Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција го честиташе Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, поврзувајќи го нивното дело со современите евроинтеграциски процеси на државата. Од партијата нагласуваат дека наследството на солунските браќа претставува темел на современиот македонски културен код кој мора постојано да се негува. „Денеска го одбележуваме Денот на ...
Вчера во Центарот за управување со кризи била примема пријава од А.М. дека на планината Кораб, во близина на Корабскиот водопад, општина Маврово-Ростуше, неговиот колега планинар А.С.(33) од Скопје доживеал несреќа, при што се здобил со скршеница на колкот и повреди на ногата. Поради непристапниот терен на надморска височина од околу 1.900 метри формирана е спасувачка екипа од претставници на Националниот парк „Маврово“, Итната медицинска ...
Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, на својот фејсбук профил објави видео и фотографии од акцијата за чистење на Железничката станица во Скопје и напиша: ” По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје. Железничката станица во Скопје треба да претставува гордост на главниот град. Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа за жал ја претвори во тотално не-репрезентативен објект ...
Со особена почит и благодарност денес се сеќаваме на делото на Светите Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост, просветителството и духовноста. Нивната мисија не претставува само историско наследство, туку и трајна вредност што не обврзува да продолжиме да го негуваме знаењето, образованието и културниот развој како темели на современото општество, вели министерот за јавна администрација Горан Минчев во честитката по повод ...
Фотографијата на која членот на Извршниот одбор на СДС, Рубин Земон е со бугарскиот активист Виктор Стојанов, човек кој јавно го негира македонскиот идентитет и против кого државата води кривична постапка, е јасен доказ со кои луѓе соработува Венко Филипче и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Фотографијата е потврда за поврзаноста на Венко Филипче и раководството на СДС со структури кои отворено работат против македонските национални интереси. Венко ...
Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, упати празнична честитка до граѓаните по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј. Во својата порака, таа го нагласува нивното цивилизациско и обединувачко значење како заштитници на Европа и основоположници на писменоста. „Почитувани сограѓани, Малкумина луѓе во историјата имале чест да бидат перцепирани од многу народи и држави како ...
Уште само 7 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на Реформската агенда и клучните обврски за продолжување на европскиот пат, велат од СДСМ. „7 дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски. 7 дена до уште една потврда дека ВМРО-ОКГ намерно ја држи државата заглавена, изолирана и далеку од европската иднина. Од 10 клучни точки од Реформската агенда, реализирани се само мал ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати празнична честитка до јавноста по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј. Во својата порака, собранискиот спикер ја нагласува нивната улога во поставувањето на темелите на писменоста и културниот развој. „По повод 24 мај – Денот на Светите Кирил и Методиј, изразувам почит и благодарност кон двајцата просветители, кои со својата мисија ги поставија темелите на ...
Денеска го одбележуваме 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост и духовност, напиша Внеко Филипче. „Мисијата на браќата Кирил и Методиј има непроценлива улога во промовирањето на стремежот за еднаквост на народите и рамноправност на јазиците, но и во создавањето на македонската писменост. Горди сме што нивното просветителско и духовно наследство е длабоко поврзано ...
Делото на светите браќа Кирил и Методиј е длабоко вкоренето во македонската национална историја, а денешниот ден не потсетува на нашата обврска достојно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик, порачува ВМРО-ДПМНЕ во честитката по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители. – Нивното дело претставува еден од најзначајните темели на словенската цивилизација, култура и образование. Со создавањето на првата словенска азбука, ...
Променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер со брзина над 50 километри на час, најавуваат синоптичарите за денеска. Според официјалните информации, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер кој ќе надминува 60 километри на час, а постојат и услови за изолирана појава на град. Минималната температура во земјава се очекува ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во Охрид, каде ќе земе учество во централното одбележување на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј. Како што е најавено, претседателот на Владата ќе има официјално обраќање на свечената академија насловена „Од слово до вечност“. Оваа празнична манифестација традиционално ќе се одржи во препознатливиот амбиент на црковниот храм „Св. Софија“ во Охрид. Пред ...
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 17 часот и 41 минута беше почувствуван земјотресот чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 3.5 Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува IV степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот ...
Владата и Град Скопје ја интензивираат соработката за реализација на нови, големи развојни проекти во главниот град, беше констатирано на денешниот работен состанок меѓу премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. На средбата биле детално разгледани досегашните активности, но и прецизирани следните чекори за капитални инвестиции кои ќе се спроведуваат со заеднички сили. „Денес, во Владата на Република Македонија, заедно со ...
Како неосновани и паушални ги оцени Министерството за транспорт и врски денешните обвинувања од СДСМ, објавувајќи ги јавно деталите и конкретните суми од четирите пристигнати понуди за електричните автобуси. Од институцијата посочуваат дека иако меѓународниот јавен повик на крајот пропаднал, целиот процес на евалуација бил спроведен строго според законските процедури во земјава. „Министерството за транспорт ја водеше постапката за набавка на ...
Земјотрес со јачина од 3.5 степени според Рихтеровата скала попладнево е почувствуван во Скопје и во околните населени места. Според првичните податоци од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), потресот се случил точно во 17:41 часот по локално време. Епицентарот на земјотресот бил лоциран во Скопската Котлина, поточно на 21 километар источно од Скопје и на околу 15 километри источно од Кисела Вода. Сеизмолошките апарати ...
Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска најави дека се подготвуваат законски измени со цел привлекување нови инвеститори и развој на дигиталната инфраструктура во државата. Николоски посочи дека во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, кои директно ќе ја олеснат и стимулираат изградбата на големи Дата центри. Според неговите зборови, ваквите објекти се ...
Очајот во СДС по случајот со откривањето на врската меѓу Филипче и Виктор Стојанов, преку испливување на сликата со Рубин Земон, доведе до паника во нивната партија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Мислат дека со лаги и ширење на невистини некој ќе им поверува. Фотографијата во која наводно “откриле” нешто е тежок фалсификат и глупост. Јасно може да се види во писмото кое си го напишале сами во Центарот за лаги на СДС, дека лицето кое ја поднело ...
Поголемиот дел од европскиот континент се наоѓа под влијание на силен антициклон и воздушен притисок кој носи екстремно високи температури за овој период од годината. Многу изразен термички градиент се шири од северозападна Африка низ југозападна и западна Европа, носејќи топла воздушна маса кон североистокот на континентот. Шпанија, Португалија, Франција, Англија и земјите од Бенелукс веќе се под силен топлотен бран, кој постепено се шири ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево излезе со итно известување за моменталниот развој на нестабилните облачни маси над територијата на државата. Според официјалните податоци добиени од најновата радарска слика, во моментов врнежи од дожд се забележани претежно во планинските региони низ земјава. За разлика од планините каде интензитетот е умерен, радарските системи покажуваат поинтензивни процеси и појава на пороен дожд во ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на Свечената академија по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, упатувајќи честитки до припадниците на влашката заедница и истакнувајќи го нивниот значаен придонес во историскиот, културниот и општествениот развој на државата. Во своето обраќање, министерот Андоновски нагласи дека Националниот ден на Власите е значаен не само за влашката заедница, туку и за целата ...
Сообраќајна несреќа се случи попладнево на една од најфреквентните раскрсници во главниот град, во близина на трговскиот центар „Мавровка“. Според првичните информации од терен, патничко моторно возило удрило во лице кое управувало велосипед. Како последица на возилата кои се наоѓаат на коловозот, сообраќајот во овој дел од градот во моментов се одвива отежнато и со забавено темпо. Засега сè уште нема подетални официјални информации за ...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска упати честитка по повод Националниот ден на Власите, потенцирајќи го нивниот длабок корен, богата историја и огромен придонес во изградбата на државата. Ѓорѓиевски истакна дека Власите се нераскинлив дел од македонскиот код, меморија и култура кои низ вековите успеале да го зачуваат својот јазик и достоинство. Во својата празнична порака, тој упати и конкретно ветување за заедницата кое се однесува на ...
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на денешната прес-конференција изнесе обвинувања за корупција и нерегуларности во постапката за набавка на нови автобуси за потребите на главниот град. Фрчкоски покажа документ за кој тврди дека е официјална претставка до Министерството за транспорт која директно ја потврдува нивната теза за фаворизирање на одредена компанија блиска до унгарските власти. „Додека граѓаните со часови чекаат по ...
Нов бран на нестабилност попладнево предизвика невреме со силен пороен дожд и засилен ветер во повеќе делови на државата. Метеоролозите алармираат дека во Валандовско и Скопско има услови и за појава на суградица, придружена со електрични празнења. Врнежите и засилениот северен ветер веќе се активни во северните делови на Скопската Котлина каде се бележат ретки грмежи. Паралелно, лошото време со пороен дожд е активно и во околината на ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини скапите задолжувања на Владата ќе ја чинат државата дополнителни камати, а товарот ќе го сносат граѓаните.“ Тој посочи дека се отвораат прашања за начинот на задолжување и условите под кои се земаат средствата. „Иако е најавено дека побарале 300 милиони евра, од конзорциум на банки, Министерство за финансии, Владата добила 260 милиони евра. Значи, поради стратегијата ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека по речиси две години власт на ВМРО и Мицкоски, граѓаните живеат потешко, а економската состојба во државата е сериозно влошена. „Се поставува прашањето дали граѓаните сега, после скоро две години од владата на Христијан Мицковски живеат подобро. Одговорот е не. Со празни џебови, со празни фрижидери, со секојдневна борба да се преживее од први до први“, рече ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје две малолетни лица управувале возило без возачка дозвола, шестмина во Кичево (тројца малолетници), двајца во Велес и по еден во Струга и Прилеп. По ...
Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, од јавна установа за зргижување на деца на подрачјето на Центар во Скопје е пријавено дека на 21.05.2026 околу 23:00 часот, 15-годишен штитеник се обидел да изврши обљуба врз 14-годишен штитеник, а откако тоа го забележала една вработена 15-годишникот заминал од домот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, од јавна установа за зргижување на деца на подрачјето ...
Вчера во 16:35 часот во Полициското одделение Петровец, Б.П.(34) од с.Марино, општина Илинден, пријави дека во 14:50 на игралиште во училишен двор во населба Илинден нејзиниот малолетен син бил физички нападант од од Н.Т. – татко на малолетник со кој заедно си играле и имале кратка расправија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 16:35 часот во Полициското одделение Петровец, Б.П.(34) од с.Марино, општина Илинден, ...