Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Имаме стабилен партнер во Владата со кој работиме коректно и така ќе продолжиме да функционираме во следниот период, изјави вицепремиерот Александар Николоски во интервју во поткастот “Риштази” “Ние имаме партнер во Владата и јасно е кој е партнерот во Владата. Ние не сме луѓе кои работат позади грб, зборувам за себе, за премиерот и за најтесниот тим во ВМРО-ДПМНЕ и никогаш нема никому да работиме позади грб. Имаме чесен однос со нашиот ...
Користењето мобилен телефон додека возите станува една од главните причини за сообраќајни несреќи низ целиот свет, а грчките власти сега ги казнуваат прекршителите со многу високи казни. Новиот Закон за безбедност во сообраќајот во Грција, кој стапи во целосна сила минатиот септември, воведува построги мерки за оние кои прават сериозни и опасни сообраќајни прекршоци. Експертите предупредуваат дека возачите кои држат телефон во рака додека ...
Законот за органско производство, со кој за прв пат се воведува Регистар на органски производители, како и обврската производителите да ги пријавуваат своите активности кај надлежниот орган, се применува од денес. Овој закон стапи на сила кон средината на декември минатата година, а неговата примена беше одложена за 1 јуни со цел да се обезбеди доволно време компаниите да се усогласат со новите стандарди и институциите да ги извршат ...
Тимчо Муцунски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешни работи и надворешна трговија, во „Тема на денот“ на телевизија Сител говореше за спроведувањето на реформите од Реформската агенда и очекувањата за нови средства од Планот за раст на Европската Унија. Тој истакна дека Владата посветено работи и изрази уверување дека Македонија повторно ќе биде меѓу најуспешните земји во регионот според бројот на реализирани реформи. „Очекувам ...
По повод оставката на Арбен Фетаи од функцијата заменик-претседател на Владата задолжен за добро владеење, изразуваме благодарност за неговиот досегашен ангажман, коректност и придонес. Во извршувањето на оваа одговорна функција, Фетаи покажа сериозност, професионалност и посветеност кон принципите на добро владеење, отчетност и институционална одговорност. Ја почитуваме неговата одлука и истовремено му се заблагодаруваме за соработката и ...
Тимчо Муцунски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешни работи и надворешна трговија, во „Тема на денот“ на телевизија Сител говореше за спроведувањето на реформите од Реформската агенда и очекувањата за нови средства од Планот за раст на Европската Унија. Тој истакна дека Владата посветено работи и изрази уверување дека Македонија повторно ќе биде меѓу најуспешните земји во регионот според бројот на реализирани реформи. „Очекувам ...
Јавното обвинителство на Република Македонија и Канцеларијата на генералниот обвинител на Република Португалија потпишаа Меморандум за соработка во повеќе клучни области од заеднички интерес. – Меморандумот во Лисабон го потпиша генералниот обвинител на Република Португалија, Амадеу Гера, додека од македонска страна во Скопје, свој потпис стави јавниот обвинител на Република Македонија, Ненад Савески. Денеска, при посетата на ...
Тодор Конески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистини“ на телевизија Канал 5, се осврна на актуелната тема за уставните измени како услов што Бугарија и го поставува на Македонија во процесот на евроинтеграциите. Конески истакна дека членството во ЕУ останува стратешки интерес на државата, но дека тој процес треба да се одвива со зачувување на македонскиот јазик, култура и идентитет и врз основа на широк јавен консензус. ...
По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, присуствуваше на настанот организиран во ООУ „Исмаил Ќемали“, каде беше презентирана свечената програма подготвена од учениците и беше промовиран муралот посветен на ликот на Исмаил Ќемали. Во свечена атмосфера, училишниот двор се претвори во простор каде што уметноста, образованието и историското паметење се споија преку настапите на учениците и ...
