Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Во текот на денешниот ден во државата ќе преовладува претежно стабилно и топло време, но со попладневна дестабилизација во одредени региони. Синоптичарите најавуваат дека повремено засилениот северен ветер ќе донесе развој на нестабилна облачност главно во јужните делови од земјата. „Во земјава денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Попладне ...
Голем пожар кој предизвика вознемиреност кај локалното население избувна во текот на вечерашните часови во Радовиш. Пламените јазици и густиот црн чад зафатија објект лоциран во кругот на некогашниот индустриски комплекс во градот. „Голем пожар избувна вечерва во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“. На социјалните мрежи попладнево беа споделувани снимки од густ чад и пламен што се издига над објектот.“ Поради сериозноста и интензитетот ...
Седумгодишниот М.С. од Кикинда, кој беше тешко повреден во сообраќајна несреќа на 10 мај, почина во Заводот за здравствена заштита на деца и млади на Војводина во Нови Сад. Додека роднините, соседите и пријателите во неделата се собираа во дворот на семејната куќа за да изразат сочувство, најлошата вест ја потврди чичкото на момчето. „Тие го имаа само него“, кратко рече чичкото на починатото момче. Несреќата се случи во неделата на 10 мај, ...
Денеска(24.05.2026) од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција на подрачје на СВР Тетово сопрен е автобус “мерцедес” сопственост на туристичка агенција управуван од Р.Ф.(37) од с.Доброште, тетовско кој се обраќал на релација Германија-Македонија. При преглед на автобусот во приколката се пронајдени повеќе канти за кој лицето не поседува документи и дозволи за ...
По одлуката да му се одземе лиценцата на финансискиот субјект „Креди Јес“ и затворањето на неговите 40 филијали поради законски прекршувања, ВЛЕН ги охрабрува државните институции решително да ја продолжат борбата против финансиските злоупотреби и појавите што им штетат на граѓаните, велат од ВЛЕН. „ВЛЕН вети дека ќе биде во првите редови на борбата против појавите што му штетат на општеството, како што се коцкањето, злоупотребувачките брзи ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево преку социјалните мрежи упати честитка до граѓаните по повод државниот празник 24 Мај – Денот на сесловенските просветители. Муцунски во своето празнично обраќање го потенцираше историското значење на епохалното дело на солунските браќа како трајно цивилизациско наследство. „Со својата просветителска и мисионерска дејност, светите браќа ја отворија можноста, ...
Министерот за транспорт, Александар Николоски, преку официјално обраќање до јавноста упати честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј. Во својата порака, Николоски го потенцираше историското значење на солунските браќа и нивниот завет за македонскиот народ во современиот контекст. „Се поклонуваме со почит и благодарност и потсетуваме на нивното дело кое не обврзува да го чуваме македонскиот јазик, ...
Странските државјани кои планираат да аплицираат за американска „Зелена карта“, во иднина ќе мора да ја започнат целата процедура надвор од територијата на САД, пренесува агенцијата ДПА. Ова е одлука на Службата за државјанство и имиграција на САД (УСЦИС), согласно новите правила на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Според новото правило, секој странски државјанин кој привремено престојува во САД ќе мора да се врати во својата ...
Додека јавноста сè уште чека одговори за тоа како директорот на НОМАГАС, Недим Рама, од рент-а-кар бизнис стигна до луксузни апартмани во Маврово, а притоа нема пријавено никаков имот до ДКСК, денеска отвораме уште едно важно прашање – медиумско-бизнис мрежата која стои зад промоцијата и заштитата на овој капитал, велат од ДУИ. „Да потсетиме, според јавно достапните документи и имотни листови, Недим Рама и Л.Х.се поврзуваат со недвижности во ...
Две тешки сообраќајни несреќи во кои настрадаа возачи на мотоцикли се регистрирани во текот на изминатото деноноќие во радовишкиот и прилепскиот регион. На 23.05.2026 во 23:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на локалниот пат за с.Клепач, 15-годишен малолетник од с.Могила, управувајќи мотоцикл „хамачи“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, ...
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва упати серија пораки од свечената академија во Охрид по повод Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, осврнувајќи се на значењето на писменоста, но и на актуелните политички предизвици. Во своето обраќање, тој потенцираше дека образованието и духовната зрелост се клучните столбови врз кои почива опстанокот и достоинството на македонскиот народ низ вековите. „Народ што не ја познава ...
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 23 мај во раните утрински часови, противправно ја затворил, ја држел затворена и телесно ја повредил 18-годишната девојка со ...
На 23/24.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.К.(30), М.Д.(40), В.Г.(37), сите од Скопје, К.Б.(24) од с.Сингелиќ, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. На 23/24.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги ...
Ноќеска околу 02:30 часот на паркинг простор пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници ги приведоа Н.М.(26), Д.М.(22), Ј.П.(22), Б.М.(21), С.М.(52), сите од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. Ноќеска околу 02:30 часот на паркинг простор пред угостителски ...
