Српскиот претседател Александар Вучиќ упати директен и остар одговор до својот хрватски колега Зоран Милановиќ, по серијата изјави кои дополнително ги затегнаа односите меѓу двете соседни земји. Вучиќ децидно порача дека Србија нема да дозволи да биде понижувана или уценувана во рамките на регионалната политика. Поводот за оваа реакција се последните коментари на хрватскиот претседател кои во Белград беа протолкувани како обид за мешање во ...

Синоќа, жители на Ростуше доживеаја непријатен момент откако голема мечка се појави на паркинг во селата, прошета меѓу возилата и предизвика вознемиреност. Кучињата во околните дворови почнале гласно да лаат. Мештаните успеале да ја снимат мечката и видеото се појави на социјалните мрежи, каде јасно се гледа дека се работи за голема мечка. Засега нема информации дека некој е повреден, а според првичните согледувања, мечката најверојатно ...

Едно 13-годишно момче е убиено, а најмалку осум лица се ранети откако тинејџер отвори оган во училиште во аргентинскиот град Сан Кристобал. Напаѓачот, 15-годишен ученик, веднаш бил приведен од страна на полицијата. Според сведоштвата на учениците, напаѓачот излегол од тоалетот вооружен, по што меѓу децата настанала паника и тие почнале да викаат. Во тој момент, тинејџерот почнал неселективно да пука во нив. Локалните власти соопштија дека ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати загрижувачка порака до домашната и меѓународната јавност, откривајќи дека притисокот од западните партнери врз Киев ескалира. Според неговите зборови, досегашните „молби“ за воздржаност се претвориле во директни барања Украина да ги прекине нападите врз цели длабоко во руската територија. Оваа промена на реториката доаѓа во време кога украинските сили сè почесто користат беспилотни летала и ...

На 29 март 2026 година, во 22:00 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Инцидентот избувнал по претходно недоразбирање, при што Б.И. (41) од една страна се впуштил во физичка пресметка со М.С. (50) и Ѓ.П. (42), сите од Скопје. За време на интервенцијата, Б.И. се однесувал агресивно и кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија, по што бил приведен и спроведен во ...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторно покажа дека личните интереси и партиската контрола му се поважни од државата и националните интереси. Неговата посета на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, имаше за цел договарање на враќањето на поранешниот премиер Никола Груевски и рушење на правниот систем во земјава. Мицкоски му ги исполни сите ветувања на Орбан – обезбеди непречено задржување на Груевски во Унгарија, не задолжи 1 ...

На 29 март 2026 година, во 17:43 часот, во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:10 часот на подрачјето на Бит Пазар, И.К. (51) од Скопје бил физички нападнат од едно лице. Како резултат на нападот, тој се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Полицијата веднаш презема мерки за расчистување на случајот, при што се собираат докази, се прибираат изјави од сведоци и се преземаат активности ...

На 29 и 30 март 2026 година, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода пет лица – Ф.Н. (37), Т.Л. (22), 16-годишник, 17-годишник, сите од Скопје, како и Л.А. (24) од Италија. МВР информира дека кај сите нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. На 29 и 30 март 2026 година, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.А. (60) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 20 март 2026 година, во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал својата сопруга, при што ѝ нанел тешки телесни повреди. По документирање на случајот, надлежното обвинителство ќе продолжи со натамошно постапување. СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.А. (60) од Куманово ...

Во Основниот Кривичен суд Скопје вчера на обвинителна клупа седна Стојанче Јовановски, обвинет за насилство и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана, и нивната шестгодишна ќеркичка, кои заедно во прегратка скокнаа од шести кат на 2 март во Скопје. Во судницата, обвинетиот Јовановски се смеел и мафтал со главата во знак на негодување. Во моментот кога биле опишани смртоносните повреди и прекинот на мозочните функции кај жртвите, ...

Времето денес ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, главно од североисток. Минималната температура ќе се движи од -1 до 5 степени, додека максималната ќе биде помеѓу 10 и 15 степени, информираат од УХМР. Во Скопје се очекува променливо облачно време, со можност за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 4 степени, а дневната ќе ...

Под мотото „Интегритет, реформи, правда“, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Здружението на јавните обвинители организираат свечен настан по повод 31 Март – Денот на правосудството. На настанот, кој ќе се одржи во зградата на ЈОРСМ, воведни обраќања, според најавите, ќе имаат новиот јавен обвинител на Република Северна Македонија, Ненад Савески, заменик-претседателката на Советот на јавните обвинители, Марјана Илиеска, ...

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи 30-тата седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и Годишниот извештај за работа на ДКСК за 2025 година. Антикорупционерите ќе го разгледаат и годишниот извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021–2025 за периодот од 1 јануари до 31 декември 2025 година, како и завршниот извештај за спроведување на ...

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Како што информираат од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, таа ќе го пречека со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила „Водно“. Потоа се предвидени тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на македонската и црногорската делегација. Во рамки на посетата ќе ...

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од пациенти за недостиг на ниту еден конкретен лек. Министерството за здравство продолжува со континуирано обезбедување терапија за сите пациенти, вклучително и пациентите со ретки болести, се вели во реакцијата од Министерството за ...

Владата на Косово донесе историска и контроверзна одлука за испраќање припадници на Безбедносните сили на Косово (БСК) во Појасот Газа. Оваа мисија е замислена како дел од меѓународните хуманитарни напори за стабилизација на регионот и помош на цивилното население погодено од долготрајниот конфликт. Одлуката на Приштина доаѓа во исклучително чувствителен момент, кога меѓународната заедница бара начини за воспоставување ред и обезбедување ...

