Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Погребот на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, ќе се одржи утре, 23 мај 2026 година, на гробиштата во Нерези, известија од НОБ. Капела во 15.00 часот, погребна церемонија во 16.00 часот. -Со длабока почит и тага ќе се простиме од нашиот колега, уметник и пријател, чиј исклучителен глас и уметничко творештво оставија неизбришлива трага во македонската оперска уметност, стои во објавата. Оперскиот баритон Ристе ...
Бројот на заразени со смртоносниот вирус ебола продолжува брзо да расте во Демократска Република Конго. Министерството за здравство веќе регистрира стотици сомнителни случаи и десетици починати, а епидемијата алармантно се шири во нови области, вклучувајќи ги провинцијата Итури, Северен Киву и стратешки важниот град Гома. Поради сериозноста на ситуацијата и опасноста од регионално ширење, Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 76-годишник управувал товарно возилo МАН со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока од ...
Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова коментирајќи го ставот на бугарската страна, што го пренесоа дел од медиумите, искажан денеска на првата средба на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски со неговата бугарска колешка Велислава Петрова. Претседателката Сиљановска Давкова во гостување на ТВ Сител посочи дека на последниот попис во Бугарија имало речиси ист број ...
СДС и Венко Филипче се откриени во намерите и политиките на сервилност. Случајот со оставката на Земон е доказ дека дури и Филипче сфати дека претера, па Земон мораше да даде оставка за да не го уништел угледот на партијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Погубната политика која ја води уценетиот Филипче, го доведе да има рејтинг од 3%, партијата му се распаѓа и луѓе му бегаат. Дали Венко Филипче се оградува од ставовите на членот на ИО Рубин Земон, ...
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова уверува дека безбедноста е на највисоко ниво и дека нема логичен основ за шпионажа. Вели дека сите дописи што ги добива од НАТО, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и генералштабот се во печатена форма и оти никој освен неа ги нема видено. – Обвинување за шпионажа е многу сериозно обвинување и мислам дека нема логичен основ за тоа. Ќе објаснам зошто. Имено, ...
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Рубин Земон, преку објава на социјалните мрежи информираше дека поднесува оставка од функцијата во партијата. Во својата објава, Земон наведува дека одлуката ја донел со цел да го заштити угледот на партијата од, како што посочува, „непринципелни напади“ насочени кон него и неговото семејство. „Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ од непринципелните напади кон мене, а со тоа не бирајќи средства да го ...
Руските официјални претставници во петокот соопштија дека најмалку четири лица го загубиле животот, а 35 деца се повредени при ноќен украински напад со дрон. Предмет на нападот бил ученички дом во Луганската област, регион во источна Украина кој во моментов се наоѓа под руска контрола. Британската новинска агенција Ројтерс нагласи дека во овој момент нема можност за независна потврда на настанот на терен. Официјален Киев, кој води воени ...
До кога треба да чекаат граѓаните на Македонија за Мицкоски и Филков да ги пратат документите за екстрадиција на Никола Груевски?, прашуваат од СДСМ. Помина повеќе од еден месец, патуваа документите со денови, Министерството ги собираше документите, сега молчат за едно од најважните прашања поврзани со правдата и владеењето на правото. Зошто се кочи постапката? Или вистината е многу едноставна – Мицкоски и Филков не сакаат Груевски да биде ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа на РТС се осврна на бруталното убиство кое ја потресе Србија, откако кај Инѓија беше пронајдено тело во закопано буре, за кое постојат сомнежи дека е на Александар Нешовиќ Баја. Според српските медиуми, Нешовиќ бил убиен на 12 мај во ресторанот „27“ на белградски Сењак, а во случајот досега се уапсени десет лица. Меѓу уапсените е и началникот на Полициската управа за град Белград, Веселин Милиќ, ...
Обединетите Арапски Емирати изградија речиси половина од вториот нафтовод што ќе го заобиколува Ормутскиот теснец, соопшти извршниот директор на Националната нафтена компанија Абу Даби (ADNOC), Султан Ахмед Ал Џабер. ОАЕ ја забрзаа изградбата на овој стратешки проект поради војната со Иран, а планот е цевководот да биде целосно оперативен во 2027 година. Покрај Емиратите, вакви чекори за заобиколување на теснецот веќе презема и Саудиска ...
Спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, владеењето на правото, реформите во јавната администрација, енергетиката, како и инфраструктурните проекти и регионалната поврзаност, биле темите во фокусот на денешните разговори во Брисел на првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали со претставници на Европската комисија и Работната група на Советот на ЕУ (COELA). – Останува ...
Со трагичен епилог заврши потрагата по исчезнатиот 63-годишен маж од селото Форино, по кого полицијата, пожарникарите и жителите трагаа во текот на целата ноќ. Според информациите, исчезнувањето било пријавено синоќа околу 21:30 часот, откако семејството пријавило дека тој не се вратил дома и не можеле да стапат во контакт со него. Мажот работел како овчар во бачило во околината на Врапчиште, поради што веднаш била организирана теренска ...
На маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова. -На средбата беа разменети мислења за билатералните односи, регионалната соработка и европската интеграција на државата. Во таа насока министерот Муцунски ја нагласи потребата од изнаоѓање решение ...
Поранешниот германски министер Михаел Рот смета дека Бугарија треба да се засрами за односот кој го има кон Македонија. -Глупавото попречување на патот на Македонија кон ЕУ од страна на Бугарија е неодговорно и мора да престане. Тоа ја ослабува ЕУ, го дестабилизира Западен Балкан и им користи само на Русија, Кина и други авторитарни актер. Новата бугарска влада треба да се засрами, пишува Рот на „X“. Bulgaria’s stupid obstruction of North ...