Утрово околу 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека три лица со употреба на сила влегле во продажен објект на ул.„Тале Христов“ во Скопје, при што предизвикале пожар и заминале од местото. Пожарот е изгаснат од полициски службеници со противпожарен апарат, апри гаснење на пожарот дваја полициски службеници вдишале чад и биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид и се преземаат мерки ...
Утрово во 05:54 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Разлошка“ на подрачјето на Гази Баба во кој како потстанар живеела Х.С.(22) од Скопје. Пожарот настанал од запалена свеќа и притоа со повреди на раката се здобила Х.С., констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а увид изврши екипа на СВР Скопје. Утрово во ...
Утрово во 03:30 часот во Полициска станица Галате, од Јавна здравствена установа Гостивар е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 13-годишен малолетник од с.Добридол. Според пријавеното, на 23.05.2026 околу 18:30 часот, управувајќи електричен тротинет во дворот, изгубил контрола и паднал. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар. Утрово во 03:30 часот во Полициска станица Галате, од Јавна здравствена установа ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете според член 201-а од Кривичниот законик. Осомничениот 49-годишник, на 22 мај, во дворот на основно училиште во Илинден, извршил физичко и психичко насилство спрема дете родено 2013 година. Во училишниот двор, синот на осомничениот имал недоразбирање со свој врсник и го повикал таткото. Кога пристигнал, осомничениот најпрво започнал да ...
Пет лица лишени од слобода за семејно насилство од вкупно осум пријави во последното деноноќие На 23.05.2026 во 19:45 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода И.А.(46 од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:00 часот физички го нападнал неговиот брат С.А., при што употребил и дрвен предмет. На 23.05.2026 во 23:35 часот ул.„11 Септември“ во Кичево, полициски службеници го лишија од ...
Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно -„Видиковец“ е пронајден починат Б.П.(64) од Скопје, за кој претходно беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно -„Видиковец“ е пронајден починат Б.П.(64) ...
Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, упати празнична честитка до граѓаните по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј. Во својата порака, Ѓорѓиевски го истакнува историското значење на солунските браќа во процесот на воспоставување на македонската писменост и идентитет. „Нека е за многу Денот на светите Кирил и Методиј, македонските и сесловенски просветители! Денес ...
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва упати силни пораки од свечената академија по повод Денот на сесловенските просветители, која се одржува во црквата „Света Софија“ во Охрид. Во своето обраќање на академијата насловена „Од слово до вечност“, премиерот потенцираше дека делото на Светите браќа Кирил и Методиј претставува темел на цивилизациската идеја за слобода на мислата. „Во едно време кога заењето било привилегија на малкумина, тие ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив осум управувале возило без возачка дозвола, тројца под дејство на алкохол, еден со активна забрана за управување, еден со брзина поголема од дозволената и едно лице без дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје тројца управувале возило без возачка дозвола, две лица во Битола и по едно ...
Вчера во 02:20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода М.А.(19) од село Долно Каласлари, велешко и Ј.П.(19) од Велес, а во 15:15 часот лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Велес. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки управувано од М.А., а сопатници биле Ј.П. и малолетникот, кој излегол од возилото и побегнал, при што фрлил пари и марихуана, кои биле ...
Денеска (24.05.2026) во 06:30 часот на подрачје на СВР Куманово-ОВР К.Паланка од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција, сопрен е автобус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки. Од извршената контрола констатирано е дека автобусот е управуван од страна на Х.У. државјанин на Р.Турција. Од страна на Н.Ц. косовски државјанин кој бил во улога на водич во автобусот ...
Околу 40.000 жители во американската сојузна држава Калифорнија добија итна наредба да ги напуштат своите домови по големо истекување на опасна хемиска супстанца. Надлежните служби предупредуваат дека хемикалијата може да предизвика силна експлозија и да формира голем отровен облак над густо населеното подрачје. Еколошкиот инцидент се случил во населено место во округот Оринџ, кој се наоѓа во јужните предградија на Лос Анџелес. Според ...
Ноќеска (24.05.2026) во 02:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Н.Џ. од село Двориште, беровско. Во близина на угостителски објект во Струмица, полициски службеници извршиле преглед над лицето и патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки, во кое бил затекнат. Притоа, кај него била пронајдена бела прашкаста материја, за која тој во службен разговор изјавил дека е кокаин. Додека, ...
Времето утре сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, велат од УХМР. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе слаб до дува умерен северен ветер. Во текот на новата седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини за директни политички врски меѓу актуелното раководство на СДС и бугарските структури во земјава. Од владејачката партија посочуваат дека ангажманот на поранешниот советник Рубин Земон во редовите на опозицијата претставува обид за продолжување на политиките од минатото. „Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, сите карти излегоа на ...
Министерството за образование и наука го честита 24 мај – Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј. Како мисионери и учители, Кирил и Методиј оставија траен белег врз духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи. Нивното дело и денес нè поттикнува да го чуваме јазичниот и културниот идентитет, но и постојано да вложуваме во знаењето и просветата, пишува во честитката на Министерството за образование и ...