На 29.03.2026 во 21:10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Х.(22) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот упатувал закани кон неговата 42-годишна мајка и искршил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 29.03.2026 во 21:10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го ...

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби мајката во Росоман, одобрен е вечерва од судија на претходна постапка, потврдија за МИА од кавадаречкиот суд, откако Обвинителството предложи притвор. -Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, информираа од Обвинителството. Притоа ...

Длабоко во Малешевијата, на околу 120 километри од Скопје се наоѓа селото Разловци – место што и денес го чува духот на минатото и приказната за борбата за слобода. Во Делчевско Разловци, тивкото село со силна историја, се уште се чува споменот на Димитар Поп Георгиев Беровски и неговиот дедо, поп Стојан – луѓето кои пред 150 години се осмелиле да кренат востание за слобода, пренесува СИТЕЛ. Токму овде, во Разловци, започнува приказната за ...

Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на обвинетите во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал со дете-жртва и ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, на начин што ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопја и им ги зголеми затворските казни на сите 13 лица. Пресудата на Основниот кривичен ...

Сериозен инцидент го потресе регионот откако балистичка ракета лансирана од Иран навлегла во воздушниот простор на Турција, земја членка на НАТО. Овој настан предизвика итна тревога во Анкара, но и дополнително ги вжешти политичките страсти на релација Вашингтон-Брисел. Инцидентот доаѓа во момент на зголемени тензии на Блискиот Исток, а фактот што ракетата поминала низ небото на сојузничка држава ги отвора прашањата за колективната одбрана и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека наредните седум дена ќе бидат пресудни за односите меѓу Вашингтон и Техеран. Според неговите изјави, во овој краток временски рок ќе стане јасно дали двете страни можат да постигнат нов, поцврст договор или тензиите дополнително ќе ескалираат. Трамп, кој е познат по својот директен пристап во преговорите, истакна дека САД се подготвени за дијалог, но само доколку Иран се согласи на услови кои ...

На 30.03.2026 во 04:50 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода К.С.(45) од Република Албанија. Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект во Струга, од каде одзел повеќе производи. Одземеното е вратено на сопственикот, а по целосно расчистување и документирање на случајот против К.С. ќе биде поднесена соодветна пријава. На 30.03.2026 во 04:50 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода ...

Австралиската влада донесе одлука за привремено намалување на данокот на гориво, како директен одговор на наглото зголемување на трошоците за живот. Оваа мерка има за цел да го ублажи финансискиот притисок врз домаќинствата и бизнисите кои се соочуваат со рекордно високи цени на нафтените деривати на светските пазари. Со оваа одлука, акцизата за гориво ќе биде преполовена во наредниот период, што се очекува веднаш да се рефлектира врз ...

Ситуацијата во сирискиот град Седнаја, познат по своите древни христијански манастири, е под силен притисок по синоќешниот упад на голема група луѓе. Според информациите објавени на социјалните мрежи и локалните медиуми, стотици лица навлегле во градот, предизвикувајќи паника кај локалното население. 🚨🇸🇾 Islamist mobs looted and destroyed Christian properties in Al-Suqaylabiyah, Syria. And recorded it. The town is one of Syria's oldest ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди. Јавниот обвинител до ...

Американското воено присуство на Блискиот Исток достигна критична точка. Со последното испраќање на дополнителни 2.500 маринци и 2.500 морнари, вкупниот број на американски трупи во регионот надмина 50.000 – бројка која е за 10.000 поголема од вообичаеното. Според „Њујорк тајмс“, ова масивно засилување е јасен сигнал дека претседателот Доналд Трамп подготвува следна фаза во едномесечната војна, која вклучува и копнени офанзиви. „Претседателот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја шокираше светската јавност со својата последна објава на „Truth Social“, каде директно се закани со целосно уништување на иранската инфраструктура доколку преговорите не вродат со плод набрзо. Трамп порача дека досега намерно не биле „допрени“ клучните капацитети, но дека трпението на Вашингтон е при крај. Главниот услов е итно отворање на стратешкиот премин Ормут за светскиот бизнис. „Ако не се ...

Жителите на три тетовски села — Шемшево, Требош и Порој — утре, на 31 март 2026 година, ќе бидат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето. Прекинот во Шемшево ќе трае од 09:00 до 14:00 часот, додека жителите на Требош и Порој ќе бидат без струја од 09:30 до 14:00 часот. Станува збор за планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, за кои надлежните служби однапред ги информираат граѓаните. Жителите ...

На 29.03.2026 во 12:00 часот во СВР Тетово, 35-годишник од Тетово пријави дека бил измамен од негов познаник А.Х.. Според пријавеното, тој побарал да му го позајми неговото возило „бмв“, а откако го зел го известил дека има дефект и го оставил кај механичар. Како што е пријавено, по неколкудневни обиди да стапи во контакт и да го добие возилото назад, на 28.03.2026 се соочил со механичарот кој признал дека возилото го однел на отпад во ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
83%
1016
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
76%
1018
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1015
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.39
82%
1014
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
3.09
81%
1018
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.24
59%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
100%
1014
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
2.24
83%
1016
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
71%
1017
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
9.26
85%
1013
Currency

61.645

Currency

52.4687

Currency

70.884

Currency

37.5414

Currency

38.4236

Currency

67.2068

Currency

7.6959

Currency

0.69846

Currency

0.32902

Currency

0.52513

Currency

1.16927

Currency

0.56091

Кобалт

45.39

Родиум

326330.08

Сребро

2840.84

Платина

66680.65

Калај

50.46

Алуминиум

3.56

Бакар

12.11

Цинк

3.43

Злато

166450.52

Иридиум

253540.09

Паладиум

49675.57

Рутениум

54591.97