МВР информира дека на 21 мај 2026 година во 12:05 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на патот кон селото Кнежје, Д.М.(43) од Свети Николе, управувајќи мопед со светиниколски регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип. МВР информира дека на 21 мај 2026 година во 12:05 часот во ОВР Свети ...
Десетици илјади граѓани го исполнија Плоштадот на независноста во Подгорица за да го гледаат настапот на порториканската ѕвезда во живо, објавија црногорските медиуми. Не само што плоштадот беше исполнет до крај, туку и околните улици и ресторани беа преполни со посетители. Како вовед во музичкиот спектакл, најпрво настапија домашни изведувачи кои ја загреаа атмосферата. Тамара Живковиќ ја отвори церемонијата со песната „Нова зора“, а ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Bekim Sali, по средбите со претставници на Европската комисија и COELA, изјави дека останува силната посветеност за унапредување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија и спроведување на клучните реформи согласно европските стандарди. Тој истакна дека во фокусот на разговорите биле спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно спроведе контролирано уништување на неексплодирани убојни средства (НУС) на воениот полигон Криволак, пронајдени на подрачјето на Битола, најголем дел на локацијата Тумбекафе. Станува збор за 1.080 парчиња НУС, меѓу кои рачни бомби и минофрлачки гранати од 60mm од Првата светска војна, со вкупна тежина од околу 500 до 600 килограми. По преземањето на сите безбедносни мерки согласно стандардните ...
Советничката од редовите на СДСМ во општина Штип, Галаба Вереса Димова, преку прес-конференција обвини за сериозни нерегуларности и финансиски трошења во детската градинка „Астибо“. Од опозициската партија соопштија дека смената на актуелниот директор на градинката отвора сомнеж за начинот на кој се менаџираат јавните институции во градот. „Криминалните пипци на ВМРО ОКГ не ги поштедиле ниту детските градинки во Штип. Нетрпението и ...
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, информираше за одржувањето на конструктивна кафе-дебата под наслов „ЕПК 2028 – Културното наследство и современата културна динамика“. На средбата учествуваа експерти од областа на културата, универзитетски професори и културни работници кои понудија нови идеи за развојот на главниот град. „Денес, на моја огромна чест, одржавме конструктивна и многу плодна дебата со експерти од областа на ...
Според анкетата спроведена од STRATUM RID, доколку денес се одржат избори, ВЛЕН би бил првата политичка сила во албанскиот политички блок, оставајќи ја ДУИ зад себе, велат од ВЛЕН. „На прашањето „За кого би гласале ако денес се одржат избори?“, 34,5% од анкетираните се изјасниле за ВЛЕН, додека 30,9% за Демократската унија за интеграција (ДУИ). Со тоа, ВЛЕН бележи видлива предност пред ДУИ, што претставува јасен показател дека граѓаните ја ...
Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение со кое целосно ја поништи јавната набавка за набавка на електрични автобуси и полначи. Од Министерството за транспорт веднаш излегоа со став и најавија дека целиот процес ќе биде обновен за многу кратко време. „Министерството за транспорт Ве известува дека согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави согласно законските прописи во ...
Министерството за внатрешни работи и Фондацијата „Фросина Кулакова“ официјално потпишаа Меморандум за соработка во насока на зголемување на безбедноста во патниот сообраќај. Фондацијата е формирана во чест на младата Фросина, која трагично го загуби животот на пешачки премин поради неодговорно однесување во сообраќајот. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, истакна дека овој чекор претставува јасна насока за создавање на поефикасен ...
Пратеникот Оливер Спасовски, како дел од официјалната државна делегација на Република Северна Македонија, оствари посета на Ватикан и присуствуваше на прием кај Поглаварот на Светата Столица. За време на разговорите со Папата Лав XIV биле потврдени блиските односи и долгогодишното партнерство меѓу двете држави. „Во рамките на посетата на Ватикан, како дел од државната делегација на Република Северна Македонија, присуствував на средбата со ...
Главниот град најавува сеопфатна културна и инфраструктурна трансформација во пресрет на 2028 година, кога Скопје официјално ќе ја понесе титулата Европска престолнина на културата. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека процесот ќе опфати темелна обнова на клучните градски обележја, вклучувајќи ги Скопското кале, Аквадуктот и зградата на Поштата. Планот предвидува Калето и Аквадуктот да добијат нови летни сцени за културни ...
Две лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 20.05.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопје пријавила дека на 17.05.2026 околу 02:00 часот во стан на подрачјето на општина Аеродром во Скопје била физички нападната од нејзиниот партнер Б.И.(29) од Скопје. На 21.05.2026 во 12:10 часот во ОВР Прилеп, прилепчанка пријавила дека во нејзиниот семеен дом била физички нападната ...
Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, четворица, од кои двајца малолетници, возеле без дозвола и еден под дејство на алкохол Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, четворица возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол. Четири возачи во Скопје (меѓу кои двајца малолетници) управувале возило без ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) официјално го регистрираше првиот потврден случај на западнонилска треска за оваа година во Македонија, кај 55-годишен маж од Велес. Пациентот првично побарал лекарска помош по појава на нагла висока температура, изразена слабост, кожен осип и постепено влошување на менталната состојба. Поради сериозно влошување на симптомите, тој бил итно хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Ѓ.(40) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“. Пријавениот, во март 2024 година, како професор – приправник во средно училиште во Демир Хисар, го фалсификувал потписот на професорот ментор во истото училиштето и на „Извештај за совладување на основните професионални компетенции на наставникот-приправник и неговата ...