Заедно со заменик-градоначалникот на Карпош, Неделчо Крстевски, денеска го означивме почетокот на реконструкцијата на улица „Загребска“, една од важните сообраќајни артерии во Карпош, која секојдневно ја користат илјадници граѓани. Оваа улица има особено значење не само за жителите на Карпош, туку и за сите кои гравитираат кон овој дел од градот, особено имајќи предвид дека токму тука се наоѓа Институтот за респираторни заболувања кај децата ...
За првпат во државата ќе се полага три вида матура, државна, државна стручна и државно уметничка. На жешките столчиња в сабота ќе седнат повеќе од 14 илјади ученици за да го полагаат првиот екстерен испит. Надлежните уверуваат дека подготовките се завршени, а тестовите се подготвени за навремена дистрибуција до испитните центри низ државата. „Програмите меѓу гимназијалците и средните училишта се разликуваат во определени сегменти. До минатата ...
Скопје, 01.06.2026 Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа се обрати на отворањето на Македонскиот енергетски форум 2026, кој годинава се одржува како официјален партнерски настан на иницијативата „Road to COP31“. Во своето обраќање, министерот Хоџа истакна дека енергетската безбедност и климатската отпорност денес се тесно поврзани предизвици и нагласи дека форумот претставува важна платформа за отворање на клучните ...
Заменик-претседателот на Владата за добро владеење, Арбен Фетаи, соопшти дека му ја доставил на премиерот Христијан Мицкоски својата оставка од функцијата што ја извршуваше. Во јавна објава на социјалните мрежи, тој напиша дека одлуката е донесена внимателно и произлегува од неговото убедување дека во актуелните околности тоа е најправилен и најдостоинствен чекор. Фетаи оцени дека за време на неговиот мандат придонел за реформи насочени кон ...
Предизвиците во најголемaта енергетска криза да ги претвориме во наша можност и да видиме што можеме заедно како Западен Балкан да испорачаме за Европа, за нашиот заеднички континент, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026. Денеска, посочи, ние го живееме токму тоа време на глобален енергетски предизвик и затоа овој форум ...
Потпретседателот на владата Арбен Фетаи поднесе оставка на функцијата во кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски, пренесува Телма. Фетаи претходно повеќе од два и пол месеци не доаѓаше на работното место во владата во која ја извршуваше функцијата вицепремиер за добро владеење. Од прес службата на владата за Телма потврдиле дека во текот на денешниот ден е доставена оставката на Фетаи, а портпаролката на владата Марија Митева најави дека на ...
Организираната криминална група ВМРО денеска повторно се обидува да ги излаже граѓаните. Тврдат дека Европската комисија „ги демантирала“ лагите на претседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче затоа што на Македонија ѝ доделила 65,7 милиони евра – најмногу во регионот. Еве ја вистината: Прво. ЕУ ослободи само 65,7 милиони евра за спроведените реформи во Македонија. А вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – ...
Ноќеска во 00:15 часот во СВР Штип, 25-годишна жена од село во општина Карбинци пријавила дека на 31.05.2026 во 17:30 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Ш.М.(45). Според пријавеното, претходниот ден тој физички ги нападнал нивните малолетни деца. Таа и малолетните деца се предадени на Центарот за социјални работи Штип. Ноќеска во 00:15 часот во СВР Штип, 25-годишна жена од село во општина Карбинци пријавила ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на тркалезна маса во Францускиот сенат, во рамки на Парис Сајбер Самит 2026, посветена на градењето сајбер капацитети во земјите од Западен Балкан во услови на постојани и комплексни закани. Настанот, кој се одржа во Палатата Луксембург во Париз, ги собра претставниците на земјите од регионот, француските партнери и претставници на Western Balkans Cyber Capacity ...
Во месец мај констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“, намален бројот на прекршоци за управуввање на нерегистрирано возило за 7,9 проценти споредбено со април Во периодот од 01.05.2026 до 31.05.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 28.494 прекршоци. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за ...
