми на пари, нелегални лекови и дрога, а во тек се опсежни истраги за шверц кои досега биле незамисливи за работење, откри директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, во своето гостување на „Топ тема“ на Телма телевизија. Николовски соопшти шокантни бројки за сработеното на терен и заплените кои ги реализирале неговите служби: „Запленивме половина ...
Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во средата успешно го елиминирале новоназначениот воен водач на Хамас во Појасот Газа, помалку од две недели по смртта на неговиот претходник. Мохамед Одех бил убиен во прецизен напад врз комплекс згради во градот Газа во вторникот, по неколкумесечен интензивен разузнавачки надзор, стои во заедничкото соопштение на израелската армија и безбедносната служба Шин Бет, пренесува ДПА. Израелскиот ...
Летните температури пристигнаа во Македонија уште пред официјалниот почеток на летото. Најновите официјални мерења на УХМР направени денеска точно во 11:00 часот покажуваат дека живата во термометарот веќе ја надмина границата од 30 степени Целзиусови. Според податоците од мерните станици, традиционално најжешко е во Гевгелија, каде во 11 часот се измерени високи 30,6°C. Веднаш зад неа се Велес со 29,2°C и Струмица со 28,5°C. Во главниот град ...
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во вторникот вечерта во атинската населба Тисејо ја претстави основачката декларација на својот нов политички проект наречен ЕЛАС (Грчка левичарска коалиција). Со ова, тој се обидува повторно да ја собере распарчената левица и да се врати во центарот на грчката политика. Овој потег доаѓа по долг период на шпекулации за неговиот камбек, откако се повлече од СИРИЗА по изборниот пораз во 2023 година, а ...
Во 15.15 часот во текот на вчерашниот ден, во дворот на училиштето Петар Поп Арсов во Скопје, исчезна повозрасна жена, за семејството преку социјалните мрежи бара помош. – „Изгубена е мајка ми. Изгледа како на сликава, со истите розови тренерки и блуза на црно бели пруги. Број за контакт 070/399-945“, стои во објавата на Фејсбук. И денеска се споделува фотографија од скопјанката со апел за помош. Според новите податоци, жената се вика Лидија ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска потпишаа Меморандум за соработка за унапредување на културата, туризмот и културно-туристичката понуда во главниот град. Ѓорѓиевски објави на Фејсбук дека документот претставува важен чекор кон позиционирање на Скопје како отворен, гостопримлив и културно жив европски град. Со него се предвидува поголема промоција на културно-историските ...
Земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во среда, 27 мај 2026 година, во 09:51 часот, во Хрватска. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во подрачјето со географски координати на географска ширина 45,3766 и географска должина 16,3396. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 9 километри под ...