Шест лица лишени од слобода, вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 31.05.2026 во 17:55 часот во Полициската станица Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Н.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 60-годишен татко. На 01.06.2026 во 00:15 часот во СВР Штип, 25-годишна жена од село во општина Карбинци пријавила дека на 31.05.2026 во ...
Во време кога сѐ повеќе се зборува за одржливо управување со отпадот, едно од наједноставните и најефикасни решенија доаѓа токму од природата. Станува збор за преработка на органскиот отпад од домаќинствата со помош на дождовни црви, постапка позната како верми-компостирање. Овој природен процес овозможува кујнскиот и друг биоразградлив отпад да не заврши на депонија, туку да се претвори во висококвалитетно органско ѓубриво. Органскиот отпад ...
Голем дел од млечните производи кои се продаваат на домашниот пазар покажуваат сериозни отстапувања во составот во споредба со она што е наведено на нивните официјални декларации. Според неофицијалните резултати од направените лабораториски анализи, кај повеќе млекари е утврдено намалено количество на млечни масти и протеини, а во еден случај е детектирано и присуство на растителни масти. Кај мешаниот кашкавал на млекарата „Милком“, наместо ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево излезе со нови вонредни информации за брза дестабилизација на временските услови во централниот и јужниот дел од државата. Според сателитските снимки и метеоролошките набљудувања, регистриран е брз развој на конвективни маси кои носат интензивни врнежи. „Нестабилна облачна маса источно од Прилеп и во Тиквешијата, проследена со пороен дожд и можна појава на суградица“, соопштуваат од УХМР ...
Голем дел од млечните производи кои се продаваат на домашниот пазар покажуваат сериозни отстапувања во составот во споредба со она што е наведено на нивните официјални декларации. Според неофицијалните резултати од направените лабораториски анализи, кај повеќе млекари е утврдено намалено количество на млечни масти и протеини, а во еден случај е детектирано и присуство на растителни масти. Кај мешаниот кашкавал на млекарата „Милком“, наместо ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево излезе со нови вонредни информации за развојот на временските услови во централниот дел на државата. Според најновите мерења на синоптичарите, регистриран е зголемен интензитет на врнежи и појава на локално невреме во планинските предели. „Нестабилна облачна маса на планината Бабуна локално проследена со пороен дожд“, соопштуваат од УХМР во своето прво известување. Паралелно со ова, во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на својата социјална мрежа „Truth Social“ со став дека официјален Техеран покажува подготвеност за дипломатско решение на актуелните тензии. Според неговите зборови, „Иран всушност навистина сака да постигне договор“. Истовремено, шефот на Белата куќа упати жестоки критики кон претставниците на домашната политичка сцена кои постојано ја доведуваат во прашање неговата стратегија во преговорите ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение основи на сомнение за сторено ...
Управата за хидрометеоролошки работи или надлежните метеоролошки служби алармираат за ненадејна дестабилизација на временските услови во неколку региони низ државата. Најновата сателитска прогноза покажува брз развој на конвективна облачност која веќе предизвикува локално невреме во централниот и западниот дел од земјата. „Нестабилна облачна маса во околината на Велес проследена со пороен дожд, грмежи и можна појава на суградица“, се наведува ...
Судскиот совет од Основниот суд во Куманово денеска изрече затворска казна во траење од седум и пол години за обвинетата Вангелица Илијевска, откако таа ја призна вината за убиството на сопругот Јован и свекорот Стојан. До пресудата дојде откако Основното јавно обвинителство на денешното рочиште изврши преквалификација на делото од кривично дело „убиство“ по член 123 во „убиство на миг“ по член 125 од Кривичниот законик. Инцидентот се случи ...
Од ЕВН најавуваат планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија за утре, 2 јуни 2026 година, поради реализација на технички зафати. Прекините ќе опфатат неколку локации во општината Бутел, како и во населеното место Агино Село. Првиот бран на прекини ќе започне во утринските часови, поточно од 08:00 до 10:00 часот, кога без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Натанаил Кучевишки“, „Петар Манџуков“ и „Александар ...